Фемина готвач - Рецепти и гласање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dust, 16 април 2017.

?

Тема: Домашна пица - гласање

Анкетата е затворена на 6 февруари 2020.
  1. Leo_29

    1 глас(а)
    2,3%
  2. angelche16

    2 глас(а)
    4,5%
  3. emkaemka

    4 глас(а)
    9,1%
  4. bella12

    3 глас(а)
    6,8%
  5. Star_dust

    2 глас(а)
    4,5%
  6. mariz

    7 глас(а)
    15,9%
  7. Sexybaby86

    5 глас(а)
    11,4%
  8. eli25

    10 глас(а)
    22,7%
  9. g8lQQk

    2 глас(а)
    4,5%
  10. manako1

    8 глас(а)
    18,2%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Бидејќи темата Фемина готвач е навистина актуелна, со @CrazyOne решивме дека вашиот труд треба да се цени малку повеќе :)
    Па затоа по неколку дена размислување и консултирање, решивме да ја отвориме оваа тема во која ние модераторите ќе ги поставуваме сликите заедно со рецептите што вие ќе ги постирате и за истите ќе се гласа на оваа тема.
    Сакаме темава да ја направиме еден вид Фемина готвач во права смисла на зборот, односно како мало виртуелно книгиче САМО со вашите слики и рецепти :)

    Список на рецепти по страна:

    Страна 1
    - Листест зеленчук, посни десерти, кифлички, ќофтиња, мешана скара, тиквички, макала, торта, крофни, македонско-турски специјалитети, морски плодови, коктели, ражничи, солени торти и ролати, десерт во чаша, полнети работи, употреби три состојки, поховани работи, Различни начини на приготвување Чиа семе

    Страна 2 - Рецепти со бисквити, благ ролат, брокула, штрудла, таљатели, браунис, омилен појадок, оброк готов за 20 минути, пастрмаjлии, динстано месо со зеленчук, ненајавени гости, буџет 400 мкд, храна за носење, рецепти со грав, зелник, бомбици, рецепти со шербет, рецепти со цимет, рецепти со праз, новогодишна трпеза, божиќен десерт;

    Страна 3 - Фамилијарен ручек, свежи и крем салати, сос за тестенини, печен компир, полнет зеленчук, посни рецепти, затворено полнето тесто, рецепт со пудинг, романтична вечера, омлет на ваш начин, пролетна салата, велигденски рецепти, пржено тесто, пица, домашен чипс, пролетни јадења, јадења со ориз, рецепти со јагоди, мафини, лесен летен оброк

    Страна 4
    - овошен колач, сендвичи, намази, овошна салата, појадок од/за саканите, зеленчуков микс, интернационални јадења, летни освежителни десерти, пирошки, посни десерти, супа, палента, брз/едноставен десерт, солени јадења со млечни производи, погача
     
    На kikikikirika, A N A, Ava.84 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Листест зеленчук
    Автор: @1209

    [​IMG]

    Тостиран леб намачкан со пасирано авокадо. Зачинето со коријандер, црн пипер и сол. Листови салата потопени во малку маслиново и лимон, сакам да разбивам вкус со киселост.
    Поширани јајца со ептен течна жолчка и врз нив неколку капки соја сос и сврж коријандер. Одличен доручек, порано правев со домат, ама со марула е подобро.

    -----------------------------
    Автор: @dunika

    [​IMG]

    Салатиште(fingers)основа спанаќ свеж,шери патлиџанчиња,грилувано стекче,печурки,и црвена бабура,ајдамер маслинки и семки:pizza:

    ---------------

    Автор: @♡BuBaLe♡

    [​IMG]

    Пилешки стек со спанаќ и кашкавал
    За двајца
    *Два пилешки стекови
    *300 гр спанаќ
    *6-7 ленти кашкавал
    *зачини ( сол, бибер, кари, лукче, босилек..

    Стекот го преполовувам скоро до краевите. Користам мариниран.
    Спанаќот го сецкам ситно и пропржувам на путер со зачините.
    Стекот го полнам со лист кашкавал, смеса од спанаќ и пак кашкавал. Го затварам со чачкалица и пропржувам кратко од двете страни и ставам да се пече 15тина минути под фолија. Ја отстранувам фолијата и го покривам месото со кашкавал и го оставам 5 мин. во исклучена рерна.
    Во комбинација со бело вино = одличен ручек/вечера! :)

    -------------------------

    Автор: @Bridget

    [​IMG]


    Мрзлива пита со спанаќ
    4 јајца, пола лажичка сол, 200 мл јогурт, 100 мл зејтин. Се мати се' заедно. Се додава 350 гр брашно помешано со 1 пециво. На крај 150 грама спанаќ. Се меша и се става во помала тава на хартија за печење. Се печи околу 20 минути, треба да добие боја кората како на сликата.
    ТоВа е оригиналниот рецепт, јас додав уште рендан кашкавал да не ме задавЕ толку суво, и наместо свеж спанаќ ставив замрзнат и сецкан, оти таков најдов.

    --------------------------

    Автор: @galapce

    [​IMG]

    Спанаќ со ориз

    Пропржувам,лук,тиквичка и морков.Ситно сецкани.
    Го додавам исецканиот спанаќ. Пропржувам да омекне па додавам ориз.
    Пржам дур однема течноста.
    Ставам во тава за печење и во тенџере зовривам вода 4-1 према оризот.
    Попарувам и печам во загреана рерна.
    При крај ставам јајцата и исклучувам.
    Од зачини,дол,мешан зеленчук,црн бибер,куркума и гумбир.
    Нема мерки.
    Се од око.

    ------------
    Автор: @Peppermint
    [​IMG]
    Топчиња од спанаќ
    200 грама замрзнат спанаќ, потоа исцеден и ситно сецкан, две јајца, две парчиња сув леб (ситно издробен), 50 г растопен путер, 50 г рендан пармезан, зачини по вкус. Се замесува густа смеса (ако не е доволно цврста да се направат топчиња, додадете уште малку леб). Се прават топчиња и се печат на плех со хартија на 200 степени, 10-15 минути (да се заруменат). По желба во смесата може да се додаде млад кромид. Се служат како предјадње со некој сос, а може да се додадат во салата или тестенини.

    ----------------

    Автор: @duffi

    [​IMG]

    Зелени коцки или проја со спанаќ
    1 филџан бело брашно
    1-1,5 филџан пченкарно
    1 филџан кис. Вода
    1/2филџан зејтин
    1 пециво
    4 јајца
    Спанаќ (сецкан/блендан) 200-250гр
    Сирење 100-150гр
    Сол/вегата по вкус
    Тавче бр.32

    Прво се матат течните состојки со миксер. Потоа се додаваат сувите со мешање со лажица.
    Спанаќот и ситењето се претходно насецкани.
    Се наросува со сусам и се пече на 220 степени додека не порумени.

    -------------------

    Автор: @Monella

    [​IMG]

    Спанаќот (од око) се става во вода да зоврие 3-5 мин.
    Се цеди и се става во тава со путер, се пропржува и му се додава рендан пармезан.
    Кај него се додаваат 2 јајца и 250гр. урда, се промешува се заедно и се истура врз пастата.

    Може да се направи и како затворена...

    ----------------

    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    Од 4-5 млад кромид - перцата
    Околу 350гр спанаќ
    4 јајца
    250гр сирење рендано
    200 мл јогурт
    100 мл масло
    500 гр брашно
    1 пециво

    Перцата од младиот кромид ги пржиме, потоа го додаваме исецканиот спанаќ, пржиме додека омекне.
    Во сад ги ставаме сите состојки заедно и матиме со миксер, последно додаваме сирењето и перцата со спанаќот и мешаме со лажица. Смесата ја истураме во намрсена тепсија и печиме додека убаво порумени од горе.
    Лесна и брза а најважно превкусна (fingers)
    Види го прикачениот фајл 306801
    Види го прикачениот фајл 306802 Види го прикачениот фајл 306803

    ---------

    Автор: @victoria

    [​IMG]

    Жаби со спанаќ
    ------------

    Автор: @Lolipop23

    [​IMG]

    Гравчето го варам со една главица кромид, неколку чешниња лук, морковче, ловоров лист... Кога е при крај со варењето настрана го пропржувам спанаќот, додавам една лажица црвен пипер, зачинувам и го истурам во тенџерето со гравот. Промешувам, а потоа истурам во сад за печење и го потпекувам малку во рерна.
    Најубаво иде во комбинација со жетварка. :)
     
    На 1209, cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Посен десерт
    Автор: @t-sweet
    [​IMG]
    Бомбици ♡ на мој начин :)
    200 гр посни бисквити
    1 шољичка вода
    1шољичка шеќер
    1/4 маргарин кристал (може и помалку)
    малку сецкани ореви
    отприлика кокос
    1лажица какао
    1 лажичка нес
    Се зоврива водата со шеќерот,маргаринот,какаото.
    Се трга настрана,се додаваат бисквитите, кокосот, оревите и се меша се додека не се изедначи смесата.Се формираат бомбици,се валкаат во кокос и одозгора јас наросив какао.:D
    ------------

    Автор: @do-re-mi

    [​IMG]
    Протеински бонбони од 3 состојки

    125 гр. пуканки од амарант
    400 гр. чоколада со 70% какао
    4 с.л кокосово масло

    Се топи чоколадата на пареа или на тивок оган. Се додава маслото од кокос и се промешува до добивање на хомогена смеса. Се трга од оган. Ги додаваме пуканките од амарант. Повторно се промешува до изедначување на смесата и ги полниме калапчињата. Оставаме во замрзнувач барем 2 часа. Толку. Enjoy.


