Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Одборот на ЛГБТ Јунајтед во четврток одлучи да се формира одговорно тело за организирање на првата парада на гордоста во Македонија, идната година.

    „Во ова работно тело ќе бидат повикани да се вклучат сите заинтересирани релевантни организации и институции кои
    работат на полето на човековите права, како што се различни амбасади, државни агенции, народниот правобранител и ЛГБТ организации од регионот и пошироко“ стои во соопштението на ЛГБТ Јунајтед./крај/со/мф

    Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
     
  2. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Јас те предлагам тебе за водич. Бива? :geek:
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Немам ништо против ЛГБТ популацијата, само едно нешто не ми е јасно...Зошто потреба од вакви "паради на гордоста" и кревање џева? Која им е целта? Тоа е проблемот со геј луѓето, самите привлекуваат внимание на себе а со тоа и негативни чувства.
    Океј, биди геј, меј, што сакаш, никој не ти брани, али не го малтретирај цело човештво со паради и бунтови и протести...no one cares едноставно. Позади 4 ѕида дроби си краставици на глава, ако е твоја приватност и твој избор зошто тогаш чекаш одобрение од некој друг?
    Не разбирам стварно.
     
    На Traveler$, Мари_ja, cash и 14 други им се допаѓа ова.
  4. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Ајде вака јас да појаснам подобро. Парада на гордоста е настан во кој се слави културата на ЛГБТ. На настанот исто така се демонстрираат барањата за еднакви права. Во Македонија на пример, во законот за антидискриминација е вклучена верата, националноста, полот но не и сексуалната определба и родовиот идентитет. Зошто се вика парада на гордоста? Одговорот е многу едноставен, затоа што мнозинството стрејт луѓе ги потценуваат ЛГБТ како малцинство, не ги сакаат, ги отфрлаат, и сето тоа кај ЛГБТ резултира со срам од својата сексуална ориентација/родов идентитет. Затоа, тие што се прифатиле како такви, живеат поотворено, организираат вакви настани за помладата и изгубена ЛГБТ популација да види дека има и други вакви луѓе, не се единствени, и дека некој знае низ што поминуваат. Тоа „не го малтретирај целото човештво“ ти е многу глупа констатација, и црнците во Америка го „малтретирале човештвото“ со своите демонстрации, па на крај се исплатело.
     
    На Anaxandra и manja666 им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Не. Ако не сум ограничена да мразам луѓе со различна сексуална определба, мене овој настан ми е само закитени патлаци и цициња со пуфки.
    Парада е. Трчкање наоколу со голи газиња и плескање по истите.
    Со тоа ништо не се постигнува освен зголемен број на хомофоби.
    И да, иритирачко е, оти така не се бори за права.
    Ако сакаш да бидеш чуен и ако мислиш дека имаш да кажеш нешто што ќе ги натера другите да те сфатат сериозно и да размислат малку, облечи се ко човек и со убав, смислен говор, обрати се.
    А не да се шмизлам наоколу со пароли у стил "If God hates fags, then why are we so cute?"
    Тоа е чисто подбуцнување и ствара ненаклонетост исто и ко шмизлине кога ќе си пишат под слика „Најубава сум, љубоморне душе могу да ми пуше. Умрете кучки!“

    Еве гореспоменатите црнци. Па тие немале ни права ко луѓе, не пак да измислуваат криви дрини.
    И? Излегол Мартин Лутер Кинг надвор со гол газ, и се собрале други гологази црнци да играат традиционален танц, и така ги добиле правата за денеска да се гледани ко луѓе? Не.
    Ама! Иако сега имаат права, расизмот уште постои на долго и широко.
    Кој си мрази одредена група, дали било на национална, верска, расна, сексуална или било каква основа, ќе ја мрази бре, па и не знам какви права и закони да се донесат во полза на истата, омразата на дотичните само повеќе ќе се зголеми, ништо друго.
    Пак на улица ќе ги гледаат наопачки и ќе им префрлаат. Тоа не се искоренува со никаков закон.

    Ако јас сум навистина горда на нешто што сум, ма ич нема да ми треба признание од некој друг.
    Имам право да дишам, да јадам, да пијам, да одам кај сакам...е што? Склучување бракови, туф.
    Ако јас навистина сакам некого и сакам да живеам со него, никаков поп и матичар нема да ми се екстра гаранција дека тоа ќе трае.
    Впрочем, многу денешни заедници се такви, си живеат заедно луѓето без никакви церемонии, па никому ништо. Дури сигурно и има посреќни од некои кои се колнеле во вечна љубов, па се посрале.

