Здраво девојки, јас сум 5-та недела бремена и немам никакви мачнини, ниту ме болат градите, ништо...на почетокот од 4 недела некаде имав грчеви, но сега веќе немам. Како ви беше вам?
Луси, мене само ме пецкааат градите и на моменти имам грчеви во долниот дел на стомакот... но траат многу кратко, по секунда... Мислам дека ни е рано за симптоми, јас во сабота влегувам во шеста недела Сеуште не сум била на гинеколог, во вторник закажав и многу сум нестрплива, сакам да видам точкичка и да видам дека се е во ред Ти беше на преглед? Имам уште едно прашање, тие што сте на почеток, дали сте правеле проверка на крв, јас денес правев и се е одлично, и седиментација ми е 2 (некаде прочитав дека треба да биде покачена во бременост
Јас сум 12та недела...и досега воопшто не ме болеле градите ниту ги осекам потечени...од 7-8ма недела па наваму константно си повракам наутро, ама после во текот на денот немам поголеми мачнини...мене проблем ми е што постојано нешто ме боли стомакот и единствено тоа ме нервира ( ми дадоа магнезиум да пијам за тоа). Инаку, нешто што дефинитивно е изразено кај мене е поспаноста, на работа едвај додржувам 8 саати, мн ми се спие и брзо се уморувам... Но на крај ке потенцирам - секоја бременост е индивидуална, и воопшто да не се грижиш што немаш некои посебни мачнини или нешто што те асоцира на бременост. Другарка ми цела бременост ја помина без баш никакви од моиве "проблеми" и верувај и беше мн полесно така да - уживај и пливај
Здраво девојки и од мене, Јас на почетокот, пред тестот и првите неколку недели од бременоста немав скоро ниеден симпром на рана бременост освен што многу ми се спиеше, неможев да се освестам и брадавиците ми беа осетливи на допир првите недели, после и тој симптом го снема. Ова со спиењево изгледа ке тера до 9-ти Уште малку ке влезам во 5-ти месец и дури сега ми се појавија раните симптоми, како гадење, повраќање, ми сметаат јаки мириси..... значи нема правила Ке заборавев за малку, Луси браво за темата, во првото тромесечие обично трудниците имаат најмногу прашања и ова е супер место да добијат дел од одговорите. Поздрав до сите и имајте убав ден!
Здраво и од мене, Моите сиптоми почнаа неколку дена пред да треба да добијам. Наместо да се подујам како балон, јас слабеев и ми падна ептен чудно. Градите ме болеа повеќе од вообичаено и имав и сеуште имам поизразени вени (порано пред добивање или воопшто не ме болеле или пак ме болеле почнувајќи во периодот една недела пред да добијам и за два три дена пред да добијам ќе ми ги снема болките). Стомакот ме заболуваше слично како пред да добијам, како некое пецкање, а не силна болка. Гадење досега не сум имала некое посебно, освен кога ќе помирисам кобасици или плескавици Мислам дека ако добро си ги имаш анализирано симптомите пред добивање, многу лесно може да се направи разлика со тие на бременост (барем во мојот случај беше така)... Ви посакувам лесна бременост
А зошто не одиш на гинеколог? јас одма после тестот отидов. Тестот го направив во саботата, а кај матичниот отидов во понеделникот не можев да дочекам и беше само една точка. Денес бев пак за да видиме дали и како ќе се развива и беше како зрнце. Многу брзо растат бебенцава наши . На 14ти ќе одам пак за да видиме срцева реакција. Ми даде да ставам утрогестан, 2х на ден, сабајле и навечер, пијам фолна и аспирин од 100мг.
Девојки јас сум 6-та недела и неколку дена,од симптоми пред да го направам тестот ми беа исти како во пмс,градите отечени како балони-болни мн,болки во долниот дел на стомакот исто како пред да добијам.Само што имав плус главоболки и поспаност и тоа секојдвевно.Е сега градите ми останаа потечени и болни,болки во долниот дел на стомакот имам повремено ама ми рекоа дека било нормално се ширела матката,главоболките исчезнаа ама поспаноста никако,да можам ќе спијам 24/7.хехехе За срцева реакција и јас сум крај 14-ти.Позз од нас мешиња па се читаме со нови информации ....и ќе заборавев сетилото за мирис ми е мн изострено сите мириси ги чуствувам и мн и смета.
