1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Јас порано
    не ја разбирав
    тежината на зборовите.
    Безгрижно ги пуштав
    да лебдат во воздухот,
    не мислејќи кому и како
    ќе му слетаат.
    Кога ми ги вратија
    моите тешки зборови
    ветви од летови,
    ми олесна.


    ************

    Понекогаш се сместуваме во неудобна фетусна положба, само за да нè собере во нечија запирка.

    ************

    Со свој свет дојдов во светов,
    тој ми даде име,
    му ги учев боите,
    броевите,
    војните му ги учев,
    улиците, планините...

    Со свој свет дојдов во светов.
    Тој не посака да земе ни капка од него.

    Со свој свет дојдов во светов.
    Секој ден по една негова река пресушува.

    ************

    Те заборавав долго
    со тој тврдоглав,
    горчлив вкус под јазикот...
    Те разложив на три состојки:
    Тело, Суштина, Омраза...
    Првата ја пуштив лесно:
    и други имаат исти очи...
    и други имаат такви раце...
    Суштина, поглед и допир;
    Си реков, ќе имам и тоа,
    кога честичките на воздухот
    ќе ги земат отровните игли
    забодени во мојата душа,
    кога ќе ми донесат нова крв,
    глас за телефонските говорници
    во кои молчејќи
    водам љубов со странци
    без имиња и лица...
    Омразата дојде кога по светов
    го пуштив и она малку од љубовта
    што преостана за тебе.
    Со неа се нахранија
    гладните во Африка,
    бездомните најдоа нови домови,
    оставените – нови љубови...
    Со неа се помирија лутите
    непријатели на сите револуции.
    И она малку од љубовта
    беше доволно
    да нема веќе несреќни.

    **************

    Ти подавам шолја кафе,
    и со една голтка чекам да
    ме поделиш на талог и пареа:
    час долу, во твоите желби,
    час горе, во твоите соништа.
    Палиш цигара и ме гониш
    од сите свои присуства.
    Бесрамно ги кинеш
    парталите од мојот живот и
    ме газиш како обично догорче.
    Притисни силно,
    не оставај ми пламен
    да голтнам цели градови по тебе.

    Јосип Коцев ака Quentin Scribbler :bow:

    @BoaVista алал да ти е и фала што го спомна во темана за јавни фаци (тука пишав пошто морам и убавиниве да ги споделам :D) :l:
    Знам што ќе читам наредниов период на фејсбук :inlove: Па и кога ќе дојде време за подновување со книги ќе му ја побарам книгата, ме воодушеви ептен! :bow:
     
    Последна измена: 28 февруари 2017
    На Tanjamm, shekerna, Згодно Момче и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.306
    Пол:
    Женски
    "Being mentally ill & suicidal at a young age (before 18 ) is strange; you grow up with this idea that one day you’ll finally snap, turn off, & be brave enough to kill yourself, so you don’t really plan for the future. Adulthood—further life—isn’t for you, nor do you feel included within the future of it. It isn’t part of your life plan.

