1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Во Германија може, брачен партнер, баба, дедо, невенчан партнер, може да влезе без проблем со македонски пасош, ако лицето кај кое престојува има регулиран престој. Засега. Понатака како ќе биде, не знам. Ова од лично искуство, испративме скоро наши што имаат поднесено барање за виза врз основа на регулиран престој на брачен партнер, само чекаат да им биде одобрена, а во едниот случај веќе се одобрени визите, и се работи на промена на истите со дозвола за престој.
     
    На mal.ecka и green.eyes им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мислам дека кога имаш поднесено за виза, па и да не е одобрена уште, можеш да влезеш и да престојуваш се до донесувањето на одлуката. А чисто да влезеш како гост затоа што некој твој има одобрен престој - не може.
    Тоа по лично искуство де, јас тука имав поднесено за дозвола за престој и немав добиено уште, а нашите ме дрвеа да се враќам по документи кои се издаваат преку мејл |( па од тука ми рекоа дека со записникот дека сум поднела ќе влезам, никој нема да ме сопре.
     
    На Annath, Biljarkata и LaTama им се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.848
    Пол:
    Женски
    Познаничка моја беше пред кратко време во Холандија, кај ќерка и. Мислам по основ на раѓање на бебе им одобрија. Младите се и двајцата со регулиран престој и работа таму.
     
    На BloodElf и green.eyes им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Требало да пробаш да пишеш во амбасада, таму најдобро ќе ти кажат што и како. Дали смее или не. Ќе кажеш дека е за деца.
    Пробај да им се јавиш.
    Оти знам дека тука сите во амбасада ѕвонат.

    Плус до 7 ми септ имаше тука забрана од 7 ми не кажаа веќе ништо, апсолутно ништо ново нема дали е продолжено или не.
     
    На g8lQQk, senjorita-v и green.eyes им се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Од македонска амбасада овде помош тешко дека ќе добиеш. Па дури и информација.
    Требаше да се заангажирам повеќе, да најдам некој начин..... ама не сакав по секоја цена да ги изложувам на ризик. Овде до 31 Октомври ја продолжија забраната уште пред месец дена. Добро се држиме сеуште, ама кога ќе ми текне колку е долга зимата, колку малку спијам и ми паѓа имунитетот, колку многу се захтевни и двете а не постигнувам физички да им се посветам и да им пружам внимание, за големиот и да не спомнувам..... така срце ме стрефува, полека ама сигурно јака паника ме фаќа.

    Ќе биде забавно следните 6 месеци :sweat:
     
    На happygirl, mal.ecka, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @green.eyes Ако си над 21 год не може. На моите им пропаднаа картите;( само што се израдував пред еден месец дека може да дојдат ништо не бидна....
     
    На mal.ecka, buba4e89, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    @green.eyes јас искрено со Мк пасош немам слушнато некој да дошол, само со бг пасоши знам дека дојдоа за берба на јаболка, биле изолирани тука само работа и дома, и им правиле тестови. За со Мк пасош немам слушнато да дошле, баш во групава прашуваа ама кажаа дека "гости" не смеело.
    Ме чуди што ете во шветска дошле поготово авионски, знам за во Англија ама си имаат виза, мислам дека и овие се со виза (некаква причина).
    Обично знам многу луѓе што се по стрснство немам видено некој да ошол на гости.

    И кај нас авионите се блокирани одамна за Мк, одат преку софија, со тест ли поим немам. Искрено ми нема логика ова, еве можеш во Бг можеш во Хр а не можеш во Мк која е разликата? Европска Унија ваљда..... овие другиве шетаат слободно секој ден, де Австрија, де Словенија, де Франција, за Хрватска да не зборам (плус колку позитивни се вратија) им било проблем за трети држави односно Балкан.
    Значи океј, се исповраќаа од Србија Македонија заразени ставија веднаш.забрана, а кога се вратија дупол број од Хр заразени нема забрана
    Каква е логиката?
    По мене не се реални.
    Оти ако збореме за пандемија, дупла заразеност имаше кога се вратија од Хр а не од Мк на пример.. од Мк немаше.

