1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Рецепти и гласање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dust, 16 април 2017.

?

Тема: Домашна пица - гласање

Анкетата е затворена на 6 февруари 2020.
  1. Leo_29

    1 глас(а)
    2,3%
  2. angelche16

    2 глас(а)
    4,5%
  3. emkaemka

    4 глас(а)
    9,1%
  4. bella12

    3 глас(а)
    6,8%
  5. Star_dust

    2 глас(а)
    4,5%
  6. mariz

    7 глас(а)
    15,9%
  7. Sexybaby86

    5 глас(а)
    11,4%
  8. eli25

    10 глас(а)
    22,7%
  9. g8lQQk

    2 глас(а)
    4,5%
  10. manako1

    8 глас(а)
    18,2%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Овошен колач
    Автор: @tace73
    [​IMG]
    Тесто:
    Се матат
    4 јајца
    4 лажици шеќер и
    4 лажици брашно
    Се пече на 2000Ц.
    Фил: 300 грама вишни, 300 грама шеќер и 600 мл.вода се варат 10 мин. Во истата смеса се додаваат 2 пудинга измешани со 100 мл.вода. Се вари уште 5 мин. Се прелива врз тестото и се лади. По желба се премачкува со хопла или шлаг.

    _________________________

    Автор: @bebaa
    [​IMG]

    Колач со јаболка.
    • 3 јаболка
    • 125 г брашно (за растресито тесто)
    • 175 г кафен шекер(за растресито тесто)
    • 250 г путер (за растресито тесто)
    • 65 г кокос (за растресито тесто)
    • ½ лажичка цимет (за растресито тесто)
    • 450 г брашно
    • 250 г шеќер
    • 4 јајца
    • 115 г путер
    • 1 пакетче пециво
    • прстофат сол
    • Во пластичен сад измешајте 125 г брашно со кафеав шеќер, цимет, кокосово брашно и 250 г путер исечкан на коцки. Со раце месете се додека не добиете растресито тесто. Јаболката излупете ги и изрендајте ги.Остатокот од путерот (115 г), заедно со шеќерот и прстофат сол, со помош на миксер, изматете го. Додадете ги јајцата , едно по едно, притоа константно мешајќи. Додадете го и остатокот од брашното и прашокот за пециво.Во калап за печење, намачкан со путер или обложен со хартија, ставете пола од сместа, распоредете ги ренданите јаболка и пола од растреситата смеса. Одозгора ставете ја останата смеса и растреситото тесто..Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу еден час. Оставете малку да се олади, наросете со шеќер во прав и сервирајте!
    • Овој е оригиналниот рецепт,ама јас цимет не ставив,ставив малку рум во јаболката,и одозгора наместо шекер во прав поросив со кокос.
    _______________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Куглоф со овошје
    Јас во колачот ставив 3 праски и 4 сливи, а декорирав со малини и цреши и топено чоколадо (следниот пат ќе пробам со бело чоколадо).
    3 јајца
    1 шолја сенаменско брашно
    1 шолја интегрално брашно
    5 лажици шеќер
    1 лажица мед
    2/3 шолја јогурт
    пола шолја масло
    1 лажиче ванилин шеќер
    1 лажиче цимет
    1 пециво
    Сите состојки се мешаат со миксер и се истура содржината во калап или во тава. Се додава овошјето и се пече на 180 степени 45 минути( ако е во тавче 30 мин)

    ____________________

    Автор: @Monella
    [​IMG]
    Колач со јаболка
    3 јајца.
    200гр. шеќер
    100гр. путер
    200мл. млеко
    200гр. брашно
    1пециво
    Сок од лимон/кора од лимон
    прстофат сол
    лажиче цимет
    4,5 јаболки излупени и насечени на тенки парчиња. (Може и повеќе)
    Се пече на 180° околу 45-50 мин.
    По желба се наросува со шеќер во прав.
    _____________________

    Автор: @Arendelle
    [​IMG]
    Колач со овошје
    Рецепт
    5 јајца
    14 лажици шеќер
    Тоа се мати со миксер. Потоа се додааваат:
    14 лажици млеко
    14 лажици зејтин
    17 лажици брашно
    1 пециво
    2 ванили
    Сето тоа се меша се става во подмачкан плех, озгора наросувам
    гриз и го ставам овошјето , кое може да биде по желба. Користев замрзната мешавина од малини и капини и малку кајсии од компот.
    Се пече во загреана рерна на околу 200степени околу пола час. Се декорира по желба.
    ___________________

