Уствари не бегам јас од нив, они од мене бегаат, и со причина. Ова општо за мажи и за жени (не) луѓе (и не само во се*суална конотација) . Комплексаши со комплекси на нижа вредност де, tale as old as time.
Најлоша особина кај некој ми е кога со сила се труди да испадне кул и забавен и мнгоу е одбивно кај личности 30+ години. Делува незрело. Ништо против ако некој има природна харизма, ама хумор ко за тинејџер дури и исфорсиран, и к15 хехенца стварно не ги личи на озбилен маж, притоа само тој си ужива во хуморот, и не те ни прашува со што се занимаваш ти, што правиш во слободно време итн. Не покажува интерес никаков, ама вришти комплексот "мене моите не ми обрнаа внимание и браво не ми кажаа кога како дете им покажував како можам да трчам и да пливам". Е од такви бегам. *Не спомнувам агресивни, насилници, алкохоличари и дежурни по коцкарници, пошто од вакви дијагнози се подразбира и треба да се бега. А од она што ми смета, а е во границите на психички здраво и нормално (ако го исклучиме некој комплекс или покасно сорзевање) ми е појавата погоре.
Од се што ми ја спушта енергијата. Оперирам на ниво стомак-интуиција-душа. Ако нешто чкрипне (нормално години ми требаа да се осознаам себеси и почнам да препознавам), се дистанцирам. На луѓето треба да им се дава шанса за да им се види и убавото, ама генерално, жени кои викаат -мила- и мажи Петарпановци по дифолт се на последното место за избор за дружба. Вибрацијата е круцијална, после се друго како навики, свест, зрелост, и на мамаитате станот.
Искомплексирани Исфрустрирани Неизживеани Мамини и татини синчиња Лицемерни Нападни Некарактерни Самобендисани Мачомени Себични Љубоморни Неискрени Нарциси Женкари Фалбаџии Џаболебари Конзервативни Арогантни Агресивни и насилни
Од неискрени,безобразни,заостанати, насилни,љубоморни,лежи лебу да те јадам,нарциси,фалбаџи и мамини синови.
Ова општо ми важи за луѓе... На глас демек сами си поставуваат прашања или сами си кажуваат нешто на глас, а уствар си бараат внимание. И да, уствар. Жени, што ми велат срцка, душичке, мила. Одвратни ми се. Психопатски ми е ова.