Спојлер Тука можиш и со бели пантолони наместо фармерки. Тука со црни фармерки или црни кожни пантолони. Можиш и со маица на прерамки ако не ти е ладно, со кошула, со корсет... А сите идеи можиш и со сукња.
Женски ми треба помош, го купив фустанот за на свадба за 2 недели меѓутоа никогаш во животот немам ставено црвена боја на себе и навистина ми е тешко да го комбинирам. Не знам ни каков накит ни каква ташна а ако ставам се црвено ќе е премногу.. Ве молам за идеја
Според мене црвеното најубо е со крем, евентуално кафеаво. Значи крем салонки и златни обетки не многу големи , а можи и некое ептен нежно ланче како чокер исто златно. Немој црни штикли.
Се согласувам со Агли, и јас би со крем, а од накит ваков чокер, нежни слични обетки, не големи и толку
Кожа боја салонки. Накит нежен, фустанот сам по себе е впечатливо парче. Би ставила обетки и нараквица на голата рака. На врат ништо не би ставала. Фустанот е ептен секси! Едит: и можеби плик-ташна во боја на накитот што ќе го одбереш
Накит на врат нема да одговара. Само алка на голата рака.И не многу големи обетки. Можеш да го кобинираш со крем ташна и салонки.
Преубав е фустанот, јас би одела со малце крената коса, висечки обетки, ако одбереш сребрени тогаш и сребрено чантиче и штикли. А можеш и со едноставни крем штикли, златно ташниче и златни висечки обетки. Нешто како првото најмало.
Ја па би идела со беж чевли и ташна, и тенок, златен накит, на очите беж или црно, на усните беж или црвено, ноктите да пасираат со карминот.
Ако е ваков ист фустанот не би идела со нападна шминка. Смело,а елегантно. Туш,кармин и маскара. Можеш и црвен и крем боја. Ташна беж,штикли беж. Накит само прстен на прстите. Перфекција.
Убави се и одговараат со црвен фустан ама некако не ми одговараат со овој. Многу моќно ми изгледа со вакви обични крем штикли. Знам дека се различни модели ама за да ти доловам на што мислам. https://www.pinterest.com/search/pi...-AUO6pNBl2wPlPh8sn-SLys_Uw&source_id=TIXB3eCu Види си идеи од тука.
јас би со црно. Црно-црвена комбинација ми е.... црни салонки, црна плик ташна, смоуки ајс и некој понежен кармин. Од накит би црни висечки менѓуши А ако сакаш нешто посветло, јас би како штикливе на ЏастБјутифл со крем никогаш не сум спарила црвено, ама оваа побледа нијанса ми е топ
Одговараат и вакви. Во ваков случај би ставила и обетки ама нежни, мали или прстенчиња во некоја од боите на штиклата.
Што да облечам за зимно време горе со овој фустан, ако доле имам темни црни хулахопки и чизми? Џемпер, сако, или некоја блуза, кошула одоздола, во која боја? Или па кафеави чизми?
Бела ролка со кафеави чизми и кафеави/беж хулахопки. Џемпер ако сакаш можи, ама да е должина колку на фустанот или малку подолг.
Женски ми треба ваша помош. Какви штикли да облечам на ваков фустан ? Формата е оваа само фустанот е бел со розево.
Фустанот мене искрено ми е летен и совршено би одговарал со сандали на штикла, бели или розеви. Ако сакаш сега да го носиш тогаш можеш со такви како на сликата ама розеви.