Дај боже уште поубаво ако се покачени. Знам дека фиксната секаде почнува од кај 18 до кај 22. Со бонуси ниедно од овие Астра,Апекс не е под 28/30 000. Фламинго 25+ се загарантирани,иако си пријавен на 18...
Па зар уште некаде не пријавуваат? Ај ден два, да речеме чисто колку да видат како работиш, ама јас еве не би прифатила некој да не ме пријави. Инаку @Karate Kid во секој случај солидни се платите за разлика од бутици,само што се работи и ноќна. Ако си спремна за ноќна ич не му ја мисли. Пробај на крај краева секогаш можеш да си отидеш
За иси каде ама мислам дека опција на недела дена нема, во принцип се 2 прва,2втора , 2 трета па слободен или така нешто слично,има варијации ама отприлика така...
Зависи од казиното. Секаде се оди прва, втора и трета смена. Тоа е факт. Меѓутоа, некаде принципот е трета, втора, прва па слободен ден. Некаде одат по 2-3 дена една смена па друга. На пр. 2 прва, 2 втора, 2 трета и 2 слободни.
Отиди си директно во некое од клубовите и прашај си. Обично така вработуваат. Доколку имаат потреба ќе ти побараат бројче итн. Потоа кога ќе се соберат повеќе, ги викаат на интервју.
Pa DA me iskontaktiras ne e loso nez zs tolku predrasudi... Demek kazino Pa lelele kakva rab.... Jas rabotam vo sportska kladilnica I bi sakala DA se prefrlam vo nekoe kazino.. Ova vazi uste srckoo? !
Има некој моментално што работи во некое казино? Се прашував дали уште платите се толку? Аплицирав во едно, па сакам да знам дали да прифатам кога ќе ми кажат по интервју колку е платата.
Другарка е во Адмирал и почетна и е околу 22-23.000 Два трета, два втора, два прва, два слободни. Па после трета и тоа е уште еден ден плус слободен. Поголема дневница за трета смена и празник, мислам 1100+300 ден. Бакшиш си делат. Платата на 1ви. Кафе, сок колку сакаат може да пијат. Вака услови ок. Негативно е тоа што е работа во темно, работа во смени и треба секогаш да си точно на време. Немаш една колешка што ќе сте заедно туку со различни во смена. Денес со една, утре со друга. Секакви влегуваат да играат, не смееш да правиш грешки сепак со пари се работи, те гледаат на камера не смееш да лажеш за тоа каде си дали во каса или надвор пред влез, ти се јавуваат на телефон и знаат се што се случува. Колку играчи, кој што пие, кој колку време е таму. Никој не смее ништо да ти префрли, ако приметат дека има некои поднапиени играчи ги служи обезбедување итн. Некои такви имаат и забрана. Прва смена имале најмногу работа, се празнат апаратите, се запишувале бројки нешто во некоја книга, а имале најмалку играчи. Трета смена најмногу играчи. Ова е за Адмирал, сепак условите во друго да се поразлични. Овие си имале стандарди кои ги применувале во секое.
Мене баш ми одговараат овие услови. Мислиш дека треба врски за работа во казино? Имаше само еден оглас во август и се пријавив, но ништо. Не ме викнаа ни на интервју. Сепак, не беше некое од попознативе казина, за кои не ни знам кога/дали ќе има огласи.
Дали некој има информации за казино Gold Slot Club? Плата, услови, каква работна униформа се носи и се што е поврзано за работно место Оператор. Ви благодарам