Никој не киксна затоа што е скоро невозможно да кикснеш на ова прашање. Сум учела и дебатирала на темава. 10 луѓе да прашаш 10 различни мислења ќе добиеш. Многу е тешко да се одлучи кога се смета за живо па затоа и во различни држави е различно. Мора да се има одредено за нели да се знае до колку дена може да го абортира. Conception The 'Catechism of the Catholic Church' states that the embryo must be treated as a person from conception and so do many others who oppose abortion... Implantation This is the moment when the fertilised egg is implanted in the womb. This happens about a week after conception. Quickening This is when the foetus first moves in the womb. This happens about 16 to 17 weeks after fertilisation. Aristotle's theory Aristotle suggested 40 days (males), 90 days (females) was the time. Tissue separation This is the time when tissues in the foetus separate into different types. Brain activity Some people believe life begins at the first sign of brain activity. Viability of the foetus Other people take the view that life begins at the stage when the foetus could survive outside the womb. Birth Може да го игнорираме фактот дека сум целосно офф топик?
Релавантен е. Иако се спомна забременување, се збореше за споредување „христијанската вера“ со верата на девојчињата што веруваат дека може да се забремени од перница, туш или порно. И во едниот и во другиот случај има неприродно создавање на живот, без разлика дали е тоа човечки. Се споредуваше наводната апсурдност на едното и другото. Јас и реплицирав на атеистката дека, ако збориме чисто натуралистички, тогаш атеистичката бајка за создавање на животот од вода, ветар и прашина ги надминува горните „апсурдности“. Неслучаен процес кој се базира на случајни мутации - ова е оксиморон, контрадикторна реченица. Природната селекција и истребувањето на останатите исто така случајно настанати животно, воопшто не ја менуваат случајната природа на оние неистребените. Според бајката за еволуцијата и едните и другите се случајни, само што едните биле истребени, а другите не. Ајде ќе ти нацртам: Нека е првата жива клетка - магично самонастаната од вода, ветар и прашина. И нели како што вели бајката таа се делела, била подложена на рандом случајни мутации и некои од нив преживувале, а некои не. На графиконот, плавите кругови се оние што не прежувувале т.е. биле природно селектирани за истребување, а црвените се оние што преживувале. Значи внимавај сега добро што ќе пишам: Плавите кругови (животни), воопшто ја намалуваат случајноста во создавањето на црвените. Од точката А (првата клетка) до точката B (човекот) целата таа низа на внуци и правнуци се состои од случајни и само од случајни мутации кои се наследувале од родителите на децата. Според бајката на еволуцијата значи збориме. Во таа низа нема ни еден плански или неслучаен процес. Мутациите во Дарвиновата бајка секогаш се од случајна природа, независно кој преживувал, а кој бил истребуван. Затоа велам дека еволуционистите веруваат дека нивната пра пра пра пра...баба била едноклеточен организам, клетка која случајно и магично само-настанала од водата, ветерот и прашината. Колку сакаш накитувај го ова со „научен речник“, вистината за нивната вера е таа, без разлика колку апсурдно ни звучи нас.
@EvAngelos Ти воопшто не ја разбираш природната селекција. Дали тоа велиш дека е апсурдно да веруваме дека настануваат мутации случајно? Бидејќи случајни мутации очигледно постојат, сведоци сме на нив, а за да се одвива природната селекција тие ни се доволни. Природната селекција е причината поради која се плашиме од пајаци, трепнуваме кога предмет ќе ни се најде пред очи, се грозиме на помислата на инцест... Сите овие работи очигледно се предности за преживување. Оние што живееле пред многу време и што не се плашеле од пајаци, што немале рефлекси и што не се грозеле на помислата на инцест, или самите умреле поради тие нивни карактеристики или нивните деца. На кој начин ова е случајно? Воопшто не е случајно, туку многу логично.
Одлично ја разбирам природната селекција, но ти не ме разбираш погоре што ти пишувам. Јас јасно пишав и тоа неколку пати дека мутациите настануваат случајно и дека заради тоа целата бајка за еволуцијата се базира на низа случајности, а ти беше таа што погоре ја напиша контрадикторната реченица, ве молам за внимание... Тоа е всушнсот многу неслучаен процес кој се базира на случајни мутации. Така што тука е апсурдот. Апсурдот е да веруваш дека торнадото од прашината може да направи компјутер, а потоа гром да удри во него и да инсталира магично Windows 10ка. Тоа е апсурдот на атеистите кои веруваат дека случајниот хаос може да создаде комплексни биолошки машини со комплексно дизајниран хардвер и софтвер во нив, кој потоа ќе се дели, ќе се дели и од една клетка ќе настане човек. Природната селекција не создава ништо. Таа само „селектира„ од веќе создаденото. А тоа што е создадено, според Дарвиновата бајка, е создадено исклучиво од случајните мутации при делењето на клетките. Така што нема бегање од фактот дека според атеизмот, Случајноста (со големо С) е создател на целиот животински биодиверзитет кој се состои од високо комплексен микро и марко дизајн на организмите.
