Мислам дека е корисно да имаме тема во која ќе можеме да споделуваме информации за одржување на настани за деца - детски фестивали, детски филмови, театар за деца, детски концерти на филхармонија, случувања во американско катче, настани организирани на плоштад и други места ... се што би можело да ги интересира децата.
Недела, 26.02: Волшебникот од Оз, Театар за деца и млади, 12:30. Детскиот фестивал Поточиња 2012 ќе се одржи на 24 и 25 март. Билетите се веќе во продажба.
Аудицијата за нови членови на Златно славејче ќе се одржи на 09, 10 и 11 април, во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје (Илинденска 55), со почеток во 18:00 часот. Право на учество имаат деца на возраст од 7 до 12 години. Подетални информации на телефон 02/3221-745
За сите заинтересирани,до 31-ви Мај траат уписите во музичко училиште,за учебната 2012-2013 год.Има аудиција за деца од 5,6 и 7 годишна возраст. Часовите се одржуваат 3-4 пати неделно,и тоа 2 пати солфеж и 2 пати инструмент. Цената за едно полугодие е 1200 ден.
Уписите за балет и танц во Истражувачки центар Рисимкин се во тек. Студиото се наоѓа во Зебра, а цената за класичен балет за еден месец минатата година изнесуваше 2000 денари за два часа од по 60 минути неделно.
Ајде и овде, наскоро се отвара ресторан за бебиња и деца, сега за сега локација Веро Центар/Џамбо. Ќе биде супервкусно и суперзабавно, а секако и проверено од контрола и инспекција. Ќе има разноразни додатоци за исхрана, детска храна, како и храна прилагодена за деца кои имаат алергии на одредени производи. Сакам сите да ве видам на отварањето, ќе ве известам кога, каде и се останато. Се за малите умни глави на кои светот останува
Утре во МОБ на репертоар е Клинг Кланг 4 - музичка авантура за деца, што би рекле организаторите. Почетокот е во 11.00 и 13.00 часот. Пишува дека е за деца од 3 до 6 години, но јас ќе ја носам и ќерка ми, која има 8, верувам дека ќе и се допадне. Едит: сега ја разгледував програмата на филхармонија - на 27 октомври ќе има детски симфониски концерт. Многу убаво доживување се детските филхармониски концерти, и секогаш се различни.
ДЕТСКО КАТЧЕ на Скопје ВЕГЕФЕСТ (ANIMA MUNDI) За клинци и клинцези, принцови и принцези, ДЕТСКО КАТЧЕ НА ВЕГЕФЕСТ со аниматори од Анима Мунди и најдобрите жонглери на светот FUZZBUBBLE! Почитувани пријатели, Ве информираме дека нашето здружение за заштита на животните „Анима Мунди„ организира дводневен фестивал ВЕГЕФЕСТ, кој ќе се оддржи утре и задутре во Старата скопска чаршија ( на платото на Чифте амам и кафе барот Ла кања), со цел промоција на правата на животните, како и промоција на здравата, разновидна и вкусна вегетаријанска исхрана. Во прилог ви ја доставуваме целосната програма на фестивалот, на кој со големо задоволство Ве каниме да ни бидете гости. Воедно информираме дека паралелно со фестивалот, и двата дена (сабота/ недела; 13:00 – 17:00 часот) организираме ДЕТСКО КАТЧЕ кое нуди богата, весела програма за најмалите – жонглери, креативни работилници, музика, многу весела дружба заедно со волонтерите на Анима Мунди и бројните пријатели на фестивалот. Од тие причини дополнително Ве замолуваме да ја споделите оваа вест и покана да што повеќе дечиња дојдат и уживаат. Однапред ви благодариме. „За клинци и клинцези, принцови и принцези, ДЕТСКО КАТЧЕ НА ВЕГЕФЕСТ со аниматори од Анима Мунди и најдобрите жонглери на светот FUZZBUBBLE! КОГА ? Сабота/недела, од 13:00 па се до 17:00, КАДЕ? на широкото плато на Чифте амам (покрак кафе бар Ла кања) во Старата скопска чаршија ЗОШТО? зошто на едно место собрани ќе има жонглери, магионичари, аниматори, цртање, креативни работилници за најмалите и најмилите , како и здрава, вкусна закуска за дечињата..повеќе инфо на:http://www.facebook.com/note.php?saved&¬e_id=440397196016524&id=166688476720732 „ Здружение за заштита на животни „Анима Мунди„
Знае ли некој дали работи театарот за деца и младинци? Поминав пред некој ден, немаше ни програма надвор, немаше никој во билетарата да прашам.
