@beautu17, оваа од Данаи јас лично не би ја купила, мене не ми се допаѓаат нивните производи. Нивеа со розево капаче е за сува кожа и не ти ја препорачувам, онаа пак во зеленото кутивче е наменета за комбинирана до мрсна кожа и матирачкиот ефект е баш силен, па мислам дека таа со плаво капаче би ти била полн погодок. Наменета е токму за твојот тип на кожа - нормална до комбинирана. Прекрасна е кремата, ја имам користено и јас.
По препорака на @Mishela ја зедов за летово на Eucerin со заштитен фактор, одлична кремна лицето ми се исчисти од акните, и ми доби свежина и плус не изгорев цело лето. Плус беше со мат ефект па не ни користев нешто плус за да не ми свети лицето, ретко користев течна пудра, ама и ако користев кремава ми беше одлична база за под пудра. Вреди за секој денар, јас цело време ја користев и плус не ми е ни до пола потрошена. Ја препорачувам. Сега ја користам на Nivea. Долго се двоумев дали оваа или од Lorea'l, многу ми е мило што се одлучив за оваа, подобра крема во живот немам користено. Одлично го хидрира лицето, и што е најважно не остава сјај на лицето него тотално се впива во кожата. Цената мислам дека беше 340 ден во аптека.
Девојки некоја да сподели искуства ако користела нешто од производиве на Nature's конкретно ме интересира за крема за лице па се за сува и осетлива кожа па се мислам помеѓу овие две
Јас дојдов да си ја пофалам кремата од Авон - Нутра ефектс, онаа со чиа. Мислам дека е наменета за нормална осетлива кожа, јас решив да ја користам и како ноќна крема иако ја купив дневната, затоа што во моментов не ми треба ништо повеќе од квалитетна хидратација, а убедена сум дека ќе ми се најде и во постудените периоди од годината како подлога за пудра. Има лесна формула, но споредено со дневната на Афродита со невен, побогата е и лицето го чувствувам многу помеко и пофино. Не матира - не ни имав желба за таква крема, но не е сјајна на кожата. Се впива многу брзо, не го остава лицето лепливо и мириса прекрасно! Наводно се некоја природна линија, не знам и не ми е толку битно во моментов, ама за цената од 150 денари и ЗФ 15-ка, би ја купила повторно.
@Ana122 И дневната и ноќната се преубави! Многу се лесни и веднаш се впиваат. Ги има во ДМ и Шатци, а цената е околу 230-250 ден.
Oд Авене кoјa кремa е зa мрснa кoжa? И кaкo сте зaдoвoлни? Оваа на пример @Rose96 , гледaм декa кoристиш прoизвoди нa the body shop, сакав да те прашам дали можеби си ја пробала оваа крема читам дека е наменета за сите типови на кожа (пишува дека има 60 пати повеќе витамин ц од портокалот ) Па да видам на крај која да ја пробам. Сега ми завршува таа на Еstee Day Њear , добра беше ама ете сакам нешто ново да пробам
Ne ja nemam probano za zal, sega se mislev da ja porbam taa linijata green tea ama mirisot nekako cuden e i neznam dali da gi kupam, ti mislam deka bazata za tecna pudra ja imase od taa linija @koritsaki drugite raboti gi imas probano?
Да од Tea tree таа подлогата ја имам но да ти кажам заради мирисот не ја ни користам често, што викаш , чуден е и јак и кога ќе го нанесам на лице се осеќа многу.. инаку врши работа , а ја земав зашто не беше воопшто скапа , 30 мл ја земав 12 евра ок цена е. Исто го имам пробано ова маслото за лице го нанесував кога имам понекогаш акни и брзо ми ги сушеше и ги смируваше , многу ми се допадна Сега има и крема со витамин Ц исто и крема за очи , ама незнам , се мислам дали да ја пробам , ако не ми одговара што ќе правам ме чуди што не смее таа кремата со витамин Ц да се користи во сончеви периоди , ама незнам зашто? Од некоја реакција можеби?
http://www.germangoodies4u.com/1559-thickbox_default/nivea-visage-pure-natural-bio-aloe-vera.jpg Ja koristel nekoj kremava? Impresii?
Bas sakav da prasam za ovaa krema dali nekoja od vas ja koristela i kakva e, ja ima na popust vo Cosmo 1+1 i se mislam dali da gi zemam?
Некоја крема, подлога за шминка или нешто слично за намалување на порите? Ако веќе нема нешто со траен ефект, барем за под шминка
Обично користам креми кои се на природна база најчесто користам од авон некои што ми го освежуваат лицето и хидрираат кожата
Моето ново откритие на годината - кремата за лице на La roche posay effaclar duo+ Пред скоро година добив како награда едно тестерче од истава крема но бидејки беше мало немав никакво конечно мислење дали нешто прави за моево лице. Сега пред 2 недели ја купив од аптека и можам да кажам дека е најдобрата крема од сите можни што сум ги користела. Како што и пишува на кутијата - наменета е за мрсни лица , колку повеќе производ нанесеш на лице не ја прави кожата по-мрсна туку напротив по мат. Одлична подлога за шминка , ги суши акните и спречува нивна појава , лицето ми стана прекрасно без црвенила , порите видно ги намали ,а најчудното е што ми се намали лачењето на маст (поготово на челото) и сега кога и да се пипнам во тек на денот немам никаква маснотија на лицето што прв пат ми се случува со користење на некоја крема.Еве и сег се допирам по лицето немам ни м од мрсно! Како што пишав во врска со црвенилата помагаа и кремите на Есте и Клиник но ова е нешто друго многу ми помогна во врска со маснотијата на лицето. Исто така не е многу скапа за ваква крема , ја земав преку онлајн аптека 9,50 evra незнам дали козметикава ја има во Мк но ако одите накај Грција или Србија вие со мрсни лица пробајте ја кремава дефинитивно ке се изненадите. Сега плнирам да го купам и гелот за миење на лице од истава линија. Кремава се нанесува и навечер пред спиење ,а доаѓа во туба со 40мл
Ja kupiv ovaa na Eucerin ja koristam samo nekolku dena ama zadovolna sum od efektot, plus i odlicno stoi pod pudra. Sakav da prasam i predlog za nokjna krema, i od kolku godini moze da se koristi serum dobiv na poklon 2 serumi od Clarins i Bioderma ama neznam ni kako se koristat ni dali mozam da gi koristam jas.
@Rose96, на 19 години ти е навистина прерано да почнеш со употреба на серуми и ноќни креми. Јас навечер имам потреба од похранлива крема, но ноќна крема не е најпаметното решение за нас. Пробај да нанесуваш побогата хидратантна крема при ноќната нега на лицето, засега ти е сосема доволно ова. Зависи и од типот на кожата, ама сметам дека 19, па и почетокот на двасеттите години е прерано да се почне со употреба на класична ноќна крема. После 24-25 е сосема во ред да се земе некоја лајт ноќна крема или серум, но пак ќе кажам - многу зависи од ситуацијата на самото лице.
Ја порачав преку онлајн аптека од Атина , инаку ја има секаде во Грција и можеш од секаде да ја земеш. Ќе се обидам да најдам сајт некој од кај што можеш да порачаш http://www.pharmacy295.gr/gr/el/products/la-roche-posay-effaclar-duo-40ml-oilyacne-prone-skin
Фала многу Мишела ☺️ Серумите ке ги дадам на некој, после тоникот дали да ја ставам оваа од Еуцерин? Или само да го мијам лицето со гел и ништо да не ставам. Ептем сум во двоумење за ова.