    And then before you know it, you’re 18 and you’re an adult but you never thought you’d get this far and—sure—it’s great that you’re still alive you guess, but you also feel so alone & lost in a world you never expected or planned to be a part of."
    —baku
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Оти дете е дете... и чоек е чоек
    Порано машко дете ко ќе се родело
    Тапани до зори биеле и куќите од гости крцкале
    Та наречници се ределе
    Која поубави думи да кажи
    Оти јунак на светов дошол
    Тој
    Што името татково ќе го продолжи
    И куќата празна не ќе ја остави
    На старост за мајка си и татка си ќе се грижи
    И пак домот со дечиња ќе го наполни
    Порано
    Ама не толку одамна
    Женско дете ко ќе се родело в куќи
    Како болест да ги навјасала сите
    И молк
    Мува да помини, зуењето да и’ се слушни
    Оти женското дете од домот ќе летни
    И нечие туѓо презиме ќе носи
    И ниту мајка, ниту татко ќе гледа
    Та веселби не се праеле
    Дури и некојпат комшиите се прекрстувале
    За да не ги снајди клетвата ко кај оној од карши
    Кој три пати по ред чупиња изгледал
    А кај мене пак во фамилија
    Ете само женски се раѓаат
    Јас
    Една на мајка и татко
    И ќерка и син
    А и од мене чупенце излезе
    Та да ми е да си поживеам подолго
    И да видам дал и ќерка ми
    Со ќерка благословена ќе е
    Оти ете
    Кај мене женското од Господ е дар
    И знам некојпат на шега татко ми да го чепнам
    Дали наместо Ана, Андреј сакаше да бидам
    За да можи и тој во гради да се тупни гордо
    И со синот наоколу да се фали
    А татко ми пак
    Само малку ќе се поднасмее, сосем малку
    (Оти троа отпоќе сериозен е
    Или мајка ми шо би рекла “табиетлија си е чоекот”
    Та ко ми е лута вели оти семката прилепска ми е)
    И само ќе ме праша
    Во што сум од маж поинаква
    Освен шо на чупе личам
    И некојпат инает ко жена во ПМС терам
    И ко ќе помислам поубо
    И навистина некоја разлика нема
    Освен во умот на луѓето
    Ама па тој да го смениш не можиш
    И не џабе се рекло дете ко ќе се роди
    Само живо и здраво да е
    Да биди к’сметлија во животот
    И многу мака да не види
    Да му е патот широк и рамен
    Со по некое камче ваму-таму
    За малку да се препнува
    Колку да не заборави оти не е се’ мед и млеко
    Та машко или женско било
    Чесно и арно да биди
    Образот сиот живот бел да му свети
    И устата да не си ја погани
    Оти секоја лоша мисла умот го труе
    И секое лошо дело со лошо се враќа
    И за машко
    И за женско
    Оти дете е дете
    И чоек е чоек


    — Ана Бунтеска :bow: :clap:
     
    На Д.Чобанова, friendy, Згодно Момче и 2 други им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Alone with everybody

    the flesh covers the bone
    and they put a mind
    in there and
    sometimes a soul,
    and the women break
    vases against the walls
    and the men drink too
    much
    and nobody finds the
    one
    but keep
    looking
    crawling in and out
    of beds.
    flesh covers
    the bone and the
    flesh searches
    for more than
    flesh.

    there's no chance
    at all:
    we are all trapped
    by a singular
    fate.

    nobody ever finds
    the one.

    the city dumps fill
    the junkyards fill
    the madhouses fill
    the hospitals fill
    the graveyards fill

    nothing else
    fills.

    *

    The night I was going to die

    the night I was going to die
    I was sweating on the bed
    and I could hear the crickets
    and there was a cat fight outside
    and I could feel my soul dropping down through the
    mattress
    and just before it hit the floor I jumped up
    I was almost too weak to walk
    but I walked around and turned on all the lights
    and then I went back to bed
    and dropped it down again and
    I was up
    turning on all the lights
    I had a 7-year-old daughter
    and I felt sure she wouldn't want me dead
    otherwise it wouldn't have
    mattered
    but all that night
    nobody phoned
    nobody came by with a beer
    my girlfriend didn't phone
    all I could hear were the crickets and it was
    hot
    and I kept working at it
    getting up and down
    until the first of the sun came through the window
    through the bushes
    and then I got on the bed
    and the soul stayed
    inside at last and
    I slept.
    now people come by
    beating on the doors and windows
    the phone rings
    the phone rings again and again
    I get great letters in the mail
    hate letters and love letters.
    everything is the same again.

    - Charles Bukowski
     
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
  6. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    Кој ли те пиле со љубов и нељубов храни? - Ана Бунтеска