    Ако немате калапи или сакате поголеми форми, можете топлата смеса да ја истурите врз хартија за печење, да ја обликувате во правоаголник или квадрат и да засечете со нож (смесата е уште топла и не сечете до крај, доволно е само да се обележи линија, за потоа полесно да се сече). Лично, ги сакам во помали форми, затоа што побрзо се одмрзнуваат, буквално додека да си го сварите кафето.:D

    Одлични се како брза ужинка по тренинг. Да не должам за хранливите својства на амарантот, има на нет.
    Пуканките ги купувам. Ако сакате сами да пробате, еве линк:

    http://yumuniverse.com/how-to-pop-amaranth/

    И уште нешто, ова е гоооолема доза. Обично правам на пола. Рецептот е базичен и може да се збогати со разни додатоци: чиа, мака, семе од коноп, мелени јаткасти плодови итн.[
    ------

    Автор: @dunika

    [​IMG]
    Многу едноставни и вкусни посни мафини.Рецептот ми е со cup ама ке преведам шоља(голема).Значи една ипол ш. Брашно(обично),пола ш. шеќер,2 мали л. Прашок за печиво,и малку сол.Ова се сувите состојки,кои прво се мешаат заедно,па иде малку масло и околу 150мл растително млеко(соино во мојот случај).На крај се додаваат околу 100гр боровинки,нежно се промешува се се полнат калапите за мафини,дозава е за точно 12.Јас употребив смрзнато овошје,па затоа се темни мафините.Се печат 25-30 мин на 200С,без вентилатор.Декорација по желба,а и не мора,мојава е веган крем од лешници,јаготче и кокос(fingers)
    ---------

    Автор: @IronLady
    [​IMG]
    Состојки:
    - 300 гр. рендано чоколадо за готвење
    - 150 гр. мелени ореви
    - 2 лажици шеќер
    - 3-4 лажици рум
    - 3-4 лажици мед
    - чоколадни трошки
    - вишњи

    Подготовка:
    - Во сад се мешаат ренданото чоколадо, мелените ореви и шеќерот.
    Потоа се додаваат румот и медот и убаво се меша.
    Од смесата се прават топчиња, а внатре во средината на секое топче се става вишња.
    На крај се валкаат во чоколадните трошки.

    Преубави се и на вкус, а и на изглед :)
    --------------

    Автор: @An-na
    [​IMG]
    2 чаши пиво, 1и пол чаша зејтин, 1 пециво, брашно по потреба. Се замесува, се формираат топчиња и се печат.
    Се потопуваат во шербет од 700гр шеќер и 500гр вода.
    Се валкаат во кокос.
    -------------------
    Автор: @♡BuBaLe♡

    [​IMG]
    ДОМАШНО ПАЛЕО ЧОКОЛАДО

    Рецепт:
    1 шоља какао прав
    1шоља кокосов путер
    2-3 лажици мед
    ванила
    прстофат сол
    лешници ( или други јатки или суво овошје )

    Путерот и медот се загреваат малку во микро , се додава ванила, сол и се соединува со какаото ( најдобро во блендер ).
    Смесата се истура во калапче, се наросуваат лешниците и се oстава два - три саати во фриз, па се сечат форми.
    Вкусот е очекувано извонреден, текстурата - се топи во уста!
    bon appétit
    ----------------

    Автор: @Avery
    [​IMG]
    2 и пол шолји брашно
    1 и пол шолја шеќер
    2 лажички сода бикарбона
    100гр сецкано црно чоколадо
    Прстофат сол
    Пола шолја какао во прав
    Кора од пола портокал
    Шолја сок од портокал
    Две лажици јаболков оцет
    Пола шолја зејтин
    Пола шолја вода
    ****************************
    Рерната се загрева на 170 степени. Се мешаат сувите состојки, а потоа се додаваат течните состојки. Смесата се соединува и се става во намрсено и набрашнето тавче. Се пече околу половина час.
    ------------

    Автор: @JuLleE

    [​IMG]
    Бомбиците излегоа здрави и посни, а неочекувано вкусни.
    Јас бев инспирирана од рецепт за салама слатка, ама ставив што имав дома.
    Значи, 200 грама мелени лешници, 1 голема лажица мед и место јајце додадов и малку бадемово млеко колку да се оформи смесата. Се прават топчиња и се стават во растопено црно чоколадо.
    Брзи, здрави и многу вкусни.
    Сликата е лоша знам, ама едвај чекав да завршам па да јадам:D.
     
    На A N A, Luminary, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Кифлички
    Автор: @Annath

    [​IMG]

    Два свежи квасци се дробат во пола литар слатко млеко и се додава три лажици шеќер. Ова се замесува со еден кг брашно (во голем длабок сад, се прави дупка во брашното и се истура смесата), 2 филџани масло, 3 цели јајца и малку сол. Треба да добиеш меко тесто, мене ми велат „меко како ушната ресичка“, да не лепи, ниту пак да е тврдо. Ама тоа ќе зависи од брашното, може ќе треба да додадеш уште, може не, ќе видиш сама. Откако убаво ќе го измесиш, го оставаш на топло да кисне. Кога ќе нарасне, правиш топчиња колку орев, и од нив правиш форми по желба - можеш како чворови (јас така најчесто ги правам), како полжави или пак да ги сукаш. Се редат во подмачкан плех (јас препорачувам на хартија за печење), откако малку ќе нараснат се мачкаат со јајце, се посипуваат со сусам/ким/крупна сол/мак (што сакаш), се става мало парче маргарин одозгора на секоја кифла, па се печат на 200 степени, отприлика 15-20 минути, ама пак ќе си видиш. Не треба премногу да се зацрвенети одозгора.

    -------------------------------

    Автор: @Monella

    [​IMG]

    1кг. Млеко
    500гр. Јогурт (к.млеко)
    2 квасеца
    3 белки од јајце (жолчките се оставаат за одозгора)
    9 мали лажици сол, 6 шеќер
    1 шоља зејтин
    Брашно колку да се замеси тесто (1.500- 1кг.750гр.)

    Начинот на подготовка го има објаснето веќе Анатх.
    Маргаринот јас го ставам внатре, додека ги сукам.
    Внатре на местото на маргаринот останува дупче.

    ------------------

    Автор: @♡BuBaLe♡

    [​IMG]

    1кг брашно
    1/2 литар млако млеко
    250 мл масло
    1 сув квасец
    Лажица шеќер
    Лажичка сол
    3 јајца ( 2 цели и една жолчка, белката ја користам за премачкување)
    сусам,афион
    пола маргарин кој го ставам на ситни коцки врз секое кифле

    Постапката за замесување тесто верувам на сите ви е позната :)
    Го ставам брашното во сад, додавам шеќер и сув квасец и мешам
    Млекото го смлачувам,му додавам сол, матени јајца, масло, мешам и ја додавам смесата во брашното, замесувам меко тесто,баш доаѓа како ушната ресичка :). Го оставам да нарасне точно 40 минути, и кинам парченца без размесување на тестото, скоро колку орев, правам форми, премачкувам со белка, наросувам сусам,афион,по едно парченце маргатин и печам 25 мин. на 180 степени.


    ---------------------------

    Автор: @Val-Dim
    [​IMG]



    Домашни кифлички
    1 кг брашно
    500мл млако млеко
    100мл масло
    1 квасец
    2 јајца
    2 лажички сол
    1 лажички шеќер
    Се замесува тесто од сите состојки и се дели на 8 еднакви дела. Од секој дел се развлекува тркалезна кора која што се дели на 8 триаголници. На секој триаголник се става парченце сирење и се формира кифличка.
    Кифличките се редат во плех намачкан со маргарин, се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со сусам. Врз секоја кифличка се става по едно мало парченце маргарин. Се оставаат на топло на „стасаат“ и се печат во загреана рерна.

    Автор: @toogood

    [​IMG]

    Домашни кифлички
    1 кг брашно
    500мл млако млеко
    100мл масло
    1 квасец
    2 јајца
    2 лажички сол
    1 лажички шеќер
    Се замесува тесто од сите состојки и се дели на 8 еднакви дела. Од секој дел се развлекува тркалезна кора која што се дели на 8 триаголници. На секој триаголник се става парченце сирење и се формира кифличка.
    Кифличките се редат во плех намачкан со маргарин, се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со сусам. Врз секоја кифличка се става по едно мало парченце маргарин. Се оставаат на топло на „стасаат“ и се печат во загреана рерна.

    Автор: @orhideea

    [​IMG]

    Рецепт:
    1 кг брашно, 1 јајце, 1 квасец, млеко, вода, лажиче сол, лажиче шеќер, малку зејтин.
    Млекото да е млако, за мерки точно незнам јас секогаш се од око си клавам, колку што може да прими тестото. (fingers)
    Едните се со сиренце другите со нутела и шеќер од горе попрскани.

    Автор: @LollySky

    [​IMG]

    Состојки :1 кг. брашно 2 јајца 150 мл. зејтин 4 лажици шеќер 2 лажици сол 1 свеж квасец 1/2 л. млеко 250 гр. маргарин За премачкување на кифличките 1 јајце.
    Загрејте го малку млекото и ставете го квасецот со малку шеќер и брашно да надојде. Во еден длабок сад, просејте го брашното и додадете ги јајцата, зејтинот, шеќерот, солта и надојдениот квасец со млекото. Замесете убаво мазно и меко тесто кое нема да се лепи за рацете. Ставете го во садот, покријте го со една крпа и оставете го на топло место убаво да нарасти. На намастена површина извадете го тестото од садот и поделете го на 4 еднакви делови. Од секој дел посебно расукајте една округла кора. Кората намачкајте ја убаво со маргарин. Сечете со нож (или најдобро со нож за пица) на 12 или 16 делови. Секој дел виткајте го во кифличка и ставајте ги во подмачкан прех. Оставете ги така во плехот повторно убаво да нараснат. Во меѓувреме уклучете ја рерната на 180°Ц да се загрее. Нараснатите кифлички намачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. На секоја од нив ставете по едно мало парче маргарин.
    Се печат околу 25 мин.

    Автор: @sanjaeva

    [​IMG]

    Рецепт
    1200 брaшнo
    3 јaјцa
    1/2 литaр млекo
    1 квaсец
    1 лaжичкa шеќер
    3 лaжички сoл
    100 мл. мaслo зa јaдење

    Квaсецoт гo рaзмешувaм вo млекoтo, не чекaм дa стaсa. Врз брaшнoтo ги стaвaм сите сoстoјки, пoлевaм сo млекoтo и месaм.
    Oдкaкo ќе стaсa кинaм тoпчињa, рaсукувaм, oд еднaтa стрaнa стaвaм сирење, oд другaтa зaсекувaм сo нoжoт и мoтaм.
    Кoгa плехoт е нaреден гo стaвaм вo релнa нa 50 степени дa нaрaснaт, пa мaчкaм сo јaјце и сусaм. Oдoзгoрa стaвaм пaрче мaргaрин.
    Се печaт 20 мин нa 220 степени.

