1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.436
    Допаѓања:
    201.014
    Пол:
    Женски
    Да ви ставам кафе за сабајле? Пошто јас од три будна сум.
    [​IMG]
    Се преморив изгледа, затоа неубаво спиев, па што да се мачам, станав и си изгледав нова епизода од ГоТ.

    @NarCis@ со кока кола. Вистинска.Штом топи заби ќе стопи се друго. Чисти, л'снува, убајна. Ако не, средството за wc од КАМ. И тоа е супер. Белее, чисти, а не мора ни да рибаш.

    Уште нешто сакав да кажам, ама летна паметов...остарев веќе. Ми се приспа, па да му ја легнам, уште два саати барем.
     
    На Tajnaotrovna, kuc, do-re-mi и 22 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Абе аман!
    Од кога сексот постои исклучиво за деца праење??
    Ти колку пати имаше секс во животот? 2 пати?

    :D


    Ептен сум во филозофски фазон утрово... вечерва де.. Уште не сум легната :?:


    Едит:
    Боооо.. сега гледам ни ја избришале дебатата на 'Модни критики' .. А шо убај поенти имав пишано :(
    Ама нема кликови на филозофии, на слики има.. Дека една е ко 1000 зборови, не за друго |(

    :D

    Колку си емпатична :hug:
     
    Последна измена: 6 мај 2019
    На Tajnaotrovna, do-re-mi, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    77.221
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1555823760975.jpg

    Утрово кафе без млеко ќе пиете.
    Добро утро.
    Детево горе мене нервите ми ги искина, а родителите му не знам како го трпат. Ама нивен ќеиф си е па, да си го трпат. Цела ноќ ми кенка, како до мене да му е креветчето. Градбиве тука се мека градба, штом се потпреш на ѕид, леташ кај комшијата :D
    Сѐ се слуша 8-|

    Родендени еден куп ми се собраа. Ама годинава не земам подарок за изненадување. Секој сам нека бира (facepalm)

    Шпански серии > ГоТ :wasntme:

    Значи никако да си изберам удобни обувки |(

    И така. .
     
    На kuc, Mr. Right, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.681
    Добро утро

    Далеку сме сите од рециклирање.
    Правиме по некој напор,ама -не.
    Тоа на глобално ниво како Држава треба да се дигне свест.Пример:стави кеси во маркети по 15 ден веднаш (барем постарите) торби ќе извадат.
    И да не се лажеме- кој од нас оди со торби платнени на пазарење?
    Дури во КАМ гледам дека кога се пазари-дај 4 кеси..пиххх...8 денари се..
    Зошто од дома да не си понесам веќе купени,сигурна сум дека сите имаме фиока пуна кеси.
    Ова само најпростиот пример...

    Децата се голема ставка во Буџетот и би требало да се размисли дали во даден момент треба ра се раѓа.Во спротивно се јавуваат ситни проблеми кои прават крупни расправии.Малку е не хумана ваквата моја изјава зашто има парови кои се трудат за деца а неможат да ги добијат,но реалноста е таа.
    Јас млада родив,двајцата невработени.Во заедница.Старите желни за внуци: ееее па вие,ние сме со плати,дај еден за детето,дај друг за детето и ќе се изгледа,во меѓувреме ќе бараме работа и за двајцата...
    Така,ама после имаше-мајка ти сака да ме команда:D...епа,си зема за право зашто ја финансира нашата фамилија...ми кажува кога да вклучам перална:lol:...да,зашто таа плаќа струја:!:
    ...и ред други работи.
    Среќа брзо се вработивме па се сменија ветриштата.

    Е затоа за дете треба да се има БАР една плата.Колку-толку ти гарантира независност.

    Врнежливо ќе било денес.
    А баш ми се дотерува(hollest).

    Убав ден да имате сите:hai:
     
    На kuc, Mr. Right, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.655
    Допаѓања:
    174.358
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun:
    Јас уште имам обиди за враќање кафе назад во животов. :) Не ми оди ич, па обидите завршуваат во мијалник.

    Честито нов претседател дечки. :) Ќе излажам ако кажам дека потајно не навивав за Гога. Не дека претседателот има којзнае какви големи ингеренции, туку ете, да му се меша на Заев у штипки, да не му оди се ко подмачкано. :wasntme:
    Читав наслов пред некое време “Дали фикусот ќе го замениме со кактус?” Тоа е се околу претседателската фигура кај нас. :|

    И овде врне, ми одложи планови за утре. Ама ми расчисти мисли за денес. :)
    Убав нека е денов. Имајте уште поубав почеток на новата работна недела. :sun:
     
    На kuc, do-re-mi, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.850
    Допаѓања:
    132.091
    Ако нешто мразам тоа е демократија. Со оглед на тоа дека матурската тема ми беше за недостатоците на демократијата можам пост да напишам 4 страни. Ама јас и овој пијаницава до мене у бус не може да се сведеме на ист глас. И затоа се случува идиокраси.
    Поздрав од бус.
    Абе сива коса имам.не сум плавуша или??
     