    Кој ли те толку среќно несреќна прави
    Та очите ти светат ко ѕвезди во нив да збираш
    А под нив темни кругови ко небо во квечерина
    Кој ли те пиле со љубов и нељубов храни
    Та од една страна душата ти пее ко биљбиљ
    А од друга страна молк ти се всадил во срцето
    Кој ли те пои со нектар и отров од иста чаша
    Та со секоја голтка или расцветуваш
    Или околу усните побелуваш
    Пиле
    Кој умот ти го мати
    И мирно да спиеш не ти дава
    Та личиш ко со чекорот две педи над земја да си
    Ама никако да летниш
    Ко синџири од тага удолу да те влечат
    Како во жива песок да си
    И колку повеќе преташ
    Толку побрзо тонеш
    Чупе убо
    Кој ли те така совршено унесреќува
    Та ниту за да останиш до него си
    Ама ниту ти се дава да заминиш
    И се смееш со тага во очите
    Разговараш со молк во душата
    Пееш со пелин во грлото
    Ах бе душо
    Оттаму кај шо си кинисала тешко назад се враќа
    Таму луѓето ко свеќи се топат
    Снагата им се тенчи
    А пусто убај се!
    Еве чудо да видиш
    Се’ поубај и поубај стануваат
    Ко сопствената одлука да се уништат
    Некоја убост им дава
    И како да ти речам оти таму сум била
    И дека ништо арно не сум видела
    Дека патот за назад е потежок од оној за таму
    И дека не
    Не се останува некаде оти си вљубена во љубовта
    И не
    Не се останува со чоек шо не знај како да те љуби
    Оти налет љубовта ако не знај како
    Ами секој од нас ист не е
    Ако не знај како да те љуби за убо да ти е
    За умот и срцето мирни да ти се
    Бегај пиле
    Оти таму сум била
    И освен црни сенки кои од срцето ти грабаат, друго нема
    Крени ја глата угоре
    Симни ја тагата удолу
    Пушти му ја раката
    Оти твојата за во неговата не е
    И замини
    Дур можиш
    Дур уште се крепиш
    Подалеку од чоек кој наместо неесовршено да те сака
    Совршено несреќна ќе те прави
    Пиле мое
    Кој ли те само љуби така што бол ти носи
    А ти ко млада вдојца со поглед кроток
    Вечераш од болката без збор да речиш
    И пиеш горчини демек од љубов
    Кој ли те така во ликот смени
    Та и мајка не те препознава
    А и ти ко се гледаш ко странец да пулиш
    Пиле кротко
    Пиле мило
    Кој ли на срце со железни стапала ти стапнал
    И кој ли на рацете наместо прстени окови ти реди
    Пиле мое
    За кого ли венееш
    Наместо надвор пролетта да ја мирисаш?
     
    На Д.Чобанова и Miss666 им се допаѓа ова.
  7. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    Odustanite od muškaraca koji vas ne poštuju,
    odustanite od žena koje vas ne cijene,
    odustanite od prijatelja koji to nisu,
    odustanite od poslova koji vas ne ispunjavaju,
    odustanite od brakova koji su mrtvo slovo na papiru,
    odustanite od mržnje koja vam ne pripada,
    odustanite od polovnih ljubavi, odustanite….
    Jednostavno odustanite!
    Ono odustajanje koje zahtjeva neopisivu hrabrost, spremnost i nagovještava daljnju borbu,
    odustajanje koje nije linija manjeg otpora, nego otpor ka svemu što vas zaustavlja na putu do vas samih,
    to isto odustajanje moj prijatelj zove neodustajanjem i slažem se s njim.
    NE ODUSTAJTE OD SEBE. NIKADA. ZA NIKOGA. ZA NIŠTA!
     
    На N.2106, ♡BuBaLe♡ и LadyC им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Љубов

    Милувам прашинка да си,
    тих повеј да ми те донесе…

    Прашинка љубов, прашинка ништотна,
    прашинка невидна,
    но сепак љубов, сепак љубов.

    Дај да те имам во дланкиве
    Нетежина, Несетило.
    Дај да поверувам дека си во мене,
    стуткана некаде во мене.

    Милувам прашинка да си,
    Тих повеј да ми те донесе…

    Како што на пролет цветниците зачнуваат
    дај да те заплодам,
    за да се родиш во мене
    љубов богатница, љубов имовита,
    љубов плод љубов надрочен.

    Милувам прашинка да си,
    тих повеј да ми те донесе…

    Но, јас те имам немаштино
    најтрајна недостиг,
    најблиска недофат,
    најголем недорек,
    па место грижата за тебе
    поначесто сум доволен од себеси.


    Гане Тодоровски
     
    На Tanjamm, shekerna и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    "Even when i hide away
    where no one else can see me,
    lonely is my bestest friend

    because lonely never leaves me" :inlove::inlove::inlove:
     
  10. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Денес, мила моја, може да се остане жив единствено ако не се праша, ако не се знае ништо, ако не се има очи и мисла за ништо од сево ова што станува околу нас. Обиди се да ми поверуваш...

