1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа со Авон

Дискусија во 'Барање работа' започната од feminium, 2 јануари 2013.

  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Девојки дали некоја од вас работи со авон,би сакала да слушнам некое искуство,како ви ѓи доставуваат порачките,како се врши исплата....??Потенцијални проблеми истотака... :?:
     
  2. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Авон и нивната козметика


    Јас работам со Авон и сега за сега ми оди добро. :) Има многу убави подароци, не секој месец ама некогаш има да направиш порачки во вредност од 2 000 или 2 200 денари па добиваш некој подарок за многу ниска цена (еве на пример во декември имаше супер понуда ако направиш порачка со минимален износ од 2 200 денари и до колку е тоа твоја прва кампања како претставник на Авон добиваш парфем Little Black Dress и маскара Supershock за само 25 денари.) :) Испораката на сите порачки е по избор - на домашна или адреса на работно место и се плаќа 50 денари. А можеш да си ги земеш и ти сама порачките од таму кај што е седиштето на Авон во твојот град за да не мора да платиш 50 денари. :D Порачките се плаќаат во Комерцијална банка на одложен период по добивањето на производите. После две недели по добивањето на производите. :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Авон и нивната козметика

    Подароците се секогаш на две кампањи :)
     
    На Steff.Unique и feminium им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Авон и нивната козметика

    Дали знаете колкава им е платата на зонските менаџери? Од прилика? :wasntme:
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Најверојатно сите претставници го добиле летокот со известувањето дека се бараат зонски менаџери кои исполнуваат одредени услови.
    Дали некоја од вас се пријави или се има претходно пријавено? Било што поврзано со ова ќе ми помогне. Интервјуа дали има и сл.
     
  6. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Сакав да прашам дали некој има работено како преставник на Авон, па ако може да каже нешто повеќе околу тоа, да сподели некое искуство, како се врши исплата, доставување и сл.
    Може да пишете и преку ЛП.

    Благодарам однапред. :)
     
  7. zbj19113

    zbj19113 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Да се заработува и тоа многу, јас моментално сум лидер кој се развива, а тоа е еден дел од обуката за зонален менаџер.
     
    На EAL 123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ilovenathan

    ilovenathan Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Работа во АВОН

    Здраво јас сум претставничка на АВОН сакам да прасам дали некој сака да работи во АВОН како претставник има убави можности,заработувачка и многу важно дружење. Ако некој е заинтересиран може да ми писе на меил tanja-nikolovska@hotmai.com :hai:
     
  9. Elence.25

    Elence.25 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Здраво. Јас сум нова на форумов. ;) Со Авон работам 3 години, ако не и повеќе. Во една кампања сум заработувала од 300 денари, па до 3000, зависи од месецот. Колку труд ќе вложиш, толку и ќе добиеш. :)
     
    На EAL 123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    1400 денари треба да платам +, бидејќи неколку капањи претходно имало некои систематски грешки и сега ја приметиле и ајде плаќај Памело.
     
  11. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :) Што се однесува до барање на работа би сакала да ви понудам работа со познатата компанија АВОН.. На прв поглед изгледа нереално бидејќи на сите нас ни епознатто за што станува збор, но јас како долгогодишна координаторка би сакала да ви ја пренесам вистинската слика за овој тип на работа каде што се заработуваат пари, бонуси и мнооооогу придобивки.. Значајно ми е да кажам дека не бара мнооооогу време, а се достигнува до просечна плата. Дали има некој/а заинтересиран/а што би се посветил на тоа? За подетално пишете ЛП ...
    Имајте пријатен ден :*
     
    На EAL 123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Работата со авон е лажи очи. Колку ќе продадеш толку ќе заработиш, 90% од парите идат за нив, 10% за тебе. Дефинитивно губење време и празнење на новчаникот за себе. Подобро е да си нарачаш и мирна глава.
    Не ми се допаѓа што го сменија ако закасниш казна од 300 денари, де де. Милионска продажба имаат и уште плус 300 денари напикаа.
     
