За скоро секоја проблематика со која се соочуваме има соодветна тема во соодветна категорија каде што можеме да искажеме став, побараме и дадеме совет. Но сакав да отворам поширока тема затоа што сметам дека не сме доволно информирани околу нашите права, па дури и да сме не можеме да читаме и да толкуваме закони за секоја ситуација. Сакам темава да биде со насоки и чекори како да се справуваме во ситуации кога ќе настанат, мислам како разумно да решиме проблем, каде да се обратиме, што да преземеме. Има многу работи ама еве неколку: 1.Кога има семејно насилство или еве жена е жртва на насилство освен викање полиција што друго треба да преземе ? Како да се избори за да биде безбедна ? 2. Булинг во училишта (најчесто девојчињата се жртви) поминува неказнето со посета кај педагог и психолог, па потоа пак продолжува истото. Сигурно чекорот што треба да го преземеме не е да го преместиме детето во друго училиште ? 3.Жените кога се силувани ретко пријавуваат и тераат процедура затоа што знаат дека нема да постигнат многу. Најчесто не постигнуваат затоа што доцна пријавиле па нема докази. 4. Жени додека се на породилно отсуство се отпуштаат од работа иако во некои случаи не смее да е така. Не го знам точно како е законот. Што можат да направат? Или за потоа што не им се продолжуваат договори и сл. Значи многу пати се прашува и тука и на други места ама секаде различен одговор, вака е така е. Како е навистина ? 5.Читав во темата а имам и свое искуство за хоророт во родилишта каде со жени се однесуваат како да се животни. Што може да преземеме околу тоа ? Еве на родилка и извадија и органи, по медиуми ја имаше, тоа доби ли разрешница ? Дона девојчето прозборе за нејзината голгота ама дали може на некој начин да имаме докази ? Да тужиме или било како. 6.Нелегални абортуси. Зошто се прават ? Кој сноси одговорност за недај боже фаталните последици ? 7. Прегледите во бременоста кај матичниот гинеколог треба да се БЕСПЛАТНИ, ама повеќето плаќаат, и јас плаќав. Што правиме со тоа ? Прекршено ни е даденото право. 8. Во болница после породување ти бараат мито ? Пази немало да те сошијат или ќе те оставеле да умреш ако не се искешираат еврата. Како да го докажеме тоа? Дали обична снимка од телефон може да послужи како доказ или ? 9. Во фирма за обезбедување не ме примија на работа само затоа што сум жена. Имале неколку жени вработено и за жал не можеле да ги отпуштат, не им требале уште жени. А нели еднакви права за вработубање имавме со мажите ? 10. При развод кои се правата на жените ? Не само за старателство и имот, општо се што следува. Можеби добредојдена ќе биде помош од правници за да знаеме однапред што би можело да преземеме. Не да се цитира закони и одредби туку конкретно да се кажат опциите кои ги имаме. Не мора само правници, може и од лично искуство како поминало, на кој начин требало да се тера процедура. Потоа мислев со помош на темава да направиме иницијатива за да се информираат сите жени за нивните опции како да се справат со таквите работи. Мислев да споделиме се што знаеме, тоа да бидат се потврдени информации и некако се да склопиме на крај и сето тоа убаво споено да го има на сајтот на фемина, да се рашири низ портали. Слободно додадете и други точки, мене само овие ми текнаа.