    Автор: @Dgirlll

    [​IMG]
    500 гр. брашно
    1 квасец
    1 јајце
    200 мл. јогурт
    100 мл. масло
    сол
    Фил: спанаќ и изварка

    Се става квасецот со 1 лајче шеќер и 1 лајче брашно да надојди. Се меси тестото и се дели на 2 дела. Се расукуваат корите, се премачкуваат со маргарин и се диплат. Се оставаат да одморат во фрижидер 20 минути. Се расукува правоаголна кора, се мачка филот и се витка ролат од кој по желба се сечат или како триаголници или обично правоаголни кифли.

    Автор: @zhap4e

    Кифлички со путер, лук и кашкавал
    (плус екстра фил:шунка,павлака,зденка)
    [​IMG]

    Рецепт:
    1кг брашно плус за премесување (по потреба)
    1 пециво
    1.5- 2 мали лажички сол - измештајте ги состојките.
    Додадете 1 свеж квасец рaстопен во млако кон топло 150 ml. млеко, малку шеќер и малку брашно - нема потреба да чекате да се крене.
    Во смесата додадете и 1 јајце
    100-150 гр павлака или јогурт
    Масло за јадење и млака кон топла вода по потреба (сами ќе осетите кога ќе ги мешате состојките).
    Замесете меко тесто, покријте го и оставете го да кисне повеќе од половина час. Јас се направив дека го заборавив, оти се фатив со други работи па, речиси еден час киснеше. Ок беше. :D Тестово не расте многу ко оние стандардните теста кои ги правам за кифлички или леб или било што. Но, расте во печење и кифлите ќе ви бидат меки и ќе имаат убав вкус. Отакако ќе искисне, поделете го на четири топчиња, од секое расукајте кора и секоја кора пресечете ја - дијагонално 4 пати, за да добиете стандардно триаголници.

    За фил:
    Растопив путер на тивко со истолчени неколку чешниња - мали лук, исечкани перца од млад лук и кромид (ради зеленишот). Секое тријаголниче го намачкав со ова, дел ги поросив со кашкавал долж целото тријаголниче, не само на широкиот дел. Дел ги премачкав со смеса од остатокот што ми остана од павлаката (оти имав 200гр пластично павлака), измешана со зденка и шунка. Свиткајте ги во ролнички, премачкајте ги со путерот и лукот, одозгора им изрендав кашкавал и малку сиренце на некои, други ги брцнав во млеко (ко гевреци) па ги валкав во сусам.

    Автор: @Dust

    [​IMG]

    1кг брашно
    1 квасец
    1 лаж. сол
    1 лаж.шеќер
    пола филџан масло
    Вода по потреба

    Сусам, маргарин и јајце за премачкување

    Во мал сад се става квасецот, млака вода, 2 лаж,брашно и шеќерот. Во сад настрана се става брашното, 1лажица сол и маслото. Откако ќе стаса квасецот се префрла во смесата, се додава вода по потреба и се замесува. Се остава да стаса.. се прават кифлите, се премачкуваат со матено јајце и сусам, се става коцкичка мала маргарин, се оставаат (по желба) уште 10тина мин да стасаат и се печат...

    Може да бидат и во посна варијанта со тоа што јајцето за премачкување се исфрла ос рецептот.

    Автор: @GoldenRose.

    [​IMG]

    -1 кг брашно
    -1 квасец
    -2 јајца
    -2 филџани масло
    -1 филџан јогурт
    -пола лажиче шеќер
    -пола лажиче сол
    -млеко
    Квасецот се раствора настрана во малку млако млеко. Во другиот сад се става брашното , се додава пола лажиче шеќер, пола лажииче сол , се додаваат зејтинот, јогуртот и јајцата .Сето тоа се размесува и постепено се додава млеко додека да се добие глатко тесто. Тестото се остава да нарасне.
    После тоа постапката е веќе позната , се формираат кифличките, се премачкуваат со изматено јајце и сусам, им се става малку маргарин и се печат . Јас ги печев на температура од 200 степени.
     
    На A N A, Luminary, martovsko cveke и 24 други им се допаѓа ова.
  5. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема: Ќoфтињa
    Автор: @jasbi
    20170209_154818.jpg

    ИТАЛИЈАНСКИ ПОЛПЕТИ

    Се прават кофтиња од мелено месо ,јајце,презла,зачини,магдонос .Се ставаат во тава да се потпечат малку на подмачкано тавче.Се вадат и се полеваат со сос направен од зејтинче ,брашненце,доматно зачини и оригано.сосот треба да е густина како за палачинки.Се враќаат во рерна и се оставаат да крчкаат.Кога се при крај одозора се ренда кашкавал или парче цело колку кофтето или пармезан.Тоа е по желба или можностите.Како прилог со нив можете да ставите пире,шпагети ,помфритче,мешан зеленчук.
    П.С.Сосот го користам и за други видови месо на ист начин

    ________________________________

    Автор: @duffi

    Ќофтиња од тиквица
    20161108_180616-2.jpg
    Се ренда тиквицата и компир и се оставаат малку да пуштат вода, потоа водата се цеди.
    Се замесува смеса од нив плус се додава едно јајце , зачини по желба и малку брашно.
    Се пржи во јајце и брашно на не многу јак оган

    ____________________________

    Автор: @Annath

    Ќофтиња од тиквички и ориз
    Ќофтиња од тиквички и ориз5.JPG

    Се става солена вода да зоврие и се додава 400г ориз да се свари (околу 20 мин.).
    Главица кромид се сече на кругови, а 2 моркови и 2 тиквички се лупат и се рендаат.
    Оризот се цеди, се меша со исцедениот зеленчук, се додаваат 2 јајца, 2 жолчки, 150г рендано сирење,
    една и пол лажица сенф, 70г брашно, црн пипер, сол, црвен пипер. Добро се меша, се прават ќофтиња и се пржат во масло.
    Како додаток може да се направисос од 250г павлака со 3-4 лажици сенф, малку сол и црн пипер.

    ____________________________

    Автор: @LivingGlam

    Супа со ќофтенца (AKA Супата на баба)
    DSCN1690.JPG

    За ќофтенцата немам точни мерки, се прават од прилика.
    Потребно е мелено телешко месо, ориз и зачини.
    За месото - важно е да е чисто телешко. Нејќете да варите мешано. :puke:

    Од прилика 200-250 грама мелено телешко
    Од прилика 100 грама ориз
    сол, вегета и црн бибер. Може и сецкан кромид ако сакате.

    Формирате мали ќофтенца и ги замрзнувате во ќесички. Јас ги делам по 15 ќофтенца во ќесичка, тоа е доволно за супа за двајца. Ако правам за повеќе, ставам две ќесички.

    Супата:
    Се вари вода со сол, вегета, црн бибер, малку маслиново масло и сецкан морков (не мора морков ако ве мрзи).
    Кога ќе зоврие, се спуштаат внатре ќофтецата. Слободно може замрзнати. Варите на среден оган околу 30 минути.
    Потоа се додава една рака ориз (претходно измиен). Оставате уште 15тина минутки да вари.

    На страна матите јајце со две лажици павлака и сок од пола - еден лимон (по вкус).
    Полека внесувате една по една кутлачка од врелата супа, постојано матејќи го јајцето. Потоа јајцето полека се истура во супата, постојано мешајќи ја. Ако го спуштите наеднаш ладното јајце во врелата супа, ќе се свари во грутки.
    Ако ја загревате претходно подготвената супа, не претерувајте зашто пак може да се направат грутки од јајцето.

    На крај наросувате магдонос. Јас немав, па импровизирав - се гледа. :D

    * Совет плус: Ако варите телешко за некој друг ручек, зачувајте ја водата и во неа направете ја супата. Екстра појачан вкус.

    ___________________

    Автор: @sanjaeva

    20170422_155143-2.jpg

    Ќoфте
    Се зaмесувa меленo месo, ситнo сецкaн крoмид, јајце, сoл, бибер, вегетa и брaшнo. Oдкaкo ќе oдстoи 2-3 чaсa (дa се измешaaт вкусoвите :D) сo мoкри рaце се прaвaт тoпчињa, се плескaaт дa бидaт не мнoгу дебели.8) и се пржaт нa тивoк oгaн.
    Сoс (стaрински сoс)
    2 чешнињa лук се прoпржувaaт, се дoдaвa 1 лaжицa брaшнo (зa две пoрции), се пржи, пa се дoдaвa вoдa (претхoднo мoже и црвен пипер, aкo сaкaте црвен сoс). Вaри смесaтa сo пoвременo мешaње, 10тинa минути. Кoгa е густинaтa тaмaн кaкo зa сoс, се дoдaвa сoл, вегетa, бибер, кaри (пo желбa). Нa крaј се дoдaвaaт две сецкaни вaрени јaјцa и 5 ситнo сецкaни кисели крaстaвички.
    Тoa е тoa

    _____________________________

    Автор: @orhideea

    Ќофтиња од компири
    image (4).jpg


    4 големи варени компири
    150 грама сирење
    1 јајце
    2 лажици презла
    1 мала главица кромид ситно сечкан
    Сол
    Црн бибер
    За поховање:
    2 јајца
    Презла
    Брашно
    Подготовка:
    Компирите и сирењето се гмечат, се додава јајцето, кромидот, презлата и зачините се меси убаво со рака и се формираат ќофтиња.
    Се поховат прво брашно, јајце и презла, се пржат во загреано масло на помала температура, се вадат на кујнска хартија да се впија вишокот масло.
    Јас ги јадев со таратор превкусни се. (fingers)

    ________________________


    Автор: @Peppermint

    Ќофте без месо
    IMG_20170422_143139.jpg

    . 4-5 големи лажици овесни снегулки ги прелив со жешка вода за да омекнат. На страна изрендав три моркови со средна големина, ситно исецкав три млади кромитчиња, додадов семки од тиква (отприлика една шака), исто толку сецкан магдонос. Ова го додадов на овесните снегулки и целата смеса ја соединив со едно јајце. Додадов доста зачини -вегета, бибер, копар...Убаво измешана смеса ја оставив во фрижидер 30 минути. Смесата не е многу цврста и компактна за ќофтиња и затоа при обликувањето користев презла. Пржев на средна температура додека не се заруменат. Од овие количини излекуваат 10 ќофтиња со средна големина. Како прилог печен млад компир и омилениот crispy onion кој оди со се'.

    ------------------------------
    @Dgirlll
    [​IMG]
    Ќофтиња од брокула

    Се обарува брокулата и се сецка, му се додава јајце, младо кромидче и лукче, презла, сирење и по желба се зачинува. Се формираат ќофтињата кои се пржат а нареден пат ќе пробам и печени. Убаво одат со таратур.

