1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.412
    Светлината има најголема улога во тоа како ќе изгледа сликата. Прво, тонот на светлината има огромна улога, дали е ладен, или топол. Потоа јачината, аголот и ред други работи. Ако Шурбевски има добро осветлување, и лузни по лице да има девојката, нема да се познаваат.
    Мене кремата за лице на топол тон светлина воопшто не ми се познава, на ладен тон сум ко:
    [​IMG]
    Така да...

    Бојана Нушкова е преубава, има преубави црти и е префотогенична. Дали има шминка или не, се гледа дека ја сака камерата.
    На сликата од табло е без шминка, а во нашиве фото студија, осветлувањето што го користат е хорор. Ако на таа испаднала океј, не знам што да кажам за останатите.
     
    На pinkberry, thelittle17 и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  2. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    1.070
    Deдо ми вака не ми се облекол.
    Ставила алишта и комбинации ооуверсајз туу мач како за дедо од 90 години. И оваа блогерка за мода ќе ти била. Тие што се 11 12 год што ја следат ќе бидат као теткици.
    Слика два на непознато девојче е пример за мода стил сенс и шик изглед како треба една млада девојка да изгледа
     

    Прикачени фајлови:

    На simoncelicius, sunshinebabe, fateful и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.994
    Допаѓања:
    4.854
    Пол:
    Женски
    Обично не ја коментирам Шијакоска, ама се слагам со ова
    Нема ништо женствено во неа
    Не знам зошто упорно се облака вака. И после ќе се фалат дека имаат стил
    Ок Ајде објасни што мода е ова
    Стил..ме мрзи да се средувам
     
    На simoncelicius, Angie1432, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Тоа на Шијакоска не е стил, пошо стил значи да си доследен на него и да го негуваш и надградуваш, а не за фотосесија да облечеш шо си нашол по дома од прапрапрадедо, а за во град да си се облечеш по фармерки и маичка како 90% од луѓето. Стилот се носи секаде со тебе, не само на сликање.
     
    На simoncelicius, Ingvild, marchi-cool и 11 други им се допаѓа ова.
  5. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.329
    Пол:
    Женски
    лелеее, што ми требаше у недела глупости да читам...
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.412
    Туку, сериозни ли се со рекламите за казина? Мислев само Марта рекламира, гледам сега и оваа Марис. По ваквите реклами ако не сфатите дека сѐ што прават е за чек, не знам по што друго.
     
  7. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.994
    Допаѓања:
    4.854
    Пол:
    Женски
    Затоа нема квалитетни блогери за мода кај нас. Не е се за парите
     
    На poppie, Frestonia и thelittle17 им се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    26.649
    Кај Марта на стори, како го воздигнува Стефан. А- У. Мултиталентиран бил, направил нешто што не го направил никој во Мкд. Се мислам некогаш како стигнала до НАСА, озбилно.
    Дечкотото па еден квалитетен контент што има...
     
    На Bitter-Sweet, Ingvild, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    До НАСА? Се уште ли е во НАСА? Страшно одвратна особа.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doll000222

    Doll000222 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам Шијакоска, но морам да се сложам со тебе. Во последно време не ми се допаѓа што објавува, ниту стварите што ги добива ми се бендисуваат(никогаш не би купила). Дефинитивно не само таа, туку и другите блогерки би требале да вметнат едноставност во својот стил, па да можеме и да присвоиме некоја идеја. Како тргнале тешко дека некој ќе купи од тоа што рекламираат.

    Аман веќе од "блогерки" што означуваат брендови на облеката што ја носат, а истата таа веќе со години не е во продажба, само да видиме дека носат брендирано де. Најмногу Јанева.(facepalm)
     
    Последна измена од модератор: 24 ноември 2020
    На redhead, Carolin., Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Ама ич не сум обожавателка на инста-блогерките,инфуенсерките и сеуште неможам да сфатам која им е целта на нивната работа ама ајде...видов една членка имаше пишано еден најточен коментар дека облеката која ја носат за сликање не е нивни стил туку ја носат само за сликање и тоа е така бидејќи апсолутно никој не би сакал да носи алишта 5 броја поголеми, да биди облечен како во вреќа и без ич женственост
    Епа сега инста блогерка треба да е некој/а со свој стил, уникатен или можеби не, битно да има изградено нејзин стил и да го негува, а повеќето наши блогерки носат се што ќе им пратат и изгледаат како кловнови, прават комбинации како за на маскенбал и не знам која нормална девојка би ги носела тие комбинации освен 11-12 годишни на кои им го перат мозокот и мислат дека е модерно да облечиш широки пантолони и чорапи шарени, дуксерка и сако од дедо ти (facepalm) и низ град баш гледам тинејџерки кои црпат идеи од инстаграм:(:(:(:(
     
    На marchi-cool, wendy2, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    9.160
    Пол:
    Женски
    Мене пак не ми е јасен моментот кога ќе видам некои девојчиња тинејџерки кога ќе објават слика кај што се сликале со некоја од блогеркиве. Абе пресреќни се, во транс паѓаат, фан страници отвараат за нив(facepalm)
    Не знам каква магија им прават блогеркиве на девојчињава ама не е на арно работава.
     