    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]
    Колач со овошје
    Рецепт
    5 јајца
    14 лажици шеќер
    Тоа се мати со миксер. Потоа се додааваат:
    14 лажици млеко
    14 лажици зејтин
    17 лажици брашно
    1 пециво
    2 ванили
    Сето тоа се меша се става во подмачкан плех, озгора наросувам
    гриз и го ставам овошјето , кое може да биде по желба. Користев замрзната мешавина од малини и капини и малку кајсии од компот.
    Се пече во загреана рерна на околу 200степени околу пола час. Се декорира по желба.
    ___________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Колач со черешни
    Рецепт:
    4 јајца
    1 и пол шоља шеќер
    1 и пол шоља јогурт
    1 шоља масло
    1 и пол шоља брашно
    1 пециво
    300 грама черешни
    арома ванила

    Ги исчистив черешните и ги ставив да отстојат во затворен сад во кој додадов малку арома ванила.

    Рерната ја вклучив на 180 и со миксер ги изматив јајцата и шеќерот. Кога добија убава пенаста текстура го додадов маслото па јогуртот. Брашното и пецивото ги измешав и ги додадов на крај.
    Турив во обложено тавче и ги додадов черешните кои имаа пуштено и сок.

    Печев 40тина минути при што на половина покрив со хартија за печење за да не загори.

    Откако се излади пресеков коцки и наросив шеќер во прав.
    __________________

    Автор: @theowndemon
    [​IMG]
    Рецепт:
    2 јајца и 5 филџани шеќер се матат дури да се раствори шеќерот. После се додаваат останатите состојки: 1 шолја јогурт, 7 филџани брашно, 1 пециво и 2 филџани масло. Се ова се меша со лајца. По рецепт треба 3 праски, мене ми влегоа 4 праски, две кајсии и пола рака малинки.
    Задекорација измешав шеќер во прав со цимет. Таа комбинација ми е најдобра за овошни колачи. Плус прснав малку чоколаден прелив
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Сендвичи

    Автор: @Ketchup
    Хумус, домат, пиперки, семки од тиква и сусам. Некогаш ставам и кромид.
    [​IMG]
    __________________
    Автор: @theowndemon
    Во француски леб е, долу има малку мајонез,кашкавал, салама, краставичка и лут кечап.
    [​IMG]
    _____________
    Автор: @koritsaki
    Сендвич (ѓеврече подебело) со крем од маслинки
    Се сече лепчето на пола , се мачка со кремот од маслинки , се става рендано сирење - фета по можност , па две парчиња домат сечени на кругови и одозгора над доматите се става малку оригано. Лесен и убав летен сендвич
    [​IMG]
    __________
    Автор: @SV1911
    Хумус со маслинки, iceberg марули, кисели краставички и домати.
    [​IMG]
    ____________
    Автор: @bebaa
    Едно солено едно благо сендвиче.Солениот е со некој црн леб за сендвичи од лидл, незнам каков е ама еден не ме најадува од ваквите лепчиња,мачкан е со лута паштета едното лепче и павлака другото,измеѓу чедар,кулен,и маслинки.Вториот е од тонус леб од мк си го носев(таков си јадам и две лепчиња ме најадуваат дека набиени се некако),путер од кикирики едното лепче и крем другото
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Milobebence, CrazyOne, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Намази
    Автор: @SofiMar_
    20180705_100823.jpg

    . Намаз за вафли и палачинки од боровинки, јагоди, малини и капини.

    Овошјето се става во мало тенџере со малце вода и шеќер по желба и се вари дури да почне да врие. Се трга од оган и јас со виљушка го изгмечив овошјето да биде погусто. Може да се служи и топло и ладно.

    _______________________

    Автор: @MissDior

    5477E523-91C5-4E48-9CB7-405AD63F0C5E.jpeg

    . Најчесто гвакамолето го правам со авокадо и сок од лимон, ама пробав во еден мексикански ресторан микс авокадо со патлиџан и стварно е одлична комбинација.
    1 големо авокадо изгмечено
    1 мек патлиџан изрендан ( јас имав благ јабучар)
    Малку изрендан кромид( по вкус)
    Сол, бибер и чили
    Се заедно се меша и се јаде со начос чипс или се мачка на пченкарни галети како што направив јас.

