Нонсенс ми е да верувате дека само невакцинирани ја шират болеста. Може и вакцинирани. Не тазе вакцинирани, било кога. Кога вакциниран ќе дојде во контакт со лице во инкубација, го добива вирусот секако. Дали ќе се разболи или не, зависи од имунитетот, ама секако е носител на вирусот. Тој не исчезнува туку така ниту пак бега од вакцинираните. И тие го фаќаат. И никогаш да не се разболат, пак може да ја пренесат болеста. На пример, ние возрасни, вакцинирани сме - доаѓаме во контакт со лице носител на вирусот во инкубација. Нас не не' фаќа можеби (а може и да се разболиме), ама може да го пренесеме. Така што, не анатемизирајте ги невакцинираните. Модератор: Преместена диксусија од темата Децата и градинките
За ова има научно објаснување? Да го поткрепи тврдењево? Нели треба да си заболен за да го пренесеш вирусот?
Не мора. Има здрави носители на вирусот. Исто како и здрави носители на бактерии. Не секој вирус или бактерија што ги префаќаме предизвикуваат болест кај нас. Од имунитетот зависи.
Мајка ние сме вакцинирани пред 30 год. Среќа у несреќа повеќето имаме прележано. Еве ја сум вакцинирана и сепак можам да фатам и да му донесам на син ми дома..
Како? Нели си имуна? Знам за тие што се вакцинирани со една доза дека може да заболат а да немаат симптоми и така да ја пренесат болеста. Ама двојно вакцинирани? Ако е како што кажувате, тогаш бројот на заболени ќе биде далеку поголем. Знам дека вакцинава не штити 100%, ама сепак... Баш ме заинтригира муабетов На би да се правам експерт оти не сум стручна, само се трудам да размислувам логички.
Велат 95% штити. Ама не зборам од тој аспект туку дека вечно не штити. Мислам дека и ние возрасните треба да примаме повторно ама ете никој не рекол за нас..
Па што ако е имуна? Вирусот нема да ја прескокне ако е во контакт со заболени или со некој во фаза на инкубација. Нејзиниот организам ќе се избори под претпоставка дека има антитела, ама бидејќи се работи за високо контагиозен вирус кој може да опстојува подолг период во просториите во кои престојуваме, може да се пренесе на други лица со кои сме во контакт.
Можеби. Не велам дека не си во право, можеби некој постручен ќе те демантира или поддржи. Јас не би да се правам гугл експерт, па ќе ја прекинам дискусијава тука.
Муабет си прајме никој овде не е експерт. Јас логички се водам зашто имам засадувано разни подлоги и е ко што вика Ане. Ама 100% никојне знае...
Маж ми има прележано варичела, јас не, пренесе на колешка која нема прележано иако истата не се сретнала со малиот. И јас се чудев, зборев со доктор и вика Да, можно е. Доктор од вакцинално иначе, важи за еден од подобрите во Скопје, јас се изненадив од неговата стручност кога разговарав со него.
Може, ама жената тврди дека од работа дома нема мрднато цел месец, и реално беше така зошто и маж истиот период беше нон стоп на работа, па се поклопи и временски, некаде 2 недели после синко извади и она.
Јасно, ама јавен превоз, лифт и мал милион ситуации кои за нас може да се незначајни, а сепак имало контакт со вирусот.
Нит јавен превоз, нит лифт користи, живее во куќа на приземје, иде на работа со кола сама, буквално од 9 сабајле до 9 вечер на работа, а од таму дома на спиење, жената е повозрасна и сама живее.
А не мислите дека повеќе шанси да префати има од колега со кој е цел ден на работа отколку во продавница?
Ама не може да тврди и да биде 100% сигурна. И на другарка дете закачи варичела , не било никаде, само во игротека.
^^Не мислиме. Оти јас од дома седење на породилно им донесов вирус. Еднаш излегов и не бев во контакт со болно лице што јас знам дека е болно. Ама тоа не значи дека не сум била во контакт. Макар и краток.