Дечки, здраво. Одамна сум на форумов и сега сакам и со вас да ја споделам мојата приказна за која можеби веќе сте слушнале по медиумите. Текстот ќе го преземам од кај мене на фејсбук, за да не го пишувам два пати. "1ви Јули, 2021. Локација, озогласената болница во Тетово. Закажан царски рез во 7 наутро. Страв, возбуда, не ни сонував каков хорор следи. Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го допрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав “ајде веќе затворај ја не крвари веќе”. Јас во полусвест, немам веќе сила, ама не сакам да заспијам. Ме однесоа во шок-соба, каде тазе родилки влегуваа и излегуваа ден по ден, а јас бев во истиот кревет без никаков напредок, не смеев да јадам, не смеев да пијам. Зошто, немав одговор. Следното утро почна уште поголемиот хорор. Почнав да повраќам на секои 30 минути. Плачев, исплашена, ги прашував зошто повраќам, што ми се случува, сестрите ми велеа “од анестезијата е, нормално е”. Трет ден. Јас се послаба и послаба, сеуште повраќам, ама воедно и стомакот ми станува тврд, целиот со грутки. Барам помош, барам одговори. Имам студирано на медицински факултет и знаев дека нешто лошо ми се случува, ама се чудев како толку доктори и сестри околу мене, кои тврдат дека не ми е ништо, дека цревата ми се мрзеливи, дека имам ГАСТРИТИС ( да, драга докторке, сеуште ги чувам СМС пораките каде ме тешиш дека имам гастритис, дека ќе ми помине ). Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази. Четврти ден. Ситуацијата уште полоша. Молам за помош и конечно некој се смилува да викнат некој постручен и да ми стават назогастрчна сонда ( црево од нос во желудник ) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат. Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген - со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје. Ама и покрај се, ме држеа уште една вечер. Ми рекоа многу си нервозна, ќе ти дадеме дијазепам за да спиеш, не ти е ништо. Таа вечер го молев Господ да го дочекам утрото. Знаев дека спас ме чека во Скопје. Ама таа вечер, не бев сигурна дека ќе издржам до следното утро. Ама се молев. И издржав. Следното утре итно ме пратија во Скопје со возило од брза помош, и драгата докторка не испрати со зборовите “ако не ја примат во Скопје, не ми ја враќајте тука, немам што да и правам”. Како спиеш навечер “ДОКТОРКЕ”? 5ти јули. Ме примија во Скопје, веќе во полусвесна состојба. Итно снимање, итно инфузии и на крај, итна операција. Се разбудив следниот ден, со огромна рана на абдоменот и не знаев што се случило. Ми кажаа дека ми е извршена хистеректомија т.е. отстранување на матката, бидејќи била некротизирана т.е. СКАПАНА. Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка. Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна. Бебето за прв пат си го видов после 12 дена, излегов од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можев да се движам сама, не можев да се бањам сама, не можев ништо, ама помина. Ми требаше време да бидам спремна да зборувам на оваа тема и додека го пишував текстов требаше да преживеам се одново и чувствувам мачнина, можеби имам и грешки во континуитет, ама помина доста време и многу работи ги потиснав и закопав длабоко. Ама мораше да излезе од мене. Со овој текст ставам крај на оваа приказна и го почнувам процесот на заборавање на оваа траума. И да, внимавајте пред да изберете доктор, распрашајте се 100 пати ако треба, за да избегнете ваква голгота." - Дона *Линк за донирање https://www.gofundme.com/f/help-me-continue-my-healing-and-justice?utm_medium=email&utm_source=product&utm_campaign=p_email+2300-co-team-welcome
Те прочитав уште пред некој ден, ама не знаев дека си на форумо. Живееш втор живот. Оди до крај, мора да запре ова што се случува во здравството
Баш сакав да искоментирам некаде. Тешко и страшно искуство ама на крајот најважно е што е зад тебе, си се имате со бебето. Зошто не ги објавиш јавно имињата? Не смее така да помине, барај правдина.
Се додека постоја партиски војничиња и запослувања, ништо нема да се смени за жал. Мислам дека потрчковците треба да се замисла, а не сега да ја тапшаа по рамо и да даваа поддршка.