@EvAngelos Сево ова ќе ти држеше вода ако не постоеја мутации кои се неповолни и кои не преживуваат. Факт е дека постојат, а таквото преживување и непреживување не е случајно. Нема дел од ова што може да подлеже на дебати, не сфаќам што е спорната работа.
@Lella преживеале, непреживеале, поволни, неповолни, сеедно. Сите мутации се случајни. Според еволуцијата, од твојата пра пра пра баба која била едноклеточен организам, па се до тебе како нејзина пра пра пра внука, сите мутации биле случајни и во таа низа нема ниту еден неслучаен процес. За тоа зборев. Ако се согласуваш со ова, ја не знам што воопшто ми реплицираш непотребно
Чекај, сфатив. Велиш дека секоја мутација (случајна неслучајна, поволна неповолна), има божји благослов. Може така, нека биде, само да нема работи од типот негирање природна селекција, бидејќи тоа е веќе неприфаќање на темелот на биологијата.
Не. Рапидно многу мутации настануваат после нуклеарна бомба или при интензивно зрачење предизвикано од човечки фактор. Луѓето што го гаснеа нуклеарниот реактор во Чернобил или Фукушима, умреа од канцер предизвикан од мутациите при нуклеарното зрачење. Ова сигурно не е Божји благослов. Но, мутации настануваат од различни причини. Сепак, и покрај мутациите, Бог ја дизајнирал клетката со механизам, поточно со повеќе механизми за поправање на ДНК мутациите. Доколку во текот на репликацијата, ДНК-полимеразата наиде на определени оштетувања во ДНК веригата, може да се примени репарациски механизам на транслезиска синтеза. Потоа имаш директна репарација, поправање со механизам на рекомбинација и системот SOS, репарација со базна ексцизија, со нуклеотидна ексцизија итн. Ако ова не помогне, постои и механизам на пострепликациска репарација. Има и механизам за репарација за евентуалните двоверижни прекини. Потоа определени ензимски системи делуваат превентивно така што ги неутрализираат потенцијално штетните соединенија уште пред да реагираат со ДНК молекулот. Значи комплексниот дизајн на клетката го гледаме и во тоа што Создателот направил и механизми за поправање на мутациите. 7 вакви механизми набројав погоре. Е сега што и овој репарациски систем е оштетен како и се друго, тоа е друга прича. Ама пак, кога ние ќе видиме оштетен компјутер или вирус во компјутерот или раштимано пиано, ние не велиме хах, ова не е дизајнирано бидејќи има грешки така? Значи дизајнот е евидентен, а потоа ние можеме да разговараме зошто и како се грешките. Погрешна е предрасудата на еволуционистите дека научниците што не ја веруваат еволуцијата, дека не ги веруваат и мутациите и природната селекција. Ова не е точно. Секој научник верува во мутации, наследување и природна селекција. Тие се очигледни и лесно забележливи секаде. Поентата е еволуционистите веруваат дека овие механизми од едноклеточниот организам го создале целиот животински биодиверзитет сосе човекот, а не-еволуционистите не веруваат дека овие механизми можат да создаваат нови видови, нови органи итн.
@EvAngelos А да, ти си од оние што веруваат во микро, ама не во макроеволуција од чиста причина што не одговара со митот нели. Сфаќам.
