Вистински добро, скромно типче завршува со женска од ист калибар. Точка. Можда нема многу среќа во љубовта, па да достигне статус на јебо од епски пропорции, ама евентуално наоѓа по некоја женска тук и таму, па сега дали е до срамот, начинот на кој физички и умствено се претставува, немањето самодоверба, итн., мање битно. Битно, некогаш, некаде, наоѓа некоја. Го памтите Марјан од штипско Пухче, што го заебаваше Спенџарска дека е дете од село каде има 15ина или колку таму жители? Е, за тој да рече некој добро, скромно момче, во ред. Најверојатно на мнозинството женски ќе им е прост и недоволен, но не и психо. Hence, ќе си најде капаче. А овие „совршено воспитани“ џентлмени и манги со тон комплекси, кои за „добрината“ сметаат дека светот т.е. жените им должат да бидат со нив, имаат нишка налудничавост и чуден микс на нула самодоверба + его до плафон, фала, али не'ш јебат. Не за џабе постојат толкави threads на Reddit каде се истакнува апсурдот на White Knighting, Nice Guys, Nice Girls, итн.
@calliope браво девојко/жено. И на други теми те читам , памет си е памет. И мене ми текна на редит и силувачите плус кои мрзат жрни кои ги одбиле па имаат болесни фантазии. И јас мислам дека добрите не завршуваат последни, туку процветуваат подоцна. Исто и девојки. А тоа е различно од ќе умрат сами.
Искреноста се исплати, доколку си спремен на секаков исход, а не да имаш очекувања дека од секого имаш шанса да добиеш ист третман и исти чувства. Биди си искрен, ама намали ги очекувањата. Не се разочарувај од одбивања, лажење и напади...
Добрите никој никогаш не ги приметува. Од лично искуство зборам. Имав другар ми беше предобар значи за секој мој пад него му се обраќав значи колку многу ми има помогнато во животот дури сега сфаќам дека едноставно бил добар ама тогаш не го гледав од корист само. И ден денеска сме во добри односи се дружиме и многу ми е криво што сеуште нема девојка.
Овде зборот добар се збунува со мажи кои што немаат став, немаат самодоберба, немаат личност и угодувањето на женските, мажи или во секој друг аспект во животот се меша за доброта. Жените ова потсвесно го разбираат и таков неуспешен маж не ги привлекува. Едноставно не е способен да лови и да донесе храна дома.
Е зошто? зошто добрите се занемарени и девојките никогаш не ги сакаат? зошто секогаш ги гледаат само како другар и ништо повеке? свесно ли сакаат лошш момци што нема да ги почитуваат си сакаат?
Рака в оган ставам дека речиси никогаш не завршуваат последни. Повеќето добри фини дечки што лично ги знам се во врска или среќно оженети. Е сега, ако недостатокот на самодоверба го сметаме за добрина, сме ги помешале брзините.
Се сложувам со @MarigoldA. Тие мирните поубаво завршуваат од оние кои глумат некои си фаци. А доколку мирните остануваат до крај, мислам дека е заради нивната СРАМЕЖЛИВОСТ.
Затоа што ние жениве сме идиоти што трчкаат по " лошите дечки " . Не верувам јас во " добри " и " лоши " . Едните се по наивни , по срамежливи , сакаат да се истакнат со знаење и интелигенција . Другите се поотворени , се глупираат за внимание , и не се срамежливи . Ама и едните и другите може да се сменат , ако тоа го сакаат .
Нема веќе добри мажи... како што нема ни добри жени.. Се зезам Ако биле добри не би останале сами..и последни
Животот е сплет на околности и фактори, а не на доброта и лошотилук во вакви случаи. И не, тие не прелажале некој/а. Туку тој/таа некој/а паметот нивни ги прелажал.
Тука не станува збор за лошотилук.. Си ја утнала темата.. Лошотилук е злобно лоша особина.. Никој и никаде нема спомнато лошотилоци.. не знам што не е јасно кои се добри а кои лоши момци. Фините, културни, пристојни, вредни...ДОБРИ.. ...наспроти обратно од тоа..
Даст, зборот лошотилук го содржи коренот ЛОШ, така? Епа лошотилук е изведен од него де. Значи не сум кажала ништо различно, зборот злоба ти го спомна, не јас. Не сум утнала тема јас, туку твојата констатација од погоре е смешна, оти јас знам ок луѓе кои останале сами. И секој знае такви, верувам. Ти пак верувај си во тоа ако така ти одговара, ама дека е така, не е. Живот е ова, а во него се е можно и се има, па и тоа добри луѓе цел живот да го поминат сами.