Во саботата бев на детски концерт на Филхармонија, на Петре и Волкот, и беше навистина посебно доживување. Иако децата се посреќни кога во позадина одат цртани филмови, сега немаше, но имаше еден супер водител, многу весел и со прекрасен однос кон децата. Се трудеше да ги вклучи колку што може, дури и прошета низ публиката низ цела сала. Им објаснуваше кој звук што означува, а додека оркестарот свиреше, или правеа мала пауза, тој ја читаше приказната, па децата имаа можност да научат да ги поврзуваат случките и ликовите од приказната со музичките инструменти, и се разбира, дда ги научат музичките инструменти. Мене детските концерти на филхармонија ми се многу убави, и топло ги препорачувам, особено за деца од 5 години нагоре. Инаку театарот за деца и младинци сега има репертоар, поминувам од таму, па гледам дека има истакнато, а има репертоар и на нивната веб страна.
И јас нешто да ве информирам.Малку подалеку е ,ама кој има можност ,убаво доживување е за деца,а и за возрасни. Од 7-10 .02.2013 во Белград, во Арена има представа на Дизни,овојпат е ,,Микијева магична представа". Представите се со светски магионичари заедно со Мики,Мини и другите дизниеви јунаци. Ние бевме во ноември,кога беше Disney on ice,децата се воодушевија.Имаше неколку точки,секоја посебно тематски разработена,со одлична сценографија,музика од цртаните... Сега пак ме тераат,ама незнам дали ќе одиме. Инаку картите може онлајн да си ги резервирате и купите,а мислам и дека некоја агенција од кај нас организира.
Вчера бевме на претставата "Гига Мега Бајка" во Театар за Деца и Младинци, топло препорачувам. Утре сме на "Златно славејче". Сакам да одиме и на "Маша и Медо" во МНТ ама никако да начекаме да е отворена билетарата, да не знае некој од каде може да се купат карти освен билетара МНТ? Има некој дистрибутер на билети?
Ние сме 22 месеци и почнувам да ја носам на некои детски настани бидејќи не оди во градинка па малку меѓу деца. Бевме на златно славејче прв пат но многу далеку ни беа седиштата и не можеше да и се задржи концентрацијата да гледа но си шеткаше напред си играше со балони танцуваше бевме во прв ред. Бевме на претстава во МНТ Роденденот на принцезата и издржа пола саат очекував одма да сака да си одиме. На фестивалот на сенките во МКЦ 15 мин едвај бидејќи беше жива темница инаку и беше интересно но не е научена во таков мрак да седи. Сепак беше за поголеми дечиња но ајде да пробаме и таму. Во театар за деца и младинци сакам да ја однесам на Црвенкапа а останатите претстави ако некој бил со помало детенце нека сподели искуство. Инаку темата е преубава. Вечер има претстава во игротека Бајка ние си резервиравме место. Прв пат одиме таму на претстава не знам како е .
Neznam dali ja vidovte na fb objavata za pretstava so dedo mraz vo igroteka Kolores vo aerodrom na 18.12.2016 od 11:00h karta e 100 denari so kafe za mama,ako sakate dedo mraz da vi dojde doma po povod novogodsinite praznici so igracka za maleckite organiziraat od Kolores isto toa e 200 denari,gi pratam redovno niv i se preku niv organirzirame, a i Bile gazdaricata mi e drugarka sekakvi nastani sekerni masi i dekoracii ako vi trebaat po najpovolni ceni kazuvajte ubavo raboti nema zbor
Сакам да ги носам синко на балетската представа Снежана и седумте џуџиња. Мислам дека ќе е интересна да се види. @ZojaP во театар за деца и млади вреди да се види Алиса во земјата на чудата, инаку сите се прекрасни, но таа најмногу ни остави впечаток
Вчера бевме на претставата Дедо Мраз не сака сите и супер си поминавме. Ја препорачувам и за помали дечиња не трае долго и брзо се одвиваат настаните. Во четврток сме на Маша. Во Бајка бевмне на дедо мраз но моево девојче не сакаше да се слика со Дедо Мраз само си го зема подарокот