Па засега се задоволни и од платата, вака ко шо зборев со нив. Ниеден не спомна дека би се селел, дури сакаат и решенија за стално да добијат. И ја пример немам таков план да се селам еве... Иако може ќе испадне некоја прилика некад, сепак не ми е опција у прв план.
Стварно е дефицитарен, гледам не вработија сите со факултети, имаме убава плата, совршено ни е. Ама во соништата само.
Не. Но глупост е да се каже дека е дефицитарен кадарот и 95% билдаат искуство. Абе ајде... Воопшто не знаете дека поголема предност имаат средношколците со поголеми плати, знаење средно. Има и момент кога не знае вена да ти погоди. Се она што беше квалитетно си отиде од причина што не беа третирани адекватно.
Последни два дена од 2019та, од утре после полноќ стартува нова година, нова деценија и иако ништо освен тоа не се менува, ќе останам во духот на празниците и ќе ви посакам ново и најубаво до сега поглавје во вашиот живот. Оваа година, заедно со изминатите, на сите ни донеле и болка и по нешто ситно среќа. На некого па најголема среќа. Или болка. Мене и тоа и тоа. Нека остане се како спомен, а од задутре нека се случува среќа. Кај сите. Прво нека престанат сите војни, па сите оние невини и исплашени да почнат да живеат. Зошто живот во страв и опасност не е живот. Потоа, болеста повеќе да не постои. Да се разболи и да умре. Сите болни, неподвижни и веќе отпишани нека станат, ги чекаат деца, мајки, партнери и пријатели заедно да живеат во свет во кој најголем проблем ќе биде краткиот ден за долго дружење. Воздухот, да се заборави дека сме дишеле срање откако задутре ќе почне да се осеќа чист планински пријатен воздух, сиромаштијата да замине заедно со болеста, да ги закопаме во најдлабоката дупка и да ја затвориме со среќа, насмевки, здравје и успеси. Оние злобните, скржавите, егоистите и себичните, нека ги посетат трите божиќни духови и нека ги преобразат, нека излезат на улица со полна вреќа новогодишни колачиња и со песна и добар збор нека ги делат на сите случајни минувачи. Политика повеќе да не постои. Луѓето нека се поделат само на свадби. Едните од кај зетот, другите од кај невестата. Нека нема јас за овие, ти за тие. Сите за еден, еден за сите. Сите исти. Здрави, среќни и совршени. Секоја желба нека биде исполнета, секој стомак полн и секоја глава под топол покрив. Секое бездомно куче и маче до некоја печка да го посматра снегот, секаде нека е топло и нека превира љубов. Секој што сака а нема нека добие и светот од задутре нека стане прекрасно катче за живеење. Пошто и онака краток е. Најубаво да си поминете и од задутре од среќа да не куртулите!
Сигурно И оние што завршија вонредно во работнички исто така се квалитетни Ај, не генерализирајте, ве молам. Ниту сите што отидоа се квалитетни, ниту сите што останаа не ги бива.
Сдк Денес онака замижено возам, ама и душата ми спиеше, и другар ми вика кочи кочиии, птица има, и ај фино на прометна улица кочам, ама птицата удрена, и ме можеше да полета, плус и пијана ни од пат не се тргаше, и фино си пуштив шмигавците и на другар ми му викам излези и ставија низ грмушки. И така спасивме една птица и ми го разубави денот, иако го клукна другар ми на почеток Имајте убав ден луѓенца
Не може чекор да напраи, а се бутка да влезе во автобус.Чекам госпожата му да се качи со брзина од 0.5км/ч и уште ме бутка со раката ми вика ај да влезам. А ја за што седам на врата?Од кејф? Фино лепо не се мрднав, му реков ќе се качите не се влечам јас.И уште ми се чуди со отворена уста..
Сакам да кажам дека станав опседната какво ладно ќе извај песот, настинат беше. Дома липав мислев ќе умри, саботата ако не ми дојдеше вет ќе го боцкав јас песо. Е до толку. И денес прв ден како е скроз здрав ама никако каки да извај. И преѓе ме удостои со измет каков шо очекував и со апетит кој заборајв дека го има. И после јадам лајна за мамички. Абе мамичка во душа сум.
Ова е еден од тие денови за кои човек посакува да не завршат никогаш Годината не можеше да заврши подобро
Ајде да даам еден суд. Најсељачки ми е кога, некому ќе му се роди син / ќерка да се, пази, АКА од земја по кафана. Да коленичи со чашата в раце и над него собрани другари, па и тие во некој сељачки стил. Легнати по под, едниот го дели другиот. Па се некои, извиците, крици, па пијанчење до несвест и сето тоа да го прикачите на фб. И сега, знам, ете се нешто ви смета не си го гледате животот. Јас си го гледам, само го кажува моето мислење. Сето тоа славење може да биде во ужи круг и нормално музика, кафанска. Нешто поприбрано.
Во последно време се опседнав со гледање на српски свадби на јутуб, поголеми весељаци од србите-дефинитивно нема, сакам барем еднаш во животот да имам шанса да отидам на некое асли српско весеље. Ќе имам шанса ли? И ние сме релативно весел народ по такви некои веселби, ама на србите ни до колена не им сме Човече со што се замарам на претпоследниот ден од годината А не сум ни некој играч, што е уште потрагично, јас само набљудувач ќе бидам
Во која смисла негативно? Мислиш да не те вознемири дополнително? Првпат слушам. Не сум љубител на цитрон и општо на цитрусни овошја, ама јас би ти рекла ако тебе ти влијае добро и ти е убав на вкус, да не веруваш многу на тоа што читаш (претпоставувам на статии на интернет)
Znaci kolku se iritiram od debili sto ne znaat da vozat. Osobeno zeni. I jas sum zena, ama ako nemam poim od vozenje, ne sednuvam zad volan za da zagrozuvam necii zivoti. Preeska edna nenormalna izleguva od sporedna uluca ko da e Gospod mislis(a tolkav znak STOP pred nea, ama koj da go cita), a jas najnormalno vozam po glavna ulica i mi sece pat. Pa mameto nejzino. I zastanav i ja pcuev asalno, a taa uste ko luta. Debilka nepismena. Kakvi se imaat vozacki. Strasno.