    __________________________________

    Автор : @dunika

    138434BD-09FF-47B4-A929-67278B2411E1.jpeg

    . Состојки:
    200гр меко сирење(фета)
    6-7 парчиња сув домат
    Неколку сецкани маслинки
    Малку доматна паста(концентрат)
    Босилек,оригано,сол и бибер
    Маслиново,5-6 лажици
    Неколку капки лимон

    Прво сувиот домат се попарува со врела вода и се остава да одстои 30 мин,после се цеди,па во блендер/процесор се миксира се заедно до посакуваната хомогеност.
    Може да се чува во фрижидер 7-10 дена:)
     
    На sorbet и Dust им се допаѓа ова.
  4. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Овошна салата

    Автор: @SofiMar_
    IMG_20180712_102342_430.jpg

    . Овошна салата :
    - портокал
    - црни сливи
    - ананас
    - цреши
    - грозје
    - диња

    Врз сливите ставив малку агаве сируп.

    ______________________________________

    Автор: @theowndemon
    1531466123374_InstaSave.jpg

    . Праска, крушка и јаготка насечкани. Од горе уште една цела јаготка и извадив малку од паковањето со машани јаткасти плодови и суво овошје. Има и скроз малку мед

    ___________________________________

    Автор: @Bubce38
    IMG_20180713_123600-2.jpg

    . Динче наполнето со капинки ,банана,кајсија , вишни , праска портокал , грозје и некој непечен лешник

    _________________________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    20180713_155511.png

    . Лубеница полнета со парченца лубеница, диња, сливи, праски, малини и рибизла.

    _______________________________________________

    Автор: @zhap4e
    20180714-0001.jpeg

    . Парченца ананас (плус папаја) измешани со смеса од сметана/цедено обезмастено кис. млеко и малку сок од ананас - сервирано во чинија и одозгора наросено потпечен кокос. Кокосот се потпекува на рингла, без масло..скроз малку за да добие кафена боја.
    Еми, да ви е слатко де.
    пс. по правило треба и мед и сок од лајм БАТ. Да не ја претеруваме и овака е океј.

    ___________________________________________

    Автор: @JoanaS
    LRM_EXPORT_20180714_135216.jpg

    . •сливи
    •праски
    •банана
    И за декорација малку сладолед, обланда, и наросено со мелен лешник

    _______________________________

    Автор: @dunika
    A9A98C1B-1952-47EF-B958-9B4AEA063081.jpeg

    . Лубениче+ражничи од грозје,диња,нектарина,киви,и банана

    ___________________________________________

    Автор: @La.loca
    20180621_190055.jpg

    ____________________________________________

    Автор: @Ane-Goki1
    37167472_2100901283505066_5077033681860689920_n.jpg

    . Праски,сливи,вишни и одозгора наросив со кокос и ставив чоколаден прелив
     
    На boomsleng, theowndemon, Aleksandar1212 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Појадок од/за саканите

    Автор: @baby-star
    [​IMG]
    Лепчиња со јајца зготвени со многу љубов и зачини во комбинација со тиро салата
    _____________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Чиа пудинг, овесна каша, протеински шејк и кафе

    Чиа пудинг (доза за двајца)
    4 лажици чиа семе
    250 мл млеко
    се мешаат и се оставаат преку ноќ во фрижидер во поклопен сад
    Утрото се сервира во чинии и се додава овошје по желба. Јас користев банани, праски и малини.

    Овесна каша
    1 филџан овес
    2 филџани млеко
    се вари и кога ќе зоврие се трга од оган . јас тогаш додавам неколку сецкани урми за да го засладат. се сервира и се декорира по желба. јас додадов урми, суви сливи, овесни снегулки, цимет, кокос и малини.
    ___________________

    Автор: @EuHenIa
    [​IMG]
    Лепчиња со путер, варено јајце, пржена сланина, капкавалче, летна манџа и чај од нане.
    Ова од мене за саканиот, да не помислите дека јас волку јадам
    _____________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]
    1 јајце, шоља до две кисела вода, филџан млеко или јогурт сол, копар, оригано се меша, се додаваат две ипол шољи гриз + шоља до две обично брашно (Зависи колку течност ќе се стави), исецкан кулен, салама. Се меша. Смесата да не биде густа нити течна. Се исипува на намастена тава врз сусам. Одозгора парчиња сирење, домат, маслинки, изрендан кашкавал. Се пече, сече послемка и јаде.
    ______________

    Автор: @duffi
    [​IMG]
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Зеленчуков микс

    Автор: @duffi
    [​IMG]
    Турли тава или печени свински кременадли со зеленчук