Не. Не верувам во микроеволуција, туку само во варијации меѓу видовите кои се должат на генетските мутации и природната и вештачката селекција (како што се црнците, белците, високите, ниските итн.) И јас не ја верувам бајката за еволуцијата не затоа што не одговара со Библијата, туку затоа што не одговара со објективната наука. Инаку има многу христијани кои си ја веруваат еволуцијата и немаат проблем со верата. Тие обично си ги толкуваат првите 2 поглавја од Библијата метафорично, бидејќи и таму се спомнува создавање на животот прво во водата, па влекачи, па потоа животните и човекот. Овие христијани веруваат дека еволуцијата е „Божјата рака“ на создавањето. Така што
Rant ahead: Иако убедлив, аргументов не е силен, не затоа што затоа што е fallacious (како што сакаат верниците да потенцираат со контра-аргументот atheism of the gaps), туку бидејќи отвора повеќе прашања отколку што одговара. Најпрво, што е зло, што е добро? Дефиниран одговор на ова прашање би постоело само ако Бог постои. Кога велам дефиниран, мислам на несубјективен. Секој обид за дефиниција на вакви поими е обврзан да биде субјективен. Зошто? Бидејќи објективни морални вистини не постојат (исто како што не постои Бог). Ова е многу тесно поврзано со Еутифро дилемата. Дали Бог го дефинира доброто, или доброто го дефинира Бог? Двата случаи провлекуваат постоење на објективни морални вистини. Е сега, дали објективните морални вистини можат да постојат и без Бог? Би рекла да, ама само ако тоа име им го дадеме на сите морални вистини кои спаѓаат во common sense, ама сепак не се објективни. Друг проблем е слободната волја, која е автоматски контра-аргумент на Епикур, ама што ако тргнеме да разглобуваме дали таа постои или е само манифестација на нашиот многу неслободен ум? Тоа влече купишта проблеми, од кои некои одат во прилог на проблемот со злото, ама го комплицираат, го валкаат и ја тераат првичната поента во сосема друг правец. Не дека аргументот не е добар, мојот најголем проблем со него е што не е толку чист и едноставен, а дека држи вода, секако да. Само што поентата најчесто му е дека Бог не постои затоа што го дозволува злото, а тоа е наивен и парадоксален исказ. Наместо тоа, може да се помине на учењата на поединечни религии дека Бог некако одлучува да казнува и да наградува. Тоа дефинитивно може да се напаѓа со овој аргумент. Она што потешко би го нападнале е постоењето на ентитетот како движечка сила на универзумот. Друг проблем со аргументов (мој личен ) е што изгледа како positive thesis, т.е. како тврдење со кое се отвора дебата, а не како одговор (што и впрочем е, одговор на тврдењето дека постои ваков, ваков и ваков Бог). Затоа малку се фрустрирам кога атеистите ги тераат да докажат дека не постои Бог, а тие наместо да кажат дека доказот не паѓа на нив, истапуваат најчесто со овој аргумент.
Кажи си, по дефиниција не може да постои. Ако Бог не мора да има почеток тогаш зошто енергијата мора да има почеток? Тоа што негираш создаден бог (што мораш да го направиш бидејќи низа аргументи паѓаат во вода ако тој е создаден), само кажува дека дaли Бог постои или не постои е небитен дел, бидејќи таков несоздаден бог не ја менува состојбата на универзумот whatsoever. Ова е патем поврзано со интересното прашање: дали Бог може да создаде камен толку тежок што ни самиот не може да го подигне? На ова теистите велат, камен што бог не може да го направи или не може да го подигне не постои. Тоа оди против дефиницијата на бог (омнипотентно суштествување). Да прашуваш дали омнипотентно битие може да го направи тоа е како да прашаш дали постои триаголник со четири страни. Контрадикторно е. Да, се согласувам. Контрадикторен е и вашиот бог. Постои ли триаголник со четири страни?
Кажав неколку пати. „Создаден бог“ не може да постои, бидејќи таквиот „бог“ по дефиниција не може да постои. Колку пати треба да повторам за да биде јасно? Да ви нацртам ли? За луѓе со над 90 IQ мислам дека треба да е доволно. Не негирам јас, туку самата дефиниција на „бог“ не дозволува бог да биде создаден. Тоа е исто како да кажеш „дали може да постои четириаголен круг или триаголна коцка или сува вода или паметен атеист итн. Значи тоа се оксиморони, самата дефиниција не дозволува постоење на такви ствари. И јас се согласувам дека е контрадикторно атеистичкото прашање за тоа кој го создал несоздадениот бог, слично како што е контрадикторно и да прашаш колку е сува водата или колку дијагонали има кружницата или што има посеверно од северниот пол итн.
@EvAngelos Ooh, why so salty? Не сум ти јас крива што омнипотентно суштество е контрадикторно само на себе. Пази на ад хоминемот.
Бог не е контрадикторен на самиот себе. Атеистичката замисла за „создадениот бог“ е контрадикторна сама на себе. Интересно е тоа како атеистите си измислуваат и потоа си напаѓаат сопствени контрадикторни замисли за бог. Тоа е исто како ја сега да пишам дека 2+2=5 и потоа да ги зезам математичарите дека нивната аритметика е контрадикторна.