1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Now That You Mention It - Kristan Higgins

    Книгава ми го стопли срцето. Знаев дека ќе биде така.
    За разлика од другите нејзини книги оваа не е толку лесна, под тоа мислам дејствието не тече како песна, туку има и некои мрачни моменти. Има моменти од кои секоја жена се плаши, а главната хероина се соочува со нив. И навистина е хероина.
    Нора е доктор, живее и работи во Бостон, има момче исто доктор, колега. Еден ден ја удира комбе и ја носат во болницата каде што работат и тој мислејќи дека е таа во несвест флертува со стажантка. Одвратно нели?
    Овој настан ја тера Нора да размисли за својот живот, сфаќајки дека веќе некое време не е среќна со својот живот, не по Големиот Лош настан. Таа се враќа на своите корени, иако и тие не се најсјајни, но сака да поправи некои врски и од минатото.

    Вака раскажано не звучи како нешто посебно книгава, но ви ветувам дека е. Нора е карактер каков што одамна немам сретано, цврста жена, жена со силна волја и непоколеблива. Не дозволува никој повеќе да ја гази, едноставно е навистина посебна. Сестра и кажува две реченици лично во цела книга, но е страшно добар изграден карактер. Кристан Хигинс има некоја моќ толку блиску да ги донесе ликовите до читателот, навистина прираснуваат за срце. Пуштив и некоја солза на крајот, имаше некои работи кои ме изненадија, но сепак имаа смисла.
    Оваа е една од оние книги во кои главниот лик созрева, се пронаоѓа себеси, а и ние, во некој дел, заедно со него.
    Како и во секоја нејзина книга и во оваа не изостанува кучето. Секогаш најверен пријател на главните ликови. Бумеранг беше неодолив, донесе плус некоја емоција во приказната.

    Ако имате можност да ја прочитате не ја пропуштајте.
     
    На Касија, cresa-jagoda, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Secret Wife - Gill Paul

    Книгава... Па, не беше толку добра колку што очекував. Не беше лоша, ама не беше wow.

    Приказната на Кити се одвива во 2016 (од имево Кити малку ми се бљуцнува), приказната на нејзиниот прадедо, Димитри, почнува во Русија, 1914 година со падот на најбогатото кралско семејство Романови.

    Приказната на Кити беше такво клише, толку досадна и монотона што ми идеше да ја оставам книгата. Ништо не се случуваше, првата половина од книгата течеше премногу бавно. Со ликовите ми беше тешко да се поврзам, Кити ми беше крајно разочарувачки лик, не би да навлегувам во содржината, но немаше никаква супстанција, дури и епската љубов на главните ликови ми беше малку несварлива.

    Втората половина, дури накај 70 посто малку мрднаа работите, па беше поинтересно за читање и на целата приказна малку се даде подруг тек, па првата половина не изгледаше толку досадна.
    Русија беше одлично прикажана, падот на семејството Романови исто. Историската страна беше многу, многу појака, додека сегашноста не понуди апсолутно ништо. Дури на крај ми беше сквернавење како се обиде да ја прикаже авторката љубовта помеѓу Кити и маж и на исто ниво како таа на нејзиниот прадедо.

    Четиво со интересни елементи, но прилично слабо како целина. 3/5
     
    На Касија, cresa-jagoda, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Origin - Dan Brown

    [​IMG]
    Мојот омилен модерен писател се враќа со уште една книга. :inlove: Ах, колку долго помина од Инферно.
    Ја прочитав пред неколку недели, но се токмев да седнам и да ѝ напишам критика.

    Тематиката која ја обработува е right up my alley, можеби затоа и не можам да се одделам од Ден Браун, ја разработува религијата со еден многу уникатен, забавен и интересен пристап. Дали може да те доведе до existential crisis? Не, не е таков вид книга, сепак е трилер at its core, ама може да те замисли, што е добредојдено во секој добар трилер.

