1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Wizzair

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Goldeneye, 11 јануари 2013.

  1. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Дали некој летал со нив?
    Ако да, тогаш споделете повеќе информации во врска со нив пошто на веб странава некои работи не ми се јасни.

    Дали цените им се за еден правец или повратни? Дали имаат агенција во Скопје, инфо во врска со багажот... итн итн

    Благодарам однапред! :)
     
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    На саамта страна можеш да си резервираш и мислам дека цената е повратна ама пак ќе си видиш, пишува таму. Иначе мислам дека можеш само тел. да се јавиш во Скопје да си резервираш, немаат како агенција да си отидеш лично. А за багажот и за се што те интересира си има на страната.

    http://wizzair.com/mk-MK/Country/MK
     
  3. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Тоа се’ го прегледав, пред да ја отворам темава.

    Не пишува дали се повратни.
    И не пишуваше дали има агенција.
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Цените ги дава посебно, никогаш за двата лета заедно, ама вметни во цената плус 15 евра од троба за ниска сезона, висока 20, плус околу 600 денари треба да платиш доколку си онлајн преку картичка, и ако имаш торбичка рачен багаж поголема од лаптоп торба се плаќа 10 евра онлај, а ако отидеш таму без веќе да си ја чекирала 20 евра. Инаку имаатагенција на самиот аеродром кога патвував видов. ЗА Скопје се уште се страшно високи цените не знам зошто, патував со нив до БГ сигурно 5/6 пати цените беа каде каде пониски, ама сега направија измени, цените се скоро исти со другите авикомпании.
     
    На Goldeneye му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Е па значи не се ништо посебно |( , кога ќе ги собереш, уствари исто се фаќа. Само со нормална компанија не се замараш со исцепкани трошоци, туку ја купуваш картата и готово...
     
    На Snowflake_62 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Точно, минатиот пат имав ситуација имав купено карта по стари правила, меѓувреме им се смениле правилата без да известат, и морав да платам за рачен багаж плус 20 евра. Ако не сакаш да се замараш со такви работи а разликата во цена не е огромна ти препорачувам друга компанија, плус во Виз кога влегуваш во авион е тепачка за место, зошто немаш број на картата, туку кој каде
    седне..
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.015
    Допаѓања:
    136.219
    Ако сакаш да проериш цена оди на „резервирај“ и ќе ти даде точна цена по карта, за два правци, со конкретни цени. АКо сакаш да ги видиш само цените за секој термин, оди на „распоред“. Само овие не се конечни цени, на нив се додаваат цените по резервација и плус за трансакцијата.

    Не се којзнае колку евтини, ама не се ни скапи колку другите што полетуваат од Скопје. Јас сега гледав за мене, ми излезе околу 100 евра по карта во двата правци, што сепак е барем половина цена од најевтината карта за некој од редовните превозници. Јас од Скопје за помалку од 200 евра по карта не сум летала никогаш.

    Инаку со визер само еднаш сум летала, ама преку Белград. Авионот не полетува на време (така што поврзување летови не се препорачува), гужва е и се тоа, ама нема споредба ни во цената ни во условите. Колку пари - толку музика.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    37.895
    Пол:
    Женски
    Денес резервирав карта преку Виззаир , од Скопје до Дортмунд
    него мене некако сумљиво ми е се ова , и прекомплицирано
    не ми е првпат да реѕервирам и купувам карти , ама ова се посебно се плаќа :|
    додека собереш се вкупно рачен багаж,куфери итт итн и не испаѓа така ефтино
    А и плус штом викате за места кој каде стигне седне како во автобус бе :devil:

    Ме интересира како иде плаќањето преку банковен налог ??
     
    На Snowflake_62 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно ова...
    Барам цена на авионски билет во еден правец од Скопје до Минхен.
    И сега, кликам за цена на датум 09.02. ми пишува 4.290,00 MKD.
    Кликам за лет на 12.05. ми ја дава истата цена :?:
    А сепак, дали ќе одам за два дена, или за три месеци - не е исто. И не би требало да биде иста цена.
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Цело време им се менуваат цените, другарка ми еднаш кога гледаше, во еден ден буквално три пати се сменија |(

    Ако си сигурна на кој датум ќе патуваш, проверувај секојдневно и сигурно ќе начекаш поефтина варијанта. За 9 е веројатно висока затоа што вчера било за два дена, а денес може и да се спушти доста цената. А тоа за мај, си ги лупнуваат така високи па ги намалуваат.