    Црнила, КолеЧашуле
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Спомените ќе те уништат

    Има една душа тажна,
    има едно срце скршено,
    има едни очи полни солзи,
    има еден ден кога овој живот ќе згасне
    но, љубовта ќе остане да живее.
    Чувствата сеуште ќе постојат,
    самошто овој пат ќе нема кој да ти ги каже.
    Се прашувам?
    Ќе ти успее ли да ја погребаш сеуште живата љубов?
    Ќе ти успее ли да ги закопаш сеуште живите спомени?
    А ти пак самиот себеси се лажеш.
    Спомените не умираат.
    Можеби ќе пробаш да ги заклучиш
    во некое тајно катче на твојот мозок.
    Скриени се, но сеуште постојат.
    Еден ден ќе излезат,
    не ќе можеш вечно да ги криеш.
    Што ќе вредат тогаш?
    Ништо-се разбира.
    Мене ќе ме нема, животот згаснал.
    А ти, а ти со своите одамна побелени коси во ритамот на дождовните капки,
    ќе плачеш ќе молиш да се врати минатото, младоста.
    Невозможно
    Тебе спомените веќе те уништиле.

    Непознат автор
     
    На Tanjamm и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Божицата на зборот

    Остави ме да бидам таква каква што ме роди.
    Јас сум божица
    секогаш имам доволно светлина.
    Се трошам и растам заедно со збор.
    Се ѕидат шеќерни капки од огнот запален во мене.
    Не, не се доближувај!
    Јас ги карам и ги љубам моите гости.
    Понекогаш сум владетел и во твојот свет.
    Сонувај ме!
    Слушни, се кршат ветрови!
    Некаде мириса на печени јаболка.
    Се истура боја врз бела хартија.

    Непознат автор
     
    На Tanjamm, Someonespecial и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Едни стихови...
    Една метафора...

    Седум навраќања кон мотивот трепетлика


    Зелени клепки несон. Зелена, нема разбранетост. Таа е лична средполка, средполе сон прегладнета.

    Ставата и е зеленило пеперуги пленети вечно во вишна вертикала.
    Прекопната за спокој, неспокојна се траќа,
    трепери простум, се вѕира во облаците,
    го следи патот, тагува по катунците
    и ѕемне кога спотнат средлетните безветрини.

    Ја мачи ли безсоница, во уплав ли се тресе
    грешно-прегрешна јаловица занесена?

    Крстеник да ми беше, со Немир би ја крстел,
    немир-немирлика, неродна полска висотија.
    Вечерник да сум, трепетот би и го брстел,
    трепетот, показ на стравлива самотија.

    Колку е само плашливка, самата ќе ви рече,
    везден треперење:

    Утрина. Пладнина. Приквечер. Им се заблазува на птиците гнезда што свиле во неа,
    на сонот, рожбите, починката им заблазува.

    Несонка. Неротка. Зелена неспокојничка.

    [​IMG]
     
    На Kukla994, simonka93, winter flower и 12 други им се допаѓа ова.
  14. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    Ја позајмив поезијава од Ана Бунтеска,
    ама ќе ви каже се, ама баш се што сакам јас денес да ви кажам верувајте............





    Исто ко и чоечката душа
    Та после си отишол чоекот
    Ама арен беше со здравјето
    Шо така наеднаш горнион го земал?!
    Е не бил!
    Само молчел и во себе збирал
    Голтал и се давел во чемер
    И се с’клетисувал за ова и за она
    Дур не му пукнало срцето
    И болести го навјасале
    Неќам
    Еве јас да се прашувам
    Сосем поинаква би била
    Би пуштала солзи за секоја болка
    Би ја исплакала секоја неправда
    Море би се удајла во сопствениот плач
    За се’ што сум одмолчила
    И за се’ за што сум се насмевнала
    А ми идело да вриштам
    И не
    Појќе не мислам оти е сила
    Очите суви со децении да ти бидат
    Дур еден ден не ти пресушат како езера во жега
    И не
    Не мислам оти да си ја чуваш болката е храброст
    Оти чоек треба да вика
    Ама до небо да се слуша ко не му е арно
    Да се изнавика и изнапцуе
    И ништо во себе да не држи
    Да плукне и на силата
    Да плукне на божемното достоинство
    Врескај!
    Врескај колку гласот те држи
    Дур не ти попукаат гласните жици
    Дур не засипниш та до деној после збор да не прогоориш
    Ама врескај ко мака ти е
    Ко те боли душата
    Ко ти крвари срцето небаре некој за вечера ти го спрема
    Та со ножот парче по парче откинува за да го зготви на пареа
    Викај чоек!
    Викај толку силно шо ќе се вџашат комшиите
    И ич гајле да не бериш
    Тие и онака те озборуваат за нешто
    Викај за да не ти се наталожи пелин во тебе
    За да не изрти во болест
    Да не ти метастазира до умот
    Да не биди после оти “арен беше, ама ете така си отиде”
    Оти најбрзо си одат тие кои молчат
    И кои тагата во себе ја чуваат
    Во срцето
    Во душата
    Во телото
    Во тој музеј на тага
     