    На Mac45, blackwave, NikiBastore и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски


    Претставник си или лидер?
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Бев и знам како одат сите работи таму.
     
  15. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    и јас работев за авон, претставник бев, ама пред 3-4 години... тогаш ми беше убаво бидејќи моите ми даваа пари, а тие малку пари што ги собирав од авон, си порочував од таму што сакав, така да далеку е од просечна плата
     
  16. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Едно е да си претставник и да заработуваш на разлика во цени, а друго е да си лидер и да фаќаш бонуси. Па сеа ако не се испотиш барем малку не ти идат парите од небо. :lol:
     
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    за да станеш координатор прво треба да станеш нивни претставник. И ќе се сложам со бубаче (иако ретко се сложуваме ;) ) дека ова се чисти глупости. До плата 100% нема да стигнете и тоа мислам на плата од 8000ден.
    ивгрл55 претпоставувам дека си постар кординатор затоа што реално само тие знаат да ги филмаат работите и да ти продаваат басни. Да вие заработувате повеќе затоа што на почетокот немаше претставници па можевте да си создадете мрежа ама во денешно време секој трет е зачленет па затоа и вие почнавте да ги користите форумите или пак страните за вработување за да стигнете до претставници.
    Бидете реални и кажете дека ако сакате да имате некакво хоби да се зачленат зошто така е во ред ама не ги лажете луѓето дека ќе добиваат плата .
    Сите овие Авон, Орифлејм , Цептер ги ставам во ист кош, се е тоа исто.
     
    На blackwave, Hipster, ennaz и 3 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Да се потам за реална плата од 250 евра ( пример) во компанија, каде ќе имам и канцеларија и постојан работен однос и ќе сум пријавена и ќе можам и кредит да си земам итн. е тогаш има смисла да парите ќе ми идат од небо.

    А да се потам за АВОН, ОРИФЛЕИМ нема да ми идат од небо секако, зошто не вреди, за бонуси да работам, за една крема или ташна која не е ни фирмирана, туку само рекламирана - не фала.
    Реално плата за мене ( која зависам уште од моите) од 250 евра е доволна. Така да, како што кажа Коловоз не продавајте басни.
     
    На enia22, blackwave, butterfly.mk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Има такви што земаат провизии во висина на реална плата така да сигурно дека од чиста мира тоа не им е, а некој што не е задоволен нормално дека ќе произлезе со вакви аргументи. А како вид на занимација супер си е, лошо сигурно не паѓа па и гратис да ти дојде некој производ што си го порачала еве како титула на претставник, а за лидер си е друга приказна. А сигурно дека тие што работат со АВОН и што стварно си заработувааат НЕ ПРОДАВААТ БАСНИ.

    Kooрдинатор сум од пред точно година и пол и реално дека секој втор е зачленет во АВОН и нема доволно луѓе али како што јас и уште некои под мене имаат успеано да најдат луѓе и прошират мрежа па и да заработуваме онолку колку што и до некаде е доволно зошто да не се работи. Нормално дека не очекувам плата како на работно место али за свои потреби на 20 годишна девојка па и добро е.
    Секој со свои размислувања!
     
    На CirezD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    со сите претходно што кажаа дека работење со ваков тип компании е мачкање очи, се сложувам.

    АВОН, Орифлејм и сличните работат на пирамидална шема. Работиш како нивен агент, или и каква титула да добиеш само колку да не се почуствуваш како продавачка и им го полниш џебот. И каква е твојата сатисфакција, демек стекнуваш искуство во маркетинг и продажба со продавање на просечна козметика и да бидеме реални? Се задоволуваш од остатоците што ќе ти ги дадат како процент и поклончињата. А во меѓувреме трчаш да собереш уплати од твоите купувачи.

    На почеток многу ветувачки ама тие проценти и заработки и подароците едноставно не вредат за вложениот труд.
     
    На blackwave и ennaz им се допаѓа ова.