    Нека си прават ЛГБТ што сакаат, само стварно е непотребно кинење живци.
    Оно јес да е потребно да кренеш глас за да бидеш чуен, ама глас, а не сукња од која виси мандалото.

    Ах, да, малку оф-топик и сори што се мешам, ама и ти, авторке, си премногу мала за цврсто да се сврстуваш во групава. Сфати го тоа ко фаза на експериментирање и спознавање себеси.
    Те читам низ темине и тоа самоповредување ово, оно личи само на дете во развој кое уште не знае што сака и не наоѓа правилни начини да се справи со проблемите кои само си ги наметнува.
    Во најкритични години си. Не се замарај многу со овие работи, може еден ден ќе се смееш. :)
     
    На Traveler$, VDT2906, RockNroLLGirL и 23 други им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Апсолутно ја поддржувам . Ако секојдневно било кој може да излезе на улица и да си ги бара своите права зошто и ЛГБТ популација да не го направи тоа ?
    Речиси секој ден некој протестира по скопските улици а останатите луѓе не го ни приметуваат тоа , а кога е во прашање нешто вакво сите одма се бунат .
    Хомосексуалците постојат , тоа е факт што треба да се прифати и немаат апсолутно никакви права во државава , напротив на секоја страна има омаловажување и потсмевање . Доколку се организира пристоен gay pride можеби ќе се подигне свеста кај луѓето и ќе добијат некакво право .
    Не , навистина не ми е јасно зашто луѓето ги хејтаат толку и најмногу ме нервира кога некој ќе каже дека не му сметаат а не ги поддржува и плука по нив .
     
    На ecka.da.wiz и LGBT им се допаѓа ова.
  7. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    @calliope срцка, не си во моја кожа, не си го почувствувала тоа што јас го чувствувам, и затоа не е твоја работа да зборуваш во туѓо име дали тоа е експериментирање, фаза или нешто друго. Јас тоа најдобро си го знам.
     
  8. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Не може да ја сфатам причината за овие паради... Биле дискриминирани... како??? Во Уставот да биле споменати.... зошто?

    Не може леб да си купат?Не може да влезат во дискотека? Немаат работа? НЕ!

    Во Уставот не се споменти ни хетеросексуалните двеојки не се споменати, ниту пак тие кои решиле да останат сами, да живеат во кохабитација или пак со повеќе партнери (знам дека последново е законски забрането, ама кога мислиме на сите, може и на ова група да помислиме). Ни една од овие категории не побарала да биде спомената во Уставот, ама ете ЛГБТ морале да се споменат, they are special.

    Не ми е јасно што е тенденцијава истото да се прави секоја година (3 пати по ред имаше абортусен обид да се прави „Парада на гордоста“ во Скопје и нормално се појавија 20-30 луѓе).

    Дали ова треба да значи дека секоја хетеросексуална двојка треба еднаш во годината да излезе и да прави парада на среќните спарени хетеросексуалци, или пак да имаме парада на сингл девојки и момчиња кои една година однапред ќе најават дека ќе се соберат на плоштад или на школка...

    Чуму потреба од јавно, помпезно претставување на сексуалната определба??? Дали ЛГБТ е нешто ко ексклузивен клуб, демек не се раѓаш со чувство кон одреден пол (или во поново време) кон предмет, или животно, објект, па мора да одиш на парада за ти дадат беџ и да можеш со нив жмурка да си играш и да те определат каде припаѓаш во множеството на сексуална (не) определеност.
    Дали да се биде дел од ЛГБТ значи дека мора да се рекламираш еднаш во годината за да не те заборават дека постоиш? Ништо не ми е јасно....

    На крајот на краиштата, ова е слободна земја, секој прави што сака, единствено морало да се најави во МВР ор самтинг. Што сакаат нека прават, нит ме интересира определба ниту маскенбал, се додека некој не го загрози мојот воздушен простор.
     
    На Traveler$ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    И која е целта на темава?
    На парадава нема да учествувам, и немам определено мислење за овие паради. Ни ги подржувам, ни ги критикувам. Недефинирано мислење имам.
    Нека има парада во МК, само да помине мирно и без инциденти.
     