    Се мислев и јас да фатам авион од Бергамо до Софија. После си викам седи си мадро.

    Ама не е фер према едни вака према други онака.
    Тоа ми е цело време муабетот.

    Ви посакувам мирен период, како така ќе се снајдеш, ќе створеш ред и рутина барем зимата да ја издржиш. После ваљда би било полесно.
    Јас исзгубив надеж за нова год, сега ја губам и за пролетта, еве викаат од пролет ќе сме се вратиле у нормала. Кој знае?! Останува да се надеваме.
    Те разбирам колку ти е тешко. И јас имав планови, обврски уште што не. Сакав да појдам надоле малку надоле. Ама ете ништо од тоа сега за сега.
     
    На Rose96, 1209, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    @vitamina ред и рутина имаме од старт. Се понадевав само да има некој барем на кратко здив да земеме со мм двајцата, ама ништо. Кажа и Росе погоре што се случило на нејзините, не би ризикувала непотребно.

    А тоа дека од ЕУ смеат да си патуваат кај сакаат меѓу себе, а другите не смеат.....тоа е. Им се може и си го редат како што им одговара :devil:

    @Biljarkata , ги разгледував детално вчера исклучоците што ги имаат наведено на веб од гранична полиција, многу збунувачки е. На едно место стои дека фамилија може да дојде кај лица што на некој начин имаат регулирано престој, во фамилија меѓу другото биле партнер, родител и деца. На друго место стои дека гранична полиција има право да ги толкува исклучоците по своја проценка и да донесе дефинитивна одлука за влез на лице место. Еве Росе кажа што се случило на нејзините, тоа со 21 година никаде не го сретнав.
    Сеедно, подобро да се откажам уште од старт, да не испадне после поголем проблем.
     
    Последна измена: 30 септември 2020
    На Biljarkata и vitamina им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Може, родителите на братучетка ми беа без проблем таму. Нема врска што немаат поднесено за виза.

    Исто и овде од странските амбасади, особено германската. Скроз те одјебуваат, а живот ти зависи. Братучетка ми се изначека за визата за неа и за малото, а од медицински причини се селат таму - испадна дека визата е одобрена уште во април, амбасадата уво не ја болеше дека треба да ги извести на време. Во јули одвај отидоа, за да се вратат на еден ден да ги подигнат визите, пошто нели, во Германија не можеа да им ги дадат, иако ausländerbehörde се тие што ги одобруваат.

    Значи, како што пишав и погоре, може, и двата случаи ги имав, и баба и дедо си беа на посета, и сопруга си отиде кај детето и мажот.
     
    На CameliaMiller, DAngel и green.eyes им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Ризик е , тука е проблемот. Може ќе смеат може не. Ама ако не само главоболки за мајка ти. Плус повозрасна жена.
    Јас би отишла во полиција, гранична не знам да прашам ако навистина (како тебе) имам мака.
    Јас мислам дека мајка ти би ја пуштиле, со оглед на тоа дека имаш 3 мали деца. Може па и со некакво гарантно писмо, и праќаш ти и тука овие читаат.

    Па не е фер, селективни се. Нели за сите е пандемија?!
    Поготово процентот на заразеност ако е ист во Хр на пример и во Србија зошто Хр смее Србија не?!
    Демократија нешо?!
    Тоа оти си молчеме така ќе е.
    :doh::doh::doh:
     
    На BloodElf, mal.ecka, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    На свекрва ми и одобрија да оди кај ќерка и, се породи на 23ти, од амбасада и дозволија со писмо причина новороденче(зборам за Белгија) ама з жал ги укинаа летовите па немаше како да оди. @green.eyes пробај со писмо до амбасада или нешто слично, може ќе успееш.
     
