Нешто во стилот на friends with benefits, само без одредени делови што мислите вие за нив? колку е убаво на наши 18, 19, 20 години да немаме сериозна врска? која е убавината на врските без окови, но и колку траат? и кој ти гарантира дека нема да му бидеш само една од многуте
врски без обврски? Тоа е невозможно! Немора да се нарече обврска.. ама двајца луѓе треба да функционираат како едно и притоа ке налетуваат на многу препреки кои ке бараат комуникација, усовршување итн.. Во очи на некои луѓе тоа е обврска.. А кога се има волја за се тоа, тогаш е задоволство
врски без обврски? Окови си ставаат самите луѓе сакајќи да доминираат над другиот,да глумат величина,да се докажуваат,но не секогаш е тоа застапено,се зависи од тоа каква врска сакаш. Онаму каде од бакнежи и прегратка преминуваш во сексуални односи со партнерот настанува посесивноста,доминацијата,зголемената љубомора,заблудата дека поседуваш некого и си даваш за право да му го контролираш животот-се е право на избор.Додека некогаш се чекало во брак да се конзумира љубовта,сега врските личат на бракови но со краток рок на траење. Се си има фази во животот,па така и една врска треба да има свои фази а не се да се издегустира за кратко време па да "пукне".Не е „се што е добро кратко трае",туку „се што е брзо кратко трае". А врска без обврска трае кратко,тоа е фазата на запознавање и проценување со каква личност си имаш работа,ако ти се уарни и те како ќе сакаш да преминеш во врска со "обврска".Aко е обврска да му посакаш добра ноќ на оној што го сакаш,да го изненадиш со нешто што знаеш дека ќе го израдува,да бидеш компромисна личност заради тоа што сакаш некого,делиш со него дел од денот,тогаш не верувам дека на некој му се слошило од таа обврска.Умешноста во потезите кои треба да се "одиграат" во една љубовна врска се тешка мудрост која се стекнува откако ќе изгазиме во трње..
Имав таква врска, траеше околу 3 месеци. Всушност, тоа не може да се нарече врска. Се знае врска што е, а не само онака да си се мавтате, да си пополнувате време и да задоволувате потреби.
секогаш тоа што е забрането е поинтересно, поубаво затоа сметам дека повозбудливо е од онаа правата врска.. ама и во таква ситуација барем еден ќе се заљуби :/
Врска без обврска. Звучи интересно. Сум имала една таква (се ми се број на една рака де), и се зависи од пристапот кој се држи. Нормално јас си имав мои граници, тој ги почитуваше безусловно. Се гледавме кога ќе ни се посакаше. Одиш со други? Шоима врска, покрај се само пријатели бевме шо си праеја времето убо да му врви ко ќе е досадно. Такви пријатели. Дали е убава? Дали е исправна? Убава можи да биди само ако одиш страсно, без подлабоки чувства туку површни. Ако се оди со подлабоки чувства, ако едниот се заљуби, е тогаш би болело, премногу. Околу исправноста и не сум некој да кажува, ама мое мислење е дека убаво е со некој да пробаш како би ти било пред да почниш нешто повеќе ако не си сигурен наместо да официјализираш врска на една недела и да ја прекиниш после тоа.
Врски без обврски секогаш ги преферирав ваквите „врски“ зошто никогаш не е досадно, секогаш има неизвесност, возбуда, а некогаш се случува да има и некој трет/а и четврт/а во „врската“ а притоа и нема обврска + мн добар начин за да оцениш какви личност имаш пред себе ! то е мн интересна работа, само шо, поучен од моето искуство во ваквите работи, многу ретко се наоѓа соодветен партнер! Се е ок до оној момент кога некој ќе почне да меша чувства(чувства во смисла.. преминување кон нешто посериозно) и тогаш работите добиваат една друга димензија. Колку ке биде интересна врската и како ке се развива, зависи мн од тоа каков склоп на карактери сте со личноста од другата страна. Оние кои си се држат до правилата, се почитуваат меѓусебе, чуваат тајна, не се КУРЧАТ (особено кога во „врската“ има и плус човек( партнерот веќе има друга, сериозна врска), имаат граници, признаваат вина и не хранат его и лечат комплекси, може долго да траат. А и кога би прекинале, заради карактеристиките кои ги напишав погоре, тоа би требало да биде безболно и без никаков проблем, а ке си продолжат да си бидат пријатели Колку се исправни таквите „врски“ или ситуации( особено кога има трет/четврт меѓу вас, пошо тоа е веќе изневерување кон некого) не знам, али мислам дека се мн солиден начин за забава и учење на животни лекции
Ова математички звучи совршено, арно ама врска или неврска де, не се заснова на математика. Среќа инаку роботи ќе бевме Не го разбирам јас тие врски ни на овие години, јок и не верувам дека некој е навистина исполенет со таква врска ама ај, јас може сум од др. век ПОДОБРО САМА ОТКОЛКУ ВО ЛОША СПОЈКА.
А ако се заљубиш? Ами може и со некоја друга да има таква врска,што мислам дека сепак не би ти било сеедно.
тоа е тоа , моментот кога се појавуваат чувства, кога „случајно“ ке се заљубиш ... тогаш е непријатниот дел од таквата „врска“... крај краева, не мора да биде баш „врска“, може сте другари или пак сте дел од некое пошироко друштво па... чат пат знаете умешно да бидете и повеќе од другари, а да немате обврска али како што кажав и погоре, непријатниот дел е кога чувствата ќе добијат примат, а пак уште понепријатно е кога ти ќе го направиш тоа
секако дека не прашање е и дали тоа е воопшто врска (нема некој друг посоодветен збор), а дека е без обврска, тоа сигурно
Ok ama dvete strana da se pridruzuvaat na toa...Glupo bi bilo ednata strana da se zaljubi i da ocekuva poveke od seks a drugata strana da nejke no da cue za toa Isto taka smetam deka za vakvo nesto treba diskretnost a ne slapanje na okulu Bitno i licnostite koi praktikuvaat vakvo nesto da se sozreani..Na so bi licelo 15godisno devojce da praktikuva vakvi vrski..
Мислам дека во моментот баш таква врска ми е потребна, иако одсекогаш сум била против ваков вид на врска
возможни се овие врски 2 сум ги имала до сега нит сум ги сакала нит ме сакале имало страшно голема хемија и сексуалност ама тоа било тоа од моја страна секогаш си го знам лимитот секогаш знам во што се впуштам и колку можам да поднесам
Ваквите врски можеби се случуваат во период кога партнерите се во фаза на себепронаоѓање од различни причини и (не) свесно започнуваат ноншалантни средби кои завршуваат со среќен крај се додека и двајцата успешно ги контролираат умот и чувствата наспрема задоволството и страста. Во спротивно, едниот би бил "жртва" на деновите без обврски.
Што глупост е тоа Што значи врската а што обврската во случајов? Сексот е "врска" а се останато обврска ? Нека ми објасни некој, јас или не разбирам или не сакам да разберам
На кратко... не дека мора да постои баш врска.. туку самиот однос кон некој во ваквите „ситуации“ претставува врска. Како и да е, без разлика како ќе го наречеш, што значи и шо спаѓа во тоа „врска“ мислам дека акцентот се става на тоа „без обврска“.