Бугарска високо буџетна серија. Во моментов се емитува на АЛФА секој ден од понеделник до петок. Нема да пишувам кратка.содржина, кој ја следи серијава има за што да дискутираме. Зборовите на Генадиев, Камбурски и другите ликови се длабоки животни мисли . Да прашам...ДАЛИ БИ ПОСТАПИЛЕ КАКО ИВАН ГЕНАДИЕВ...и ако ДА и ако НЕ -ЗОШТО???
Предобра. Ја завршив третата сезона. Не сум задоволна од 'крајот' на истата Не верувам дека следните сезони ќе бидат толку заразни. Има што да се научи од серијава. Дали би постапила како Генадиев? Прво бев категорична - Не, во никој случај. Но... Сега верувам дека сепак БИ. Една мисла добро ќе ја запомнам. Твојата среќа всушност е твојата несреќа. А може да биде и обратно. @referentka Рефи по тебе как е 'правилно'? Твоето штаствие е твоето нештаствие, или баш обратно?
Не сум на чисто со себе за почетната постапка на Генадиев. Во еден момент сум ДА., во друг НЕ. Ако требаше да патат во почеток со такво детенце, сега патат од смената. Грижа на совест ги изеде. ...за Ѓорѓи Камбуров ми е нсј криво. Тој човек толку е мудар, секоја негова мисла почнав да ја запишувам. Серијава е ризница на лоши и добри искуства.
Ништо. Нема веќе ништо убаво во четвртата сезона. Нема мудрост, нема болка и тага, нема двигатели на серијата. Смртта Не е најнеизвесното нешто. Животот Е.
Твојата среќа е всушност твојата несреќа. Нели Детето на кое се радува на крајот ќе биде всушност нејзината тага
Ќе одат во Англија со Билјана. Таму ќе останат да живеат. Мене Калин ми е нај нај нај Колку 'знае' да сака тој дечко
Мене почна Евгенија да ме нервира. Ете, се случи што се случи, како неможе да рсазбере дека со нејзините постапки сите ги оддалаечува и од себе и ја растура фамилијата. Калин...хммм, незнам дали баш знае да сака.Можеби сака ма незнае да покаже.Во понатамошниот тек просто си игра со Наталија. Гале испадна не зрела и не сериозна. После сите борби за Доцент Захариев, врската со Др.Тасев ич не и чини. Детски и неизживеано. Виолета Захариева -жениште. Од на неомилена и злобна, ќе премине во стабилна и нормалнс жена.Болеста ќе ја промени. Др.Катја Крстева. Во почеток е обична пијандурка, се додека не сфатиме зошто. Неможам да ја заборавам нејзината реплика- СИТЕ ГИ ЛЕЧАТ СИМПТОМИТЕ НА АЛКОХОЛИЗМОТ, ВСУШНОСТ ТРЕБА ДА ЛЕЧАТ ШТО ГО ПРЕДИЗВИКАЛО. Онок Др.Пенев така одвратен лик е, пдвратни вицови и сарказми.Воопшто не симаптичен лик.
Полека со заклучоците. За сите ќе го промениш мислењето Гале мораше да изживее и една 'обична љубов'. Крстева и мене ми е најмудриот лик, после проф Генадиев. За Камбуров сум на две. Превише се вмеша во животот на Генадиеви. Според мене ,тој Не беше најповредениот од тоа што се случило во минатото. Али да видеш во четвртата сезона каков директор ќе има болницата. Е тоа е маж Рефи @LoveHope девет сезони има. Јас на you tube си ги гледам. До 5та мислам ги има
Бубче кај ја гледаш ти? Сакам да пробам да ја гледам, веројатно на бугарски, нормално не разбирам, ама може да пробам. Или ако некаде ја има со македонски/српски/англиски превод.
Може, гледав една серија одамна, со молот таа, ама на тв само, на бугарски ми беше мачна. Исто и српски серии преферирам со превод, не мора превод, титлувано на српски да е. А разбирам многу повеќе од бугарски. Ама јас ни струмичани сосема не ги разбирам, не пак бугарски ама ќе пробам, ќе видам како ќе оди
Девојки да се приклучам. Ја гледам серијава до 4та сезона сум. Крстева и Тасев ми се омилени. Ме нервират Наталија, Виолета и Вера. Виолета е претерано амбициозна, за мој вкус. Вера и Наталија ми се досадни ликови, се да се врти околу нив. Новиот директор одличен, само надевам се ќе има интересни работи со него во иднина.