165 денари е купката со мирис на лаванда за добра ноќ.Јас само оваа сум ја пробала и сум презадоволна.Мирисот на косата трае два-три дена
Ова со мирис на лаванда нема ,во составот не пишува парабени ,а за другите производи не знам ,сега полека почнувам да ги користам Би ги препорачала марамиците на Септона (65 денари) со алое -бело со виолетови шари пакување на кои е потенцирано дека не содржат парабени.Ги има и со камилица (мислам дека се 70 денари) и уште 2 типа. Мене ми се погодија и мислам дека подолго време нема да ги сменам.
Во Веро ги купив.Интересно е што на задната страна пишува вака-Дејствуваат анти-инфламаторно и против егзема,осип исува и излупена кожа. Јас ова со егземава не сум го сретнала никаде до сега Оф топик можеби е добро да се направи една тема во која би се постирале слики од производи кои не содржат парабени
Ни овој крем на Baby Love не содржи парабени Таква им е целата линија. А Септона мислам дека е позната грчка фирма, имаат доста квалитетни производи.
Марачињата на Freshmaker не би ги препорачала,ова чисто како сугестија де не се налути некој зошто содржат два вида на PEG 40 и PEG 7 . Нажалост скоро во секој состав на марамици е неизбежен PEG,но е исто така штетен за нашите најмили го има и во купки Беколиното,во Нивеа бебешкаата козметика и во Love Wipes ги има Треба да се проверат Babylove каков состав имаат. Ние сега како поголемки ретко ги користиме влажните марамици освен некогаш кога сме излезени инаку дома ги избегавам после нужда,практикувам да ја мијам.Водата е секако најдобра,но за мало бебенце кое што неможеш секој момент да го квасиш е тешко да најдеш скроз природни влажни марамчиња
Вчера разгледував и во Веро и во Рамстор во делот за бебешка козметика и како што можев да приметам е дека најмногу избор имаше од Џонсон козметиката,а овде скоро никаде не ја видов таа марка како препорачлива. Има некој што користи Џонсон козметика? Мене некако повеќе ме влече отколку бекутанот козметика.
Повелете за Џонсон и Џонсон Извор Спојлер http://mkd-news.com/johnson-johnson...kozmetikata-ke-gi-trgnele-do-2015-a-dotogash/
А баш вчера мислев да си купам нивно бебешко сапунче.Добро што земав Нивеа.Ама како бе отровни?Па нели за бебиња,за деца...Ц,ц,ц,ц
Искрено мене воопшто не ме бендисува џонсон не дека ги користам,туку еднашка купив шампон за детенцето,ем скапо го платив,ем се разочарав.Не се толку квалитетни незнам можеби другите производи им се добри,ама конкретно шампончето не ми се бендиса.Најредовно ги користам бекутан шампоните,помадата за лице,млекото имаат незаборавна миризба и добар квалитет и павловичевата од бекутан ја користам,но повеке сум на павлодерм истиот состав го имаат само што павло дермот има поубава миризба зборам конкретно за павловичевата.Според мене бекутан се бр 1,понекогаш знам да сменам сега последно зедов шампонот на шаума со регенератор за деца,за девојчето бидејки кослето му е кадраво и тешко се расчешлува во таа намена шампонот е многу добар и сум задоволна и прекрасно мириса на јаготка.
Јас земав од влажните марамици на Септона со алое вера и многу ми се бендисуваат меки се а и убаво мирисаат, уште на малечкава моја да и се бендисаат и супер ке биде
Ги користам шампончето и маслото на Corrine de farme, француска природна козметика, без парабени, со многу пристапни цени и сум презадоволна, имаме кожичка како свила , бебе и онака беше ,,чисто,, бебе, ама така и остана, плус во комбинација со оригиналната павловиќева. Мустела земав млеко за тело, па не ми е ништо посебно, и мислам дека кој нема потреба, во смисол на проблеми со кожичката, во сите други случаи е сулудно да се фрлаат толку пари. Влажни користам Huggies, и многу ми се погодени, многу се влажни, нежни и многу убаво мирисаат, посебно тие со бадем и мед.
Aуу, останав без зборови А кога ги гледав, прво што помислив беше да ја земам цела колекција за да ми бидат сите исти Страшно. Сепак ќе си читам едно по едно што сте препорачале на форумов,не купувам ништо од ракав.
Ние дома за малата користиме Corrine de farme, јас сум ептен задоволна. Од време на време и јас се туширам со нејзиниот гел за туширање и го користам лосионот за тело . Кожата и е прекрасна, нема солзи од шампонот, нема парабени, супер цена. Не планирам да го сменам, освен за Еуцерин шампон и еуцерин лосион. Малце ми се скапички во моментов.