    На simoncelicius, sweetdevojka, темјанушка и 6 други им се допаѓа ова.
  13. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Фан страна да направат за некој што ги инспирира, ама само не ми е јасно ич каква инспирација им дава Шијакоска? Да се облекуваат во алишта од дедовци и баби, да не личат на себе? Веќе ретко да видам девојче во облека соодветна за годините, носат тоа што го гледаат кај Шијакоска и слични на неа што го изгубиле осетот за мода, или подобро речено никогаш не ни го имале. Стварно во последно сум во шок од комбинациите, не може ни комбинации да се наречат...се што нашла, се што и испратиле ставила на себе и као ееј ова е сега во мода. Имам пишувано за неа да не се повторувам..а стварно ми беше едно време топ, сега веќе мислам не е ни таа свесна веќе што прави..мора да ги промовира парчината што ги добива и на тоа и се сведе профилот. Порано знаеше и да ме насмее со сториња, сега секое стори од огледало облечена во вреќи...Сеуште ја следам, и се надевам дека ќе направи некоја промена за брзо.
     
    На simoncelicius, Ivanna23., wendy2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    1.070
    Затоа Шијакоска ја следат до 16 год највеќе, која девојка над 18 год ќе се облече како неа? Внука од братучед е 8мо оделение и цел клас ја обожаваат шијакоска дури и зборат како неа и сакаат да идат за бт на екскурзија, но родителите не им дозволиа, зашо нели не е она шакира и внука ми цел ден зборува за шијакоска како била прекјут и користи зборчиња изрази( а та неписмена е 90%) како неа и и викаат дома, бара пари да купува од дуки дасо итн. Како ние јас генерација сум 91 на млади бунтовници шо се палевме и миа ја сакавме и другите. Малите во основното се опседнати со она, зашо им враќа ете и на внука ми и лајкнува срцнува.
    Ангела=Фармерка гирл, кога ќе се спомне ангела ми идат у глава фармерки само тоа носе и тоа некој грди траперки.
    кажува за шминки и акни а се е лага, лажно се претсавува и има нисла самодоверба и алишта.
    Марисс се смее на стори, уклача стори и антипатична е, не ја можам и се што нашла рекламира и купени све фоловерски, лајк нема.
    Ристова стави стори видео од себе омг грда врска нема со сликичкте едитирани.
    Јанева во право сте 3 обувки и толку.
    За стил да ме натера да купам производ пре би купила од некое девојче обично као тоа на слика горе ми се допадна многу.

    Феминки ова ЛИ Е АНГЕЛА ИЛИ НЕКОЈА ДРУГА??
    АКО Е ТАА ВООПШТП НЕ ЛИЧЕ СПРЕМА ОНА НА НЕЈЗИНИ СЛИКИ СО 1000 ФОТОШОПИ.
    Не можам дс поверувам како изгледа...
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 23 ноември 2020
    На Winteer, simoncelicius, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.074
    Пол:
    Женски
    За комбинирање на облеката се сложувам.
    Но вака преубави се парчињата посебно.
     
  16. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    11.316
    Е колку си во право @СуперДевојка.
    Истото го мислев само неможев да го формулирам.

    Се облекуваат ко кловнови, само за фотосесија да направат а инаку си тераат обичен кежуал -фармерка&блузичка стил.

    Па што промовираат комбинации кои ни тие самите не ги носат надвор од дома?!

    И се едно исто па исто!
    Значи од ДукиДасо ми се повраќа веќе. Цела година едни исти лица.
    Ништо оригинално.
     
    На Konfetka, simoncelicius, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    16.136
    Пол:
    Женски
    Премногу негативни коментари на темава, сум ја отворила повеќе пати и се истото па истото го читам, блогерките се без стил, комбинациите им се никакви, досадни, и што уште не. Ако толку не ви се допаѓаат се прашувам зошто ги следите, за да ги критикувате по социјалните мрежи и да гледате сеир, многу е просто ако нешто не ми се допаѓа нема зошто да го следам, премногу злобно изледаат вашите коментари, барем малце почит да имавте спрема нечиј труд, дека некој вложил време и средства во тоа што го прави. Ако вас не ви се допаѓа како се облекува Шијакоска, на тинејџерките им се допаѓа, затоа што модата се менува, повеќе младите тинејџерки за излегување по дискотеки и кафичи не се облекуваат со миничи, корсетчиња и штикли 15ка како пред 10 години, сега тинејџерките се облекуваат сосема поинаку, имаат сосема нов стил за разлика од тој пред 10 години, не сум видела девојче низ град да е облечено со штикла, се е со патиче, ниски чизмички, широки дуксери, фармерки, затоа на тинејџерките им се допаѓа Шијакоска. Ги следам Шијакоска, Ангела, Јанева, Маџестик, комбинациите им се еднолични затоа што им се спонзорирани од се едни исти бутици и нормално е да се такви какви што се, но во Македонија и тоа тие што го имаат постигнато е за почит и не е во ред да омаловажувате нечиј труд. Има доста странски блогерки, инстаграмот е достапен за сите, па не гледам која би била причината да следите македонски блогерки, а притоа постојано плукате по нив.
     
    На Chickadeer, Bella •••, Izaabella и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Doll000222

    Doll000222 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Погледнете ја последната фотографија на профил кај jovana.trajkovskaa. Врз блузата долна маица?!?! Вакво нешто немам видено. Ужас.(facepalm)
     
  19. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Кога ќе споредам со други инфлуенсерки што се не облекуваат на себе, не ми изгледа толку лошо ова на Јована. Не би носела јас така со долна маица нормално хаха ама не е толку страшно мислам
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Оваа snestorovska пак почна да пишува англиско македонски. Многу ми е смешно како да ги слушам овие нашите коа ќе се вратат од Австралија :D Инаку ми е супер профил за здрави рецепти исто и дранафитлајф ми се омилени.
     
    На simoncelicius, sunshinebabe и Skorpija25 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.