Новогодишни честитки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од butterfly33, 22 декември 2014.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Барав низ форумот, мислам дека нема ваква тема. Ако има, канта.

    Прашањето ми е дали се' уште практикувате да праќате новогодишни честитки на најблиските по пошта или едноставно, да им дадете лично? Или па, мислите дека доволна е виртуелната порака преку мобилен или компјутер? Дали се сеќавате на времињата кога едвај го чекавме поштарот да видеме од кој ни носи честитка, дали е тоа од роднините, или па од странство...
    Споделете мислења :wasntme:
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сѐ уште си ги чувам честитките што сум ги добивала, имам преполна кутија. Како мала најмногу им се радував на музичките, ама сега кога ги разгледувам, најубави ми се оние стари честитки со прекрасни цртежи кои повеќе ги нема, барем јас немам сретнато такви. Ми носат некое топло чувство и веднаш ме асоцираат на убава семејна атмосфера околу празниците.
    Лани им испратив честитки по пошта на четири најблиски другарки. На две им стигнаа околу Божиќ, на две пред нова година. И баш беше интересно :) Порано во школо си стававме честитки во ранците, а еднаш ми се случи да си најдам честитка од другарка ми тек после 2 месеци :D Ама тој џеб на ранецот никогаш не го користев, тогаш случајно го отворив :lol:
     
    На butterfly33, tweety26, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Не сум којзнае колку стара :D, ама кога бевме помали, некаде до 4 одделение се сеќавам дека си остававме честитки на клупите. Неколку дена пред Нова година, со мајка ми ќе отидевме до книжара или во поштата ќе одберев околу триесетина и ќе си дојдев дома и оп, време е за пишување.
    Се сеќавам пред некое време пронајдов еден плик полн со честитки, и онака се израдував, сигурно се постари повеќе од пет години.
    Во училиштето правевме честитки, па кога ќе си дојдев дома, продолжив да правам. Не беа професионални и толку убави и прекрасни, ама се трудев колку што можам да ги направам поубави, ама за тоа требаше повеќе материјали.
    Е сега, последниве неколку години, не добивам ниту една единствена честитка.
     
    На butterfly33 и angelche16 им се допаѓа ова.
  4. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Само на тие што сум поблиска но не како на пример среќна нова дрн дрн... Тоа е целосен реферат за тоа што ни се случило заедно, нешто што е посебно за двете и што вреди да се чува и да остане запамтено. Тоа ни е како мала традиција која ја практикуваме со најдобрата другарка :):)
     
    На butterfly33 и angelche16 им се допаѓа ова.
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Како помала на сите соученици и комшии им праќав честитки,но како што одминуваше времето се помалку беа застапени честитките,за жал.Ги обожавав и уште ги обожавам,но сето ова со честитањето сега се одвива преку СМС ,нели,па повеќе не праќам честитки по пошта.Размислував да направам неколку честитки за блиските бидејќи СМС пораките лично мене не ми причинуваат толкаво задоволство како честитките кои ги праќаме по пошта.Цртањето добро ми оди,а и ќе имам повеќе време сега за да направам нешто интересно. :)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Сеуште, подобро речено не ни престанав. Од причина што тие ми се некој симбол на среќата и сеќавањето од детството. Ова денешново преку ФБ и моб. многу ме нервира.
    Знам годинава купив 17 честитки.
     
