Супермен никогаш нема да биде омилен бидејќи е класичен идеализиран херој. Бетмен е маалку анти-херој, категорија што е секогаш поуспешна во секаква литература. Генерално, луѓето не сакаат да читаат или да гледаат ликови што се совршени во се’. Tие прават да се чувствуваме скроз неспособни. Анти-хероите имаат мрачна страна со која секој човек може да се идентификува. Да си рече - ете, и херојот е само обичен човек, па и јас можам да бидам херој за себе и за некого, со сите мои демони, слабости и гнев. Ај да измешам малку и од стрипови, филмови и од литература - Волверин, Волтер Вајт, Декстер, Ви, Вејдер (сепак е и херој на крајот, нели?), Гетсби, Ставрогин, Раскољников, Тајлер Дурден, Алекс од Пеколен Портокал, Скарлет O'Хара... сите овие ликови се омилени зашто се малку добри, малку лоши и слаби, но сепак - човечни и реални. Супермен го нема тоа, Бетмен го има во мала доза. Има голем гнев во себе, игра по свои правила, не знае да се однесува со луѓе, и одмаздољубив е. Не е добар пример за анти-херој, но сепак подобар од идеализираниот Супермен.
Кога ми излезе темата во Најнови мислења не се гледаше целосниот наслов на темата и помислив тука сигурно се решава некое животно прашање. Оно да ти било Бетмен или Супермен . Нели можеше едноставно да биде Бетмен VS. Супермен или пак Бетмен ИЛИ Супермен (или мораше таков бомбастичен наслов )? Како и да е, кога сум тука веќе ќе го изберам Бетмен (а колку ги гледам и обожавам се гледа по тоа што читам Супермен, а мислам на Спајдермен )
Се согласувам, може баш и затоа Бетмен има поголем рејтинг Џокер, Харли Квин, Жената Мачка, пингвинот... се одлични негативци и тие многу придонесуваат за впечатокот, што не можам да кажам дека е случај со Супермен. Му фалат подобри негативци, за да може и тој малку да се "истакне".
Јaс дa ви кaжaм искренo мнoгу мaл бев кoгa ги гледaв oвие двa филмa, тaкa дa мнoгу мaлку се сеќaвaм. Oд тoa штo се пaмтaм пoвеќе впечaтoк ми имa oстaвенo Бетмен. Бетмoбилoт, мaскaтa нa лилјaк, некaкo пo креaтивнo ми делувa. Вo aнкетaтa пo грешкa стиснaв Супермен.
Не знам дали ќе можеме да решиме еднаш засекогаш особено што се работи за два лика кои едноставно не може да се споредуваат. Според тоа, секогаш ќе има фанови и едниот и другиот. Јас гласав за Бетмен. Отсекогаш повеќе ми се допаѓале приказните, филмовите и сите тие обиди да се направи нешто со што Бетмен ќе функционира на ниво малку „над човечкото“. Бетмен е обичен човек, со доблести и маани, со доволно моќ, пари и желба за да направи нешто против злото што не' опкружува. Бетмен слободно би можел да биде Бил Гејтс, Марк Цукерберг и некои други тајкуни, само доколку ја имаат желбата (и посветеноста за стекнување физичка спремност) за борба против светскиот криминал. А да не се фалат со тоа, туку да бидат херојот под маска и во сенка. Супермен, од друга страна, дури не е ни од оваа планета. Иако уште од мал живее тука, сепак, како да не може да ги сфати работиве што се случуваат тука. Делува доста наивно. И е со натприродни моќи. Затоа мислам дека гледачите повеќе се идентификуваат со Бетмен, отколку со Супермен. Бетмен има повеќе недостатоци можеби, со самото тоа што е човек. Лесно може да се повреди, да го истепаат, да загине, му требаат многу гаџети и помошна опрема за да може да функционира, па дури и му се појавува помошник (Робин). Но е сепак реален човек, без ништо натприродно во себе. На Супермен не му треба ништо од ова, тој сам си лета, тој има сила за се' да направи, а единствена слаба точка му е криптонитот. Добро, и неговите „сограѓани“ од планетата од која доаѓа, со кои очигледно не може доволно добро да се справи. Башка, поради таа негова наивност, Лекс Лутер го врти околу малиот прст. И на нас Земјаните ни накалемува непријатели од надвор, како овие земскиве да не ни се доволни. Јас многу се расприкажав, али тоа е. Трилогијата за Бетмен на Нолан ми е омилена, а покрај тоа, од старите филмови ми се допаѓаат оној со Вал Килмер (Batman Forever), a како помала ја гледав и ја сакав и серијата со Супермен што одеше на Сител.
Team Superman сега, засекогаш и за век и векови. Од коа знам за себе Супермен ми е љубов и за мене Кристофер Рив ке биде единствениот Супермен. За разлика од Бетмен кој ми е многу мрачен суперхерој,Супермен ми е баш идеал за еден суперхеројски лик. Топол и доблесен. Настрана фиктивните моќи како летање,незамислива сила,ласерски поглед,Супермен како склоп на човечки карактеристики ми е далеку подобар од Бетмен.Неговата наивност и збунетост па на моменти и трапавост како Кларк Кент ми е многу симпатична. Бетмен ми е здрвен милијардер на моменти како робот ми делува кој ради финансиска состојба е во можност со неговите играчки и бетмобилот да си игра херој низ улицита на Готам. Супермен од друга страна ми е народски човек ,со лични карактеристики кои би сакал секој да ги поседува. Како голем фан на суперхерои едвај чекам да излезе филмов во кино салите,лани дури и си купив мајца со знакот на Супермен за да ја носам на премиера како најголем фан на С-то.
