Здраво Нова сум на форумов би сакала да ве прашаам бидејќи ова ми е прво инвитро кои суплменти ги примате вие и во кои количини и дали ви ги дава матичниот или на своја рака Ќе ве замолам за одговор :/
Немој да јадеш, иако си без анестезија, ти кажаа и останатите. Сепак е интервенција, а знаат понекогаш и да те притиснат на стомак за да го наместат јајникот за најбрзо изведување на пункцијата, и не е пријатно ако си јадела. Ако имаш болка после тоа сигурно ќе ти дадат нешто таму. Одевте на сосема природен циклус или прими и некаква стимулација? Со среќа!
Јас пијам Овунорм, Д-витамин,но претходно испитан и одредена доза од ендокринолог, Ц-витамин, Метил фолат поради мутации, поретко пред циклус Фемисан А капки. За било што да пиеш ќе си се консултираш со гинеколог или специјалист за ивф. Со среќа во постапката
Јас не пиев ништо плус туку како и вообичано што си пијам витамин Ц, Б комплекс и фолна киселина. После пункција ми дадоа Имприл па само тоа го пиев од витамини и секако останатата терапија.
Земав летрозол од 2 ден 5 дена, по две, сабајле вечер. Докторот спомна и некоја инекција, ама се премисли и само на апчиња остана. Цетротиде 1 само примив, и стоп инекцијата.
Мислам дека максимум можат, според закон, да вратат 2 оплодени јајце клетки на првото инвитро. Потоа колку што знам, не ме држи за збор, второ па натаму со согласност на пациентката може и три. Ако можам некако да ти помогнам, слободно пиши бидејќи и јас сум кај Таше. Во моментов пред ембриотрансфер.
. Се мислам и јас за кај др.Таше,како си задоволна,дали има време да се посвети,претпоставувам има многу пациенти,по кој протокол си? Ти посакувам успех
Здраво Јас пијам вит д, калциум, магнезиум, цинк тоа е се во 1, вит ц имам купено ама заборавам да пијам Пијам и еутирокс заради благо покачен тсх, во договор со гинекологот за ивф и консултација со ендокринолог; и после последново ивф спец. ми препорача глутатион, кој е антиоксиданс, веројатно сметал дека ќе помогне нешто. Инаку тоа до сега не сум сретнала да го даваат и не е во редовно препорачаните суплементи. Земам и фертилимин. Пиев и метилирани фолна и б12, ама скоро ги проверував и ми се премногу високи вредностите па др рече да ги прекинам нив. Тоа е се Мислам дека е најдобро да се консултираш со докторот за што да земаш, зошто сите немаме потреба од се'. Среќно и побрзо до успех
Мислам дека периодов нема толку гужва како вообичаено дали ради тоа што беше период на празници инаку јас бев во постапка во декември втората половина и имаше премногу пациенти
Женски јас сум 6ти ден од трансфер на две тридневни ембриони. Симптоми поучена од предходните искуства не барам, зашто предпоставувам дека се тоа е реакција на хормони (може да грешам, и веројатно грешам.. така полесно е ) Денес ме фати некоја криза... Да не трепнам да не се расплачам.. ме фатил некој страв па незнаете колку. Се се трудам да правам како треба.. лежев 3 4 дена како што рече докторот, овие два дена се раздвижувам.. а се мислам негде грешам.. Ве фаќаше ли вас некоја ваква криза?
Мила гледај да не мислиш на тоа најди си некаква разонода ...серија филм книга... И раздвижувај се можеш најнормално да се однесуваш без некои нагли движења и кревање тешко... ќе помине уште една недела ... и дајбоже со убави вести да пишеш
И добро е по малку да се раздвижуваш, заради циркулација. Позитивна мисла, земи си некоја книга или лабава серија што ќе те опушти. Уживај во периодов па те чекаме со позитивни вести !
Devojki mnogu odamna imase poveke devojki koi pred ivf vo new born im bea dadeni nekoi apcina za opustane na matkata, ja prebarav temata nemozsm da najdam, ako znae nekoj kako se vikaa neka mi pise
Jas ne gi znam koi se tie apcinja,no pred transver mi stavija inekcija Atosiban koja e za opushtanje na matkata (da nema kontrakcii).
Јас сум таму, ама за такви апчиња немам слушнато. Даваат диазепам, а на еден трансфер по мое барање примив и атосибан. Не се оптеретувај со тоа. Среќно
Девојки на прв циклус после пункција бев на преглед на 14 ден и ендометриум беше 6(вајда се мм). Прв пат ми се случува да е толку тенок и одложен е трансверот. Сега треба да пијам со следен циклус естрофем 3х2. Некоја со слично искуство? Инаку ми е прво ивф после две неуспешни бремености.