    Брат ми кога патуваше, резервираше месец/ месец и пол порано и многу ефтино се фати, 850 денари.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што нема да одам сама, планираме фамилијарно да одиме, а не е малку да ни пропаднат четири карти. Ај да е една, ќе ја прежалам. Не знам ни точно кога би оделе, отприлика крајот на мај, ама цениве некако ми немаат логика...
    И ме нервира ова што дополнително наплаќаат за багаж. Ако го пријавиш од дома волку, а ако им го тупнеш директно таму ненајавено - дупло |(
     
    На Snowflake_62 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Оуу тоа со багажот е цела филозофија. Запознав една девојка која ми кажуваше во Солун луѓе кршеле тркалца од куфери, алишта фрлале, само за да ги пуштат.
    Плус со Виз Аир се се доплаќа. Апсолутно се. Баш имаше некој прокоментирано, да можат и воздухот ќе ти го наплатат (што според брат ми го нема многу во авион).

    Не знам која возраст се твоите, како поднесуваат патувања, ама Виз Аир според мене е пред се за млади затоа што е доста неудобно и се е ограничено. Мајка ми рече не би се нафатила да патува со нив. Видете по други авио компании, можеби има некои со подобри понуди. Една другарка летово одеше на работа во Минхен и ми кажа нашле доста ефтини карти со пристојна авио-компанија од Солун (мислам околу 50 евра платија за повратна ама не ме фаќај за збор)
     
    На SparkyAngel и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Со ефтините летови на ВизЕр, поефтино е да си фатиш девојка во Венеција отколку во Драчево. :D

    Иначе добро е што се отворија и други поефтини линии до другиве европски градови. До пред да дојде ВизЕр кај нас, најскапи бевме со авионските карти. Сега може сме на второ место.. :rofl:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elfi

    Elfi Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Живеам во странство и последните 3 години имам резервирано околу 30 летови од Скопје и Солун со нискобуџетни компании (заради цените и заради честите летови). Го следам и користам Wizzair и го сметам за големо освежување за Македонија и Македонците. Да бидеме искрени, порано ретко кој помислуваше да се качи во авион и да отпатува некаде на сопствена режија. Не дека сега ни стана секојдневие, ама сепак има надеж, достижно е.

    Пред помалку од еден час купив карта за 12 дена од сега, значи дата која не е далеку.
    Картата во еден правец + голема кабинска торба + административна такса ----> 35 евра!
    Она што сакам да го потенцирам е дека апсолутно не се согласувам дека е скапо. Ова се смешни цени за авио превоз. Не такса, не багаж, шо и да има картите се ЏАБЕ. Исто така не се согласувам дека е подобро да купуваш од агенција демек да не те боли глава од посебно плаќање. Трошокот и авио компанијата со агенција се исти, само што ќе ти го кажат како цела цена и ќе си додадат на тоа колку милуваат. Имав таков случај во Солун, со едни жени кои ми побараа помош. Летавме заедно, мојата карта беше 50, а нивните по 150евра за истиот лет. Кога сме веќе кај Солун, Wizzair од Солун нема и таа компанија заради која луѓето фрлаат алишта е друга, предпоставувам, уствари прилично сум сигурна дека е Ryan Air затоа што тие наплаќаат неверојатни 20 евра за секое кило вишок :^) Еднаш платив 100 евра за 4 ипол кила претовар :fubar: Дали сеуште мислите дека 20 евра за куфер od Wizzair е многу? :)
    Административната такса се плаќа со сите компании, авионите се исто тесни или широки на скоро сите компании за кратки летови, понекогаш доцнат сите компании....така да, пред да кажеме нешто лошо, да погледнеме малку пошироко.
     