    На butterfly33 и toogood им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.944
    Допаѓања:
    134.481
    Пол:
    Женски
    Порано коа бев помала пракав, деца, интересно ни беше. И уште си ги чувам честитките од тоа време.Сега само на внук ми му купувам музичка честитка.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На butterfly33 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  8. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Честитките од детство ги чувам сите до една, а татко ми секогаш ми праќаше музички, на кои има прекрасни слики и тие ми се најмили.
    Годинава потрошив 600 денари на честитки и не ми е мака, знам дека бар за момент ќе ги израдувам личности кои ми се мили и одамна не сум ги видела.
    Жалосно е што се заборавија вистинските вредности со интернет комуникацијава, имаме верба во погрешен формат.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мака што испраќањето новогодишни честитки полека изумира од година во година. Не, ни се сеќавам кога последен пат сум купила и испратила новогодишна честитка.
    Колку само ми недостасуа она време кога испраќавме честитки на сите школски другарчиња. Ги стававме во книгите скришно за да се изненадат другарчињата. Честитки, балони, украси и што не. Денес дури и не се чуствува претпразнична магија како некогаш. Деенес се е сменето. Некако како да нема радост.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    13.180
    Пол:
    Женски
    Јас решив на три другарки да им пратам новогодишна честитка. :) Одамна не сум праќала...
    Па така, денес купив, останува уште да измислам некој текст, посебно за секоја, и да им ги дадам.
    Не планирам да ги испраќам преку пошта, туку лично ќе им ги предадам пликоата. :)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.919
    Пол:
    Женски
    Знам и ден денес да напишам по некоја честитка, на другарките им праќам од оние љубовните :D на внуците им купувам музички честитки и секоја година со радост и помагам на сестра ми да ги напише честитките за другарчињата од одделение :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На butterfly33 и Teodora* им се допаѓа ова.
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.348
    Пол:
    Женски
    И јас чувам некои честитки,а и минатата година давав.Се мислам и оваа година.Во моите честитки јас што ги давам,не пишам само среќа во учењето,ова-она,туку си трескам некои дешаванки таму и малку шала. Така минатата година направив и на тие што им дадов,сосем пријатно се изненадија и два дена со ред се смееја и ми кажуваа за честитките.Па не мора традиционално,може и уникатно.
    Инаку овие честиткиве се убава работа.Поинаку ја чувствуваш таа топлина,така празнична,таа мала искра на радост во срцата...поинаку е.Јас воопшто не одобрувам и не ми се допаѓа вака сликички на нет и оп хепи њу јир демек.Не е тоа тоа.Вака што ќе те чини ако потрошиш 2,5,10 денари?Помалце богат ќе си?Не.Детско е бе така.Не е детско.Напротив.Зошто да не би израдувала некого новогодишна честитка?Па пишете така интересна да биде,така насмевката ќе биде уште поголема кога ќе се добие честиткава бре...:nod:
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.947
    Пол:
    Женски
    Одамна немав испратено честитка на никој. Пред неколку дена на мојот 8 месечен внук му напишав и му ја дадов во раче , леле како се смешкаше и си ја гледаше иако не знае што е тоа, кеф направи :):)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Сега само на саканиот. И тоа не купена, од лани му ги правам сама :$ Тука е магијата, а не во тоа дали ќе биде од 5 или од 50 денари... ;)
     
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Обично не изоставувам да пратам честитка.Незнам можеби некоја година сум пропуштила,но сигурно имало одредена причина.
    Годинава повторно ги пишувам за моите најдраги личности.
    Се надевам ќе ги израдувам. :)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MiaNmaR

    MiaNmaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала праќав на сите блиски роднини и сите другарчиња, со мајками купувавме па на пишување хехе. Е сега праќам само на малите брачедчиња секоја годинаод тие музичките, па души како се радуваат кога ке им стигне честитката како кој знае што да добиле :) :l:
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Баш денеска од баба и дедо добив честитка.
    Инаку неколку пати претходниве години им праќавме честитки на баба и дедо и другите баба и дедо на тетките а оваа година јас направив многу убави честитки до сите.
    Големи честитки и бакнежи за новата година, од мене до сите вас. :$ :*
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    61.277
    Новогодишни честитки... Колку беше убаво времето кога немаше мобилни телефони, мејлови, facebook... Времето кога купувавме честитки за цело одделение, за сите роднини, пријатели и кога сите го чекавме поштарот да ни донесе новогодишни честитки од саканите и мили личности!!! Колку само се радувавме на тоа мало парче хартија со сликичка од Дедо Мраз...
    Но, се поминува и се се менува... Па така и Новогодишните честитки се се помалку користени за посакување убави желби во Новата година!!! Но, ако, и денешниве честитки се убави ако се искрени!!!:)
    Еве една Новогодишна честитка од моето детство до сите Феминки!!! :)

    download (2).jpg
     
    На makedonkamak, butterfly33, Teodora* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Чувството кога некој ќе ви подари новогодишна честитка или вие ќе подарите со искрени желби за новиот почеток, има некоја посебна магична еуфорија што не може да ја создаде виртуелната порака.
    За жал, новогодишните честитки се симбол на едно изминато време кога сите се радувавме на доаѓањето на поштарот. Со нетрпение и восхит очекувавме да ја видиме празничната атмосфера на парче хартија во која главната улога ја има Дедо Мраз.
    Припаѓам на онаа малцинска група што се уште ја негува традицијата за испраќање честитки затоа што сакам да ги изненадам блиските во време кога се истиснаа вистинските животни вредности. Моја целна група се децата, оние на кои е најтешко да им ги објасниме убавите страни на животот наспрема предностите на денешната технологија.
     
    На butterfly33, Teodora* и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Внимание...
    Честитката за мене е едно големо внимание. Да знаеш дека некој помислил на тебе и од срце напишал неколку скромни зборови. Да ти посака една поубава година од онаа претходната.

    Мината година си планирав во себе, за оваа да ги изненадам со домашно направени честитки. Испратени по пошта, но не само тоа, туку и малку повеќе. Малечок подарок, симбол на едно бескрајно внимание.
    Но сега некако слабо време за тоа. Се надевам, Господ здравје идната година да го сториме тоа. Заедно со вредните рачиња на мама. Тогаш ќе се радува и тој и сигурна сум дека ќе ми помага :).
     
    На makedonkamak, MiaNmaR, Lella и 3 други им се допаѓа ова.