    На LGBT и blueeparadise им се допаѓа ова.
  10. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Јас сум straight и ја поддржувам оваа парада. Не дискриминирам и не мразам никого. Секој има право да биде среќен во животот!!! :)
    Позз :)
     
    На lovely girl M, ecka.da.wiz и Aneta97 им се допаѓа ова.
  11. Aneta97

    Aneta97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    13
    Јас и тоа како ги подржувам сите од ЛГБТ сметам дека сите луге треба да им се суди подеднакво без разлика кого сакаат и како сакаат,тоа си е нивно право.Јас лично немам многу скоро ич немам геј пријатели но многу би сакала да имам такви пријатели затоа што ги подржувам и би ги подржала и на оваа парада доколку можам,но сепак за тоа има време.и сами знаете тие што сте подобро запознаени дека во србија неколку пати се откажала парадата и дури во 2010 се одржала и тоа дома ги носеле со полициски комбиња.Така да лично мноогу би сакала да се одржи да си се подржат меѓусебе и да ги подржуваат младите и тие што уште „живеат во лага“ . :emo:
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Јас тотално ги поддржувам.
    Ниту еднаш не сум прошетала во „нивните чевли“ за да можам да им судам. Едноставно, тоа е нешто што е посилно од нив и не можат да променат ништо со тоа што ги привлекуваат луѓе од истиот пол.
    Наталитет ќе се намали, ама за многу малку. Башка што веќе и така сме вишок на земјава.
    Меѓутоа факт е дека ваквите луѓе се чувствуваат дискриминирано и за жал сметам дека никогаш нема да ги уживаат тоталните права бидејќи секоја борба која се коси со законите на природата е тешка.
    Дајте малце кулирајте и не живејте во кутија.
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Ќе ја поддржам кога некој ќе ми објасни како ова:

    [​IMG]

    е „борба“ за еднакви права? Немам ништо против геј популација, ама многу повеќе почитувам луѓе кои си ги чуваат интимните претпочитања во спална. А нека ми се јави некој ако парадирање во латекс со залепени дилда по челото и слично е борење за некојаси еднаквост.

    Вистинските борци можат да докажат поента облечени како нормални луѓе.
     
    На Traveler$, Роберт 7, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. selma...selma

    selma...selma Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    22
    Немам ништо против сексуалната опеределност, ама такви маскенбал паради воопшто не ми се гледаат.
    Не сфаќам какви права бараат, да имаат право слободно да го изберат своето сексуално оперелување, ама тоа никој ниту им го оддрекуваа.
    А може ли ние хетеросексуалците, да организираме парада,која по се изгледа ќе ја наречеме парада на негордостта.
     
  15. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    видете вака за вакви паради во македонија кога ке ми дојде слика пред очи ми се стемнува уште толку. сама се изјаснив дека сум бисексуалка, и секако дека ги подржувам ЛГБТ луѓето, и за права да имаме повеќе(а не ке отидеш да бараш работа, пишуваш дека си лезбејка и оп не те примаат туку на твое место некој/а неписмен/а ке стават бидејки таа е стрејт -.-') сум за парада но.....мислам дека не би било добра идеа тоа да се прави во македонија како што се прави настрана. како прво веднаш слика во глава како од страна сите довикуваат секакви навредливи зборови, и не само што дофрлуваат туку и маваат со се што ке им дојде на рака, и жртви насекаде....;( затоа и кажав дека ми се стемнува, не за парадата нормално, туку за тие што ги мраазат ваквите луѓе
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Во право си, брависимо!
    Ете јас ќе си го земам внучето за рака и ќе одиме да ја гледаме парадата......
    - Еве внучко, вака треба да правиш кога ќе пораснеш за да бидеш модерен, современ, гледај и учи...-ете така ќе му речам!

    :tmi:
     
    На Traveler$, Adorabela, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски

    Koga go gledav filmov prv pat , sfativ zosto ne e vo red da se odrzuva gej parada . Ova e Balkan , ovde takvi raboti se neprifatlivi . Nemam nisto protiv gejovite , nivni zivot , nivni izbori , ali so ovie gej paradi del od naselenieto se provocira i doagja do zrtvi .. Za zal .
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.946
    Допаѓања:
    35.816
    Пол:
    Женски
    Уште ова фалеше. Добар пример ќе бидат за младинава.
     
    На Abeja, elimkd и carangigia им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.786
    Допаѓања:
    131.253
    Што има гордост и основа за гордеење оти имаш секс со некој?!

    Па и по улици шетање аууу имав секс. Одете работете, деца не се чуваат со шетање по улици со фалење дека си дупел нешто.

    Едит. Шо има па државата да плаќа нечие шетање по улици оти имале секс? Алоооо Павлееее
     
    На Traveler$, Роберт 7, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.