    На lavinija28, fashion.owl и livert им се допаѓа ова.
  15. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Колку порано си букирате карта, толку истата е поефтина.. И се разбира колку е попразен авионот до моментот на букирањето... Јас лани се прошетав до Италиа за само 6 евра, со сите авионски такси и трошкиви и слично.. Не бев со визер но со една слична која работи на истиот принцип...
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене пак нешто не ми е јасно...
    Штиклирав за повратен билет до Минхен и назад и еве што ми даде

    Значи, за од Скопје до Минхен картата чини 1.499,00 MKD, а од Минхен до Скопје дупло? :^)
     

    Прикачени фајлови:

    • wizzair.jpg
      wizzair.jpg
      Големина на фајлот:
      78,8 KB
      Прегледи:
      617
  17. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    9.087
    Пол:
    Женски
    (следниов текст е преземен, го имам зачувано на компјутер за секој случај)

    Како до поевтин билет Wizzair:

    - резервирајте 3+ месеци порано
    - ако можете одете без додатен багаж
    - не купувајте ништо од опционалните сервиси
    - одберете веб чекин
    - за плаќање одберете банкарски трансфер. штедите по 500д по човек по лет.
    - одберете денари, за помалку компликации со следниов чекор
    - се плаќа во комерцијална банка, главната зграда позади новиве згради на кејот. ќе ви треба трансакциска сметка кај нив. уплатете ја точната сума + 10денари на трансакциска ако ви е празна
    - качете се на втори спрат десно, носете копија од вашата резервација испринтана - ќе ви ја задржат
    - ќе ви направат 2 уплатници, една на сумата, 1 на 100ден услуга тотал за трансакција
    - за ден два визер ќе ви потврди уплата.
    - играјте си со датуми напред назад особено ако сте флескибилни со време, може да влијае
    - ако летате повеќе од 1 човек, обавезно додајте ВизерКлуб картичка како експеримент, играјте со цената некогаш излегува скоро исто или исто пари, а картичката ќе ви остане за следните летови и ќе ви се исплати повеќе од доволно
    - не планирајте конекциски летови, ова не е аустриан, може да ве остават среде пат
    - ако правите конекција одберете доволно луфта или преспивање во конекцискиот град
    - ајндховен е многу потценета дестинација, со воз до ротердам, брисел и амстердам. слично со воз од мулхауз ја покривате централна јужна франција. милано исто така кон франција.

    ПАТУВАЈТЕ, не им давајте да ве убедат дека животов тука е прекрасен. Колку повеќе луѓе патуваат толку побрзо ќе направиме промена кон подобро кај нас. Направете си мисија на некое од следните патувања да земете мајка, другарка или било кој што нема летано до тогаш или отидено подалеку од грција, бугарија и србија. Патувањето во МК е еден од алатите како да излеземе од овој црн век!!!
     
    На ..Queen..1998, Spidy, fashion.owl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Elfi

    Elfi Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Од мое искуство, обично повратните билети се поефтини, ама во овој случај крајот на јуни / јули веќе го сметаат баш јака сезона и ги креваат цените. Во сезона и за празници билетите секогаш се најскапи.
    Инаку мислам дека е поврзано и со интересот на купувачите за таа дата и со бројот на веќе продадени карти. Неколку пати на слични компании имам видено да пишува УШТЕ 3 КАРТИ НА ОВАА ЦЕНА, и откако ќе се продадат тие 3, цената се крева. Исто така сум сретнала и карта за викенд на пример 100 евра, а карта во вторник или среда 20 евра (во истата седмица) и затоа мислам дека се зависи од самиот датум и сезоната.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Исто и на мене, од Скопје до кај што сум 1000 и нешто а за назад по 6-7000 за летово ... Ама вака кога комбинирам ми излегува на пола цена од таа што би ја платила кога би летала со некоја др компанија, така да пак е ок :) О да, некој ми кажа дека колку почесто ја отварам страната повеќе се качувала цената, и требало да бришам cookies пред да ја отворам ... Не сум забележала до сега некоја разлика, ама пробајте може има врска.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Како брзо скокаат цените на билетиве... машала.
    Туку, друго сакав да прашам: Ќе ни прават ли проблем ако се нацртаме цело семејство на аеродром со карти во еден правец? Да не помислат дека одиме на преселба, па да не вратат назад? :?:
    Да спремиме гарантно писмо, или не ни треба?