Станува збор за блог на едно девојче што го пронајдов деновиве,некои текстови ме оставиа без зборови...имаше и многу срцекршачки али во некои од нив има доста реалност,мене ми остави впечаток следниов со наслов "ШМИЗЛА" Ех, поминаа 10 дена. А ќе поминат и уште толку. Знам дека ќе ме чека да се јавам, но подобро за неа да не и се јавам. Ќе шетам, ќе работам, ќе патувам, се` ќе правам само да не се вртам дома и до телефонот. Подалеку од мене, подалеку и од срце – сакал, нејќел, најдобро ќе биде да издржам. А ми недостига, не дека не. Ама јебига. Таков е животот. Толку сакам да ја гушнам и да ја задржам засекогаш со мене. Се` ме потсеќа на неа. Ме враќа во младоста и ме прави исполнет. Како моето време да не поминало. Сакам се` да и дадам во животов, да ја направам среќна, но време е да ја оставам. Премногу е комплицирано за да можеме да бидеме заедно. А и греота. Не сум јас за неа. Колку и да ја сакам, не сум за неа. Млада е, убава, паметна, цел свет го има пред себе, цела иднина пред неа. Таа оди онаму од каде што јас веќе се враќам. И знам дека јас ја научив да љуби, но никогаш не успеав да ја променам, затоа и ја љубев толку многу. Нејзината инаетливост одеше од крај до крај, но знаев дека ме сакаше со сето срце. Бар онолку колку што за нејзини години умее да сака. Знам дека нема да најдам друга како неа. Ќе најдам некоја што има слика, а нема тон – како што вика една моја другарка. И цел живот ќе пробувам да ја сакам. Нема да ја заборавам, знам. А што да правам друго. Не го разбирам нејзиниот свет, но неа ја разбирам. Се заљуби во мене. Стар мангуп. Но премногу ја сакам за да ја упропастам. Зошто да и ја земам младоста, моето веќе поминало. И викав дека е шмизла, но беше моја шмизла. Секогаш ќе ја сакам, но ќе ја оставам да си оди. Нека мисли дека не ја сакам, дека не ми значи, дека сум ја свртел, дека ми била само забава – подобро ќе биде така. Од инат ќе стане посилна, од инат, знам јас. Нема да дозволи ниеден мангуп да ја повреди, онака како што ми дозволи мене. Нека ме пцуе, нека ме колне, за неа е подобро. Бар знам дека ќе биде среќна. Бар знам дека никогаш нема да видам солзи во нејзините очи. П.С.Кој сака да прочита повеќе нека го отвори блогот нејзин,а воедно можеме да постираме дали барем нешто од тоа допрело до нас http://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com/
Белешките на Лајла Грејс Многу добро пишува ова девојче,ми се допаѓат стилот на пишување ги имам повеќето прочитано.Браво за неа.
Белешките на Лајла Грејс И пуштам капа на девојкава,секогаш ме разнежнува кога и ги читам белешките ..
Белешките на Лајла Грејс Meне на почеток ми беше интересна, ама некако ми стана монотона и досадна. Никој нема да ја замени некогашната Симпл (Трачалница кај Симпл) со нејзините креативни текстови. И да, уште пишува - поретко и повремено - чисто информативно ако лејди Џинџерица забележи, мислам еднашка прочитав пост дека и таа ја следи.
Белешките на Лајла Грејс За госпоѓицава имало тема? Ганшот..... hock: Озбилно, ви се допаѓаат нејзините текстови? Секоја чест, не сакам да навредувам ама очигледно не сте читале права поезија и проза. Башка ми ја цитира Ксенија Николова и сака да ја сватиме озбилно, мене не ми иде. Настрана што го знам писателот, и знам нависитна колку е способен и талентиран, настрана тоа, туку она што го читам не само што не ме фасцинира, дури ми се повраќа, озбилно ви кажувам. на форумов има 10 пати подобри текстови од овие, и девојки кои се велемајстори за Лајла Грејс Башка целта на пишување по псевдоим, не е за месец дека да си го открие ликот, но ај тоа да на претерувам. Убаво пиша пред некое време Теодора, има лоши филмови, книги, текстови, и мојот вкус не ми дозволува секави глупости да читам и да паѓам на гз едносатво зашто на другите им се свија, или зашто го скршила мраз. Едноставно и не можам да сватам чуму тоа восхитување на еден обичен просечен медиокритет во пишувањето. Тектовите и се просечни, често и неубаво соствени и препатетични. Па уште и твитови ќе ја инспирираат, каде ни отиде добриот вкус за музика, филм, книги, каде се прашувам!!!
