Сакам да завршам еден предизвик. Долго време ја истражував темава за постење строго на вода и какви бенефити има. Оваа е само еден од мнг примери кои ги следам на јутуб и редит Историски најдолгиот фаст е овој 392 дена https://en.wikipedia.org/wiki/Angus_Barbieri's_fast ...............ииииии човеков си симнал све вишок што имал и не ги вратил кг Не ми е прв пат да постам ама прв пат ми е волку строго! Пред 2 години правев 40 дена строг вегетаријански пост знам ослабнав 11 кг. Но не внимавав после и си ги вратив кг. Периодов едноставно не можам да ги симнам килограмиве, цело време пробувам секакви работи и сега сакам и ова да го пробам под услов да не се вратам на грдите навики и да почнам со вежбање, (откако ќе ослабнам) за да не се случи јојо ефект и да вратам се. Тоа е уствари најголемата грижа кога се прават вакви постови, како ќе се однесуваш после постот. Сакам да ја почнам новава година со вистински предизвик и да дадам се од себе. Утре го почнувам мојот фастинг, каде обавезно ќе пијам електролити, по 2-3 литри вода на ден, сабајле кафе без шеќер и навечер чаеви исто без ништо. Работата е да си правам компромис во стилот, леле не сум јадена 2 дена можа да си дозволам шеќер итн. Ај посакајте ми среќа, ќе ве известам како ми иде Имам 78 кг и сум 157 цм висока, така да веќе сум во категорија на obese Ве молам ова е доброволен експеримент кој сакам да го пробам така да не мора муабети од типот остај или не е ова начин, значи доволно имам истражено и сакам да го завршам предизвиков. Исто така малку сум радикален и екстремен тип на човек у смисла - сакам да ги оставам цигарите, ја фрлам последната штека и не запалувам никад веќе, односно cold turkey методот функционира на мене пс: цел фебруари немам за среќа родендени, дешавки така да можам да почнам
Ќе си направиш непоправлива штета на организмот. Темава не знам дали воопшто треба да постои. Следете истражувања, доктори и нутриционисти, луѓе што се стручни и знаат што зборуваат, не рандом јутјубери. Животот не е толку краток за да не можеш да си посветиш неколку месеци на здраво слабеење.
Сега за сега само позитивни работи читав ако се прави правилно се разбира. Ќе видиме како ќе ми иде, кој сака да следи бујрум
Слабеењето и здравиот начин на живот не се тешка филозофија луѓе Вежбање и јадење салати на дневно ниво. Тоа е тоа. Со салатите цревата ќе се исчистат и ќе проработат Со вежбање салото ќе се ослаби Со хамбургери, чипсови и сета вештачка храна и лежакање на нетфликс не се зацврстува тело Ниту пак се ослабува со мрза и постоење само желба у глава како да се биде псолаб/а
Каков ќе биде точно постот, не разбирам, а додуша не го изгледав видеото. 30 дена само вода, кафе без шеќер и чаеви или во тие 30 дена ќе имаш такви денови, па после неколку дена нормална храна, па пак пост?
Од тоа што сум гледала на интернет, да, има доста бенефити ваквиот начин на (не)исхрана, ама обично препорачуваат постепено да се стигне до овие долги постови. И со консултација и следење од доктор.
Нагло губење килограми = губење масти + мускулатура (во сооднос 60/40). Од таму и леснотијата да се вратат килограмите по нивната драстична загуба. Дури и при активно вежбање отпосле... Додека фастингот е океј на ден, два - пролонгираните периоди со сигурносте ќе донесат пореметувања во здрав организам и хормоните особено кај женските (пример ќе го поремети менструалниот циклус или целосно ќе го снема). Да, Исто така умрел на 51 годишна возраст...
Туку би издржала на вода само без да заврши у болница? Ова ме интересира само. @KittyAgnes сакаш да се глупираш а? Ако тролаш ок ама имај предвид дека читаат и други и луди идеи им даваш.
Ако сметаш дека не си доволно дисциплинирана за да внимаваш на нормална исхрана и редовна физичка активност, зошто сметаш дека можеш да издржиш без храна цел месец?
Не е ова тролање, денес први ден! Ќе ве известам како ми иде, можеби уште утре ќе се откажам иначе без паника, убаво ми е истражено се и сум под надзор медицински
Секако не идам наеднаш со ова. Претходниот месец се откажав од месо и млечни производи и сега ќе пробам само со вода, ќе видиме како ќе иде
Јас мислам да не се зафркаваш со ова Боље исфрли сѐ бело и благо од исхрана Не ти треба многу да симнеш Страшно ми е некако само на вода. Не смее телото да гладува.
Јас мислам модератори да ја избришат темава, оти постојат веќе инфлуенсери кои промовираат изгладнување, а последно нешто што треба е и на форум фемина, читан од илјадници млади девојчиња да се чита ова како некаква си опција за слабеење. @RainBow
Па тоа дебелее реално Не месо или салати (мислам сеа не зборам за ребра удавени у лој) Ама се знае шо дебелее, брашно, шеќери, сокови, џанк фуд
Леле... дечки дај чукнете тоа тиквите И да издржал некој 30 дена на вода, нормално дека ќе изгуби тежина, неизбежно е тоа. Прашањето е како се осеќа. Мислам...се случувало да не јадам цел ден оти растрчана по некои обврски и до вечерта сум изгледала ко две кила да сум симнала. Ај со мене на Водно, стално сум за викенд. Ем планина, ем физички активни ќе сте, него глупостиве. Едно правило во слабеењето е дека колку поспоро слабеете, толку полесно ќе го задржите тоа тело после.