    _______________
    @Viktorijaaa5
    [​IMG]

    Ќофте со тиквица,компир и кромид

    состојки:
    1тиквица
    3-4 помали компири
    1главица кромид
    млад кромид
    100гр кашкавал
    2-3лажици брашно
    2-3 лажици презла
    1 јајце
    малку пециво и сода
    сол,бибер,вегета

    Се ренда тиквицата,компирот и кромидот се додава сол се остава малку да отстои па се процедува убаво да излезе целата течност.
    Се додава јајцето,сецканиот млад кромид,100гр кашкавал(поубаво е да е кашкавалот тврд и се ренда на ситната страна од рендето) брашно,презла,зачини,сода и пециво.
    Убаво се сврзува и без проблем се обликуваат ќофтенца :)
    Се пржи во загреано масло,по пржење на хартија да се исцади вишокот зејтин.
    Сервирано е со павлака во која има малку вегета,црн бибер и сол.
    Види го прикачениот фајл 312090
     
    На LollySky, MilaP, Val-Dim и 11 други им се допаѓа ова.
  6. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема: Мешана скара
    Автор : @buba4e89

    20170430_151240.jpg

    _________________________

    Автор : @jasbi

    2017-05-01 11.39.55.jpg

    _______________________

    Автор: @orhideea

    image (5).jpg

    _____________________________

    Автор : @sanjaeva

    image-0-02-05-f277c452a86744c5c661484e544ab3600d3d0389d57a5dcf5b660241441f47f5-V.jpg

    ______________________

    Автор: @manako1

    17965738_1665329800428413_201613692_n.jpg

    ____________________________

    Автор : @LollySky

    20170501_213023.jpg

    ____________________

    Автор : @mariatim

    FB_IMG_1493670981361.jpg
     
    На LUCI 99, podravka, Summerlover и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Тиквички
    Автор: @duffi

    [​IMG]

    Прво се пржи меленото месо со зачини и малку сецкан праз, потоа се додава оризот.
    Потоа се полнат тиквичките претходно сечени на пола и издлабени.
    Остатокот од ориз се полива врз полнетите тиквички со додадено измешано јајце, малку лимонов сок и лажица-две кисело млеко.
    Се крчкат со вода, како сармата.
    Мерките се од око.
    ____________________________________

    Автор: @vitamina
    20170504_163950-01.jpeg

    Плескавички од тиквички со прилог паста карбонара.

    Плескавички:
    2 тиквички
    Малку кромид
    3 лажички магдонос
    5 лажици брашно или презла
    1 до 2 јајца
    1 лажичка к'цана сол
    Малку зачини по вкус
    Малку пециво

    Се рендаат тиквичките и се оставаат на страна во сад со малку сол за да изпуштат вода. Се цедат од водата и се ставаат во сад со сите горенаведени состојки плус ренданиот кромид.
    Се меша и со лажица се става од смесата во претходно загреано масло. (Оганот не треба да биде премногу врел).
    Се пржат на тивок оган.

    Прилогот од карбонара е стандартниот карбонара рецепт, наместо сланина јас користев чиста пршута запржена.

    ________________________

    Автор : @jasbi

    291252-e89a1836e09c5a5d67483aeb4b227710.jpg

    Pohuvani tikvicki vo jajca ,brasno ,prezlа

    _________________________

    Автор: @orhideea

    Печени тиквици со сос
    image (6).jpg

    3 тиквици
    За сосот:
    300 грама мешано мелено месо- телешко, свинско.
    1 главица кромид
    1 рака ориз
    2 моркови
    Средината од тиквиците
    Зачини: сол, вегета и црн бибер
    1 чешне лук
    500 грама доматен сос
    1 моцарела
    Малку кашкавал
    Тиквиците се сечат на пола и со лажица се вади средината од нив.
    Го спремаме сосот, кромидот го пржиме со морковите, го додаваме месото, зачините, лукчето и средината од тиквиците. Од како ќе се испржи убаво месото го додаваме доматниот сос и оставаме на тивко малку да поврија.
    Се полнат тиквиците се тура 1 чаша вода и се покрива со фолија. Кога ќе бидат печени се трга фолијата и од горе се става коцки кашкавал и моцарела и се печи додека не се растопи убаво кашкавалот и моцарелата

    _________________________

    Автор : @zhap4e

    20170506-0004.jpeg

    . На масло се пропржува сецкано лукче, се додаваат исечени на тркалца тиквички и моркови(ленти), се зачинува - сол/вегета, бибер... за да омекнат и малку бар да пуштат и да испари водата од нив. Се префрлаат во огноотпорен сад, се ренда сирење, кашкавал и се ставаат во загреана на 250 рерна 15 мин, колку да се запече и растопи сирењето и кашкавалот. Изматете јајца и павлака (за тие што сакаат екстра фил. без него исто е убаво) и прелијте го. Оставете го уште некое време да фати боичка и кркензи. Одозгора е поросено со пармезан,мислев и за лебни трошки и домати тркала запечени од горе, али што е многу,многу е. :D
    емдоматсегаезасвеж.

    ____________________

    Автор : @emkaemka

    1494143752258.jpg

    . Пржени тиквички

    * состојки:
    1мала тиквичка
    1лаж брашно
    2лаж презла
    3 јајца
    Сол, вегета, бибер, буковец, магданос - количина по вкус и желба

    * подготовка:
    Се лупи тиквичката, па се ренда, се ставаат сите состојки во длабок сад и се меша убаво, на малку загреан зејтин се сипува голема лажица од смесата и се пржи од двете страни.

    _______________________

    Автор : @referentka

    20170507_122901.jpg

    . Се засекуваат тиквичките,се полнат по желба,овде се со алпска и кашкавал.
    Се препелаат во презла зачинета со вегета,малку благ буковец.
    После одат во јајце и на пржење.

    Едноставно а со интересен вкус.

    ______________________,___

    Автор : @sanjaeva
    20170507_124152.jpg

    . Нa мaслo се прoпржувa ситнo сецкaн крoмид и мoркoв, пa се дoдaвa меленo месo, вегетa, бибер. Oдкaкo ќе се прoпржaт се дoдaвa мaлку oриз (гo зaбoрaвив oвoј пaт) , a пoтoa тoмaтелo и нa крaј мaгдaнoс.
    Тиквицaтa се лупи, се сецкa нa кругчињa и се реди вo тaвa. Врз тиквиците се пoсипувa филoт, a oдoзгoрa се реди уште еден слoј тиквици. Се пoлевa тaвaтa сo вoдa, дa ги пoкрие тиквиците. Се пече, a пред крaј се пoлевa тaвaтa сo мaтени јaјцa и јoгурт.

    ___________________________

    Автор : @LivingGlam
    DSCN1721.JPG

    . Тиквичките треба да бидат ладни, од фрижидер. Ја сечиме секоја на три дела, па секој дел го длабиме, да остане малку на дното ко чашка. Се "бланшираат" (така е зборот? :^) ) во зовриена солена вода (околу 5-7 минути).

    Се пропржува кромид, морков, внатрешноста од тиквичките и мелено телешко месо. Зачини по вкус.
    Додадов 2 лажици доматен сос, а на крајот 3 лажици кисело млеко.

    На тава намачкана со маслиново се редат чашките, па се полнат со филот.

    Се пече 20-тина минути. Потоа одозгора се става кашкавал (поубаво е со биено сирење, ама немав), и уште една лажица кисело млеко. Се пече уште 10-тина минути.

    ____________________________

    Автор : @Salome

    20170507_152128-1.jpg

    . Подготовка:
    Една тиквичка се мие убаво и се сечка на коцкички.Се посипува со сол и маслиново масло.Се пече на скара додека не зарумени.
    Се служи со прилог месо и салата
     
    На JuLleE, Summerlover, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Макала

    Автор: @referentka

    [​IMG]

    Во блендер се ставаат:
    50гр маслац
    Една мала павлака
    Две мали лажици мајонез
    Лажиче кориандер
    Малку копар
    Едно чешне лук
    Се блендира и се служи..најубаво оди со чипс ѕаѕики..и со чаша Дудин:*

    -------------------

    Автор: @manako1

    [​IMG]

    Лупени домати,блендирани па се пржат во масло да изврие водата.На крај му се додава лук и магдонос.

    _______________________

    Автор: @Val-Dim

    [​IMG]

    Македонско малако со везени пиперки
    Се варат везени пиперки и компири
    Во керамички сад се толчи лук со сол додека не се добие убава пенаста смеса. Сварените пиперки се чистат од семките и лушпите и се додаваат во лукот. Излупениот варен компир се додава еден по еден и цело време се толчи (може да останат и ситни парченца од компитот, не правите пире!). Се додава врела вода за да „омекне“ смесата, па попарувате со врел зејтин.

    ПС Немем поубава фотка, јас макало правам во тенџере, нооо... превкусно е :tmi:

    _________________

    Автор: @emkaemka

    [​IMG]

    Исто е како на Вал-дим и не се натпреварувам, само се фалам :D

    _________________

    Автор: @Dust

    [​IMG]

    Макало МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПРИЈАТЕЛСТВО:rofl:

    Мерки нема, се по желба, зависи колку сакате да ви излезе:!:
    Во блендер блендате се..

    Фета, козја(!!!), оригинална грчка, не од оние фетино чудата:!:
    Малку беровско сирење
    Лажица или две грчки јогурт
    Треба и лажица маслинво масло и чешне лук, ама кај дел од нас лукот не поминува, а мене маслоновото ми е премногу јако за тука..

    Се бленда и се мака со што сакате:D




    И сега да бидам сериозна:D
    Оригиналниот рецепт е наречен Хтипити или Тирокафтери и е познато грчко мезе..
    По желба се ставаат фета, обично бело сирење (опционално), грчки јогурт, маслиново масло, лук (опционално) и црвени пиперки (2-3), може и лути..
    Се се блендира (прво пиперките, затоа што знаат да се прават важни па тешко да се изблендираат):D

    _________________

    Автор: @Asterion

    [​IMG]

    - 100 гр црвена леќа
    -1 лажица маслиново масло
    -3 чешниња лук
    -35 гр морков
    -40 гр домати
    -425 доматен сос
    -2 лажици доматно пире
    -1/2 лажичка сол
    -1/2 лажичка буковец
    -1 лажичка оригано
    -1 лажичка босилек
    -1 лажичка шеќер

    Ја вареме леќата во сооднос 1:2 околу 15 минути и ја тргаме настрана. Маслиновото масло го загреваме во тава и ги запржуваме лукот,морковот и доматите околу 3 минути. Го додаваме доматниот сос, доматното пире, солта, буковецот, ориганото, босилекот и шеќерот и оставаме да крчка 10-15 минути мешајќи повремено. На крај ја додаваме варената леќа и промешуваме. Може да се јаде така или да се изблендира. Може да се користи како сос за паста, да се мачка на лепче или јас како што го јадам со печени компири.

