Феминки Ајде ќе ве молам, некоја што била годинава во Касмил, да ми пише каков е патот. Мм ме убедува да одиме таму, но од тоа што читам на интернет, некако не ми се поаѓа. Некои велат преку Грција бил подобар патот, други преку Охрид.
Секогаш различно како ќе ти се погоди. Ама мислам дека септември е најубаво за одмор. Сепак убав помин
Тие што биле во Ксамил да ми препорачаат добар апартман. И да биде поскап не е проблем, само да биде чисто и да има wifi. Планираме со децата да одиме,па да испланирам однапред. Планираме да бидеме сместени во Ксамил поблиску до плажа, а навечер да шетаме во Саранда. Фалаа однапред
Ние три години одевме по ред ама најискрено таму дете неби носела тесно спарно прашини има. А миризбата навечер што ја има не би ја коментирала. А саранда е како воздух да нема. Доле апартманите се од 30 евра па до 35 зависи ама па за тие пари или малце повише можеш од другата страна на јонско да одите накај Врахос. А апартманите им се многу убави и чисти.
Се мислиме со дм септември да одиме Албанија, поточно Ксамил. Да бараме сместување преку агенција или сами?
Сами одма ќе најдете и дури поубаво од што нудат од агениција и поевтино. Во септември е мирно скоро никој нема и е уживанција без галами.
Значи да не барам ни преку Букинг? Колку сте плаќале на лице место? Нашиве агенции имаат студија по 120 евра, а на Букинг да не знаеш што да одбереш, од 120-300 евра сешто има
Не барај ич ни преку букинг. Одма се наоѓа смештај па уште во септември ќе бираш покрај плажите. Ние првата година 15 мин пешки од плажа плаќавме 15 евра за двајцата а втората година 18 евра одма кај тој кругот што е кај наркетот на ни 5 мин од плажа. Сега гледам дека се од 20 до 30 ама вие за 20 ќе најдете бидејки после 20 август ги спуштаат. Само што ќе стигнете во ксамил на автобуската чекаат за смештај а и со кола сигурно ќе одите ќе ја оставите негде и за најмногу пола саат ќе најдете. Ние и во Црна гора така одевме. Он ако вика 25 вие 20 ќе кажете и не одбиваат прифаќаат.
Мене ме интересира како се средени плажите? Водата дали е чиста? И какво е времето почеток на септември? Искуства некој што бил, ве молам
Ксамил- Вила Луна. Мислење, искуства ... ? За плажата, општо како сте задоволни од престојот, од вилата и општо искуство и предности и поплаки од таму? Благодарам однапред
Kako se cenite za od 20 juni do kaj 1 August? I jas na biking gledav ama ne se BA's evtini. Nekoe vase iskustvo? Ili preporaka?
Дали е поевтино Ксамил или Саранда за сместување, и дали мора да се изнајмува лежалка на плажите или има место да си ставиш свој пешкир?
Здраво некој што бил минатата година за Ксамил да каже какви се цените ? Како е со гужви, навечер има ли каде да се оди?