1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Yin Yang (Јин Јанг)

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Black.Beauty, 1 октомври 2011.

  1. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Во кинеската философија, концептот на јин и јанг се користи за да се опише како спротивните сили се следат меѓусебно, и взаемно си ги заменуваат местата. Концептот го среќаваме во бројни гранки од класичната кинеска наука и философија, но исто така и во основите на традиционалната кинеска медицина. Концептот за јин и јанг е централен принцип на неколку видови боречки вештини и вежби, како што се таи чи чуан, кунг фу и кигонг. Многу од природните дуалитети, како што се светло и темно, машко и женско, ниско и високо – се оформени според кинеската мисла за јин и јанг.
    Врската меѓу јин и јанг често се опишува како сончева светлина која си игра над планина и над долина. Јин (буквално „сеновито место“ или „северен наклон“) е темната страна, додека јанг (буквално „сончево место“ или „јужен наклон“) е светлата страна. Како што се движи сонцето по небото, јин и јанг постепено си ги заменуваат местата, откривајќи го непознатото, и криејќи го познатото.
    Карактеристиките кои му се припишуваат на јин најчесто се: бавно, меко, нематеријално, раширено, студено, влажно, и мирно. Генерално се поврзува со женско, раѓање и создавање, како и со ноќта. Спротивно на тоа, јанг е брзо, тврдо, цврсто, суво, насочено, врело и агресивно. Се поврзува со машкиот принцип и со денот.

    Јин-јанг е активен концепт: се смета дека и двете произлегуваат од почетната празнина (понекогаш претставена како празен круг), и продолжуваат да се движат сè додека не ја постигнат повторно празнината. На пример, ако фрлиме камче во мирна вода, веднаш се појавуваат бранови, но и вдлабнатини во водата меѓу брановите, а оваа појава на повисоки и пониски точки во водата ќе се движат кон надвор додека не се потрошат, а водата повторно ќе стане мирна. Според тоа, јин-јанг секогаш ги имаат овие карактеристики:

    - јин и јанг се спротивности: претставуваат спротивни квалитети. На пример, зимата е јин, а летото е јанг во годишните сезони, женското е јин, а машкото е јанг во човечките односи. Не е можно да се зборува за јин или за јанг, без да се спомене неговиот спротивен квалитет.
    - јин и јанг имаат исто потекло: создадени се со исто движење, истовремено. Раса составена само од мажи или само од жени брзо ќе исчезне за само една генерација, но затоа мажите и жените заедно создаваат нови генерации кои ѝ овозможуваат на расата да опстане.
    - јин и јанг се претвораат едно во друго: налик на подводната струја во океанот, после секој подем следува пад, и после секое напредување следи повлекување. Според тоа, од семето од земјата изникнува растение кое се пружа кон небото – јанг движење. Но, штом ќе ја постигне полната висина, почнува да слабее, и на крајот паѓа на земјата и се распаѓа – јин движење. Јин секогаш во себе носи потенцијал за манифестирање на јанг, и обратно - јанг за јин.
    - јин и јанг се балансирани
    - јин-јанг е динамичен еквилибрум. Затоа што се појавуваат истовремено, секогаш се исти: ако едното го снема, мора и другото да го снема, и останува празнината. Но ова не е секогаш лесно видливо, затоа што јанг елементите се очигледни, но јин елементите се скриени и едвај видливи.

    Јин-јанг всушност не се цврсти тела или сили, начинот на кој се сфаќа тоа во западната мисла. Тие се универзален начин да се опишат меѓусебните влијанија на природните сили кои се случуваат во светот. Можат да се применат на општествениот систем – на пример добро и зло, богат и сиромашен, чесен и нечесен – и често се користат во овој контекст како предупредување, бидејќи екстремното добро се претвора во зло, екстремното богатство во сиромаштија, екстремната чесност во нечесност.

    * Што мислите вие за овој знак? Јас имам ланче и алка со овој знак и нон-стоп ги носам бидејќи ми создаваат среќа. Мене ми е омилен после знакот за мир (ланче со овој знак имам) и знакот за независност (треба да си купам ланче со ваквиот знак :lol: ), каде што и нивното значење ми се допаѓа исто така :)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На INNERBEAUTY, magic.girl и Meggy им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Незнам многу за овој знак,само дека на некој начин го потврдува своето значење: во доброто има лошо, во лошото има добро, токму затоа во белото поле има црна точка или дамка, а во црното има бела.Интересна е филозофијата на овој знак, дури и да се мисли дека не е точно неговото значење, сепак има и те како вистина во тоа, барем јас имам забележано.Исто и јас имам ланче со овој знак, а и алки :D како помала ги купував, незнаев зошто, но, ми беа доста привлечни и интересни, иако не го знаев значењето, па сега тие ланчиња и алки ги чувам :) ретко кога ги носам, ма имам еден куп со такви работи :D па некакви си камења, циркус :D ама ме привлекуваат, сакам вакви работи.Токму овој знак е спомнат и во книгата на Пауло Коелјо - Алхемичарот, исто во една книга вплеткано и значењето на знакот.Значи покрај ова, веројатно постојат и други интересни факти или како и да се наречат за потврдување на автентичноста на овој знак :)
     
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Доста интересна тема и БРАВО за истата :clap:
    Јас имам еден пријател кој се имаше истетовирано со знакот, и значењето (иако го знаев од друг аспект нешто слично мислење ко Гордана) ми вели тоа е вечната борба помеѓу доброто и злото.
    Е сега колку има вистина незнам.

    Според мене а и по тоа што сум до некаде и љубител на мозокот на Пауло Коелјо, ова би го споредила со една мисла што тој ја има напишано во АЛеф.

    Вели (неможам да цитирам ке парафразирам) Поради конфликтите односно различностите е создаден и светот. Порано многу одамна се било едно , сите клетки биле исти, се додека не се појавила една да мутира, и да добива форма на нешто друго, останатите тоа го мислеле за ненормална појава, ама благодарение на оваа појава се појавиле амебите, паразитите, рибити, животните и на крај луѓето.

    Ова и те како би го споредила со Јин Јанг, посебно алудирајќи на делот каде што објаснуваш за различноста
    Затоа и во физиката во енергијата имаме позитивно и негативно поле. сепак според мене се се сведува на ова мислење кое и те како го почитувам затоа што пред се е од древните времиња.
     
    На magic.girl и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  4. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Јанг има енергија да нуди проток на бесконечно многу иницијативи, а јин реагира на секоја од нив, настанувајќи игра меѓу нив. Јанг е активен, иницијатор, а јин е пасивен и рецептивен. Спротиставеноста меѓу нив е основен принцип на разлика што доведува до промени. Движењево се повторува бесконечно многу пати во непрестан циклус на растење и распаѓање, секој крај е нов почеток.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.