1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Транспортер и релаксатор

Дискусија во 'Бебе' започната од Sun.shine, 13 октомври 2011.

  1. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Дали за вашето бебенце користите транспортер и релаксатор? Каков модел користите и како сте задоволни од него?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Транспортер не сум користела, не сме имале досега потреба од него, а допрва нема ни да користиме. Не ми се некако анатомски, бебињата ми се ко свиткани во нив, ама ептен свиткани, а 'рбетот треба да им е прав кога ќе лежат, колку што знам. А може и само мене така ми се чини дека не се анатомски, сепак наменски се изработуваат за бебиња до година дена.
    Релаксатор имам, го добив на подарок, од Chicco е, обичен, најобичен модел без додатоци, и ми користеше само првите три месеци кога спиеше во него. После тоа не сакаше да го види, иако го ставав кога сакав да си ги одморам рацете (кога имав нешто по дома да завршам), ама и кога почнавме со дохрана. Веќе дефинитивно не го сака, па треба да го исперам и спакувам - ќе се најде, здравје Боже, за второ дете :)
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Јас обавезно би си земала еден ваков Транспортер затоа што и ке мораме да го имаме [​IMG]
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Tранспортер немаме. Но релаксатор да. И ми врши многу голема работа. Малиот не сака во раце да заспива, си заспива во него, само ќе го заклацкам и тој почнува да си пее и |-) |-) |-) (понекогаш дел час го клацкам :rofl: ).

    Ми се случи неколку пати да заминам на подолг пат со бебето, па релаксаторот го искористив како транспортер :lol:
    Ах да има уста да зборува колку е малтретиран :D
    Среќна ќе бидам ако остане здрав за второ :)
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Имам напишано во една друга тема во Австралија неможеш да си го изнесеш бебето од болница без транспортер(baby capsule)бебе така во кола неможе да се вози мора да биде во транспортер кој е фиксиран во колата и обратно од седиштето и така до 6 месеци, после 6 месеци се става во седиште кое исто до година дена треба да биде обратно од седиштето.
    [​IMG][​IMG]
    Така да јас сакала неќела морам да имам транспортер, моето е веќе наместено во автомобилот и се чека само момент кога ќе треба да се искористи :lol:Транспортерот и после седиштето се едни од најскапите работи кои овде се неопходни да се купаат за бебето, заедно чинаат околу $1000 долари, добро е што државата за секое новороденче дава $7000 долари еднократна помош па нема шанси да се вадиш со немање пари.
    За релаксатор имам ваков со музики, нишање итн е сега дали ќе го искористам ќе видиме дали бебево ќе сака да седи во него или не, внук ми баш не го обожаваше ама дека прво бебе во фамилијата и нонстоп во раце ни беше,плачеше секогаш кога ќе го ставеа во релаксаторот.
    [​IMG]
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Јас користев и транспортер и релаксатор. Транспортерот е токму како што треба направен, иако нас ни делува вдлабнато многу,така ми потврди и Видоевски кога го прашував од кога може во транспортер. Ми рече веднаш од раѓање и без никакви глупости внатре, ставање пелени и сл. да не било свиткано бебето. Вика дури тогаш ги виткаат во грбот и прават дополнителни проблеми. Според мене, односно според лекарите, транспортерот е must have, не станува збор за сакам-не сакам.
    Релаксаторот е изум на векот за мајките :) . Ние долго го користевме, се научи од ептен мало само да си заспива внатре преку ден, па и поголемка кога стана (значи над 1 год) кога ќе ја фатеше нервоза од што не може да заспие, ќе ја ставев во релаксатор и полесно заспиваше. Релаксаторот е супер, само што ни тој не смее да се користи премногу долго, како што рече Видоевски, не е да го ставиш бебето внатре и да го заборавиш :).
     