Белешките на Лајла Грејс Апла е досадна, има очајна до небо содржина и ја ,,цитираат'' најповеќе девојчиња од 14 години, кога дечко им се допишува со друга на фејсбук.. И тука почнуваат споделувањата и жалопојките. Мислам, ја нема онаа карактеристична за поезијата - длабочината на мисла, израз и уметничка тежина на зборовите итн.. Што вика Хипстер, тука има текстови со десет пати подобра содржина од оние нејзините.
Белешките на Лајла Грејс Во средно се случуваше со другарките да се напиеме од 2 чашки вино и тогаш секоја имаше поетични и прозаични изливи на парче хартија, кои ги читавме откако ќе се отрезниме. Со чиста совест гарантирам дека сите беа подобро од белешкиве. Ова е само уште еден во морето докази дека читачкиот вкус во Македонија е отиден по ѓаволите. Сфаќам 10-15 годишни девојчиња да се воодушевуваат на вакви срцепарателни бљувотини, ама постари девојки? Жени? Се зезаме, или што? Мене текстовите ми се плитки, мизерни и по малку смешни, ем жални. Не ми се допаѓа воопшто.
Белешките на Лајла Грејс Слушнав за белешкиве па ај си реков да видам што е толку револуционерно и оригинално.За среќа им посветив или си потрошив многу малку време,онака само површно преминав преку нив и заклучив дека јас тоа не можам и не сакам да го читам. А инаку,воопшто не ме чуди што некој го воодушевуваат вакви текстови.
Белешките на Лајла Грејс Ау,ау,ау...се мислам дали да се начукам па да се вратам на темава да ја изругам или дур сум при свест и разум достоинствено да ја распердашам...ама и во тој случај не можам да бидам прибрана. Јас ја зачитав и на твитер... Штета што не направив збирка на сите нејзини мудролии,ама едно заклучив... Девојчето е очајно и самобендисано. Текстовите и немаат литературна вредност, ниту длабоки чувства, туку украсени плитки емоции. Ќе забележите дека и се инспирирани од наивната фантазија и потреба да биде така обожавана и сакана на начинот на кој што опишува нечија машка љубов према некоја девојка. Ќе забележите дека секогаш женската фигура која ја опишува е силна, посакувана,атрактивна, обожавана... шаблонски и симптоматично. Страшното е што... Шилеа пишува книга,уствари ќе издаде веќе создадена збирка...и Марија Јаневска ака Лејла пишува книга... и ќе биде попродавана, слушајте ми го зборот! И тоа е жаааално, луѓе мои, ЖААААААЛНО!!! Бљувотина! Дај ќе се самозаљубам и ќе пишувам поезии и БЕЛЕШКИ за себе си. Нека земе нека ја гушне некој аман! И главно, глупа е. Многу е глупа! Случајно ја сретнав низ ГТЦ еднаш и ми дојде да ја гушнам од што нејзината симпатична појава е празна ради отсуство на битниот фактор х. Едноставно го нема... Како да гледаш некој убав предмет кој е тотално бескорисен. Навидум некоја процеланска фигура... Еве БЕЛЕШКИТЕ на Лилит колку е Лајла Грејс глупа! Mислам видете ја таа мудрост пипл! Видете ја! Која е таа убеденост, самобендисаност и простота. Она ти е семе синапово во литературата и блогерството. Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 19h #љубов е кога ти дозволува да пиеш ама не ти дава да се глупираш. Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 19h #љубов е да му фалиш дури и тогаш кога не си признава. Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 19h #љубов е да е тука при секој здив издишан со помислата на него Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 19h Понекогаш сфаќаш дека дури и кога си со некој си сам. Тогаш гужвата е најголема самотија. #живот Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 11 May #празник ми е коа ќе ме адднат повеќе од 10 совршено згодни момци на фб, не за друго, очи си плакнам. Мх... Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 6 May #моментот кога ти се плаче, па пушташ Grey's Anatomy па и да заплачеш, од епизодата беше бе, многу тажна беше, Изи има рак... (леле ќе си умрам... рак на душата фатив) Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 5 May Понекогаш кога мајка ми ќе ми купи пижами, па уште и шаренки, ми иде да и се раздерам „ало подвезици носам, уште пижами ми купуеш???“ #амаАЈ ( Леле дишиме ист воздух...леле,леле...) Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 5 May Значи некои луѓе се на твитер колку да се рече дека имаат и твитер или стварно мислат дека знаат да твитаат? #palmface (иронија) Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May #фармацевт у ПМС = атомска бомба Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May Симптом: #цицки ака балони. Дијагноза: треба да добијам. Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May #мама ми прати слика од Кан, да ми каже колку ме сака. Една е мајка! ( Колку работи се погрешни во овие претходни три твита... ) -ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May Дали тоа на сите мажи кога почнувате да ме запознавате коментарот ви е “па не си само убава, а?“ Па ваљда looks&brains некогаш идат заедно (сакаат да имаат секс со тебе,ок?!) Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May Јас девојките ги делам на девојки кој си ги бира за една вечер и јас. Јас не сум му опција. Кога сум јас, нив ги нема. #точка Ете тоа ви е Лајла од друг агол... реален агол. И на темава во литература и уметност не и е местото...да се разбереме. А страшното е кога ќе видам кога ќе ја сподели некоја личност те девојка која сум ја почитувала и сум мислела дека има нешто во главата бидејќи ете постигнала, отишла на крајот од светот и слично и сега ја лајкува Лајла Грејс... Сфаќаш дека и тука се работи за една простакуша која си ја проценила и дека во земјава само просеци и подпросеци успеваат. Ќе ви пуштам нешто пластично во СДК сега чисто за да ја заокружиме темата...