    ________________

    Автор: @duffi

    [​IMG]

    Една убаво измиена краставица со лушпа се става во блендер заедно со една мала павлака, една лажица сенф, многу малку кари за вкус, истолчена чешна лукче , сол по вкус.
     
    На Troi и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема: Торта
    Автор : @Val-Dim

    DSC_0027.jpg

    . Торта со банани

    Пандишпан

    6 јајца
    6 лажици шеќер
    5 лажици брашно
    1 прашок за пециво
    Крем
    1/2 литар млеко
    10 лажици шеќер
    4 лажици брашно (2 пудинга)
    2 жолчки
    2 ванили
    1 путер
    1 чоколадо за готвење
    1 шоља ореви

    Се матат јајцата со шеќерот, се додава брашното и прашакот за пециво. Се пече во плех (намастен и посипан со брашно). Уште врело тестото се обликува во ролат (се витка со помош на влажна крпа).
    Се зоврива млекото со шекерот и му се додава смеса од разматени млеко, жолчки и брашно (пудинг). Кога ке проврие се трга на страна, се додава чоколадото и се остава да се олади. Путерот се мати пенасто со 5 лажици шеќер во прав, се додава сварениот крем и оревите... Се убаво се воедначува и се филува пандишпанот. На две места по цела должина се редат банани. Се витка во ролат, се премачкува со кремот, па со две матени шлаг пени. Се украсува по желба - рендано чоколадо, мрвици, мелени ореви...

    Многу лесна, не преблага, а сепак превкусна торта :f:

    _________________________

    Автор: @jasbi

    2017-05-18 01.40.27 (1).jpg

    . Kinder tortaa
    6 белки со 6 лаж шекер и 1 лаж оцет се матат во цврст снег.На хартија за печење попрскувате малку зејин и ставате мелени ореви а одозгора го ставате и размачкувате во кора тенка снегот од белки.Ставате на 150 степени на тивкл да се исуши убаво кората во рерна.
    Крем
    6 жолчки со 250 гр шекер и 3 лаж густин со млеко ги матите со лажица во сад какл за пудкнг.Во 700 мл млекл го сипувате кога ке се загрее и мешате да се згусти.Кога е готов кремот го делите на пола и ставате едно топено чоколадо и мешате.
    Во посебен сад ставате 150 мл млеко со 2 лаж нес кафе.
    Постапка на редење:
    Печените белки со ораси(треба да остане бело кога е готово)ја сечете кората на пола.едниот дел го ставате како прва кора ,врз неа кафеав крем,редите бисквити кои ги брцкате во нес кафето,па бел крем .Се става втората кора од белки и се повторува .Кафеав крем ,бисквити,бел крем.Одозгора е филувана со хопла во која додадов матени белки за да не е тешка на вкус.и на крај е попрскана со златна прашина.
    П.С.Тортата е за роденденот на мм:inlove::^:

    _______________________________

    Автор: @afrodita26

    image-0-02-05-aaf0dae0caf1958e957d2b5f9e80c841f6510491d47d4a968bf2ff98a50935fd-V-3.jpg

    . Зa пaндишпaн 5 јaјцa,5 лaжици брaшнo 5 лaжици шеќер и 1 мaлo лaжиче пецивo.Вo едниoт пaндишпaн стaвив кaкao.Фил:500 мл млекo се вaре сo 2 пудинзи.Oткaкo ќе излaде дoдaвaм 250гр мaскaрпoне и рендaнo белo чoкoлaдo.Чoкoлaдниoт фил истo се вaре сo чoкoлaден пудинг и се рендa 100гр чoкoлaдo и се дoдaвa 250 гр мaскaрпoне.Кoгa се е гoтoвo се мaте 500 мл хoплa и вo неa се стaвa рендaнa милкa.Бел пaндишпaн се мaчкa сo бел фил и врз фил пoлa oд хoплaтa,пa кaфен пaндишпaн чoкoлaден фил и хoплa пa бел пaндишпaн.Се декoрирa пo желбa.

    ___________________

    Автор: @Peppermint

    IMGP0143.JPG

    . Торта со малини
    бисквит

    Шеќер 150 гр, 85 g брашно, 40g какао, ½ лажичка прашок за пециво

    ½ лажичка сода бикарбона, малку сол, 1 јајце, 90 мл млеко, 3 лажици масло, 90 ml топла вода

    фил

    150 g мелено бисквити Плазма, 100 g шлаг крем во прав , 200 мл млеко, 300 г малини

    Ганаж од бело чоколадо

    100 гр бело чоколадо, 5 лажици слатка павлака, 15 гр путер

    подготовка

    Вклучете ја рерната на 180 ° C.

    Во сад измешајте ги сувите состојки за бисквитот. Во друг сад изматете едно јајце, додадете млеко и масло. Додадете ги сувите состојки и матете добро со миксер. Оваа смеса, се прелива постепено со топла вода и се продолжува со матење, Смесата ќе биде доста течна. Во тава (дијаметар 26 cm) обложена со хартија за печење се истура смесата. Се пече во загреана рерна 25 минути.

    За филот се мати шлагот со млеко, се додава плазмата и малините и внимателно се меша да не се распаднат многу.

    За ганажот белото чоколадо се топи на пареа, се додава павлака и путер. Кога ќе се излади се прелева врз филот. Тортата се украсува со овошје

    ______________________

    Автор: @orhideea

    image (4).jpg

    . 5 јајца
    5 лажици брашно
    9 лажици шеќер
    2 лажици какао
    130 мл млеко
    60 мл масло
    1 пециво
    1 ванилен шеќер
    200 мл чоколадно млеко

    Сите состојки се матат прво јајцата со шеќерот па се додаваат другите. Печиме во тепсија што се вадат обиколниците и се сечи на пола. Корите ги премачкуваме со чоколадно млеко.

    Фил:
    600 мл слатка павлака
    300 гр чоколадо

    Во тенџере на ниска температура ги ставаме павлаката и чоколадото додека се растопи, потоа матиме со миксер и филуваме меѓу корите и од горе.
    А од страна ја премачкав со еурокрем за да ми се залепи поубаво чоколадото.

    Декорирав со харибо бонбони, чоколадни, бомбони и желе бомбони, бонитоп и од страните чоколадо.

    Повеќе внимание посветив на декорирањето, тоа ми беше побитно :lol:
    Пресек за жал не сликав :wasntme:

    ______________________

    Автор: @Arendelle

    IMG_20170520_160701.jpg

    . И jас за сефте во темата, не е кој знае што, една на брзина замачкав. Кори купечки (немам време,ниту волјаи желба за печење) инаку може да се испече пандишпан по желба. Корите ги попрскувсм малку со млеко, помеки се така. ФИЛ Два пудинга од чоколадо се варат во млеко според упатството, се додава едно чоколадо за готвење, 400гр шеќер го ставам во млекото,125гр маргарин кога ќе биде готов пудингот но сеуште топол за да може да се растопи и едно пакетче мелени плазма а може и обични бисквити. Плус 100гр растопено чоколадо за прелив.

    ______________________

    Автор : @♡BuBaLe♡

    IMG_20160814_232410_1495206248729-1.jpg

    . Се состои од 4 пандишпани и 4 филови.

    1.пандишпан
    8 белки се бијат со 8 лажици шеќер,се додаваат 200 грама кршени лешници, 4 лажици брашно и прстофат прашак за пециво

    2.пандишпан
    8 белки се бијат со 8 лажици шеќер,се додаваат 200 грама мелени бадеми, 4 лажици брашно и прстофат прашак за пециво

    3.пандишпан
    8 белки се бијат со 8 лажици шеќер,се додаваат 200 грама ( по можност орео колачиња) кршени 4 лажици брашно и прстофат прашак за пециво

    4.пандишпан
    8 белки се бијат со 8 лажици шеќер,се додаваат 2 ( по можност милка ноисете чоколади) 4 лажици брашно и прстофат прашак за пециво

    Се печат на тивко (150) по 20тина минути

    Фил
    500 гр омекнат путер се мати со 250 прав шеќер
    Се вари пудинг од ванила ( 1200 млеко со 6 пакувања пудинг )
    Жолчките се матат со 250 прав шеќер и се обработуваат на пареа до згуснување ( по потреба додавам и лажица брашно измешана со лајца млеко)

    Сите три се мешаат заедно и се изработуваат со миксер
    Се делат на 4

    1.фил
    Се додаваат 200 грама мелени лешници

    2.фил
    Се додаваат 200 грама мелени бадеми

    3.фил
    Се додаваат 200 грама рендани ( по можност милка јагода) чоколади

    4.фил
    Се додаваат 200 грама стопени ( по можност милка ноисете ) чоколади

    Тортата е габаритна, тешка, богата, вкусот е феноменален, погодна за прослави.

