Wedding фотосесија,тема каде што ќе се постираат пози од младенци (кои би дале прекрасни идеи за идните маденци) моменти кои ќе се запаметат,но со оглед на тоа дека денеска фото студијата објавуваат многу такви, едноставно ретко може да распознае кои се фото модели а кои од вистински венчавки, правило за постирање е ОБАВЕЗНО ЗАШТИТЕН ЛИК НА МЛАДЕНЦИТЕ (и сите други ликови на сликите), небитно дали е фото сесија или приватна фотографија (бидејќи тоа неможе да се распознае). Спојлер во спротивно, било кој член да примети незаштитена слика,слободно нека пријави мислење,да се држиме до правилата на темата
Овие слики се од гоогле, мислам дека нема потреба да им се кријат лицата. А овие се заштитени, истите се извадени од фејсбук
Мене не ми се допаѓа позирањето. Па уште кога треба да фиксираш поглед и насмевка....ужас! Гледај вамо, сега гледај тамо, па гледјате се заљубено....мислам, нема ни грам спонтаност а со тоа самата фотографија губи од убавина. Здравје кога ќе правам и ако правам свадба, ќе барам исклучиво спонтано фатени моменти. Еве посебно сум горда на мојата Љубам која фантастично се усовршува во правењето вакви фотки. Се надевам ќе сподели и она нешто на темава
^ Исто. Кога гледам слики од свадби исто ми е како да гледам една свадба со различни зет и невеста. Истите пози од матично, нешто слично и од црква само личностите други. Братучедка ми после свадбата викаше дека вилицата ја болела од вкочанетата насмевка за сликите. Мене многу ми се допаѓаат црно белите слики.
Мене ме нервира она стандардно копирање. Почна Зага со фотографија младенците во средина, до нив кумови старосвати и останати млади и како скокаат сите. Ај што направија така ама не мора СИТЕ фотографирања на Зага да ја имаат истата слика, а воедно и сите нови младенци годинава од било кое студио ја имаат истата. Мислам дека сликата со скок стана стандардна слика како онаа пред матично Од уникатност многу лесно се станува досадна копија.
Немам слика ама братучедка ми кога правеше свадба имаа една, како младожеецот е во пожарниот камион и и’ подава рака на нејзе да се каче итаа со едната нога на тоа скалата. Инаку дома им правеа без везе, колку да земат пари повеќе. Невестата да гледала преку прозорот. Па да гледала преку бурмата преку прозор, па преку бурмата да гледала во младожењата.
еве слики од најубавата свадба , не е во Мк затоа не се чудете. И покриени се лицата бидејки се приватни слики
Зага Продакшн рулс! Барем на нашиот пазар. Преку глава ми е од оние наместени фотографии (на тема истото па истото), слики во парк, па на Кале, па у.п.м. Зага внесоа свежина во свадбената фотографија. И во дупка да ве сликаат ќе изгледате маестрално. Може постов изгледа ко реклама, стварно немам ништо со нив. Јас многу сакав да ме сликаат на мојата, ама штета не можев да си ги дозволам.