Белешките на Лајла Грејс За целата ситуација да биде уште посмешна, се самокрстила по продавница за француски мебел.
Белешките на Лајла Грејс У пм кој ќе чека до крајот на годината за книгава Првпат ја сретнав девојкава коа случајно разгледував списание на работа имаше цели страници испишано за неа нешо ко интервју и слики топ, многу убаво девојчево викам што е работава. Имаше некои цитати пишано во списаниево ама не им обрнав внимание па ај прогуглав и најдов фан пејџ на фб. Прочитав еден текст и мислам доволно беше. Би ја опишала исто ко Лилит, одличен психолошки профил и направила. Убава е бре, немора толку да пати за внимание. Не ми се верува дека народов уште се пали на вакви текстови, уште ли се палат на шпански серии? Уште и книга бе Позрав!
Белешките на Лајла Грејс Девојчево е доказ за тоа како кичот може да ја уништи убавината. Прекрасна е во лице ама облеката поточно фустанчињата кои ги носи се . Кога ќе порасне сигурно ќе стане старлета, ако веќе и не е станата. Незнам колку години има. За литературната вредност која ја кријат нејзините текстови и мисли не коментирам.
Белешките на Лајла Грејс Девојкава ја читаат затоа што незнаат за подобро, текстовите и се веќе видено,кажано и прераскажано. Се дигна голема прашина околу неа и таа си профитира на тоа.
Белешките на Лајла Грејс А каде можам да ја видам девојкава како изгледа? Сум слушнала за неа, ама не сум прочитала ништо од белешкиве нејзини. По ова првото што го читам, премногу глупо и патетично ми е некако. Едит Ја видов, симпатично девојче на лик. Баш ќе прочитам уште некои од нејзините цитати, белешки што и да се, од љубопитност. Иако реално пишува за апла исцрпени работи.
Белешките на Лајла Грејс Јас пак си мислев дека сум единствената во Скопје, и општо во Македонија што не може да ја свари девојкава. Премногу површно, плитки мисли, без стил... Патетика, патетика everywhere! Им го дава на девојчињава она што сакаат да го прочитаат и тоа е причината што стана популарна. Жално. А имаме толку прекрасни млади блогери.
Белешките на Лајла Грејс Девојкава ми излгеда на напрчено шмизличе,кое со носот дигнат чекори гледајќи во небото,без да погледне околу неа. За убава,да убава е.Ама бре онолку прчење и кај Џоли не сум видела. A девојкава стана популарна со тоа што успеа да ги "освои" девојчињава пубертетлии што сакаат да читаат такви текстови.Ама најчудно од се ми е што е читаат и постари жени.
Белешките на Лајла Грејс Мене најјако ми е кога ќе напише нешто ептен безвеза и ќе се потпише, ко на пример Христос воскресе! За многу години да ни е празникот!!! ) - Јаневска Марија, 2013 Ја сум сигурна дека ќе ја паметам неа по оваа изјава, просто ме трогна ... Како може толку луѓе да ја следат ?
Белешките на Лајла Грејс Луѓе бе што се чудите на вакви работи ??? Па кога цела раја без престан гледа и се восхитува на шпански\турски сапуници мислите дека знаат да распознаат вредно и квалитетно дело ? Мислам, од кој очекувате да разликува квалитет ? И да зборува за истото ?? Кога главна цел им е у толку и толку саат да се нацртаат пред Тв зашто незнам ти која лепоЉка глумела у некоја си серија, да се смеат на неинтелигентни шали ... Среќа барем у толку стадо овци има некој што знае за квалитет, ама знаете џабе све кога поголемиот дел од рајата е таа што одбира, ние ваквите што ни 5мин не би одвоиле за нз ти какви белешки сме скоро безгласни букви. Затоа и е отидено све у ... Кога ба додуше кај нас се ценел квалитет Конкретно за типкава , ми делува ко тинејџерка, ко уште да не и поминал перидот за греаота. Додуше толку и она видела изгледа од животот за да се нурне малку подлабоко од ова, а може па и до тука и се границите
Белешките на Лајла Грејс А убава девојка и колку што можев да видам со неверојатен талент за цртање. Мој совет и е нека си се посвети на цртањето...