Од овие да не биле? Ги имаше и кај нас кога бев средно, амбалажава не беше толку шарена, ама истиве беа, имаше со мед и млеко, со чоколадо, со јагода, и вкус баш имаа многу беа убави.
Што убаво беше ова Vitamin Shake, оставаше и малку боја, прекрасно беше. Штета што ги нема повеќе. Имаше и едно Disco Queen со светки, го обожавав и него.
Штета што најубавите им се лимитирано издание. Првото имаше бас кокос мирис, а ова второто мириса на парфем! Преубаво е и треба да проверам дали уште го имаат на залиха за да си земам уште едно.
Обично Carmex користам, ама сега поклон добив на Ритуалс едно лабело. Предобро е, само не знам постои ли веројатност да го има кај нас... дали во ДМ дали во друга дрогерија. И суптилен кармин и лабело во исто време. Идеално ми е, ама не верувам дека го имаме тука. Еве го...
Го видов пред некој ден на дм страницата, ми фаќа око, сега и тебе те прочитав дека било убаво. Не ми треба ново лабело ама баш сакам да го пробам. Гледам лимитирана колекција е, во кој дм го зема и шо цена е отприлика?
Од тој во Кисела Вода, 59 денари мислам. Ма да последно кога бев го немаше, ама можно е пак да го има. Пиши им на фб, ќе ти кажат каде го има.
Мислам дека веќе го нема И јас го барам подолго време ама неможам да го најдам Инаку мислам дека не се исти ова беше поубаво.Ако го најде некој ве молам пишете
Мене ова ми е најновата љубов, па нешто по хидратантно и меко мислам дека немам на уста ставено. Деновиве устава ми беше пресува и испукана до болка, да не претерам ама од едно нанесување се препородив. И има некое интересно дејство на ладење и пецкање ко ќе го нанесеш, преубаво мириса и дава неверојатен сјај на усните.
Јас го имам обичното и исто искуство со твоето имам. Дали остава боја и има мирис на калинка? Ич не ми е убав мирисот на обичното
Го нема најверојатно дека ја имаат сменето амбалажата со тоа другото. Дали и составот е сменет не би знаела, старото го немам пробано. А тоа другото некои солидни 3 години го користев. Доста интензивен млечен мирис има. Ама да, најчесто ги модернизираат од време на време и некогаш ја губат таа автентичност и мирис.
Да, како што кажала членката погоре, не остава боја, само сјај дава, а мирисот не е воопшто на калинка, повеќе ме потсеќа ко на лута маст за мачкање, нешто такво.