Насабајле ми доаѓа некое чувство како кнедла во грло. Не сум загрижена како претходно што ќе се случува и секој ден да се замарам со луѓе околку мене, да се стресувам на секое подвикнување. Најбитна е фолната киселина и железото да го средам. Спанаќ во комбинција со јогурт е најубаво, но калциумот очигледно ми смета. За вредности од 9,30-30 мене ми е 3,5. Дајте некој совет за железото. Од тотхема ми се гади а за спиење, не сум наспиена ако не спикам 12 саати
За железото верувај најдобар лек е рецептот со семе од коприва, го има во сите аптеки, измешај го со тегла мед и земај секој ден по 2 лажици. Некои ставаат и сок од лимон, јас така го јадев и многу ми беше убаво, не е гадно воопшто, мене ми доаѓаше како десерт и многу ми помогна. Пиев и шелезо во таблети и сега ми е супер крвта
И кај мене симптомите започнаа отприлика една недела пред датумот за циклус. Немав зголемен апетит, ама се осеќав преморено и исцрпено. Многу ме фаќаше криза за спиење, еднаш на сред состанок се изгубив, ко некој да ми угаси светло потонав во темница и имам дупка во сеќавањето од тие 30-тина секунди Ова ми се случи 2 пати во текот на таа недела пред терминот. И многу брзо почнав да се заморувам. Никаков друг симптом немав. Откако дознав дека сум бремена, па се до денес, немам буквално никакви симптоми, не ми се лоши, не ме болат градите, не сум веќе толку поспана (за среќа ). Ова е сега за сега, значи освен тоа што ми расте стомакот немам моментално никаков симптом на бременост
Лелееее green.eyes ме изнасмеа со ова за состанокот, и мене ми се има случено слично нешто на состанок кога уште никој не знаеше на работа, па после им кажав на најблиските колеги, барем да не ми замераат
Немаше порано термин, а и докторот ми рече поубаво ќе се гледа тогаш, едвај чекам Што се пие на почеток, треба некакви витамини да пијам? Засега пијам само тифол, ништо друго... Ќе ми каже гинекологот во вторник но да знам да не треба уште нешто? Немам кафеав исцедок се си е чисто засега
Мене докторката ми рече дека во првите 3 месеци е доволна само фолна и б комплекс 2х на ден, а од второ тромесечие се пијат комплексите од витамини, минерали, во нив има и фолна(така да не треба дополнително да се пие), железо, омега 3 и др.
Rusi, тогаш ни јас не знаев, не беше ни терминот дојден за добивање. Се исплашив во моментот, мислев дека со крвта нешто имам проблеми Спанка сум, и осеќам поспаност на пример често, ама вакво нешто ми се немаше случено никогаш, да не можам да се контролирам до тој степен да се изгубам буквално. Неколку дена после тоа се повтори, за среќа тогаш дома бев и на сред муабет со дечко ми се изгубив, само му реков „извини, ќе ме нема 15 минути“ Како доаѓаше терминот за добивање, се поуморна бев и не можев да се соземам од спиење, и тоа ме натера да направам тест толку рано.
леле бре аман луѓе шо бременост ќе беше ова моето, уште сум 6ипол недели а неможам ни да пиам ни да јадам салам..се мислам како понатаму без витамини да внесувам... а погледнам храна одма ми се надига, ми се гади...до сега не сум повракала ама еве никако апетит..мачам душа по малку да апнувам ама не е доволно....некој совет нешто ?? инаку бевме на гинеколог, срценцето почнало да си чука контрола за 4ри недели
Јас исто како тебе бев, можев само цедел лимон и цеден портокал да пијам на сабајле. Пиев и јогурт, во моментот ме освежуваше, а после ме тераше на повраќање. Се мачев само ама ниту еднаш не повратив. Не знам што да ти кажам, почекај да поминат првите три месеци, после треба да е подобро.
Извинете што пишувам во две теми но ако имате искуство споделете: пред 36 минути Девојки од премногу читање на интернет се преплашив ве молам ако знае некоја нека ми каже... Седиментацијата ми е 2, а сум петта недела??? Секаде прочитав дека бремени жени имаат вредност од 4 нагоре? Има ли место за паника?
Јас пред терминот не ја регистрирав поспаноста како термин, можеби затоа што се помиривме дека нема да има бебе, ама после тестот стана се поизразена. Значи дефинитивно тоа е еден од оние најсигурни симптоми, меѓу првите, што важат без исклучок за секоја трудница.
Поздрав и јас сум трудница во првото тромесечие веке влегов во 10 недела ајде да споделиме еден проблем мој како стоите во вагиналниот исцедок народски кажано бело прање јас имам не знам како да би описам добро сега ставам и утрогестан вагиналетки за подрска на бременоста ама ова е веке не издржливо од вчера почнав да ставам влошки ми се здосади да смао на тел висат мои гаки и само гаки да перам дневно мењам 5 пара и повеке зависки како почнав да се мијам со камилица па ке видиме сите викаат нормално било само сакам да знам дали се користи нешто против тоа вагиналети се забранети до 12недела па затоа некој друг совет..