    ________________________

    Автор: @JuLleE
    FB_IMG_1495393282506.jpg

    . Тортава е мое дело, и рецептот е мој, споен од повеќе торти.
    За пандишпан: 5 јајца, 10 лажици шеќер, 7 и пол лажици брашно, 10 лажици млака вода, 4 лажици ораси и 7 и пол лажици ореви и пециво.
    Се прават 3 кори или 4, по желба.
    За фил 1: Филот е од Васина торта, се матат жолчки околу 6 со 250 грама шеќер во прав на пареа. Се додава 100 грама чоколада за готвење. Со 100 грама млеко се попаруваат 300 грама ореви и се додаваат во јајцата и шеќерот а потоа се додава и 250 грама растопен путер и заедно се матат.
    За фил 2: Се матат жолчки на пареа со 250 грама шеќер во прав. Се става 100 грама бело или црно чоколадо. Се додава и 250 грама растопен путер. По желба се додаваат и крем банани.
    Се редат пандишпаните и се филуваат со филовите најизменично.
    Јас за филовите ги дуплирам состојките за да излезе повеќе фил или во белиот додадв густин или пудинг, а и Бубале ми откри тајната со брашното и млеко. Тортава е од лани па пресекот ми го нема
     
    На Belabelinakinder и Dust им се допаѓа ова.
  10. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема: Крофни
    Автор : @koritsaki

    download.jpg

    . Посни крофни

    Состојки:
    400гр брашно (јас ставив 350 бело и 50 овесно)
    1 квасец
    250 мл вода
    150мл зејтин
    4л шеќер
    Прстофат сол
    Рендан портокал

    Се меша се заедно , тестото стасува 1 саат. Се расукува ни многу дебело ни мн тенко, и со чаша се вадат кругови. Крофните се пржат во врел зејтин. По желба се полнат. Јас моите не ги полнев :)

    _____________________________

    Автор: @Ane-Goki1

    18763351_1954778188088735_696494922_n.jpg


    ________________________

    Автор : @Arendelle

    IMG_20170526_110227.jpg

    . 1шолја млеко (250мл), 2јајца, 50мл зејтин,1квасец, 600-700гр брашно (по потреба), 1лажичка шеќер и 1 лажичкс сол. Се меси тесто, де остава да стаса околу час, се расукува кора и се сече со чаша,големина по желба се пржат во загреано масло.

    ______________________________

    Автор: @Bridget
    download (3).jpg

    . Рецепт -500 грама брашно, 250 мк млеко (млако), 1 пакетче сув квасец, 1 јајце, 1 голема лажица шеќер, малку сол.
    Се замесува тесто, се остава саат или повеќе (зависи колку ви е топло дома), се развлекува дебела кора колку прст, со чаша се вади тесто и се оставаат уште пола саат најмногу. Се пржат во длабок сад на загреано масло.

    _______________________________

    Автор: @referentka

    IMG_20170526_191637.jpg

    . 3јајца
    7гр брашно
    50мл зејтин
    1 сув квасец
    250мл млеко
    2 л шеќер
    1 мало л сол
    Се размесува глатко тесто и веднаш се разсукува кора од 6-7 см и се сечат кругови со чаша.
    На едно кругче се става лажица еурокрем,се поклопува со друго кругче и се притискаат со малку помала чаша за да се залепат круговите и да не се излее еурокремот при пржење.

    Се оставаат 10 мин да надојдат и се пржат во врел зејтин,но не на најјако.

    Се сипаат со шекер во прав и може да се аранжираат со чоколадо и мрвици или шлаг.

    ____________________________

    Автор: @joy1

    IMG_4040.JPG
    . Пола кило брашно,еден квасец,сол,шекер,јајце и 250 мл заграно млеко.Се чека да стаса саат време и се вадат кругови со чаша .

    _____________________________

    Автор: @fila

    IMG_20170523_205612.jpg

    . 4 jajca
    15 lazici seker
    170 ml maslo za jadenje
    370 ml jogurt
    2 peciva
    35 lazici brasno
    1 vanilin seker
    Se matat prvo jajcata I sekerot , pa potoa se dodavaat ostanatite produkti .Se zagreva aparatot I potoa od smesata se polni spric za dekoriranje na torti I so nego se polnat kalapite za krofni , odkako ke se ispecat se dekoriraat po zelba.

    Mene iskreno me fati mrza za dekoracija I zatoa imaat samo cokoladen preliv

    _________________________

    Автор: @MamacitaBuena
    IMG_20170528_3.jpg

    . 500 гр. бело брашно тип400
    1 свеж квасец
    200 мл млеко
    100 мл јогурт
    Едно јајце
    1 лажичка шеќер
    Малку сол
    Прашок за пециво
    (Плус шлаг пена,џем од малини,шеќер во прав,масло за пржење)

    Во млакото млеко се става шеќерот и квасецот па се чека 15тина минути да се активира.
    Се додава вака во брашното,заедно со јогуртот јајцето солта и пецивото и се замесува средно меко нелепливо тесто.
    Се расукува кора и се вадат форми по желба.Се редат во плех и се чека 1 час да стасаат.
    Се пржат во многу масло на среден оган за да не бидат изгорени а живи внатре.
    Се полнат и декорираат по желба,моите во овој случат со џем од малини,шеќер во прав и шлаг пена.
    Добар апетит!!!:)

    ________________________

    Автор: @JuLleE

    20160828_124413.jpg

    . Половина кг млеко, 3 јајца, 3 лажици големи зејтин, 2 лажици големи шеќер, малку сол, 1 квасец и брашно по потреба. Се замесува средно меко тесто. Се остава да кисне, па откако ќе стаса, се расукува кора и со чаша се сечат и се пржат во врел зејтин.
    Ги полниме по желба, а се наросуваат и со шеќер во прав.
    Рецептот е класика, од тефтерот на мама и ми се незаменливи.
    Имам едни и без стасување со јогурт, ама овие ми се омилени:mm:

    ______________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    IMG_20161014_203845-2_1495984419973 (1).jpg

    . Мини крофни

    Рецепт:
    1,2 кг брашно
    1/2 л млеко
    Филџан масло
    3 јајца
    Филџан шеќер
    Прстофат сол
    2 квасци

    Се зафаќа квасецот со млако млеко и шеќерот. Се вмешуваат јајцата, маслото, останатото млеко,солта и се додава постепено брашното. Се замесува меко тесто и се остава да кисни 40тина минути.
    Се вадат форми по желба ( најчесто правам округли со чаша, геврек форма, а се почесто вака малечки топченца интересни за децава )
    Пржиме во масло на тивко и практикувам да ставам чечкалица во маслото за пржење, ми останало од баба ми, не впивале масло крофните така :^)
    Ги цедам на салфетка и ги валкам во шеќер во прав и додавам чоколаден прелив :)

    _____________________________

    Автор: @galapce
    [​IMG]

    . Пола килограм брашно
    250 мл.топло млеко
    1 квасец
    2 јајца домашни
    Малку сол
    Малку шекер
    И малку цимет
     
    На theowndemon, Lejla8, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Турско (македонски) специјалитети

    Автор: @kravce

    [​IMG]

    Рецептот за тестото, од овде https://moirecepti.mk/post/пица-бурек-со-тегнети-кори
    Со сончогледово масло :!: Имам правено и со маслиново, ама не ми се тегнеше добро. Меленото месо го запржуваме со кромидче и зачини и го редиме на секоја втора кора.
    Држете го тестото на топло, за полесно да се тегнат корите. Тестото треба да биде доста меко. За добар бурек ви треба и добро месо

    -------------------------
    Автор: @Arendelle

    [​IMG]

    1литар вода,1литар млеко, 9лажици шеќер, 1 ванилен шеќер и 400гр ориз. Во тенџере се стават водата,млекото,шеќерот и ванилата се варе додека да се сропи шеќерот пороа го додаваме оризот и се варе на тивко. За озгора кој што сака јас на моево ставив цимет на мм кокос.

    -----------------------------
    Автор: @Bridget

    [​IMG]

    Kabak rulosu - Роловани тиквици
    Се сечат долги ленти од тиквици и се посолуваат. Се прави смеса како за палачинки (таа густина) од јајца, млеко, брашно и сол. Се валкаат лентите и се пржат во тефлонска тава. Откако ќе изладат се става на нив домат, сирење, нешто зелено што ви се наоѓа по дома, се ролуваат и за декорација се врзуваат со перки од млад кромид.

    -----------------------------------------------

    Автор: @lovemme

    [​IMG]

    https://moirecepti.mk/post/ѓозлеме
    Јас ги направив без праз

    -------------------------

    Автор: @MamacitaBuena

    [​IMG]

    Состојки
    50 гр.бадеми непечени
    Малку ф'стаци за декор
    1 литар млеко
    50 гр.нишесте
    250 гр шеќер
    2 жолчки
    30 гр кокос (по желба)
    Бадемите се полеваат со врела вода за да можете да им ја извадите лушпата.Такви,се мелат најситно.Ф'стаците се дробат во сецко покрупно малку.
    Пола литар млеко се става во тенџере се додаваат нишестето,шеќерот,кокосот бадемите и јајцата и се меша така убаво додека не се изедначи.Потоа се додава и другиот пола литар млеко па се вклучува ринглата на среден оган и се меша додека не се згусне убаво.Се украсува со цели бадеми и дробени ф'стаци:)

    --------------------------

    Автор: @jasbi

    [​IMG]

    Полмета пиперка со урда и јајце
    Потпечена ,излупена,рачката се вади и се полни со изматена урда и јајце.Похувана е во брашно ,јајце,презла.

    ------------------------
    Автор: @koritsaki

    [​IMG]

    Сутлијаш со рендан портокал и лимон

    Потребни состојки:
    1200 мл млеко
    120гр ориз
    100гр шеќер
    1лажичка рендана кора од портокал
    Пола лажичка рендан лимон
    Цимет

    Во сад се става млекото, оризот и се оставаат се додека млекото не почне да врие. Се намалува температурата и се готви околу 25мин додрка не омекне оризот. Се додава шеќерот , корите од портокал и лимон и се готви уште 10мин додека не се згусне смесата. По желба се додава цимет. :)

    ---------------
    Автор: @orhideea
    [​IMG]
    500 гр кадаиф
    200гр сецкани ореви
    200 гр суво грозје
    100 гр путер

    Шербет
    Сок од 1 лимон
    Рендана кора од 1 лимон
    1 лажица мед
    1 кг вода
    800 гр шеќер
    1 ванилен шеќер

    Половина од кадаифот ставаме во тепсија и го настегуваме со рака па од горе редиме ореви и суво грозје, половина од путерот (предходно растопен) го полеваме кадаифот и го печеме 15 минути на 150 степени. Потоа ја ставаме и другата половина од кадаифот и полеваме од горе со преостанатиот путер. Се печи на 150 степени 40-50 минути додека порумени убаво од горе. Го оставаме да се лади.

    -----------------------------
    Автор: @duffi

    [​IMG]
    Гриз алва

    4чаши вода
    3чаши шеќер
    2чаши гриз
    1чаша зејтин
    1 пакување ванилин шеќер
    1 чоколадо за готвење

    Прво се загрева зејтинот ,па се додава да се пржи гризот, да поруменее убаво, потоа се додаваат шекерот и ванилата, и се попржува уште малку.
    Потоа го тргнуваме од огнот и ја додаваме водата, па повторно се враќа на рингла за да се згусне смесата.
    Потоа ја истурив смесата во плехче.
    Растопив едно чоладо за готвење со капка зејтин и млеко и ја полив, како глазура.