    Тоа е една многу интересна специфика на Ден Браун, која луѓето едноставно не можат да ја прифатат (како што сум забележала на goodreads). Сфаќам дека наслови како Origin, The Lost Symbol, The Da Vinci Code сугестираат некоја фантастична неоткриена вистина на крај, но сепак, денбрауновите книги првично се од забавен карактер, бестселери кои пополнуваат време и не се тип книги кои би предизвикале револуција или пресврт во општестовото, иако тоа би се очекувала од книга по име Origin. Затоа, познавајќи ја природата на Ден Браун, јас не ѝ пристапив на книгава со некое очекување дека ќе ја сфатам смислата на животот на крај, речиси бев сигурна дека не е нешто неслушнато досега, па само сакав да видам како тој тоа ќе го зачини. And oh boy, I was not disappointed. ^_^

    Содржината е позната, Ленгдон и *девојка* тргнуваат да откријат *некоја страшна вистина*, овојпат соработувајќи со *фанатикот*. Всушност, шаблонот е многу повеќе сличен со Инферно отколку со другите три, фанатикот е добар иако сите мислат дека е забеган. Ми се допаѓа овој концепт повеќе отколку другите.
    Веднаш ќе кажам дека оваа ми се допадна повеќе од Инферно, иако Инферно имаше понепредвидлив крај. Причината е тоа што, овојпат се проучува модерната уметност, а не ренесансната. Во изминатите книги, ја имаме онаа класична, comfort-zone уметност, која е апсолутен домен на Ленгдон, но сега и тој самиот се соочува со за него непозната територија и нема да лажам, навистина беше интересно да се гледа како (не) успева да се снајде.

    Што се однесува до Едмонд Кирш, мислев дека ќе се оди по шаблонот дека на почеток е „добар“, но потоа излегува некое страшно чудовиште со психички проблеми, па малку се мрштев на почеток кога атеизмот беше претставен во добро светло, бидејќи мислев дека понатаму ќе се побие тоа, како што се случи во Ангели и демони (донекаде). Би рекла дека овој е освежување, бидејќи човекот си беше прогресивен по природа, па одлично што даде малку glimpse во иднината, во футуристичките елементи, како на технологијата, така и на уметноста. Како што кажав, ново поле, и за Ленгдон, и за Ден Браун. I like it a lot. 8-|

    Морам да кажам дека презентацијата многу ми се допадна, и двата дела. :wasntme: Јас, како што кажав, го очекував баш овој тек на приказната, па уште кога видов дека има teasing на почеток, знаев дека вториот дел дури на крај ќе го добиеме, а и тоа не ми претставуваше некаков проблем, баш сакав така да се држам во неизвесност. Потоа, Ленгдон и џенцката трчаат ваму-таму, бегаат, се кријат, откриваат, типичен денбрауновски трилер, зачинет со неколку teasing дијалози за да нè копка кое ќе е откритието. :D Целиот плот со шпанската ројалност ми беше некако, што знам... :rofl: Се знаеше дека пополнува место на некој начин, но паметен потег на Ден Браун што го насочи фокусот натаму, тупнувајќи купишта ликови во кои можеме да се сомневаме комотно. :D

    Винстон веројатно ми е омилениот робот во историјата на фикцијата, ако не го сметаме C3PO. :D Пишувањето роботи верувам дека е вистински предизвик, бидејќи мораш да создадеш лик со personality, а сепак да остане машина без чувства. Мислам дека одлично се снајде со тоа, мене Винстон ми остави фантастичен впечаток, а така добро се вклопуваше во книгата и внесуваше комични елементи, што ја прави уште позабавна.

    Не сум разочарана воопшто, да си кажам right off the bat. Откритието на Кирш за настанокот на животот е сосема задоволително и генерално успеав да го погодам. Сфатив дека нема да биде конспираси тиори стајл, бидејќи ќе биде ту мач дури и за Ден Браун. Бидејќи Едмонд бил атеист, и останал атеист по откритието, сфатив дека успеал да ја докаже абиогинезата, а за начинот (ширење енергија), why the hell not, works for me... :rofl:

    Што се однесува за прашањето where are we going, бев пољубопитна. Кирш повеќе го рекламираше ова второво, па сфатив дека не може да е along the lines of нè снемува, стануваме храна за разградувачите и толку. Мислев дека открил некоја чудна форма на задгробен живот. Ама, се покажа дека не сум размислувала воопшто во точна насока, бидејќи откритието не беше за по смртта на една индивидуа, туку за дестинацијата на човештвото. Вака навраќајќи се, си викам, добро што ли си мислев, нормално дека ќе е за човештвото, dumbass. :D За жал (или за среќа), доцна ми текна на ова, инаку можеби и ќе ми паднеше на памет доминацијата на AI. Ми текна неколку страници пред „официјално“ да каже, ама сосема задоволително. На крај краева, веројатно и таму ќе завршиме, ако не нè погоди астероид дотогаш.

