На жалост голем број на жени се соочиле или во моментов се соочуваат со абортус. После првичниот шок, како емоционален така и физички, и обидите да се надмине оваа состотојба без долгорочни последици, се поставува прашањето што понатаму. Кои испитувања се потребни или неопходни за да се открие причината за истиот и да се спречи негово евентуално повторување. Оваа тема е за сите искуства, совети и идеи околу испитувањата после спонтан абортус.
@danichap браво за темава. Речиси секоја 2ра доживеала. Пред5-6 год сама истражував за генски мутации , тромбофилија, кариотип и сл... зошто никојод докторите не се најде паметен да ме посочи што треба. Стојам на располагање за помош , причините ги открив (тромбофилија и септум) и еве го синко до мене
Едно од прашањата на една наша членка, кое на жалост не беше во соодветна тема поради недостигот на истата, остана на жалост неодговорено. Можеби знаете одговор на истото:
Имам искуство со два спонтани абортуси во рана бременост,плодот не се развиваше,уствари бев со дијагноза blighted ovum,плодот не се хранеше и не растеше и најчесто до 9-та недела немаше развиток. После вториот спонтан ,др кај кој што бев во Ремедика ме упати да испитам фактори на хемостаза,д-димери афа ла,правев и торч како и микробиолошки испитувања.На сите испитувања се беше во ред,немаше никакви отстапки,после тоа само ми правеа ехо за да видат да не имам септум и тоа некаде пред да добијам циклус дека тогаш најдобро се гледало тоа.И тоа беше во ред,сепак докторот одлучи дека морам да примам аспирин во најмала доза иако се беше во ред со крвните параметри. После вториот спонтан таман испитав се за три месеци,следниот месец останав бремена и со терапијата од аспирин и фолна(која си ја пиев и претходно) имав најуредна бременост без никакви проблеми. Да напоменам,никогаш не сум имала проблем со забременување,туку само со развивање на ембрионот. @an4ii нема врска дека имаш менструација,не влијае тоа на резултатите @eli25 Многу добро се сеќавам на тебе од тогаш ,знам ти пишував во пп што се испитуваш,така да ептен ми беше мило кога прочитав дека си бремена . П.С Ова во врска со аспиринот го прочитав и некаде скоро дека гинеколозите низ светов заклучиле дека после повеќе спонтани, жените мора да примаат аспирин во најмали дози и кога се докажало дека нема никакви мутации,проблеми и сл.т.е се нарекува Синдромот на Хјуз
Епа да чкртнам и јас нешто. Имам 3 спонтани од кои еден во 12недела со миссед ради аномалии. Испитано (Кариотип, имунологија, Хемостаза) Од кои се беше во ред и кај мене и кај сопругот меѓутоа повторно и повторно се случуваше таа несакана работа. Испитано и ДНА фрагментација на сперма - Од која и таму перфект. Останав бремена по 4пат и во 6недела со обилно крварење од кое мислев дека повторно ме снашло истото. Отидов на контрола на приватно каде што си одам имав хематом долг 5см, и со самата бременост матката се направила како бран од горе. Докторот констатираше дека на неколку жени се случувало вака и дека успешно ќе се заврши бременост. (Преграда) Направив и други испитувања потоа (Д-димери, времиња и др.) Се дозна дека имам тромбофилија и дека од тоа ми се спонтаните, па така бременоста ја одржавав со инексии, аспирин и апчиња за поддршка на бременост. И така еве сме сега 7месец.
Алелуја за темава Навистина и самиве матични доктрори уште треба да се дообразуваат по семинари и симпозиуми на оваа тема. Верувајте, добив впечаток дека по форуми, од жени паталци повеќе ќе научам што понатаму после спонтан, отколку од матичниот. При последниов преглед кај матичниот „го тестирав“ дали знае што се треба да испитам. Горе-Доле знаеше ама како да си бладаше, не настапи со некое стручно знаење. Инаку зад себе имам 2 спонтани, еден во 7ма недела missed, (престана срцева акција), а вториов спонтан беше, плодот уште во 4та недела престана да се развива, не стигнавме ни до делот со срцева акција. Ќе одам на МАНУ за генски испитувања, на трансфузиологија за крв, ПАП и брисеви ќе правам после првата менструација, ТОРЧ ќе правам.... и тука веќе сум во дилема....Дали да правам спермограм и спермокултура за маж ми? Дали мора да се оди на имонологија? И што друго да испитам? Што ми препорачувате? И уште нешто..дали на 4Д ехо може да се види преграда на матка или хематом и сл.
