Тоа е и разликата во моралното, неморалното и она што не спаѓа во сферата на морал/неморал. Да му дозволиш и дадеш на детето нешто што ќе го повреди е неморално и дегутантно. Да му дадеш да си игра со нешто нетипично за полот е слобода. Споредбата ти е апсурдна, се однесуваш како вистински трол веќе. И би им препорачала на другиве како таков да те игнорираат, наместо да те „хранат“.
Ми рече 'проблематична'. И не претерувај со солната киселина. Значи, тоа ќе ти побара барбика, ти ќе му речеш: Не може! И ќе му купиш трактор со плуг. Ќе си дојдете дома и нема ни да го опули тракторот и ќе ти се напика во штиклите и ќе ти ги преврти шминките и ќе се нашлапа како индијанец. И? Што правиме тогаш? Немој синко не е тоа за машки! Ти си маШ, мочаш од простум, апро-по не смееш да помислиш на 'женски' играчки. Дете од 2-3 години, ќе те испули лилаво и ќе си продолжи да се шета со штиклите 12 броја поголеми. Утре ќе те види како готвиш и ќе му свирне дека сака и тоа да готви и ќе ти ги извади сите тенџериња и капаци, ако може да ги стаса и цел ден ќе тропа со нив! Не разбирам зошто има потреба од наметнување улоги? Биолошки, сме различни, но социјално, и правно, можеме да бидеме сите еднакви.... па какви и да имаме преференции.
И детето ќе биде ко: Океј... Shout-out до сите мајки со деца кои им се влечат низ маркет плачејки за одредена играчка, а тие никако не можат да им објаснат дека не се во можност да им ја купат. Премногу едноставно гледаш на работите.
Секој родител што му забранува нешто на детето поради свои лични убедувања е себичен. Истото важи и за родители на машки деца што упорно би му купувале женски играчки, иако тоа не сака. Патем, ако навистина не сакаш син ти да тргне по шминкање, готвење и слични, нели, женски работи, поголеми се шансите да го интересираат тие работи ако упорно му ги забрануваш. Затоа, на дете не треба да му се забрануваат работите кои очигледно ги сака, освен ако не се опасни, се подразбира. Ограничувања, репресии, забрани... Такви работи во детството резултираат во распуштени луѓе понатаму во животот кога нема да можеш да ги контролираш. Just saying.
Според флуидната родова идеологија, да овие работи се нетипични за полот, како што е нетипично и шминкањето на машките, облекувањето на машките во женски алишта итн. Но забораваш дека вие застапниците на флудината родова идеологија сте една шака луѓе на форумов, иако морам да признаам дека сте најгласни, најлојални една на друга, нонстоп се подржувате и ако некој писне нешто против родовата идеологија - одма сите рипате со толерантните канџи очи да му извадите Така што штета што нема анкета темава, да видиш колку ќе биде минорен процентот на вас што ги подржувате овие „нетипични за полот“ работи.
Тоа што мнозинството поддржува нешто, не значи дека се во право. А не ми кажа: Не разбирам зошто има потреба од наметнување улоги? Биолошки, сме различни, но социјално, и правно, можеме да бидеме сите еднакви.... па какви и да имаме преференции.
Не Вајлд, каква еднаквост. Ти има да готвиш и чистиш, а маж ти да менува сијалици. Не пропагирај родова идеологија.
Истото важи и за малцинството. Тоа што малцинството подржува нешто, не значи дека се во право. Ама затоа не може ад-хоминенкава да тврди дека ставот на малцинството е априори нормално, како да е општо познато и генерален став на општеството. Напротив. Нема тука наметнување улоги, ниту правни дискусии. Мажите и жените се рамноправни, но не се еднакви. Постојат најмалку 6500 генетички разлики меѓу мажите и жените. Секоја клетка им е различна. И морфолошки се различни. И мозокот им е различен. Жените се поемотивни, мажите се попрагматични. Машко кое сака да се прави женско има проблем со прифаќање на својот реален пол. И да, шминкање и фрцкање се женски работи, но секако дека нема да се сложиме. А и не мора да се сложиме. @Lella тоа што го пишуваш не е родова идеологија. Готвењето не е женска работа. Ама знаеш ти тоа, само ете, сакаш да релативизираш и критизираш некои работи со помош на сарказам.