    На Д.Чобанова, Crna Dama и simonka93 им се допаѓа ова.
  15. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    ...Љубовта е збркана, токму како и животот. Се случуваат пресврти што луѓето не можат да ги предвидат, па дури ни да ги разберат, оставајќи зад себе долга трага од жалење откако ќе се освестат. - Николас Спаркс - Најдоброто од мене
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Единствен! :l:

    Capture.PNG

    Capture.PNG34.PNG

    Capture.PNG546.PNG
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Само една жица е доволна за компонирање на прекрасната музика за животот. Доколку мислите дека ви е тешко, фатете се за таа една исправна жица и создавајте ја вашата мелодија која ќе ве воздигне до најголемите висини и ќе предизвика фантастични овации.
    Секогаш постои барем една исправна жица која вреди да се прифати и со која вреди да се импровизира.

    Никола Паганини
     
    На prominent, Briar Rose, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Mesečarska Romansa
    (Federico García Lorca)


    Zeleno, volim te zeleno.
    Zeleni vetar, zelene grane.
    Barku na zelenom moru,
    Konja u zelenoj gori.
    Sa senkom oko svog pasa
    Ona na terasi sanja,
    Puti zelene i kose crne,
    S očima od srebra hladna.

    Zeleno, volim te zeleno.
    Ispod ciganskog mjeseca,
    Stvari što je posmatraju
    Ona ne može da gleda.

    Zeleno, volim te zeleno.
    Velike ledene zvezde
    Dolaze sa utvarom sjene
    Što svitanju put prostiru.
    Smokva se uz vjetar tare
    Grubom korom svojih grana,
    A šuma iskusna lija,
    Ljutite agave svija.

    Ko će doći?
    I otkuda?
    Na terasi ona spava,
    Kose zelene i crne puti,
    I o gorkom moru sanja.

    Kume, ja mjenjati želim konja svoga
    za kuću njenu,
    konjsku ormu za zrcalo
    I svoj nož za njezin veo.

    Iz kanjona Kabra kume,
    Krvareći stigoh evo.
    Kad bih ja to momče mogo`
    sporazum bi sklopljen bio,
    ali ja više nisam ja
    kuća više moja nije.

    Kume, umro bih na odru
    ako može od čelika
    zastrtom holandskim platnom
    dolično, ne žaleć` svjeta.

    Zar ne vidiš moju ranu
    Od grudi do grla cveta!
    Tri stotine crnih ruža:inlove:
    na belini tvog prsnika.
    Mirisna ti krv natapa
    Pojas oko struka gipka.
    Al' ja nisam više ja,
    Nit je kuća više moja.
    O, pusti me da se uspnem
    do balkona visokoga;
    pusti me uzaći pusti
    do balkona zelenoga,
    Do balkona mesečeva
    Odakle se voda sleva.

    Dva kuma se već uspinju
    Ka visokim balkonima,
    A za sobom ostavljaju
    Trag od krvi i od suza.
    Trepere na krovovima
    Laki limeni ferali.
    Hiljadu kristalnih farova
    Zoru sto se rađa pali.

    Zeleno, volim te zeleno,
    Zeleni vjetar i grane.
    Dva su kuma uspela se.
    Raskošni vjetar ostavlja
    Čudan okus na usnama
    Mente, žuči i bosilja.

    Gdje je reci meni kume,
    Tvoja ćerka miljenica?
    Kolko puta čekala te
    Na balkonu zelenome!
    Kolko puta čekat će te
    Crne kose, hladna lica!

    Iznad zrcala studenca
    Ciganka se njiše jadna.
    Puti crne i kose zelene
    Očiju od srebra ledna.
    Nad vodom je podržava
    Smrzla siga mesečeva.
    Noć je postala intimna
    Kao neki trg maleni,
    A na vrata udaraju
    Grubo pijani žandari...

    Zeleno, volim te zeleno.
    Zeleni vetar.
    Zelene grane.
    Barku na moru zelenom,
    Konja u gori zelenoj.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Harry Potter and the Cursed Child,цитат:
    The truth is a beautiful and terrible thing,and should therefore be treated with great caution.
    ~Albus Dumbledore~
     
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.