    Но знаев дека нема да остане само на овие откритија, туку мора да се има некој плот твист како во Инферно и бев во право! Мојот омилен дел, теоријата на Едмонд се потврди со тоа што се изигра пред негови очи (океј, не пред негови, бидејќи умре на пола пат, ама се сфаќаме...). Така поетично, технологијата успеа да го надмудри, а со тоа и уништи човештвото. Ах, Винстон... Го обожавам овој концепт, застрашувачки е, но го обожавам. Само, презентацијата заврши somewhat оптимистично, но вистинската, скриена вистина, тоа што роботот го уби човекот, остана непозната за јавноста. Значи, можеби се криела уште поголема закана отколку онаа што ја предвидел Едмонд. Всушност, не ја предвиде Едмонд, туку неговиот суперкомпјутер. Што ако овој лаже? :o Океј, предалеку отидов.

    Крајот беше фантастичен од моја перспектива, Ден Браун така поетично ја замота целата приказна и ѝ даде една многу интересна форма. Ја потврди поентата преку самата книга. Очајот на Ленгдон на крај беше прајслес. :D

    П.С. Многу ми се допадна како заврши плотот со Хулијан, Валдеспино и компанија. Мислам, такво губење време ќе беше ужасно лошо да не завршеше со gay love, помеѓу крал... и факинг свештеник. I love it. :inlove:
    [​IMG]
    Except... when it didn't. Oh well...

    П.П.С. Пренаселеност, AI, што е следно? Climate change? I ain't mad tho. :wasntme:

    Што се однесува до разочарувањето што го имаат типчињата на goodreads во однос на книгава, во однос на Ден Браун и неговите конспираси тиорис, what the hell did you expect?
    Сите знаеме дека човеков пишува по шаблон, веќе стопати виден и поминат, предвидлив, исто така знаеме дека го користи еквивалентот на кликбејт во литературата, со мистериозни наслови, cliffhangers and all...
    Мислам дека некој може да се разочара од книга на Ден Браун само ако очекува mindblowing откритие по секоја цена или ако ѝ пристапи премногу сериозно. Неговите книги пред сè се за разонода, а филозофските теми, религиските прашања и интересните светски проблеми за чешање на мозокот се само бонус. Затоа и го обожавам.

    10/10 would recommend. :D
     
    Последна измена: 7 јануари 2018
    На Florenсе, sweet-cherry, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    In a dark, dark wood-Ruth Ware
    [​IMG]
    Оценка 3/5
    Жарн: Драма, мистерија
    Нора се буди во болница после несреќа но не се сеќава што точно се случило на моминската забава на пријателката која ја нема видено 10 години, а одеднаш добива емаил да оди на нејзината забава. Но Нора не може да се сети како таа завршила во болница и што точно се случило со останатите гости на моминската забава.

    Приказната и замислата е добра, но многу непотребно развлекување на ситници, додека пак ликовите се тотално неизградени и штури. Низ дејството има многу дупки и нелогичности. Целата книга околу нешто што се случило пред 10 години.
    Нора ниту еднаш не ја прашува Клер зошто ја викнала на моминската иако не биле во контакт 10 години
    Споредните ликови се тотално споредни дури да не речам ептен без врска вклопени во целата приказна, како на пример Том, Мел и Нина.
     
    На Mishela, sweet-cherry, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Девојката без минато-Катрин Крофт
    Оценка 2/5
    Жарн: психолошки трилер

    Леа е девојка што живее осаменички и повлечен живот во мало безлично станче, нема дечко, нема пријатели поради тоа што смета дека не заслужува ништо убаво во животот поради нешто што го сторила пред 20 години. Но некој сака да и се одмазди и не ја остава на мир се додека не плати за минатото.

