Што мислите вие за овие видови на огрлици? Јас сум испробала Чоук огрлица на моето куче. Ги добив посакуваните резултати, воопшто не влечеше. Но, ретко ја користам. Како функционираат чоук огрлиците: Доколку вашето куче затегне, огрлицата го гуши. Овие огрлици можат да бидат опасни доколку кучето ја игнорира болката. Пронг огрлиците ја имаат сличната функција како и чоук, но пронг, за разлика од чоук, не само што го стега кучето за вратот, туку и го забодува. Овие не ги поддржувам. Електричните огрлици се крајна суровост! Викаат, испробај на рака, ќе видиш дека нема да боли толку. Човечката рака има повеќе слоеви ткиво одколку вратот на кучето. А, да ја испробате огрлицава на врат, пак нема да видите како им е на кучињата затоа што ние имаме неколку слоеви ткива повеќе на нашите вратови одколку на вратовите ма кучињата. Последиците од овие огрлици се катастрофални. Дали користите/би користеле вакви огрлици на вашето куче? Јас преферирам дресура со награди, а не трауми. Моето куче е издресирано да не влече и без чоук.
Глупости,прв пат слушам за нешто вакво.Никогаш не би му ставила на мојот миленик вакво нешто.Куче е,па нормално е и да влече понекогаш.Инаку моето куче на почеткот влечеше многу но се е дресура и дали ќе му дозволиш да оди по негово или не.За се има решение.И да,не ги подржувам овие ,,огрлици`` се надевам дека никој не ги ни користи уствари
Во Македонија има луѓе кои ги користат. Но знам дека во Шведска се банирани овие огрлици. Исто така и во Данска, ми се чини. Би требало и тука да ги банираат, но тие едвај нашите потреби ги гледаат, камо ли па на нашите миленици. Иначе, влечењето не е нормална работа. Замисли, имаш мастиф и му дозволуваш да те влече... Односно да направи да леташ. Одење уз нога е покажување почит кон сопственикот, тоа се достига со наметнување авторитет кај кучето. Немаш наметнато авторитет кај кучето-кучето те контролира.
Ужас, отсеκога сум била пρотив овие огρлици посебно оние со боцκи, ама не знаев деκа постојат овие елеκтρичниве.Сметам деκа тρеба да ги забρанат ужасни се.Јас не би ги κоρистела иаκо моето знае неκогаш да тегне, ама го опоменувам и веднаш пρестанува, таκа да за се има тρениниг и дρ ρешение, а не овие тоρтуρи.
Да разбирам дека не секое куче може да подлегне на авторитетот на сопственикот,особено овие поголемите,но сепак не ги подржувам овие огрлици.Сметам дека доколку кучето се шета барем-4-5 пати во неделата нема да влече толку многу,туку шетањето ќе му стане навика,а не нешто штто го добива неколку пати на масец па изгледа како ,,не видело`` па и затоа од возбуда влече.Инаку сепак за се се виновни сопствениците и на која возраст е земено кучето.Како ќе го научиш така и ќе биде.Моето на пример кога шета со мајка ми е како лудо од овде на овде и затоа таа не го ни шета бидејќи тоа нема авторитет кај неа.Додека јас кога ја шетам секогаш е покрај мене,несмее да одии пред мене
@Faline тоа ти зборам, секогаш има подобар начин на дресура. Таква крвничка дресура ако се примени на пит бул или ротвајлер, кучето би израснало во крволочно суштество. Со дресура со награди ќе имаш верно, лојално куче чувар (во случај таква дресура да применуваш кај питовите). Како и да е, подолга е дресурата со награди, но колку повеќе си вложила на кучето, толку повеќе добиваш. Имаше една девојка, правеше видеа како прават трикови нејзините миленици: Кајзер (мачорот), Нана (Бордер Коли куче), 6 стаорци и феретка. Сите тие трикови беа постигнати со добра дресура, а не електрични огрлици.
Целосно сум против за вакви огрлици и за било какво насилство врз миленици, во овој случај кучиња. За да создадеш авторитет и да се поставиш како алфа врз кучето употребата на сила е потполно погрешен начин. Со тоа не создаваш почит туку страв кој лесно се претвора во агресивност и на крајот штетата е повторно наша. Нема нешто што не може да се постигне со награди, пофалба, истрајност и толеранција, секако и многу љубов. За кучето треба внимание, треба да објасниш што сакаш од него, тоа сигурно нема да го добиеш ако му ставиш електрична огрлица на вратот.
Не би користела ниту една од овие огрлициве. Имам проблеми кога го шетам, се влече наваму-натаму, ама ќе го средам тоа, ќе се обидам да ја научам до оди до ногата, послушна да биде. Со оваа последната, електричната, воопшто не би си играла. Има немирни кучиња, и кучиња кои навистина напаѓаат, ама затоа има професионалци кои ги дресираат. Крајно сурово е кон сиротите кучиња.
Јас имам кутре од мал раст кое и да влече, нема толку сила. Ама замислете снажно куче да ве влече - ќе се тркалате позади него. Минатата година на една изложба за кучиња, имаше два бернандинци од кои едниот беше особено голем. Нешто беше нервозен и во еден момент почна силно да трча. Женава што го држеше за ланец се струполи долу, почна да ја влече низ цело игралиште. А како што врнеше претходниот ден, ја направи кал од глава до пети. Не можеше никако да го сопре, па притрчаа да ѝ помогнат. Снага е тоа, не е шала. Може и многу лесно да ве повреди. Ваквите електрични огрлици ми се чини ги измислил некој што сака да чува куче, ама го мрзи да чита и да се информира како да го научи да не влече. Има милион статии на интернет со многу корисни совети, само кој да прочита...
Ужас! Колку и да ме влече не би му стаила ниедна од овие огрлици. Има многу попаметни и похумани начини да се издресира кучето, да не влече дури ни кога ќе види друго куче или пак мачка, било што што би му го привлекло вниманието за да побрза кон тоа. Јас моето си го научив на ред, ептен ми е мирна коа се шета, т.е. навикната е на шетање 3-4 пати на ден и нема потреба да тегне. И без ланец кога ја шетам си оди на еден чекор од мене. Тегне нормално кога ќе забележи или ќе надушка нешто ама тоа трае многу кратко додека не ја предупредам, па и сама и текнува и си оди полека. Ја научив постепено, со упорност и награди. Со многу шетање, предупредување и сецкање со ланецот, постепено и стана навика. И моите кога ја шетаат си е многу мирна, од голема раса е, ако сака може да те тегне многу, има 25 кила, не е шала, а си е издресирана да оди со темпо на тој што ја шета. Треба само упорност и трпение, ни на крај памет не би ми паднало да го измачувам миленичето со некое од овие чуда.