https://www.lookfantastic.com/maybe...-sky-high-mascara-01-black-2.2g/12765086.html Оваа беше таа маскарата?
Од оваа маскара сум ептен разочарана. Ставив само два пати, ми ги залепи трепките и како да ми ги повлече надолу. Не можам да се мачам веќе со неа, решив ја да оставам да се засуши малку, па ќе и дадам уште една шанса, можеби подобро ќе е. Mоментално омилена ми е оваа: Ја купувам по трет пат, убаво ги разделува и витка трепките. Четкичката исто така многу ми се допаѓа, ептен лесно се нанесува. Единствена мана е што брзо се суши, како и повеќето маскари на Catrice што сум ги пробала.
Како сте задоволни од маскарите на Есенс? Не сум никогаш пробала, имам во близина па се мислам да земам некоја, дали имате за некоја позитивно искуство? Кај мене сеуште од Голден Роус сивата ми е на прво место и покрај поскапи купено маскари, се изненадив од ефектот а не е ни 200 денари.
Од Есенс овие многу ми се допаднале Последнава мислам се ронеше под очи тоа и беше минусот, ама ептен волумен даваше и ги виткаше трепките
Која водоотпорна маскара ми ја препорачувате за да не ми се размачкува со маскиве ? Многу ми се размачкува шминката од очите со маскиве.
Max factor false lash effect, лилаково пакување. Водоотпорна е, не се размачкува, многу лесно се симнува, само со мицеларна вода ја бришам. Отсекогаш изегнував водоотпорни, ова зедов да пробам дека на намаление во еликсир онлајн, и сум презадоволна. Засега ми е фаворит бр. 1 еве ти го линкот https://e-elixir.mk/shop/max-factor-false-lash-effect-fusion/
Благодарам за препораката. А зошто не пишува дека е водоотпорна ? Јас имам лошо искуство со водоотпорни, ми се ронат некако и згора тешко се отстрануваат. Барам квалитетна, зошто и осетливи ми се очите, па барам и таква, некоја hypoallergenic
Упс, не е водоотпорна. Ја помешав со една друга маскара што имам, се време мислев дека и оваа е водоотпорна. Како и да е, убава ми е и воопшто не се пресликува ниту рони.
Ај предложете некоја маскара што полесно се брише со мицеларна дека од lash sensational ми паднаа трепките а со години ја користам
Не ти препорачувам да вадиш маскара со мицерална вода. Така тешко сите маскари се вадат. За очите има масло , или двофазно средство или некој маслен балзам
Масло и двофазно масло има на Балеа во дм, многу го користат од форумов. Има и на Нивеа едно , јас го користев и беше ок
Јас го користам тоа на Балеа и презадоволна сум, неколку шишенца имам потрошено и не е скапо @koritsaki Ја проба новата маскара на Maybelline?