    Споредена е со Ејми ја нема и Девојката од возот, но далеко, далеку полоша е и од двете. Лично разочарана сум од наративот на книгата поради тоа што постојано се споменува од околу дека Леа направила нешто и цело време тоа па тоа, а нештото што го направила се открива дури во последните неколку страни од книгата каде се е пренатрупано во тие неколку страници. Буквално кулуминацијата на книгата е и крајот на истата.
     
    На Касија, sweet-cherry, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Lisa Unger-In the blood
    Оценка 5/5
    Жарн: психолошки трилер

    Книгата е WOW, просто сум ептен позитивно воодушевена, за промена од последното разочарување од писхолошки трилер. Е ова веќе е во правата смисла на зборот психо трилер.
    Лана има проблематично минато и решава да работи повремена работа како дадилка на дете кое исто така е проблематично и оди во училиште за такви деца, но ова не е проблем за Лана бидејќи детето ја потсетува на неа како мала. Но ништо не е така како што изгледа на прв поглед....Две интригирачки, твистед, мајндфак приказни. Препорачувам.
     
    На RainBow, macka91, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Whistling past the graveyard - Susan Crandall

    Книгава не ме разочара ни најмалку. Топла приказна за семејството, за мајчинската љубов која може да биде во многу форми... За бојата на кожата и невољите кои ги носи.

    Раскажана од страна на девет ипол годишно девојче, одамна не сум читала книга од детска гледна точка и ми беше право освежување. Иако на крајот ми се скрши срцето.
    Старла, темпераметно, интелигентно, полно со љубов девојче кое ми го освои срцето и мислите.

    4/5 само поради бавното движење на првата половина, но преубава книга и топло ја препорачувам доколку сакате да се запознаете со периодот во 1963, со сегрегацијата и што таа носи за белите и црните луѓе. И сето тоа прикажано од детската, невината и наивната гледна точка на малата Старла.
     
    На Касија, cresa-jagoda, piglet1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Детето со променет идентитет - Родна Јанчева


    Книга која случајно ја најдов на Македоника и електронски ја прочитав. Книга која ме привлече откако ја прочитав кратката содржина. Всушност ме привлече тоа што е пишувана според вистинит настан.

    Ви ја препорачувам на сите да ја прочитате.

    Книга која покажува како една девојка, студентка, која потекнува од село е бремена, а оставена од дечкото, мора да го роди и даде на посвојување детето, без да дознаат другите, со цел да не ја осудуваат нејзините родители, бидејќи такво нешто за нив е срам, сите што ги познаваат ќе ги исмејуваат и одбегнуваат. Нејзе би ја сметале за нечесна жена, а детето за копиле. Книгава ја покажува општествената суровост.

    Исто така од книгава дознав дека Македонија била првата држава од бившите Југословенски држави кои донела Закон за Целосно посвојување (посвоителите да можат да му го променат Името, Презимето и Местото на раѓање на детето кое го посвојуваат, со цел биолошката мајка да не може никогаш да го пронајде своето дете).

    Имаше моменти во книгава од кои дознав и за војната меѓу Србите и Хрватите, каков бил животот во тие моменти.

    Исто така, видов на што сѐ е спремен некој кој сака вистината за посвојувањето на детето да остане само меѓу брачните партнери, да не ја дознаат ниту нивните родители, ниту детето, ниту нивните пријатели.
    Но, колку и да сакаат да ја сокријат вистината, после 20 години испливува на површина. Војната е причина да избегаат, за да се спасат и себе си и „нивното“ дете и да дојдат во Македонија. Случајна средба меѓу двете семејства ќе создаде пријателство. А посвоеното дете, пред да ја дознае вистината се вљубува во една од двете полусестри. А вистинската мајка, има некое претчувство, некои сличности ја тераат да мисли дека детето на другото семејство е всушност нејзиното кое го оставила и ниту еднаш не го видела. Со цел да спречи да направат грешка братот и сестрата решава да оди и да ја дознае вистината и да ѝ ја раскаже ситуацијата во која се наоѓа на социјалната работничка.

    После толку многу години посвоеното дете го запознава и својот биолошки татко, кого судбината го казнила.

    Книгава ме преплави со емоции, видов колку ѝ е тешко на една мајка да се раздели од нејзиното чедо и да го остави засекогаш. Видов дека болката по детето може да направи новата бременост телото да не ѝ ја прифаќа и да мора да побара психолошка помош од стручно лице за да не го изгуби и тоа дете.

