Бебе нејќе да спие во монтажно. Ќе се разбуди ќе разгледа и плачки. Во дрвеното ужива. Зошто е така незнам. Изгледа му доаѓа затворен простор.
Ние имаме дрвено и бебе по цела ноќ си спие во него, а и преку дента некогаш во него ја ставам, некогаш на креветот. Спие си, мака нема.
Проблемот најчесто се јавува кога се поголеми и претаат. Ги заглавуваат нозете и ја удираат главата. Првите неколку месеци не преткаат па не се појавува овој проблем. Секако не е правило, ама кај многу бебиња е чест случај.
Ние за големава од Енци Менци земавме дрвено, комплет со душек. Уште спие во него а 3 ќе прави. Сега за беба планираме уште едно исто такво. Комплет околу 12000 мислам дека беше. Монтажно имаме и секаде го носиме со нас, ќере не спие со нас во кревет освен ако нема друга опција
Монтажното за кај мајка ми го зедов од локо кроко, 3900. Душекот околу 2000 мислам, не се сеќавам точно. Од Хаук монтажното, дома што ми е, ми е за нијанса постабилно, ама и чиполиното е ок. Ова за дрвено или монтажново ценава? Многу некако ако е монтажно.
@eli25 или @Ano ми се чини една од нив го купи, ќе видат ќе ти кажат први впечатоци. Јас го видов во живо и ОК личеше, стабилно, само совет доплати си за поубаво душече, 10см е ова, па многу малку ми стоеше, има и таква опција прашав да доплатиш и да зедеш некое друго
Во погрешна тема сум коментирала. Во Спиењето на вашето бебе имам претходно коментирано за тоа дали бебињата спијат во креветчето или со мајките на спална и затоа сега пишав дека моето си спие во креветчето.
Јас го имам. Синко си спие во него. Незнам што поконкретно те интересира Едит:и јас доплатив нешто ситно за подобро душече. Не дека и тоа беше лошо што одеше со него.
Мамички дали некоја од вас има вакво, го гледам во Либерта бебе центар во Кавадарци/Неготино и многу ми се допадна, но сакам ако некоја го има да сподели искуство. Или каде имате видено вакво во други градови слободно споделете. Предната оградичка се спушта и скроз до доле како за првиот пат да си го ставиш бебуш буквално залепен за спална.
Мила и ја го гледав ова креветче во Либерта но не се спушта скрос до доле . Јас го земав овој модел преубав ми е и оградата се спушта до доле скрос како што сакаш. 11 200 е цената, со неа оди гратис душече , постелнина со ограда, и тул. Топло ти го препорачувам . И јас го земав од Либерта Неготино.
@Melinda85 Истото моделче е како твојата слика само тука е дигната оградичката, ги консултирав се само во живо не сум го видела па барам искуство, а на слики ми е супер и да комплет со се 11200 истото го гледавме и во Тетово 11000 што е смешна разлика па сеедно ми е од каде ќе го порачам ќе ми го пратат по карго. Значи вие сте задоволни душечето добро ли е, постелнинката памучна ли е?
Да мила после тоа видов дека е истата слика, само разлика има доле во фиоките, на ова моето е со цветчиња Задоволни многу ,се уште не е пробано мила, се надевам наскоро, но квалитетот, душече овде во Либерта имаше 3 модели сам си одбираш кое го сакаш, исто и постелнината е преубава, памучна, не се мисли земете си го
@Melinda85 Епа мене ми е далеку да идам да си изберам, ако можеш сподели какво душече има и вие какво земавте, да не ја утнам само со порачка преку интернет ама ептен ми е далеку да отидам да ги видам.
Пред да се роди бев со намера да земам дрвено заради убавиот изглед па и оние со опција за нишање ми беа ептен по мерак. Ама испадна да ни подарат монтажно и премногу сум благодарна за изборот зошто во дрвено би спиела само првите три месеци отприлика додека не почне да се превртува. Сега постојано обожава да си удира со нозете по страните ама бидејки е мрежа не може да се повреди што не е случај со дрвено. Друга огромна предност е што си ја гледам низ мрежата така да не се мислете земете монтажно многу е попрактично
И јас навистина не знам, имало разлика во дебелината , мекоста и квалитетот.. Имало душече кое цело било ортопедско, и душече каде што горниот дел е само ортопедски. Јас овие одговори ги добив мила.
Жени сакам да земам дополнително душече имаме монтажно креветче, уште спие на првото ниво какво да земам дали може да биде друг да не е наменето за монтажен кревет?