Може да се види на 4д ако е стручен докторот,мене ме гледаше Хаџи Лега во Ремедика и тоа требаше да отидам некаде накај 20-тиот ден од циклусот,дека тогаш најдобро се гледало на матката.Имаше и плус уште една докторка и заедно ме гледаа,ама кај мене немаше никаква преграда. За спермограм незнам што да ти кажам,најчесто се прави ако не доаѓа до бременост,ама ако ти е во мисла незнам може ради чиста мира да направи мт.
Јас имав еден missed во 7/8 осма недела. Кај мене причина беше септум на матката. Септумот се виде на киретажата, односно нешто им било сомнително па го викнале Димитров на интервенцијата кој го видел септумот. За да не оставиме ништо на случај бев и на трансфузиологија. Тмау испитав и генетски мутации и АФА, Д-димери, про=тромбински времиња, протеин S и уште нешто. Ми открија само мутација на МТХФР која ми рекоа дека не е поврзана со спонтани абортуси. Пред втората бременост пиев аспирин и фолна за секој случај. Во бременоста д-димерите мнгоу ми растеа иако со плодот беше се во ред. Заради историја на тромбоза по пордување во семејство (мајка ми развила после породување) примав по два клексани од 0,4 дневно до од 13 недела па до 40 дена по породување.
Да,сега ми текна дека се гледало и при киретажата,се сеќавам дека тогаш докторот ми рече дека при киретажата не приметил дека има септум ,ама сепак ради сигурност ми рече да провериме и на ехо.
Јас имав еден спонтан во 8ма недела. Помина тоа, ама не направив никакви испитувања. Докторите ми рекоа така требало да биде, а јас како лаик, го почитував мислењето. По 6 месеци останав пак бремена. Матичната ми ја водеше бременоста а за спонтаниот никаков муабет. Среќа што сум негативна крвна група, па околу 15 недела ме пратија на трансфузиологија за кумбсов тест. Таму кога кажав за спонтаниот и историја во семејство со мозочни и тромбофилични удари, ме пратија да испитам генски мутации. Резултатите позитивни на мтхфр ц677 хетерозигат. Цела бременост бев на клексани, и на секои 2 недели контрола на трансфузиологија. Бебо е скоро 11 месеци. Не знам дали да правам плус испитувања, или здравје во наредна бременост пак на трансфузија.
Јас денес бев на второ мислење кај друг доктор. Детално ме прегледа, немам преграда (ми олесна), дури ми виде и фоликулчиња зрели да прснат. Рече имам здрава матка, дека нема потреба толку од испитувања т.е. ми ги препорача само половина од нив, не мора сите. Исто ми виде мало воспаление на вагина и веднаш ми препиша вагиналети и две апчиња. Далеку постручен доктор од мојот матичен. Ми рече протоколот при спонтани абортуси е после третиот да те пратат на испитувања, да не паничиме и да не влегуваме во лавиринти без потреба. Но, сериозно ќе размислам за испитувањата...може да ми помогнете и со ваши мислења.
Јас не би оставала на случајност.Штом си тргнала со испитувања заврши се и мирна глава. Од кај знае гинекологот кое треба кое не? Може тоа што нема да испиташ тоа ќе излезе. И мене ми викаа исто - дека одредени испитувања се прават после 3 спонтан ама не се сложив. Пр. за хистероскопија Петрова ми викаше дека не се прави при рани абортуси( туку ако имаш спонтан кога плодот е поголем после 3 месец). И што ќе беше ако послушав? Ќе изгубев уште едно .
Душо а хистероскопија после спонтаните правеше така? Јас правев ама пред бременост и се беше во ред е сега ме замисли дали да повторам...
После прекин на бременост во доцни месеце поради аномалиа и уште една бременост во рана недела без срцева реакција ќе испитам се. Кариотип имаме правено тоа е ок. Ова што се деси два пати да ја откриеме причината ај еднаш ама два пати мора да има бешто што не ваља.
првата бременост заврши со спонтан во 9 та недела.Без крварење само снема срцева акција.Сем нормалните испитувања како брис,пап,крв и уринокултура не направив ништо друго.После 6 месеци нова бременост која ја истерав до крај без ниту еден проблем. после 5 години пак останав трудна.И после две години пак спонтан.Бидејки не планирам нова бременост не ни одев понатака по лекари.Сметам дека ако имав две успешни бремености со нормално забременување дека проблем не постои.Така и во Систина ми рекоа дека се раб за природна селекција .