    Видов како некои родители можат да им го уништат животот на нивните деца:
    -Мајката на девојката кога дознава дека била бремена и го родила бебето, ја тера да потпише дека го остава детето и дека може да биде целосно посвоено, а она дека никогаш нема да го побара.
    -Таткото на нејзиниот дечко кој ја оставил бремена, бидејќи го натерал да замине во странство за да му помага на неговиот чичко во бизнисот и не му дозволил на својот син заедно со него да ги земе и својата девојка и неговото дете кое било во нејзината утроба.

    Ми се допадна што девојката и покрај тешката судбина, успева да најде животен сопатник, кој е образован и ја прифаќа таква каква што е и покрај тоа што му раскажа за нејзиниот случај. Но и покрај тоа што таа му кажа и една лага дека детето откако се родило, умрело, сепак после толку години кога тој ја дознава целата вистина, сепак останува со нејзе и продолжува да ѝ биде животна поддршка во секој момент.
     
    Последна измена: 15 јануари 2018
    На Касија, НаталиЛили, КикиМаус и 6 други им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.503
    Пол:
    Женски
    Илјада неверојатни сонца - Калед Хосеини

    Миријам е незаконска ќерка на богат бизнисмен, човек кој ја сака ќерка си, но се срами од нејзиното постоење. По самоубиството на нејзината мајка, татко и по наговор на неговите жени ја мажи за Рашид, чевлар и човек со убедувања дека мажот никогаш не смее да изгуби контрола врз жената.
    Лејла, која поради бруталноста на судбината ќе стане втората жена на Рашид, е девојкa која има зошто да ја проколнува војната. Војната и зеде се. Нејзиниот татко, интелектуалец кој ја охрабруваше Лејла во нејзиното образование, нејзината мајка, и човекот на нејзиниот живот - Тарик. Таа нема ништо освен Миријам.

    Волку потресна приказна одамна немам прочитано. Прекрасна книга, поучна, трогателна, а истовремено влева надеж. Маријам и Лејла се толку силни ликови што треба да бидат пример за сите нас. Препорачувам задолжително да ја прочитаат сите кои до сега не го направиле тоа
     
    На Касија, piglet1, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Against All Odds - Danielle Steel
    Оценка 2/5
    Жарн: романса, драма

    Кејт млада останала вдовица и е мајка на 4 деца. 2 сина и 2 ќерки. Сите деца се многу успешни во кариерата и во животот исто како и самата Кејт која има своја продаваница за облека.
    Во книгата е раскажан секојдневниот живот на децата нивниот успех во приватниот живот како и животот и работата на самата Кејт. Типична семејна драма, романска книга.
     
    На Касија и macka91 им се допаѓа ова.
  11. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    70.118
    Пол:
    Женски
    Woman In Black - Eileen Goudge

    Ако сакате книга и да се чувствувате како да гледате некоја шпанска серија тогаш земете ја книгава. Се работи за 3 жени и секоја од нив има своја приказна. Абигејл со нејзината мајка работи кај семејството Мериведер, но ќе бидат избркани од куќата поради кражба. После 25 години Лила Мериведер ќе остане практично на улица и quess what Абигејл ќе ја прими да работа како куќна помошничка во нејзината куќа. Трета жена Консепсион мислам дека влетала како падобранец во приказнава. Она беше ангел чуварот.

    Имам прочитано две книги од Еileen и двете ми се допаднаа, имаа интересна приказна. Ја зедов оваа надевајќи се дека ќе биде добра, како и другите кои ги имам прочитано, но разочарувањето беше големо. Како ја читав книгава се чувстував како да гледам некоја шпанска- турска серија. Толку голема книга, а толку напорна. Премногу пердвидливи работи имаше. Не ја препорачувам.
     
    На cresa-jagoda и violetblue им се допаѓа ова.
  12. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722
    А.Д.Милер - „Московска сага“

    Книга која мене многу ми беше интересна. И покрај тоа што 90% од коментарите по интернет што ги прочитав беа крајно негативни, дури читателите советуваат воопшто да не ја земате книгата во раце.
    Епа не знам, веројатно уште еднаш се потврдува тоа дека за вкусови не се разговара.
    Мене приказнава успеа да ми го задржи вниманието, ми овозможи да се осеќам како и јас да сум дел од сето тоа.
    Неверојатно добро е доловена Москва и магијата која ја има Русија. Начинот на живеење, изгледот на улиците, булеварите, зградите, плоштадите... Темпераментот на луѓето кои живеат таму... Волшебно.

