Ве молам за совет за некоја крема или масло, нека биде и поскапо. Имам неколку стрии и црвени се уште. Што ви помогнало во тој случај?
@MissBreezy јас го купив од дуќанот на Бит пазар, а вчера го видов и во Веро Џамбо, за други места незнам дали го има.
Уште во пубертет изникнав, тенка сум ама височка и од тоа брзо растење уште во пубертет ми се расцепи кожата, на внатрешната страна на бутовите и на задникот и на "спојлерите". Сите масла за стрии што се продаваат се масла, еве Еуцерин има сончогледово, бадемово, јојоба, некои креми имаат маслиново, кокосово. Така што заклучокот е дека е непотребно да се фрлаат многу пари за скапи масла, подобро купете си чисто нерафинирано сончогледово на пример и уште некоја комбинација и мачкајте се со тоа. Јас користам пилинг (кафе, сол,шеќер, пченкарно брашно и масло, во домашни услови си го правам), ако сакам да се почастам купувам пилинг од ЛаЧа. Ама најбитно е физичка активност, многу вода, течности и пилинг/сув пилинг односно масажа со четка или ракавица затоа што таму каде што е испукана и оштетена кожата битно е да има циркулација за да може самата да се регенерира. Може не се исчистени сроз, ама секако се многу порамни и помалку видливи од пред пет-шест години. Дури и ласерот не е решение, ако кожата е генетски и хормонски склона кон пукање, прашање на време е кога ќе се појават на некое друго место. Што мислите за ова? http://tattoos.com.mk/вашата-креативност-и-лузната-претвор/ Може да биде опција особено ако некој сака да покрие лузна од царски рез или некоја друга лузна. Интересно. Браво за мјасторите што се трудат да учат нови техники.
Moze pisuva no ne najdov takva informacija. Me interesira dali nekoja od vas ima iskustvo so laserski tretman na strii/luzni i nekoj sovet vo koja klinika bila i slicno...
Што користите за побрзо избледување на стриите? Нагло се здебелив и веќе со месеци имам црвени стрии, сакам да се бели бар...
Zenicki aj strii ok ama cesanje jako posebno navecer i sabajle po celo telo no najmnogu po dlankite i na noze stapalata duri kako da gorat ,nekoj iskustvo so vakvo nesto ...
Lele I mene ova mi se slucuvase eden period. Koga naglo se popraviv neznam so mi bese, samo od sebe si pomina
Девоојки до сега искрено не сум имала стрии но последниов период почнаа да ми се прават по целото тело од како накачив килограми со празниците хахах. Дали поминуваат или се лечат некако??
Многу често ми излегува на фб крема микрон дали некоја ја има користено дали е ефикасна? И сакав да прашам дали постојат некој третмани за стрии и малку лабава кожа на стомак ?
Се лечат ако се почне на време, малку касно гледам но мене за лечење стрии најмногу ми помогна https://instagram.com/pchelinmelem?utm_medium=copy_link А за превенција од нови добро е да се мачкаш со павловочева
Стриите не се лечат, туку само избелуват со текот на времето и не се познават толку. За лабава кожа промени начин на исхрана, консултирај се какви вежби ке ти помогнат да се затегнеш во тој дел. Јас пример имам лабава и вишок кожа на стомакот од порагај, веке 3 години, и ми стои. Не е којзнае колку ама ја имам. Се консултирав и единстевно решение е со хируршка интервенција да ми се отстрани таа вишок кожа.
Дали некоја девојка правела отстранување на стрии во промоиталиа гледам месецов е намелено и дали скроз се отсраниваат
И мене тоа ме интересира, дали е навистина можно со ласер да се отстранат или барем видливо да се намалат?