    Прво ги печам кременадлите под фолија колку да омекнат. После сецкам се што имам дома од зеленчук. Денес сецнав модар и црвен патлиџан, моркови, чушки, бамји, кромид , компир и зачини по вкус. Го налевам со вода и печам околу саат ,саат и нешто на макс. Да порумени ноне целесно да ја испие водата, за да е посочно.
    _____________

    Автор: @Mari*
    [​IMG]
    Се вари брокула! морков и пилешко во едно тенџерче,макарони ви друго
    Во тава на масло се пржи кратко една главица кромид и се додава зеленчукот и пилешкото
    Некои 5 мин се доволни па се додаваат и предходно сварените макарони
    Се зачинува по желба,овде ставив вагета,сушено лукче,магданос,црн и црвен пипер
    _______________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Рецепт
    300 грама пилешки стек го исецкав на коцки, зачинив со сенф, сол, вегета, оригано, масло и оставив 2 саати во фрижидер. Во зовриена вода бланширав 100тина грама бамја.Го пропржив стекот да се зарумени.
    Запржив кромид, додадов 3 рендани домати, 2 моркови на кругчиња, пиперка на ленти, вода да прелее се и се крчкаше кратко, па возагреана рерна го потпеков во земјено тавче.
    ____________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    1 голем модар домат се сече на пола и се длабат двете половини, месото се срцка на коцки.
    Се запржува кромид со мелено месо (200-300 гр) се зачинува со куркума, сол и бибер, се додава една ситно сецкана пиперка и една рака ориз. Во тава со капак се ставаат двете половини од модриот домат и се полнат со содржината. Се става два прста вода и се покрива тавата. Се вари 45 минути на средна тт.
    ___________
    Автор: @eli25
    [​IMG]
    Летна манџа
    Се пржат ситно сецкани пиперки, при крајот се додаваат сецкани домати без лушпа и неколку чешниња лук и малку сол, да прокрчка .
    ____________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]
    Состојки: микс од зеленчуци - кромид, лук, моркови, грашок, црвена пиперка, боранија (замрзнат кинески и балкански микс ќе да беа) .... + компир, млеко, павлака, кашкавал и зачини (босилек, лук во прав, вегета,копар).
    Се запржува кромидот, се додаваат морковите, потоа и миксот се' и сешто. Се зачинува, става малку брашно да се запржи со зеленчукот па се налева млеко - зависно за колку луѓе и колку зеленчук спремате,толкуз и млеко. Компирот претходно го сварив малку за да не печам долго во рерна...таков го додадов во миксот со зеленчук и млеко...прокрчка малку на рингла, додадов неколку лажици павлака и изрендан кашкавал, онда сето во земјена тава и на печење на најакото. Во миксот можете и месо. Јас месото посебно гопржев.
    ___________
    Автор: @bebaa
    [​IMG]
    Замрзнат микс од зеленчук,додадов и малку ориз,сол,црвен пипер и црн бибер.Го готвев во тафче во рерна,исто и филетите ги печев.Филетите се рибини. :)
    ____________
    Автор: @*Ench@nted*
    [​IMG]
    Пинџур:)
    Со кромид, домати и пиперки.
    ___________

    Автор: @Avery
    [​IMG]
    Во сад се става 3 лажици брашно, 2 лажици нишесте, околу 2-3 лажици соја сос и вода за се тоа да се соедини. Две парчиња стек се сецкаат и се ставаат во претходно приготвената смеса. Убаво би било месото да отстои во маринадата барем еден час.
    Стекот се пржи во нелепливо тавче со голема количина на многу врел зејтин и се трга на страна. Доколку немате добро тавче најдобро е да ја избегнете маринадата и да го испржите стекот дирекно, затоа што лепи многу.
    Се сецкаат тиквичка и морков на лентички, пиперка и кромид на кругчиња, а брокулата се дели на мали цветчиња. Конкретно сега тоа имав ставено, а може да се додаде зелка, модар патлиџан, ананас...
    Се пржи зеленчукот на малку масло. Се додава пола чаша вода да изврие. Потоа се ставам 4-5 лажици кечап (не доматно салце), малку соја сос, еден прстофат сол и уште пола чаша вода. Се тоа се крчка додека водата не се редуцира, а потоа се става пржениот стек и се заедно се крчка околу 2-3 мин.

    Bon appetit :)
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Интернационални јадења
    Автор: @bebaa
    IMAG1682_1-2.jpg

    . Ајсберг,шери шомати (портокалови,црвени и жолти),пилешко полнето со кашкавал и сирење од тие замрзнати со презла, што треба да се испржат или испечат,балсамико ,сол и масло.Прелив не ставив јас оти пилешкото кога го исеков се растече од кашкавалот и сирењето па како преливче да пушти.