    --------------------------------
    Автор: @Val-Dim
    [​IMG]

    Чоколадна баклава
    500 гр тенки кори
    100 мл масло
    1 маргарин
    300 гр. ореви мелени / сецкани
    200 гр. чоколадо за готвење (рендано)
    1 ќесичка ванилин шеќер
    Шербет
    800 гр. шеќер
    2 ќесички ванилин шеќер
    500 мл. вода
    1 лимон
    Подготовка
    Во сад се мешаат мелените ореви, рендано чоколадо и една ќесичка ванила. Се зема една кора, се попрскува со масло и се преклопува со друга кора. Се распоредуваат 3 лажици од сувата смеса и се витка ролна. Постапката се повторува со сите кори. Ролните се редат во правоаголен плех и се сечат на косо. Се посипуваат со еден растопен маргарин и се печат.
    За шербетот се проврива шекерот и водата, се додава ванилин шеќер, а кога ке се олади и сок од пола лимон. Топлата баклава се прелева со оладен шербет.

    Баклава со ореви и урми
    700 гр тенки кори
    400 гр сецкани ореви
    400 гр сецкани урми
    6 лажици шеќер
    6 лажици гриз
    1 лажичка цимет
    1 коцка маргарин / путер
    Шербет
    1200 гр шеќер
    1000 мл вода
    2 кесички ванилин шекер
    1 лимон
    Подготовка
    Сецканите ореви се мешаат со шеќерот, гризот и циметот. Маргаринот / путерот се растопува на тивок оган. Се зема една кора, се попрскува со една лажица растопен маргарин / путер, се превиткува на пола, па повторно на пола. На подолгиот крај се става од смесата со ореви, се додаваат сецкани урми и се завиткува како стапче. Свитканите кори се редат во намастена тава збиени една до друга. Секое „стапче“ се сече на три дела. Баклавата се пече на 200 степени 10-15 минути, а потоа уште 10-15 минути на 150 степени.
    За шербетот се варат шеќерот и водата, врие 5-6 минути, се додава ванилин шеќер, а кога ке се олади и сок од пола лимон.
    Врз испечената баклава се редат тенки кругчиња лимон и топла се прелева со оладен шербет.

    ПС Ова се две од вкупно трите баклави што најчесто ги правам :tmi:
     
    На Lejla8, theowndemon, CrazyOne и 2 други им се допаѓа ова.
  12. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема: Морски плодови


    Автор: @jasbi

    2017-06-09 12.09.10.jpg
    . Салата од морски плодови
    Се вари мешавина морски плодови во вода со малку оцет и сол.Се сецка ситно кромитче,патлиџан,рендано ситно морковче,сецкани маслинки,сецкан магдонос.Се додава сокод еден исцеден лимон ,се зачинува и сето тоа се меша.

    ___________________________

    Автор: @danichap

    IMG_6302.JPG

    . Колку без ич и јас.
    Октоподот со шпагети го постирав пред некој ден во фи, па на брзаница сега школки и ракчиња, колку за учество.
    Ги динствував со бело вино, бибер и др. зачини, плус лимон.
    Потоа ги додадов во марула салата со роктвици и млад кромид ама не успеав да сликнам.
     
    На kuc, theowndemon, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема : Коктели
    Автор: @Summerlover

    Традиционален македонски коктел Белегзиja
    6.jpg

    . -Ракија
    -Сок од јаболки
    -Сируп т.е вода од слатко од смокви
    -Смоква
    -Сируп од ванила
    Коктелот е во домашна верзија, се мешаат ракијата и сирупот од смокви и потоа го додавам сокот. Во самиот коктел се додава една цела смоква во чаша (она потемното што го гледате на дното од чашата) и на крај додавам малку сируп од ванила. Уделот на ракијата и слатката вода го правев еднаков, но може по желба, зависно кој колку поднесува ракија. На крај, за декорација е ставен лимон.
    За декорација на сликата во позадина стои парче руда, изберено да стои позади, бидејќи по изгледот ме потсеќа на вкусот на коктелот. Нежното бело е благоста на смоква и ванилата, а сивото, острата ракија. Вака испомешани ми ги даваат баш боцките на јазикот :D
    (Сликата е со ефект, за поуметничка да биде :wasntme:, но бојата на коктелот си е таа )

    _____________________________

    Автор: @simonka93

    Безалкохолен коктел
    IMG_20170615_151208.jpg

    . Рецепт
    -неколку замрзнати вишни
    -половина замрзната праска
    -сок од портокал
    - пелистерка мохито

    Се ставаат замрзнатите овошки во сад, и се налеваат со соковите... Важно е соковите да бидат топли,т.е.да не се од фрижидер, со цел овошјата да пуштат малку вкус...
    Освежително лесно пијалоче (fingers)

    _________________________________

    Автор: @vitamina

    img1497535902754.jpg

    . Коктелот е со цеден лимон и портокал, ананас, банана и кокос.
    Декорирано со трошки кокос.
    За целовкупниот шмек имам ставено 3 капки џек даниелс и малку малибу.

    _________________________________

    Автор: @SofiMar_

    IMG_0089.JPG

    . Изблендирав шумско овошје со мраз, го ставив во чашата, ставив малку сируп од малини, додадов уште мраз, кисела вода со лимон и малку рум.
    Декорација по желба.
     
    На realGirl, melnicanecot, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  14. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема : Ражничи
    Автор: @shz

    Ражнич со чери домати, пиперка и краставица за дечиња.
    IMG_20170624_220514_944.jpg

    ________________________________

    Автор : @orhideea

    Ражнич со свинско месо
    image (4).jpg
    Наредив црвена пиперка, модар патлиџан, кромид, сланина, и свинско месо.
    Ги печев со компири и моркови
    Прво под фолија со малку вода и бело вино, потоа без фолија колку боја да добијаат.
     
    На Dust и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Солени торти и ролати

    Автор: @Ane-Goki1

    Ролат со месо и јајца
    [​IMG]




    Рецептот не е ништо посебно.
    Се замесува тесто со мелено месо,сол,вегета,брашно,масло,лук или кромид.
    Се варат јајца онолку колку што сакате.
    И се вметнуваат внатре во тестото од мелено месо и се витка како ролат.
    Се пече на 200 степени додека не биде готово.

    ----------------------------------------

    Автор: @orhideea

    Солена шарена торта[​IMG]

    5 јајца
    250 мл јогурт
    80 мл масло
    9 л брашно
    1 пециво
    1 л сол
    Се мати се заедно со миксер и се дели на 3 еднакви дела.
    Во првиот дел се става 2-3 лажици сок од цвекло и малку цвекло рендано (јас ставив од тегла)
    Во вториот дел се ренда морков ипол и во третиот дел се става околу 350-400 гр спанаќ претходно обарен.
    Се печат едно по едно на температура од 180 степени.
    Јас печев во тепсија број 26 со обрач и хартија за печење.

    Фил
    100 гр рендан кашкавал
    100 гр сирење
    100 гр шунка
    3 јајца
    Павлака и мајонез
    Се меша се заедно а павлака и мајонез ставате колку сакате по вкус, но да не дојди многу течно.

    Нај одгоре јас премачкав само со павлака.

    Доколку некој се реши да ја прави и му требаат повеќе парчиња дуплирајте ги состојките, или може да се печи во плех па потоа да се сече како коцки. :)

    -----------------------------------

    Автор: @Monella

    Куглов со спанаќ

    [​IMG]

    4јајца
    1чаша зејтин
    1чаша јогурт (млеко)
    150гр. кашкавал (урда, сирење ) јас имам ставено кашкавал
    1ипол чаша брашно
    1пециво
    400-500гр. спанаќ

    --------------------------
    Автор: @Arendelle

    [​IMG]

    Користев готово тесто слично на лиснато но не е. Во филот ставив 450гр спанаќ го запражив малку со едно јајце, 150мл павлака и околу 200гр сирење. Инаку тоа е многу фил за една кора, правев и друга пита со спанаќ. Кората ја ставам на хартија за печење и ја премачкувам прво само со павлака околу 150-200гр потоа ставам од филот со спанаќ и редам 3-4 кругови шунка. Ја виткаме како ролат и ја ставаме да се пече. Јас тоа ставив може било што, кој што си обожава. земав трпение убаво да се олади..
    Види го прикачениот фајл 327604
     
    На Ctete, orhideea, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Десерт во чаша

    Автор: @Chanell*

    [​IMG]

    2 кесички сладолед од ванила се мати со 350мл млеко 5мин, се додаваат искршени орео колачиња и плазма
    Кога ќе се замрзне е спремен за лапачка :D

    -----------
    Автор: @Arendelle

    [​IMG]


    Ќе набројам што ставив, количината сами одредете ја во зависност од тоа колку чаши сакате да наполните.
    Бисквити ситно кршени, хопла, кокос, овошен јогурт од боровинка, јагоди (може било кое овошје, истото важи и за јогуртот) украсување со бонбони, цела бисквита. Во сите чаши ставаме од состојките, прво бисквити, па хопла, па овошје, пак бисквити, овошен јогурт, хопла, овошје, декорација. Полесно здравје, ставаме во фрижидер добро да се олади и готово за послужување. Вкусно и освежително. Види го прикачениот фајл 328917

    ---------------------
    Автор: @MamacitaBuena

    [​IMG]
    Се вари пудинг со 300 мл млеко,2 лажици кокос,4 лажици шеќер и 2 лажици густин.Се сипа најдолу во чашата.Врз тоа се наросува какао па над него парчиња банани.Врз бананите ставив сладолед од ванила и лешник,и кокосово брашно.