    На kuc, Peco, Alishan30 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    101.819
    Пол:
    Женски
    Добро ви утро мил народеее!

    Леле @WildMk ме пресмеа женска со погоре пишаното 2 патиии кока кола шо мислиш ти со два пати дете се праи :rofl: ме посети и за тоа се смеам како деца собрани на купче и што ни текна да правиме моабет колку пати имале т.е пиеле кока кола нашиве родители.
    И се броиме по колку деца сме по дома едното 3 па друго се брои две па туј таму по едно и на крај едно другарче осум деца се и ние донесовме заклучок дека неговите родители најмногу пиеле која кола дури осум пати :rofl::rofl::rofl::rofl: детски итроштини и будалаштини.
    Ау одсабајле се изнасмеав :D.

    Е да ви кажам друго зајчево ми е есдеасче збори Гордана и Мицкоски тоа ѕидот го гризе тепхот и направи нови дупчиња на завесата.
    Па уште шо поглед ни акна на мене и мм шо го гледаме.
    И после збори Заев и Пендароски тоа мирно се кренало на задните ножиња и гледа кон тв ушињата ко радари му беа :rofl::rofl::rofl: лудо мое зајаче.

    И така друшки мои убав ден и убава работна недела кој е за :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: повелете и на здравје :*
     
    На kuc, do-re-mi, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.110
    Допаѓања:
    168.316
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро .
    Трет ден без телефон.Пак ми се расипа.
    Арно што таблетот ми работи , ке можам бар на месинџер да го добијам мажето. А он жив срекен. Ке одморил малку од мене денес на дежурство . Немало да го замарам ми вели. Ме изнервира малку од сабајле, ама ај .
    Председател избравме. Деф таму. Преку глава ми дојдоа.
    Сонцето прави напор да запече.Не е лошо да вклучам некоја машина денес.
    И дефинитивно пола ден ке пеглам.
    Лека полека и петтиот месец во годината го раскцавме. Дур да трепниш годината преполовена. Брзо некако :wasntme:
     
    Последна измена: 6 мај 2019
    На kuc, do-re-mi, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  9. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Отсекогаш! Тоа што ти е убаво е само трик на природата за да те насочи на правиот пат. А тоа што ние луѓето сме нашле начин како да ја изиграме природата е друга работа.
     
    На kuc, Peco, Alishan30 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.716
    Допаѓања:
    266.272
    Добро утро убави :)

    Мене викендов расцепкан ми е, па изгубив осет за спиење и станување... еве будна сум, а за саат време пак ќе ми се спие.

    @referentka кажа се' што мислев.
    Поентата е да се "пресметаат" приоритетите. Има луѓе кои се' што сакаат е семејство, свое потомство и тоа е во ред, затоа можат да одат до крајни граници на лишување сами себе од многу.
    Ама не гледам ништо лошо ни кај нас "другите". Не оти подобри сме, поразлични сме, поинаку живееме и ок е и тоа.

    @Cka јас не се разбирам многу-многу во политика, инаку се согласувам дека не би требало секој да има право на глас. Сметам дека е опасно луѓе кои навистина се неуки да им се дава моќ да одлучуваат за битни работи. Само не знам која е другата опција :)



    Во однос на претседателот, ќе гласав против вмро, кој и да беше од спротива. Се' додека не се ослободат вистински од НГ, не треба да се дочепаат до власт, никаква. Сакам да се вратат на власт, но со вистински нова постава за едно 5 години.

    Никој не треба да се заседне на власт толку долго. Ни овие, ни никои други.
     
    На kuc, do-re-mi, mira.mira и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.110
    Допаѓања:
    168.316
    Пол:
    Женски
    Сакав вчера мајче да ја носам на гласање. Ама не успевав да ја убедам . Не се разбирала таа од политика,а и не знаела за кој да гласа. И викам јас ке ти помогнам да одбереш. Па ме праша дали внук и БЦ е на листата,за него сакала :).
    На комшивката твоја керка и е кандидат и објаснувам. Ааааа Не рече, лоша жена била мајка и на Гоца:D.
    И така... Не успеав да ја убедам да излезе:o
     
    На kuc, Peco, mal.ecka и 18 други им се допаѓа ова.
  12. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.927
    Допаѓања:
    204.656
    Пол:
    Женски
    За многу години да ни е денот.@simonka93 Честито има на малецкото:hug:,се надевам не сум грешка.Во однос на изборите,народ сме ваљда со кратка меморија,апсолутна власт не ме аресува,деми ќе беше поинаку од претходните,шипинки.Но и неоти имаше избор,колку на список да се тројца,ама тоа е во нашава убава и мила земја.Повторувањето е мајка на знаењето,па се надевам некогаш ќе научиме;)
     
