https://supportkocani.com При донирање, користете го кодот 562 кој е за донации. По донацијата, ве молиме приложете слика од вашата донација како доказ за успешна трансакција. Зошто? Ова ни овозможува да ја евидентираме донацијата и да покажеме колку средства се собрани за секое дете, за да помошта оди таму каде што е најпотребна и да се обезбеди транспарентност. Собраните средства за секое лице ќе бидат објавени, за да помошта оди таму каде што е најпотребна. Податоците за износот на донации објавени за секоја сметка се базираат само на информациите испратени до нас од донаторите. Не можеме да гарантираме дека прикажаните износи се 100% точни бидејќи немаме целосен увид во сите уплати. Во темава постирајте ја секоја информација која е поврзана со донации за повредените и нивните семјества, да биде прегледно. Ако треба нешто да се додаде или измени пишете ми порака.
Јас сабајле во 08:30 пак донирав. Не е направена промена во износот на лицето каде донирав. Или можда тек после 15:00 ќе легнат парите дека во различни банки сме. Небитно Праќам јас скрин од трансакцијата
Јас од почетокот донирав на страницата на Црвен крст, на овој бројов и преку новава страница. На овие деца допрва им следува период за лекување ќе им требаме и понатаму да се организираме за помош.
Браво и за алкалоид. Се надевам средствата час поскоро ќе им бидат ставени на располагање на засегнатите семејства.
https://whydonate.com/en/fundraisin...0gEn1BjlwKZWcTqx7g_aem_aHtlQylxteCt7kORL2zrmg Јас тука донирав за семејството на Иле...(ми пратија членки) а веќе не постои се надевам во прави раце се паричките.
https://www.facebook.com/share/r/18YvQjV2cE/?mibextid=wwXIfr Која дотична јавно ги хејтала support kocani има во коментари, ама не знам за кој станува збор?
Миа ваљда, мрчеше дека има интервју со детето кое спасило други деца, ќе се потресувале родителите, па зошто интервјуа му правеле.. Мислам не е за во оваа тема одговорот, ама дотичната или избришала тоа коментарите, или се на туѓи ѕидови, како и секогаш јазикот и трча пред мозокот. За интервјуто ниту сум го гледала ниту ќе го гледам, стручњаков очигледно гледала, па се јавила.
Да, навистина има интервју со детето од Виница кое спаси повеќе од дваесетина животи . Но навистина мислам дека не е потребно од такви интервјуа дополнителни стресови да му нанесуваат на детето доволно е потресен од самата глетка што самиот се жртвувал да спаси многу негови другари.Сите тие чувства се искажани во видеото што навистина е жално.