Со тек на време, како старееме, кај сите пожолтуваат/потемнуваат забите, тоа е нормален процес. Избелувањето е исклучиво естетска, ама не е процедура со трајни резултати и мора да се повторува. И едното и другото даваат добри резултати, со ласер можеби за нијанса до две побели, ама нема трајни резултати.
@Annath ги полирав денес забите, докторот ми рече барем 72 часа да не пијам обоени пијалоци, заборавив да го прашам за храна дали треба нешто да избегнувам овие неколку дена?
Избегнувај храна што се лепи и останува на забите (индустриски преработена - слатки, грицки, чоколади, пралине, ликери...).
Истите ги има и во дм. Јас од таму ги земав, само колку што памтам кај нас беа 200 денари поскапи Супер се, стварно имаат ефект. Само да напоменам, во мојата ситуација одма после вадење оставаат многу побели флеки на забите, како нерамномерно да се избелени иако многу внимателно ги местам на секој заб. Мој совет е или пред спиење да ги држиш или саат два пред излегување.
Најефикасни до сега ми се имаат покажано лентите за избелување Crest. Едно 10 ленти сигурно требаат за да се постигне резултат, но понатаму со една лента месечно и Sensodyne Extra Whitening се одржува перфектна белина на забите постојано.
Se soglasuvam za Crest, i jas sum mn zadovolna. Od kade gi kupuvas Sensodyne lentite? Sum videla deka, samo pastite gi ima vo MK
Мислев на Sensodyne пастата. Неа ја има скоро во секој маркет. Исто повремено и течноста за плакнење бела од Listerine ја користам, сепак мислам најмногу ефектот е од лентите. Другово само чисто онака да се тешам дека се одржаваат до следно белеење. Јас конкретно од iherb ги нарачувам. Редовна цена им е окулу 50-тина евра за 14 ленти (горна и долна). Гледам да ги начекам кога има некои попусти, со користење на rewards credit или во комбинација со нешто што дава поефтин шипинг. Првично кога ги белеев искористив 10 пара ленти, секоја вечер едно по друго за да ја постигнам белината што ја сакам. Потоа само еднаш месечно за одржување.
Do sega Crest mi go nosele od Amerika, a imam videno deka gi ima na iherb... Tnx za preporakata na pastata, jas se zaletav da ne imaat lenti Inaku od stomatolog mi ja imaat preporacano Sensodyne Repair&Protect, no tesko ja naogjam vo posledno vreme Za belenje koristev Noa pastata za zabi i imase efekt za odrzuvanje beli zabi, no podolgo vreme ja nema nikade.. Ako ja najdete negde, zemajte i izvestuvajte kade ste ja nasle ☺️
Презадоволна сум од white smile лентите од ДМ. Ги купив на попуст околу 1000 ден, но вредат за парите. Според мене да се има бели заби е поважно од ставање вештачки трепки пр или прескапи шминки, така што не ми е жал за парите.
Дали се гледа разлика за нијанса/две да се побели? И на колку време се ставаат пак од лентите, дали ефектот е краткотраен?
Од едно ставање има до две нијајси подобрување. Се ставаат секој ден, па се прави пауза. Јас искрено ги користам пред излегување и ефектот трае 2-3 дена. Но ги чувам 30 мин и повеќе.