    ----------------------
    Автор: @dunika

    [​IMG]

    Се мислев дали да иде тука ова,дека мене ми е доручек:),ама нека прави гужва.Чашава е голема и затоа е до пола,а сликнав од долу да се види подобро.Прв слој е путер од кикирики,околу 2 лажици,втор слој мусли,па ставив мус од зелено јаболко(го изблендирав)и топингот е микс јаткасти со брусница:)Супер балансиран оброк ми е,и плус е посно/веган ;)

    ------------------
    Автор: @Asterion


    [​IMG]

    Здрав чоколаден пудинг од ориз

    -1 чаша ориз
    -1 чаша млеко од соја(или било какво млеко по избор)
    -1 чаша вода
    -3 лажици какао
    -1 лажица ванила екстракт
    -4 лажици мед
    -140 гр стопено темно чоколадо

    Го ставаме оризот во сад заедно со 2 чаши вода и го ставаме врз силен оган се додека водата не зоврие. Откако водата ќе зоврие оганот го ставаме на најслабо, покриваме и оставаме 20 минути за да се свари.
    Во меѓувреме 2/3 од чоколадото го топиме врз пареа. Кога чоколадото е целосно стопено, го тргаме садот од пареа, ја додаваме преостанатата 1/3 чоколадо и мешаме бавно се додека цело чоколадо не е растопено.
    Оставаме сварениот ориз малку да се излади па во блендер прво ги ставаме млекото и водата, па сварениот ориз, ванилата, какаото, медот и стопеното темно чоколадо. Блендираме се додека не е се убаво соединето.
    Ставаме во фриждер да се стегне најмалку 4-5 саати или прекувечер и после го имаме највкусниот, а здрав чоколаден пудинг. Дали ќе му додадете нешто одозгора или ќе го јадете самиот сам по себе е ваш избор. Јас му додадов малку домашен џем од јагоди, ф'стаци, боровинки и цреша.
    *Количината на медот може да ја менувате по ваш вкус. Ако сакате поблаго додадете повеќе мед и обратно.
    *Не сум пробала, но мислам дека ова ќе може да се направи и со тие рачните блендери за чорба.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема : Полнети работи

    Автор: @tace73

    Сарми од лозов лист
    IMG_3188.JPG

    . За 4-5 лица потребно е:
    1 кг мелено месо (јас ставам мешано)
    1-2 кромида (зависи од големина и желба)
    1 мало шољиче ориз
    1-2 лажици доматно пире
    по желба 1 рендан на ситно морков
    сув зачин по вкус (јас ставам околу две полни кафени лажички)
    1-2 лажички црвен пипер
    бибер, ѓумбир и други зачини по желба
    60-70 листа од лоза

    Подготовка:
    Листовите лоза ги бланшираме во вода со малку сол и оцет, за да омекнат и да паднат барем дел од хемикалиите што биле прскани. Кромидот го сецкаме на ситни коцки, кои ги пропржуваме да станат стаклени. Потоа го додаваме месото и убаво го пржиме. Го додаваме морковот, па зачините и го оставаме малку да се издинста. На 2-3 мин пред крај го додаваме и оризот. Кога малку ќе се излади ги виткаме сармичките. Ги редиме во големо тенџере, налеваме малку вода и ги оставаме околу 20-30 мин да поварат. На крај раствараме 2 лажички брашно (јас најчесто ставам 1 црно или интегрално и 1 пченкарно) со вода и прелеваме преку сармичките. Оставаме уште околу 5 мин се да се соедини. Служиме со кисело млеко.

    __________________________

    Автор: @SofiMar_

    IMG_0580.JPG

    . Полнети пиперки со ориз и мелено телешко месо, затворени со домати

    _________________________

    Автор: @shz

    received_1695916883760097.jpeg

    . Полнети пипери со урда

    Рецепт:
    3 јајца
    300гр урда
    Се пунат и се затвараат со парче кашкавал и се печат.

    ___________________

    Автор : @Arendelle

    Полнети печурки со кус кус
    IMG_20170714_183642.jpg

    .500гр печурки големи (моите и не беа баш), 2-3 чешниња лук, 1кромид (јас млад кромид користев) ,1морков, пола филџан кус кус, маслинки и кашкавал.
    Печурките се чистат, лукот, кромидот и морковот се запржуваат потоа се додава и кус кус, се полева со една чаша вода да го облие и се остава да крчка, посолуваме. Од зачини ставаме по желба оригано, босилек, кари... Потоа се полнат исчистените печурки, најозгора ставаме парче кашкавал и ставаме да се печат. Во тавата го ставаме остатокот од смесата, баајги останува и полеваме до вода. Се печат околу 40 минути. Може било кој сезонски зеленчук да се искористи, може без кашкавал и посно да биде.

    _____________________

    Автор: @referentka
    2017-07-15 18.48.27.jpg

    . Два најголеми компири
    250 гр пилешки стек
    150 гр кашкавал
    100 гр сланина
    1 јајце
    1 мала павлака
    Зачини по желба,јас ставив босилок

    Компирите се варат со лушпа ама не до крај како за пире.
    Откога ќе се сварат се длабат и издлабените остатоци се ставаат во тавче заедно со веќе испржени ситни коцки од стекот.Се додава и сланината и кашкавалот (при крај).
    На страна се мешаат павлака и јајце и се додаваат во смесата.
    Се полнат компирите,се става озгоре босилок и се пече додека да зарумени озгоре.

    Совет:не го употребувајте цел издлабен компир,многу е.
    Совет2:Не го лупете компирот.
     
    На mal.ecka, Lejla8, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Тема: Употреби три состоjки


    Автор: @Arendelle

    IMG_20170720_170719.jpg

    . Состојки:
    шлаг, млеко, колачиња орео. Количински сами одлучете колку ќе правите. Се мати шлагот со млекото кога ќе ја добие потребата густина ги додаваме колачињата орео кои претходно треба да бидат искршени. Смесата ја ставаме во калап и ставаме во фрижидер да се стегне. Лесно, брзо и вкусно. Може и само со хопла и орео.

    _______________________________

    Автор: @MamacitaBuena

    IMG_20170721_2.jpg

    . Палео десерт од микробранова
    3 состојки
    1 голема банана
    1 средно јајце
    2 лажици какао
    Во длабока шоља за чај се гмечи бананата,па се додаваат јајцето и какаото и убаво се меша.
    Се става 5 мин во микробранова на најјако.Се вади и се сече на две половини.Украсив со кокос,бисквити,мед и праска.

    _____________________________

    Автор: @SofiMar_

    IMG_0616.JPG

    . Торта со пудинг.

    Состојки:
    500г чоколадни бисквити
    2 пудинга од карамела
    1л млеко

    Декорирано со капини и боровинки.

    _________________________

    Автор: @kanella

    308437-97889b9ec9cffdb47810a7ed43e6c571.jpg

    . Капрезе салата. Домат, моцарела и песто

    _________________________

    Автор : @Ketchup

    DSCF7245.JPG

    . Нудли сo пaвлaкa и кaшкaвaл.
    Сè штo ви е пoтребнo е 150 грaмa свaрени нудли(без зaчините штo oдaт вo кoмплет сo нив), еднa лaжицa пaвлaкa и кaшкaвaл. Вo свaрените нудли, дoдекa се тoпли јa дoдaвaте пaвлaкaтa и кaшкaвaлoт и тoa е тoa. Декoрирaнo е сo кaшкaвaл и грaнче мaгдoнoс.

    ____________________________

    Автор : @orhideea

    image (4).jpg

    . Шпагетите се варат.
    Во тавче се пржи мелено месо (моево беше мешано телешко-свинско) и се додава доматен сос, и се остава на тивко да крчка.
    И од зачини лук во прав, шарена сол и црн бибер.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Тема: Поховани работи

    Автор: @referentka

    [​IMG]
    Се вари цело пиле во солена вода.Се става ловор и три цели моркови.
    Откога ќе се свари,се вади месо од коски,се дробат и морковите на кругови.

    Во водата во која се варело пилето се варат макароните.
    Заедно со истребеното пилешко се ставаат во тавче да се потпечат во тава во рерна под фолија.

    Од потпеченото се префрла во блендер дел по дел на поедро.
    Од блендираното се прават плескавици,се валаат прво во смеса од готово пире и презла па после во јајце и се поховат.

    Се служи со:
    -ѕанѕики
    -дресинг од мајонез со кисели краставички..
    ..и се друго што може да Ве освежи

    Деликатесно..ама потребни се 4 часа за припрема.Ако не Ви се прави-повелете...
    Вкусно е..оди со бунарЧЕ и поНфрит

    --------------------------------------------------

    Автор: @LollySky

    [​IMG]


    _______________________________

    Автор: @orhideea
    [​IMG]
    Ги поховав во брашно јајце и презла и ги печев во рерна.
    Не се многу фотогенични, но беја вкусни.

    Сакав да спремам похована даска ама на овие жештини ме мрзеше,
    ќе пројде и ова - битно да се учествува (fingers)

    ----------------------------------------------

    Автор: @Ane-Goki1
    [​IMG]

    Пилешки прсти
    Рецептот сите го знаат.
    Јас употребив две средни парчиња стек,ги исецкав и ги валкав во презла јајце и сусам и така ги пржев.
    Како прилог испржив 1 компир.
    Исто така ставив и купечки тартар сос.
    Направив и уште еден сос во кој ставив тартар, павлака и малце сенф.

    -----------------------------------------
     
    На Sesil, zhap4e и CrazyOne им се допаѓа ова.
  20. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Различни начини на приготвување Чиа семе
    Автор: @MamacitaBuena

    IMG_20170811_1.jpg

    . Потребни состојки:
    1 чаша бадемово млеко
    3 лажици оризово брашно
    1 лажица чиа семе
    шарени чоколадни лушпи за украс и блажина

    Млекото се загрева толку да биде врело,не и да зоврие.Се трга настрана и се додава брашното,па се меша додека се згусне малку.Се трга од оган,се налева во чинија или чаша па се додава чиа.Се остава еден час во фрижидер да се олади и да набабри семето па се украсува со чоколадни лушпи за вкус и украс.

    _________________________________

    Автор: @Mariangel

    IMG_2412.JPG

    . Чиа пудинг:
    300мл ладно млеко, 5-6 големи лажици чиа семе, 1-1,5 голема лажица мед или исто толку кафен шеќер ако не сте љубител на мед, 1-1,5 голема лажица какао, малку екстракт од ванила или ванилин шеќер. Се меша се убаво и се остава да отстои преку ноќ, спремно е за утредента за појадок и смее да се јаде максимум три дена (со чување во фрижидер секако)
    Декорација по желба

    _________________________

    Автор: @Mayyya

    20170814_024740.jpg

    . Чиа пудинг
    Прв слој: банана, аронија, бисквити.
    Втор слој: чиа семе, млеко, мед.
    Трет слој: праска, банана, бисквити.
    Состојките од првиот и третиот слој се блендирани, а чиа семето го оставив околу еден час во млекото да набабри.
     
    На ТедИ11 и Dust им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.