Воопшто не ми е гајле за тоа мила, туку ми е мака за односот. Отидов, издвоив пари, сакав да слушнам убави работи, а не главава уште по конфузна ми ја направи. На крсјот од денот, бремена жена да ти излезе плачејки од ординација е ужасно. Не знам дали да одам на втор скрининг повторно
Istoto iskustvo go imav i jas so celiot tim na Remedika, pak da ragam tamu ke odam,od sestra do doktor se e naj naj, skroz isto iskustvo imam i jas isto kako tebe.Taka da, Remedik i Kotlarova ne gi menam se dur ragam A so go nego gajle dali si debela ili slaba ,treba da gleda bebe kako e , kakov e toj neprofesionalen odnos ne mi e jasno plus vo klinika kade se plaka extra pari inza pregledi i za poragaj.Strasno! Po negovo znaci "debelite" ne smeat da ragat?! Odi si kaj Petrova barem zenata e profesionalka i mislam deka nikogas nema da i izlezat tie zborovi od nejzina usta.Fina,profesionlnani pred se dobar covek.
Нормално дека нема да идеш кај него на втор скрининг. Ако веќе одиш во Систина и не сакаш да ја смениш болницата имаш и други доктори од кои се презадоволни пациентите. Не знам кои пофалби си ги прочитала за него, јас единствено што имам прочитано е 'Не збори и не објаснува ама многу е добар'. Затоа не би ни отишла кај него. Тоа е периодот кога едвај го чекаш секој преглед, денови броиш, сакаш да го видиш бебето, да ти објаснат. Убаво ми текнува дека на еден скрининг докторката прстињата му ги броеше. Може е нормално ама за мене беше wow, колку посветено. Ова му е ноже, ова му е раче, вака е свртено, па пофалби види го како позира модел ќе биде, види го како се крие не сака да се слика итн. Може лигаво звучи ама сите го чекаме тој момент. Знаеме колку е тешко да се одвојат пари за преглед на приватно покрај сите други огромни трошоци за бебе ама пари се прават, здравјето е најважно. Никако нервирање и уживај си во бременоста. Треба да му е гајле за тежината ама доколку се качиле килограмите во бременост. Има многу поубави начини да се објасни зошто тежината смета, што да преземеш, како да се храниш, што да испиташ, на што да внимаваш. Ако доктор не ти објасни и не му е гајле, на кого да му е? Ова 'имаш многу сало' за срамота.
Da da bas toa imas mn salo e bas neprofesionalno od negova strana. Vo bremesnot da se kaci 20 30 40 kg pa da zbori ama ova vaka ne biva.jas znam eden ton polni zeni sto imat rodeno a znam i eden ton zeni slabi sto vo bremenost imat kaceno duri 40kg pa pak rodija.
Каков однос човече. Мислиш за без пари те прегедува. А и за без пари да е не е културен однос воопшто каков што доликува за доктор. Нормално дека сакаш да прашаш, не познавам некоја која би отишла на преглед само колку ради реда без да праша дали е се во ред. Битна работа е сепак, затоа и одиш на преглед. Многу доктори не сфаќаат дека освен знаењето и искуството кое го имаат дека исто толку битна е комуникацијата и љубезноста кон пациентот. Да се случило ова на државна болница ајде ќе речам такви се сите ама во приватно кај што плаќаш огромна сума на пари, очекувам ко кралица да бидам третирана а не “дебела со сало“.
Баш ми е жал што си имала такво лошо искуство и таков лош однос. Одиш и се молиш да ти кажат дека се' е добро, а добиваш непотребни коментари. И јас сум голема жена. Останав со 97 килограми бремена, а моментално сум 103. Имам среќа и што сум висока, ама голема сум си. Одам кај Владимир во Њу Борн и тој на секој преглед ми велеше голема си. Подоцна почна да вели, како да си ослабела, не си се воопшто здебелила и никогаш не е било проблем за да ме прегледа. Во почетокот ме гледаше вагинално, бидејќи и јас си имам доста сало на стомакот. Матичниот е тој обавезно, имаш доста сало па неможел убаво да види, па стрии сум имала. А ехо апаратот му е од праисторија. Ама исто како да не го слушам. Инаку јас бев во Ремедика кај Петрова и мене ме мачи тоа што јас сум 7ми месец, ама кога ќе седнам уште ми се дели стомакот кај папакот и не стои топчест. И тоа ме нервира и се мислам бебето го стискам. Ја прашав, а таа сакаше да ме утеши па вели не се секирај од масните наслаги ќе си се храни и бебе, ама вели и кај слабите така се дели кога ќе седнат. Ама знам дека не е така. Малку забегав и не е ни за тоа темата, ама ме погоди што така ти има кажано. Стварно нечовечно. Само да ни бидат добри бебушките, ништо друго не е важно. Ако ти е премисла, закажи си кај Петрова.
Девојки буквално плачејки излегов од болницата. Многу ми е тешко искрено. Сега се е во ред, барем така пишал во извештај, а не ми гарантира ништо?! Никој ништо неможе да ти гарантира ама кажи ми бе човек ова е ок бременост видливи органи, не се плаши од царски ние сме овде... Дрн мрн... Онака да те смири опушти
@S.o.F.i И моето искуство што го напишав горе накратко е кај Петрова. 12 години ми е гинеколог, сум била и кај други додека беше долго на боледување или на одмор, дали од навика ама не се ни приближно до неа. Еве сега последно бев кај Стомнароска и освен љубезен однос не добив ништо друго, никаков совет, никаква насока. А само заради тоа отидов.