Јас сум тим iiSuperwomanii. Кој го сфати ова, high five. Колку да не сум офтопик, повеќе го сакам Супермен, бидејќи со Бетмен не сум гледала ниеден филм. За тепање сум, сигурно не требало ни да гласам.
Насловот како, ај излези надвор и држете ме бре ќе го отепам! Супермен! Оти е првиот супер херој со кој се имам сретнато. Оти е навистина супер херој со натприродни моќи. Бетмен е обичен маж со фетиш за лејтекс. Актерите не ми вршат влијание, јас сум фан на Афлек, но не и на Бетмен. Музиката во Супермен моќна наспроти тана нана нана за мали деца. Не знам, можеби поради БУУУУУМ, ПАААААААУУУУУУ, ТРААААСССС на екран бетменова ера, некоја аверзија ми е.
Ја мислам дека вистинска дилема нема – Бетмен секогаш ќе биде поомилен од Супермен. Мислам дека оние кои гласале за Супермен у анкетава, гласале уствари за Хенри Кејвил, а не за Супермен како лики слободно можам да кажам – жени, потполно ве разбирам, зашто откако го гледавме Man of Steel, еден мој другар долго време имаше man-crush на Хенри. Многумина кажаа, па не би да се повторувам – Бетмен како карактер е многу пореален од Супермен – има свои маани и недостатоци, свои себични причини зошто го прави тоа што го прави и движечка сила му е одмаздата. Едноставно, претпоставува лик со кој секој може лесно да се идентификува. Башка, и алтер-егото, милијардерот и џет-сетерот Брус Вејн му е многу боље неголи цвикерашка смотаница која работи као фотограф у весник. Супермен, од друга страна, е мешавина на Исус и Мајка Тереза - на стероиди, кој може да лета. Плус, со ласерски/рентгенски вид. Едноставно, премногу е good guy, премногу е еднодимензионален како карактер и мотивите му се премногу алтруистички, за да може некој да се идентификува и соживее со него. У прилог на Бетмен наспроти Супермен се и филмовите: првите два од Тим Бартон (со Мајкл Китон како Бетмен) беа одлични, по што следуваа неколку така-така со Вал Килмер, за на крај да го усерат начисто со оној со Џорџ Клуни и уште пола од холивудската елита. Потоа, следуваат трите на Нолан, со Кристијан Бејл, кои, мислам дека сите ќе се сложиме, се најдобрите филмови за било кој супер-херој, ever. А да не ја заборавиме и смотаната серија од 66-та која секое лето ја репризираа на МТВ и со која многу од нас пораснаа. Башка, Бетмен може да се пофали со цела плејада одлични негативци, толкувани од супер глумци – Џек Николсон, Мишел Фајфер, Хит Леџер, Лијам Нисон, Том Харди, итн. Не дека Џим Кери, Ума Турман и Томи Ли Џонс се лоши глумци, ама ајде да се преправаме дека филмов никогаш не бил снимен. А што имаме на филмското платно за Супермен? Неколку комично лоши филмови со Кристофер Рив, проследени со неколку очајни серии, по што следуваше досадниот, за вени сечење, Superman Returns и сега на крај, Man of Steel – кој сакаше да биде пандан на The Dark Knight, ама не успеа, ни од далеку. Од негативци ги имаме Лекс Лутор, кој физички не му е рамен на Супермен (а кој е?), ама редовно успева да го надмудри, што ме тера да се посомневам у тоа дека Супермен слетал на глава кога паднал на Земјата, па сеа носи последици од тоа, како и некои ванземаљци, кои се подеднакво тапа. Дури ни глумци како Џин Хекман и Кевин Спејси не успеаа да го извадат Лекс Лутор како лик. Што ли ќе биде сега со Џеси Ајзенберг, нејќам ни да мислам. Ни режисери како Брајан Сингер (кој од тешка глупост како X-Man успеа да направи супер филмови) и Зек Снајдер не успеаа да снимат саглам филм за Супермен, што според мене е доказ за инфериорноста на Супермен како лик и суперхерој. Едноставно, за него интересен и добар филм не може да се сними. Ме интересира каков ќе биде Batman vs. Superman, филмов има потенцијал (бидејќи Бетмен е у него, да се разбереме, и бидејќи има одличен стрип од Френк Милер како основа за приказнава) и ќеиф ќе ми биде да видам како Бетмен го млати Супермен. Бен Афлек ми е таман за подостарен Бетмен, Хенри Кејвил ми е добар глумец, само што беше малце мутав у Man of Steel. Не ми се свиѓаше што у трејлерот видов дека пак се појавува Зод (можеа да бидат пооригинални, башка што не ме воодушеви ни во првиов филм) и Wonder Woman (се надевам нема да го преоптеретат филмов со ликови и суперхерои).У секој случај, останува да видиме на што ќе личи ова чудо.
Е добро де, ја не се изразив убаво. Да не кажам мувачица. Секогаш имале нешто романтично и си го спасуваат газот еден на друг.
Бетмен е бољи, поспособен а на Супермен само му се посреќило да ги има тие способности, лаки гај. Туку и за Бетмен не сум толку сигурна, да не му е Робин нема да е и овој Бетмен.
Јас мислам темава за зезанција е отворена, а некој всушност седнал озбилно да размислува. Како млада невина девојчица би Супермен, нежен, фин, залижано косиче...А на овие години богами Бетмен, if you know what I mean. Edit Не беше темава во друг подфорум? За филмови се мисли?