    Откако ја завршив, се уште не можам да се вратам при себе. Не знам зошто... Веројатно, од проста причина што книгава успешно ме натерала да бидам дел од неа. Се чувствувам како да сум бил сведок на сето тоа кое таму е напишано. И, што е најинтересно, голема реткост е после читање на книга/гледање филм да сакам да знам ШТО ПОТОА?... Тоа мене сега ми се случува. Имам емоции во мене, ми се разбрануваа... Едноставно, сакам да ѝ залепам шлаканица на женската од приказната.

    Јас ја препорачувам.
     
    На SimplyElegant, cresa-jagoda, Тетка Биберче и 2 други им се допаѓа ова.
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.503
    Пол:
    Женски
    Девојчето на гребенот - Лусинда Рајли

    Погодена од неодамнешната загуба, Гронија се враќа во Ирска. И токму тука на ивицата на гребенот, за прв пат ја сретнува Аурора, девојче кое ќе и го промени животот од корен. Аурора мистериозно ја привлекува, а Гронија открива дека историјата на нивните семејства е необично и мошне испреплетена.
    Од горка романса во воениот Лондон до една сложена и тешка врска во современиот Њујрок, од верноста кон пронајденото дете, до заборавените спомени на изгубеното минато и сегашност. Конечно, Аурора, со својата интуиција ги отклучува ланците на минатото.

    Оваа книга ме поведе низ минатото, човечноста и несебичната љубов. Оваа приказна потврдува дека само безусловната љубов може да ги надмине сите животни препреки. Топло ви ја препорачувам на сите коишто не сте ја прочитале.
     
    На Aschenputtel, macka91 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Последно ја читав "Сведок на обвинението" од Агата Кристи-прекрасна збирка на раскази кои започнуваат со заплет кои само Агата може да го реши на фасцинантен начин,книгата се чита експресно брзо.....
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Славејот - Кристин Хана

    [​IMG]

    Дејството се случува за време на втората светска војна, Виен и Изабел се две сестри кои живеат во мало француско селце.
    Изабел е оставена сама на себе си каде што поради нејзината бунтовност често е бркана од разните училишта што ги посетува, секогаш кога се враќа дома се надева дека нејзиниот татко ќе ја прифати и засака, таа никогаш нема свој дом и копнее до последен здив за да го слушне зборот "те сакам". Таа е храбра и бунтовна девојка која што силно се вљубува во Гејтон , мистериозниот партизан. Таа се приклучува кон тајни ослободувачки групи и не е свесна за последиците и опасностите што ги носат истите. Со пренесувањето на паднатите пилоти преку Пиринеите, таа станува Славејот.

    Виен е среќно заљубена во својот маж Антоан, и покрај многуте несреќи што им ги носи животот. Нивната ќеркичка Софи е пример колку едено малечко срце може да е борбено и силно, на само 12 години.
    Нејзиниот сакан Антоан за жал заминува војник во војната. Виан е преплашена, слаба и кршлива.
    Со нетрпиение го очекува да се врати. Но и покрај големата љубов кон него, сепак таа живее со една голема тајна која што одлучува тој никогаш да не ја дознае.

    Ова е книга која што не учи на суровоста што ни ја нуди животот, да се научиме да бидеме издржливи и покрај сите предизвици и ризици, да не се предаваме и да бидеме борбени тогаш кога ни е најтешко. И најважано од се, да ја признаваме љубовта навремено зошто ниту еден изгубен живот не може да го надополни она што веќе одмана е изгубено.
    Раните зараснуваат. Љубовта трае, а ние остануваме.


    Од мене, 10\10. Со задоволство ја препорачувам.
     
