VOZACKA DOZVOLA

Дискусија во 'Слободно време' започната од TinoMarinkovski, 19 декември 2025 во 03:24.

  1. TinoMarinkovski

    TinoMarinkovski Нов член

    Се зачлени на:
    Денес
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Почитувани,

    Ми е потребна помош околу побрзо завршување на постапката за добивање возачка дозвола во Македонија, исклучиво по легален пат. Работам во странство и поради обврските не можам да престојувам во Македонија подолго од околу 10 дена, а возачката дозвола ми е итно и неопходно потребна за работата.

    Имам претходно искуство во возење и пред околу две години ја започнав постапката за полагање, часовите за обука ми се целосно извозени. Поради заминување во странство тогаш не ја довршив постапката. Во моментов ми останува да ги положам тестовите, полигонот и градската вожња.

    Доколку некој има конкретна информација, контакт или може да помогне со насока како ова да се заврши во најкраток можен рок, би бил многу благодарен. Подготвен сум да ги покријам сите легални трошоци.

    Ви благодарам однапред.