Не можам да кажам дека кај мене е од тоа зашто јас имам и фамилијарно наследно (мајка ми), ја контолирам од мои 25 е сега пред 4 години дојде до терапија. Така да не можам да кажам со сигурност дека е тоа кај мене. Може тироидна не. Ама тој пекол што го имав тие месец и пол кога ги пиев и можеби година дена после тоа додека да ми се среди организмот никогаш нема да заборавам. Кај нас немаше и уште нема лабораторија да испита што се имаме во нас и кои се отрови сме ги внеле. Ама јас гарантирам дека од Хербалајф, Слим лајн, не знам кои не за слабеење наводно природни, се тешка хемија која остава трајни последици на организмот. Толку само ќе кажам.
ја немам генетика за да страдам од хипо пошто бев дистрибутер нивни знам на кој продадив и кој шо имаа отпосле болести голем дел хипо се
Видете сега, мене не ми беше поентата да кажам дека секој еден човек кој пиел производи од странски и непроверени дистрибутери по дифолт мора да има хормонални проблеми. Ама дека ваквите таблети се фактор плус кој придонесува, или подобро речено тригер или предиспозиција за развој на болеста која била гранична апсолутно. @ALISA0000 Верувам дека е така и се согласувам со тебе. Многу луѓе и јас лично кои познавам после користењето на Herba Life продуктите имаа проблеми со здравје, и секако со тироидата. Не може да биде субјективно искуство или случајност, има тука линк. Во производите меѓудругото има и прекумерна доза кофеин. Ама тоа не ви го напишаа кога ви ги дадоа за распродажба.
Само сакам да ве прашам како издржавте? Јас првото пакување го почнав токму таа година, меѓутоа толкава тешкотија почувствував што за два дена ми се слоши и баталив бидејќи не можев да издржам. Палпитации имав, немир, биоритамот ми се поремети и некако инстантно сфатив дека тука нешто не е во ред со таблетите. Мене лошо ми е од кафе, не па од таблети кои содржат висока доза кофеин... Можеби со време да почувствувавте гадење и повраќање и вие ќе ги тргневте од употреба. Алиса на пример 40 дена ги пиела, што мене многу ми е чудно.
2010 2011 негде ја нежав никакви проблеми имав енергија цела ден и нок да работам после ми се зафркна тироиднста и да содржат дрога така ја го викам сибутраминот
Знаеш зошто прашав? Оти нели одеше во две серии ако се сеќаваш. 2010 година, па кратко ги повлекоа од рекламација (без многу галама и објаснение). За потоа во 2016 повторно да истапат на пазарот со истата тактика и повлекување. Сега трет пат се случува ова. Значи ненормално многу пари се перат преку овие токсични фирмички. Страшно. Каде се пријавува ова, трудова инспекција?
Таман, 2010 повлечен од америките и останатите пазари, шибај во трети земји https://en.m.wikipedia.org/wiki/Sibutramine Мислам зошто, зошто по ѓаволите. Не ли можат чај од магарешко трнче да продаваат за превара, оти мора да е нешто што праи беља
Јас кратко ги пиев.. Ненормална работа. Среќа помина. Од тогаш не сакам ништо да пробам за слабеење. Нека сум дебела ама бар не се трујам..
Maгарешко трнче нема ефект, ни плацебо. Мора да продадат уверлив производ. Отвори таму, на починати од инфаркт статистика. Нема, нели?
Некогаш од чиста љубопитност сакав да пробам вакви суплементи, не сум дебела, само сакав да видам дали уопште имаат ефект. Сеа глеам имаат, ама не тој што се промовира.. Ух каква среќа ме изеде дека не фатив ништо од овие срања.
Овие уште немаат ни срам, sponsored на ig ми излегоа.. сториња фрчат од "задоволни клиенти". Мајко мила
Истото сакав да го пишам, баш им отидов на инстаграм страната да видам дали уште постојат и гледам си постираат... Си имала, да имаш енергија цел ден и цела ноќ е проблем.
И без забранетиве супстанци, ваквиве чаеви, таблети се обичен булшит. И онака не треба да постојат на пазар. Ако има нешто позитивно во работава е што можеби луѓево ќе се свестат дека слимлајн и ханислим и хербалајф и како и да се викаат другите се само џабе фрлени пари.
Сега и вие, не ќе им рушите разработен бизнис. Ширете го муабетов, и памет за друг пат за секакви слични дубари, друго нема.