    На tina2018, BloodElf, happygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Германската канцеларка Ангела Меркел апелира граѓаните да се придржуваат до епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

    „Во моментот се соочуваме со проблем затоа што претпазливоста опаѓа“, рече таа во Бундестагот.

    Меркел укажа дека граѓаните сакаат повторно да се дружат и да почувствуваат заедништво.

    „Тоа го чувствувам и сама. Но, го ризикуваме сето она што го постигнавме последниве месеци“, предупреди таа.

    Меркел рекла дека не смее да се дозволи повторно да биде воведено ограничување во земјата и додаде дека сака да спречи затворање на економијата и општеството.

    „Пандемијата е трка на долги патеки и пред Германците е тешко време во текот на есента и зимата“, предупреди Меркел.

    „Апелирам до сите да се придржуваат до мерките, кои во следниот период ќе мора да бидат во сила. Даваме сè од себе повторно во ова општество да се грижиме едни за други. Од секој од нас зависи ситуацијата“, заклучи Меркел.

    ©Makfax.com.mk
     
  13. T.G.

    T.G. Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Zdravo, imam edno prasanje ako nekoj znae ve molam da mi kaze iskustvo, deteto mi e vo izolacija 11 meseci ima, a jas imav odmor koristam, no dali mi se prekinuva odmorot za vreme na izolacijata? Dali za izolacija treba neplaten odmor ili odmor ako imas ili pak drzavata pokriva za tie 14 dena? So prilog na resenieto na rabota?
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ако ти не си во изолација, си продолжуваш да одиш на работа кога ќе ти заврши одморот, не покрива државата ништо.
    Не знам дали можеш да земеш како боледување 14 дена за нега на дете до 3 години.
    Ако не можеш, тогаш неплатен одмор.
     
    На T.G. и redhead им се допаѓа ова.
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    Многу е глупаво тоа со под 21 год и кога букирав карти и јас не го видов па после ми го пратија кога им кажаа на аеродром дека не може. Прашај си во амбасада дај боже да ти одобрат. :hug:
     
    На BloodElf и green.eyes им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.288
    Допаѓања:
    101.290
    Пол:
    Женски
    Најдобро со матичниот педијатар слушни се.
     
    На T.G. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    165.905
    На green.eyes, 1209 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Педијатарот би требало да ти даде боледување, знам матичните даваат " боледување" така мислам дека е регулирано, бар што читав по групите со доктори.
    Па нормално дека со децата што се во изолација мора родител да биде со нив, педијатарот што ти кажа? Боледувања отвараат матичните, бар што читав по групите за доктори со посебна шифра.
     
    На T.G. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 77
    -Куманово 9
    -Дебар 3
    -Штип 5
    -Прилеп 11
    -Тетово 16
    -Струга 3
    -Велес 5
    -Битола 6
    -Охрид 2
    -Кавадарци 3
    -Гостивар 5
    -Гевгелија 1
    -Струмица 9
    -Крива Паланка 3
    -Радовиш 6
    -Кочани 10
    -Пробиштип 3
    -Берово 1
    -Валандово 3
    -Виница 3
    -Делчево 2
    -Свети Николе 5
    -Кичево 2
    -Неготино 1

    Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од:

    -Скопје 33
    -Куманово 8
    -Дебар 13
    -Штип 3
    -Прилеп 6
    -Тетово 29
    -Струга 2
    -Велес 6
    -Битола 5
    -Охрид 1
    -Кавадарци 8
    -Гостивар 5
    -Гевгелија 1
    -Струмица 14
    -Крива Паланка 2
    -Радовиш 1
    -Пробиштип 1
    -Македонски Брод 4
    -Берово 5
    -Валандово 1
    -Виница 5
    -Кичево 5

    Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.
     
  20. Maslany

    Maslany Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Што се дешава Скопје? Многу свадби?