    На vanna, anichka94, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  16. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Девојката која трчаше со волците, Шерил Стрејд..
    На моменти мислев дека писателката се зафракава со читателот..досадна книга,ништо посебно. Како идеја, како замисла ми се допаѓа ама сето тоа можело да се напише мноогу поубаво, ова ми е пишувано како ради реда.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]

    Кога сакаш некого- Кристин Хана
    [​IMG]
    Жарн: семејна драма
    Оценка 4/5

    Во книгата се испреплетени приказните на една жена која страда затоа што нема деца и на една девојче на кое му фали мајчинска љубов. Најпрво Енџи ќе и помогне на седумнаесет годишната Лорен со мали нешта за да потоа ептен се поврзат. поради сплет на околностите во кој ке се најде Лорен. Книгата е полна со емоции со кои не може а да не сочуствува читателот. Иако крајот беше очигледен сепак е добра емотивна драма во стилот на Хана како и останатите книги.
     
    На Mishela, barby, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Ладнокрвни убиства - Лук Дилејни
    жанр - Трилер
    Оценка 4/5
    Во Лондон се случуваат убиства кои ништо не ги поврзува, освен тоа што нема никакви форензички докази и што се исклучително насилни (overkilling).
    Детективот Шон Кориган го води случајот но тој има моќ да влезе во главата на убиецот и да сфати како тоа го направил бидејќи како мал бил злоставуван од неговиот татко, па така поврзува дека убиствата се извршени од еден човек. Убиецот нема мотив, не е ментално оболен па која е причината поради која убива? Која е веројатноста да се најдат две личности со животински мирис и нагон за убивање во ист град на исто место и дали еден од нив е убиецот?
    Интересна книга, ти го задржува вниманието, крајот малку ме изненади ама некако очекував нешто да се случи во последен момент. Убаво запазени деталите во опишувањето исто како да гледаш филм, само ми недостигаше подобар опис на главните ликови - надворешен.
     
    На macka91 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Пале 345

    Пале 345 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2017
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    5.369
    Пол:
    Женски
    Препорачувам ``Никаде без ќерка ми``. Одлична. Се работи за Американка мажена со муслиман-Иранец. Прво живеат во Америка, после заминуваат во посета на неговата фамилија во Техеран, каде тој поради преголемото влијание на неговата фамилија и нивните застарени културни вредности не и дозволува на жената и ќерка им да се вратат во Америка. Книга за бескрајната мајчинска љубов и пожртвуваност. Не може да се опише со зборови. Има и филм, работено е според вистинска приказна Not without my daughter (според мене прилично скратен, сепак книга си е книга). 10/10
     
    На firequeenn, Summerlove@2016, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Сомнително лице - Бранислав Нушиќ

    Не е последна, но сакам да прочитам уште неколку драми од Молиер пред да ги коментирам, па затоа оваа.

    It was... bad. Почнав да ја читам бидејќи наводно има слична тематика како Тартиф, т.е. повторно манипулација, ама овојпат манипулираните самите себе се манипулираат.
    Ми беше чудно балкански писател да има некоја стварно добра драма (секако не очекував левел Молиер, ама барем малку да имаше што знам... автеничност и својственост). Оваа драма само ќе биде причина долго време да не фатам нешто напишано на овие простори, бидејќи иу.

    На професрот му реков дека не ми се верува што луѓето се преправаат дека им се допаѓаат овие, а тој рече дека обично фановите на вакви работи не се преправаат. :D
    Како и да е, беше измачување да се чита, ужасно стереотипни ликови, неинтересни, одвратни, потоа онаа балканска „култура“ што се провлекуваше низ целата драма и која премногу ме потсетуваше на реалноста за да можам фино да се изнасмеам, но за крај... fucking fart jokes.

    Океј, немаше вистински fart jokes, ама под тоа подразбирам сè што е од ист ранг на смеење како farts, а тоа се клоци в газ, нарекување некој лик педер, дерење, пцуење, паѓање, тепање... Комедија левел Сам дома, Dumb and dumber и слични балалајки за мали деца. (Додуша и малите деца имаат повисоки стандарди сега, со поучни филмови како Моана и сл.)

    А и крајот беше стварно глупичок онака, со оглед на тоа што знаев дека со таа реплика ќе заврши уште кога се појави самиот лик. :D

    Кога ќе ми текне дека името на драмава се спомнуваше како врв на Охридски театар... (од чија изведба патем видов дел на јутјуб и доволно е да кажам дека е повеќекратно полошо и од книгата)

    1/5
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.