    На kuc, Mr. Right, Alishan30 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    146.652
    Пол:
    Женски
    Хахс бабево е цар :) , и јас имам чуено приватно дека и Гордето е лошичка ама не е за на интернет бамборење, а во принцип мразам муабети за политика, ајт.
    Добро утро понеделничко, зверка ме испрати со плачки за градинка и ич не ми е убаво :(
    Пијам кафе и се мислам од кај да фатам, се надевам да нема големи глупости.
    Ооо Ѓурѓовдрн денес Лејла ме потсети, @simonka93 нека му е вечно име на дечкото :)

    Дечки да ве прашам, за жената што имаше и тука некпј поатирано, таа со бебенцето самохраната мајка, сметката за донирање барем јас колку што се разбирам е девизна не е денарска??
    Друга сметка има?
    Screenshot_20190506-091336_Facebook.jpg
     
    Последна измена од модератор: 6 мај 2019
    На kuc, Mr. Right, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  14. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    93.334
    Пол:
    Женски
    Утроо:coffee:

    Ова нема врска со политика ама мене Гога ми е крипи персона.Сериозно се плашам од луѓе што не менуваат интонација и зборат со иста децибелажа,малце психоделично ми изгледа.

    Уште 3 дена и идам(poolparty)
    Почнав да се пакувам,и ке биде интересно,со два долги свадбени фустани:worried:Ем се радувам шо ке идам,ем ме фаќа некој немир дека ке менувам дневен ритам.

    @Lilit кажа дека на 6ти има зафат и да и праќаме среќа и добри мисли.
    Не заборавив.Ке биде се добро:hug:

    @simonka93 вечно име на малиот батко:f:

    Не знам кога е славата на Анетка,денес е Ѓурѓовден нели.Да каже кога да честитаме.

    Убав ден екипо,отидов ја да си го извадам лебот:lol:
     
    На kuc, do-re-mi, Mr. Right и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    101.819
    Пол:
    Женски
    @Lilit пуштам среќа(fingers) и те :hug:
     
    На kuc, LejlaD, Alishan30 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.568
    Допаѓања:
    55.942
    Пол:
    Женски
    Добро утро...
    Убав денов иако ладничко и тмурно..
    Денес без стресови чинам ќе биде, решив да не се нервирам за небитни работи...

    п.с. ќесите што ги купуваме за ѓубре си ги чуваме, иако треба да се намали отпадот дефинитивно и да се мисли посериозно...за рециклирање , за сепарирање, ама толку капацитет имаме ко народ изгледа...

    Убав ден на сите
     
    На kuc, LejlaD, Alishan30 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.436
    Допаѓања:
    201.014
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG] Алкохолот за после го оставам, сега вака
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Да, денес е славата, дур да ставам слики Дуника ме претркала... За многу години!
    @simonka93 честито и вечно име на јуначето, да е жив и здрав! Честитки и на сите останати што слават денес.
     
    На bittersweet, Tajnaotrovna, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  18. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.766
    Допаѓања:
    270.013
    Пол:
    Женски
    @simonka93 среќен именден на малото!
    @Annath среќна слава!
    И на секој кој го слави празников.
    На работа сум а не ми се работи...а морам .
    И ми студи...и ми се јаде...
    Со Гога на свадба сум била и сум имала убаво мислење за женава ама сега некако како со умот да не е тоа што била. Синојка на маратонскиот говор рече по 30 децении се вратила во политиката.:D
    Ај новиов претседател барем е поличен..и така од нашиве политичари веќе ништо арно не очекувам.:P
     
    На kuc, Mr. Right, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.682
    Пол:
    Женски
    Утро :coffee:
    Касно легнав и цела ноќ се превртував. Таман сум задремала накај 5 ете го малиот од соба вика тажно -Мамоо, мамоо. Одам со трчање, вика сакал да ме гали :envy: Ај го оставив некако и таман легнав ете го на прстиња дојде и ми се мушна у кревет па заспа и полека ама сигурно ме избутка од кревет :D
    Уште неделава ми е план да ги оставам дома со бабите да се чуваат и од нареден понеделник да почнат со школо и градинка, мислам дека е доста изолација.

    @Lilit пуштам среќа и јас, ќе биде се ок (fingers)
    @Annath ако славите денес, честитки. Нека ви е за многу години :hug:
    @simonka93 вечно име на малото :f:

    Убав ден да имате.
     
    На kuc, do-re-mi, Mr. Right и 19 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.681
    Среќни имендени и слави.
    Да си славите још година 100:music:

    Ќе се работи или нема да се работи утре?
     
    На kuc, Mr. Right, ivi1987 и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.