Хахаха баш ме интресира која од виножитните го формулираше вака прашањето за анектава? Еј, предложете му и на Заев вака слично во негативна форма да го формулира и прашањето за референдумот: Дали имате нешто против договорот Заев-Ципрас? Па ако не излезат македонците на референдум, од тоа ќе се заклучи дека македонците немаат проблем со договорот и чао пријатно - успешен референдум и со 30% излезеност
Нели и сама реков: Биолошки сме различни. Не го спори тоа некој. Рамноправни ќе бидат кога за исти однесувања нема да има различни аршини за оценување. Знам дека ме разбираш, не си глуп,
А каде виде јас да им бранам на таквите машки да се шминкаат, да се облекуваат во суќни, штикли, да си играат со барбики и сл? И на анкетава горе би гласал дека немам ништо против нив. Нормално не би подржал таква перверзија, ама не им бранам. Ама рамноправност значи и овие 4-5 проповеднички на родовата идеологија да не им го бранат правото на другите да си сметаат дека женските работи си се женски работи и да не вриштат одма со навреди и етикетирања. Рамноправност значи и рамноправност и толеранција на различното мислење, а не само на истомислениците.
Тешко. Јас сум радикален феминист. Додека не видам поголема еднаквост, се' што тие од твој калап ќе го кажат, за мене е дискриманицја
Спојлер: long twitter thread Една топла приказна за тие што не ги мрзи да читаат... Читајте човечно, отворете го умот и вклучете ги емоциите, па заклучете тоа што треба Ова се тие ефекти на gender roles во реалноста, врз детски чувства кои не знаат ни за политика, ни за (наводни) пропаганди, кратенки, дефиниции, етикети или што било. И вака се бидува добар родител, баш како таткото што раскажува.
Зависи какво шминкање, има машки кои скроз дискретно ќе стават малку пудра, или ќе ги потенцираат веѓите со моливче, ама онака со усул, посебно за пред камери, кога навистина имаат потреба од тоа, поради професионален амгажман и слично, дури може има потреба и од потенцирање на усните, зашто камерите изобличуваат, така што воопшто не е за критика. А, не оправдувам типично шминкање со туш, сенка, маскара, кармин и руменило. Сепак, тоа не им е својствено на мажите. Може само за некој маскенбал.
Ти планираш да имаш деца со чувства или роботи? Бидејќи ако планираш вистински деца не заслужуваш да ја одземеш нивната слобода.Кутрите тие Се надевам ќе се заинтересираат за светот и ќе станат со отворен ум.Се надевам дека ќе излезат од твојот меур на предрасуди не дозволувајќи ти да ги задржиш тамо. Имаш многу ниски и да кажам бедни размислувања ако мислиш дека си толку моќен да влиаеш на некои чувства.Тоа дете ако ти му кажеш тоа не е за тебе не значи дека ќе остане на тоа.Тој ќе оди на градинка па на училиште а тие тамо ќе влијаат исто така.Таму ќе види дека другите деца си играат со барбики и ќе почне и тој.Единствената разлика меѓу друѓите и твоите деца ќе биде таа што твоето дете ќе се крие.Ќе се крие затоа што тој ќе биде затворен во кафезот на твоите предрасуди.
Ми треба помош... Каде пишува што за кого е својствено затоа што јас го немам прочитано тој правилник
Немам против, кој како сака нека си прави. Нивни живот, нивно лице, како сакаат нека си изгледаат, кој како што се осеќа убаво, без разлика на полот.