Не сакам да излезе од мене, сега за сега, не знам од правен аспект дали смеам и како се правилата, па чекам сега за сега. Иако некои медиуми копале и ја открија која е и мислам дека ќе ја објават со име.
Каков херој си ти Дона... Ти си толку многу силна и храбра, ти се восхитувам и ти посакувам успех и до крај да се бориш
Ако ти треба поддршка за петиција, протест или било каква граѓанска акција, извести не'. Овие битки не се водат сам. Посебно би ти било од корист да најдеш и други луѓе кои имале проблеми со истот персонал. Алал да ти е на храброста да зборуваш јавно
Тоа што го прочитав пред некој ден навистина ме погоди. Иако е најважно тоа што ти и бебето сте сега добри, немој да ја оставаш работата така. Процени како е најдобро, испитај, но не се откажувај да ја истераш правдата.
Прво ,многу ми е жал што вакво нешто ти се случило. Малку не ми е јасно и мене ова со необјавувањево на име. Ако ја тужиш,зошто да не излезе од тебе? Секако ке се соочите. Или ќе чекаш државата по службена должност и допрен глас да поднесе тужба? Ако е второто,тешко ке дојдеш до правда. Ти треба и отштета за душевна и физичка болка да и земеш. Јас претпоставувам за која докторка се работи,не е од рамковните и со искуство од 30 год. Таа истата пред 19 год не сакаше да ми биде матичен и ми ја фрли книшката зошто водев бременост кај друг доктор. Тежок его трипер,комплексашка.
Само едно нешто ќе ти кажам. Што и да ти треба, муабет, другар, човек за да се испукаш или растеретиш, тука сум. Моето сандаче ти е отворено во секое време. Се согласувам со @WildMk, ако можам ќе помогнам.
Жено, жал ми е што ти се случило ова, овде имаш целосна поддршка! Да не закопуваш, оти и други може да настрадаат, да тужиш и сѐ да објавиш!
Токму таа. Его и ароганција. Ми се дереше зошто не сум го испила чајот што ми рекла, а јас 5л течност/фекалии во желудник. И се дереше на мајка ми зошто вртела по телефон да прашува како сум.
Жалосно, само не знам како може да спие мирно. Сега ми се потврди зошто никогаш не сум сакала луѓе со многу големо его.
Сега за сега ништо, во потрага сум по добар адвокат, вештаци и слично, не знам ни јас, ме упатуваат други луѓе. Многу медиуми ме контактираа, ќе има и на КОД во Недела интервју и така. Ќе ве известувам за се.
Сите сме на твоја страна @MandyLane Известувај не, доколку е петиција или слично тука сме сите. Ова вака не смее да застане. Доктор ли е касап ли е, да ти е страв веќе да отидеш на лекар.
Јас како што читав плачев.И сега ми стои грутка на грло,ми е жал за тоа што си го поминала, што еден од најубавите денови од твојот живот, нешто што се случува еднаш или двапати во животот ти го памтиш по лошо.Не по лошо, по хорор. И не посакувам на никоја жена да и се повтори. Ова можеше да се случи на секоја од нас.. Оваа битка која што треба да ја добиеш, ја добиваш за сите нас, за да не се повтори! Биди храбра
Знаев дека е таа. Од пусто его не те пратила во Скопје,пореметена жена. А толку ми ја препорачуваа уште тогаш,и тоа доктори,најдобар оператор била. Еве колку била способна,едвај глава си спасила. Затоа треба да ја кажеш. Зошто многу по препорака пак ке одат или одат кај неа. Пошто со искуство нели Тужи ја и барај отштета ,нека ти плати за се.
Јас знаев дека имаш профил овде ама не ти го знаев никот. Пишав во СДК ама после избришав да не ме банираат. Се што имав да кажам,кажав таму. Имаш целосна подршка,те следам на инста. Биди силна,храбра и бори се до крај. Фала ти што ни ги отвораш очите за “идеалното”здравство, сепак не се битни парите дадени по приватните болници колку што е битно здравјето.