И јас сум задоволна. До сега 3 пати бев и жената е баш фина. Онојпат имав грчеви болки и и пишав дали може да ме прими, искрено не очекував дека ќе ми врати. Ама ми пиша и истиот ден ме прими да ме види. И секогаш кога гледа на ехо ми објаснува, ми покажува. Кога ја прашав за стомакот, велам имам малку глупаво прашање. Таа рече нема глупави прашања, прашај што сакаш. Како и да е убав впечаток ми остави жената.
Да, достапна е на телефон дури и на одмор кога е. Исто и еднаш бебето го немав осетено да мрдне 2 дена и ми повиши тон што сум чекала, зашто ми било непријатно да се јавам, вика не мораш да чекаш време за преглед можеш да се јавиш и ако ти дошла желба да го видиш бебето, во првото слободно време ќе те примам. Ептен доверба имам во неа, ни приска не правев.
@ariel30 и јас од првата бременост имав ужасно искуство со Димчев. Бебето беше со аномалија во 12 недела, тој ја откри ама толку арогантен и незаинтересиран, како со предмет да зборуваше а не со трудница. Се ежам кога ќе се сетам како ми се понашаше. Уште еднаш не стапнав веќе таму, од тој преглед заминав дирекно Ремедика кај Котларова која ме прими без закажан термин, ме прегледа и убаво и смирено сѐ ми објасна, се одлучив за прекин на бременоста (иако она не инсистираше, но аномалијата беше стварно сериозна, додека пак на Димчев првите зборови кога ме виде на ехо беа “Ова не чини, треба да абортираш”) Следната бременост цела ја водев кај неа и она ме породи и сум презадоволна од неа и од целиот тим таму. Сум прошла повеќе доктори но никој не ми посветил внимание како неа. На пораѓај отидов со 89кг, 19кг поправена и никој ништо не ми искоментира, природно родив за 5 саати од прием во болница. Срам да му е за таквиот однос, тотално неетички.
@ariel30 Toplo ti ja preporavuvam doktorkata Kotlarova vo Remedika za pred sè da te smiri posle toa neubavo iskustvo so Dimchev od Sistina. Jas go imam najubavoto mozno iskustvo celi 9 meseci so doktorkata Kotlarova. Tolkava posvetenost za site pacienti, profesionalnost, ljubeznost navistina retko se naogja vo nashava drzava. Od celiot tim vo Remedika sum prezadovolna, najmnogu od doktorkata i ne bi gi menuvala. Nema da pogresish ako otidesh kaj nea. Po ova iskustvo kaj Dimchev jas na tvoe mesto ne bi odela pak ja nego, sramota za takviot odnos.
Леле мене нека ми каже така па ќе види убаво )) Јас мислам дека треба да пријавиш ова. Јас исто кога не бев задоволна од односот на еден доктор, се јавив имаат оддел за подршка на пациенти и ептен се фини. Им пишавме и маил на менаџерите главни! Тоа во приватна установа не се толерира! Да го пријавиш
Срамота! Ни на државно не се однесуваат вака. И кас бев дебела цела бременост, крупна ама и вишок кг имав па никој не кажа вакво нешто.
Незнам сега колку е, јас пред 10 месеци се породив ама мислам дека цената е од тогаш покачена. Нека ти пишат членки што се породени скоро. @sikica7 мислам беше сега скоро таму. Штом е се во ред, опушти се, он иако така ти се испонашал, во областа си е стручњак. Ако ептен па не си мирна оди си на уште еден скрининг, ма да немаш потреба. За гаранција никој не може ништо 100% да гарантира, баш и на извештаите од скрининзите тоа го пишува, но не е во ред што ти рекол така. Убаво ти пишале некои членки, да го пријавиш штом можело.
85 000 den plus 1400 den plativ brz Kovid test koj sto go pravat otkako ke te primat vo bolnica ,bez razlika sto imas PCR test plus.Sto znaci 86 400den bese vkupnata suma koja sto ja plativ.
Значи и брз тест вовеле на прием.. Pcr тестот коа бев јас се доплаќаше 3500 а основната сума беше 83.000 колку што се сеќавам. Јас плус доплатив неколку прегледи за бебето и за мене инјекција рогам (0- крвна група пошо сум) и што останав екстра 2 дена во болница, ме фати некаде плус 13.000 денари од основната сума. @anggell
Тоталка исто искуство Антони расположен, ама тоталка конфузен. Сестрите на нерви ми одеа. Толку ги фалев од неонатологија, сега беа крш. Не дека не го сакам бебе, ама сакав и малку да одморам, башка цело време во раце, раната ме болеше. Го спукав на крај со една. Се извинуваше 100 пати после за да не ја пријавам. Мм одма примети дека нешто се случило. 100 пати се извини. Многу мами. Крш беа пред 1 година сестрите, такви останале. Болничарките кафе ми правеа овој пат.