    На Moce19, Scorpion91 и AIT им се допаѓа ова.
  7. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Треба да купам транспортер за кумата па не знам каков да одберам... Ги гледав во Чико 5400 ден, Бертони од 2500 до 3000 ден а Чиполино се околу 3000-4000 ден. Кажете ми каков да купам затоа што немам претходно искуство, би сакала да не потрошам повеќе од 4000 ден за транспортерот ама сепак да е безбеден за бебчето. Фала многу :)
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Ние имаме и транспортер и релаксатор и двете ги користиме максимално.Син ми го изнесовме од болница во транспортерот и тоа дека бебето е згужвано и незнам какво внатре нема врска со живот.Во цел свет бебињата ги ставаат во транспортер само кај нас транспортерот е штетен.Леле едно чудо живци искинав кога ке отидевме кај свекор ми и свекрва ми на гости и кога ке го видеа малиот во транспортерот.Леле пак ли го гужвате внатре детето,извадете го тесно му е.Сега р'жам кога ке ми текне на нивните зборови : :@ А и од релаксаторот сум презадоволна на фишер прајс ни е и син ми ужива да си се клацка и да си игра со мечињата што му висат.Така да јас сум и за едното и за другото :)
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Не треба секогаш да се водиме по тоа што „цел свет“ го вели ;) забележувам дека многу се водат по тоа што се кажува и пропагира на запад, а не се зема предвид дека сепак се работи за различни држави и народи со различни генетски предиспозиции, само слепо се копира нешто што некој го рекол, само зтоа што, нели, е од некоја западна земја.
    Јас лично, не би го ставила детето во транспортер освен ако морам, поради законот што налага така, акој се' уште не е доведен кај нас. Штетен или корисен - не знам каков е. Ама доктор ми рекол да не го ставам во транспортер ако не морам. Веројатно повеќе знае од мене, тоа му е работа.
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Не мора да значи дека се што е од запад па мора и да биде лошо.
    Транспортерот, оној кој е фиксиран и за во автомобил е исклучиво за безбедноста на бебето, при сообраќајна несреќа од два автомобили со просек 60км на час ако бебето е неврзано и се наоѓа така во рацете на мајката нема сила што ќе може да го задржи во рацете на мајката, тоа лета со 100 км на час низ шофершајбна.
    Тука законот е донесен само заради сигурноста на децата и од кога е донесен законот смртноста на деца испод 5 години во сообраќајни несреќи е намалена за 70%, сето тоа благодарение на транспортерите и седиштата за деца.
    Се оди напред со времето, скоро сите автомобили сега се со воздушни перничиња, за возач, сувозач и странични, затоа и до првата година се става транспортерот а после и седиштето обратно од седиштето, затоа што при сообраќајна незгода и избацување на перничињата ако е свртено напред бебето може да го убие ударот од истите, поради неоформеноста на главчето, се ово е тестирано и докажано.
    Секој доктор има право на свое мислење ама јас кога би бирала меѓу сигурноста на моето бебе и мислењето на некој доктор би го избрала првото, мене лично кога ги гледав сега во МК деца висаат од прозори, неврзани така седаат или мали бебиња во рацете на мајките косата ми се креваше на главата.
     
    На LUCI 99, Цвет88, ines.h и 4 други им се допаѓа ова.
  11. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Исто така доктор ми кажа дека воопшто не е штетно да се става во транспортер...Положбата што ја има бебето во транспортер е истата како положбата кога е во стомакот на мајката.И исто така мислам дека е доста посигурно кога е во кола бебето да се вози во транспортер одколку да се држи во раце.Јас барем имав случка кога син ми имаше 4 месеци,имавме мала незгода со колата.При ударот пошто го држев во раце удривме во предното седиште.Од памет се извадив немаше никаква видлива повреда но се плашев од внатрешни повреди.Го однесов веднаш на лекар ама пошто мало бебе да не го зрачиме ни рекоа само да го следиме неколку дена.Нит сум спиела нит сум јадела од што бев преплашена.Сигурноста пред се.
     
    На simonagj му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите се добри за бебето,само што некои фирми се поизвикани од други,а со тоа и поскапи. Мој совет ти е да одбираш и според тоа кој колку тежи,земајќи во предвид дека и мајката ќе треба да го носи и тоа со бебе внатре. Јас за син ми купив на Кико и се покажа како многу непрактичен токму заради тежината,па набрзо неочекувано на подарок добивме на Бертони кој беше пердув лесен и маста му ја извадивме.
    Инаку за син ми на подарок добивме и релаксатор и мислам дека да се имаат двете работи е претерување бидејќи навистина нема потреба
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Воопшто не е претерување, двете се со различна намена и со различна конструкција. Транспортерот е за во автомобил, за транспортирање (како што кажува и името) на бебето, а релаксаторот е за дома, за да се релаксира мама :D малку.
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.818
    Допаѓања:
    102.665
    Пол:
    Женски
    Ние имавме исто ваков релаксатор од Чико

    [​IMG]

    и го искористивме максимум , во него спиеше , си играше со играчките , уште кога се вративме од болница првиот ден дома ја ставав во него и уживаше. Но , негде 4-ти месец почна да потстанува со главата и не ја ставав веќе , се навалуваше нанапред и ми беше страв да не падне. Максимално до почетокот на 5 месец го користивме и толку.

    А транспортер имаме ваков од Чиполино го земавме околу 4500 ден
    [​IMG]

    исто така сака да седи во него додека се возиме во кола , но не го користиме често бидејќи немаме наша кола се уште :( ;)
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.732
    јас немав ни транспортер ни релаксатор.
    Седиштето од количката ми служеше како транспортер бидејќи се вадеше, а целата количка ја чував дома, па таму ги ставав децата и ги возев по дома :D
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Девојки односно мамички ај едно прашање, која цена се движат овие релаксаториве како овој што го постирала Кортисаки, немора да биде стрикно на Чико?
    И дали штотуку родено бебче може да се стави на него?
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Од 2000ден па нагоре се цените.Јас имам ваков [​IMG]и е околу 3000 ден (+ вибрации има). На него пишува дека е 0+, што значи од новороденче.

    Овој на сликата на Коритсаки што е, овде во Ср е 2500.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Транспортер немаше потреба да се купува, затоа што немаме кола. Релаксатор купивме некој ефтин и се радвам за което, зашто го користивме точно 2 месеца. Кога дојде летото, заминавме за Охрид и по цел ден бевме надвор (со количката). Ту покрај езеро, ту на тезгата со книгите, тук по чаршија...Цело време во движение. Дома само вечер после 1 :D тогава веќе коростивме креветчето :D
     
  19. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    blond а какви батерии користи бидејќи ние купивме 7 и ниедна не одговараше ?
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Мила, се става една голема дебела батерија. Маж ми ги купува, две во пакетчето се и се 80 ден.
     
    На Milla9479 му/ѝ се допаѓа ова.