    _______________________________

    Автор: @danichap
    678D565D-7A2F-4610-B659-E892FBFE0256.jpeg

    . Мелено месо пржено на масло со различни зачини.
    Зајре од пченка, црвени гравчиња, патлиџан, авокадо и јапанелос. Зајрето полиено со салса сос.

    _________________________________

    Автор: @Mari*
    20180803_183755.jpg

    . телешко месо 600гр
    Сенф
    Кромид
    Печурки
    Месото се дели на 4 кременадли и се отвараат со чеканче
    Се мачкаат со сенф,се става кромид и се прават ролни
    Се зачинува со сол и бибер
    Се динстаат на тивко и кога се при крај се додава малку масло за да се пржат кратко
    Во друго тавче се пржи кромид и печурки и се додаваат кај месото Во истото масло се става една лажица брашно да се пржи и околу пола литар вода
    И ова се додава кај месото,се зачинува со сол и бибер
    Ова на Германски начин заборавив да пишам

    ________________________________

    Автор: @1209
    rice.png

    . Состојки:
    -Пилешки стек(зависи за колку народ готвите)
    -Ориз 250гр.
    -Пченкарно брашно
    -Јајца
    -зеленчук по желба
    -мајонез
    -лук
    -ѓумбир во прав или свеж

    Сос:
    супени лажици од се`
    -5 л. соја сос
    -1 л. мед
    -1л оцет(правилно треба од ориз ама јас користев бел)
    -3л кечап
    -1л рамна кафеав шеќер
    -чили, сол, сусам(нема мерка)

    Пилешко:
    Се сецка на поголеми парчиња и се става во маслиново масло, лук и мајонез да се маринира околу еден час.
    Потоа се похова во јајца прво, па пченкарно брашно и се пржи во длабок врел зејтин(фритеза идеално). Се пржи во 3 етапи, прво само да се запржи коричката и малку месото и се вади на хартија да се впие мраснотијата, потоа се става пак да се пржи во нов зејтин оти оној се кашка и може да загорат, се ставаат пак и се пржат да дојдат зготвени при крај, пак се тргаат на хартија.
    Потоа се спрема сосот. Соја сос, мед, ѓумбир, чили, скроз малце сол оти соја сосот е зачинет, оцет, кечап и кафеав шеќер. Се става сусамот на сува тава малку да се запече да пушти вкус и се додава сетоа ова, да почне да крчка и ги ставаш парчињата стек да се допржат до крај додека да станат лепливи.
    Да се внимава многу со зачините во рецептов, односно со оние што солат оти самите сосеви се многу зачинети и еднаш јас утнав со тоа што ставав сол и на месото и на оризот, во сосот и беше лошо. Втор пат го погодив.

    Ориз:
    Се вари стандард како белиот за сутлијаш, ама со помалку вода за да се свари до степен да е леплив, се попарува со растопен путер со малку кари и во него се ставаат обарени зеленчуци по желба, јас ставив брокула.

    Се сервира со млад кромид или стебленца власец ако најдете овој период, јас не најдов.

    ___________________________________

    Автор: @Avery
    4BB5C3D6-AF2B-4BC2-8AD3-0DCBD271F252.jpeg

    . Гарам масала е мешавина на зачини кои го даваат оној препознатлив шмек на индиските јадења.
    Може да го направите така што ќе измешате по една лажичка мелен бибер, коријандер, цимет и ким и по половина лажиче морско оревче, кардамом и каранфилче.

    Ориз:
    Во нелепливо тавче се става лажица-две путер да се растопи. Се додава една шолја ориз и се пропржува кратко, мешајќи цело време. Се налеваат 2 чаши врела вода и се крчка 1-2 мин. Се посолува и забиберува по вкус. Тавчето се трга од оган и се остава поклопено со капак половина час додека водата да се упие.

    Пилешко:
    Во нелепливо тавче се пржи една главица кромид и 2 чешниња лук и малку рендан свеж ѓумбир. Се додава 2 парчиња стек исечени на коцки. Се пропржува неколку минути додека стекот не зарумени малку. Се става 4-5 лажици кечап или доматно салце, се додава пола лажичка кари, пола лажичка од зачинот гарам масала и прстофат сол. Се крчка се ова на умерен оган околу 5 мин со повремено мешање. На крај се додава 3 лажици павлака или кисело млеко и добро се промешува. Се остава на тивко да крчка уште 1-2 мин.
    Се сервира на чинија заедно со оризот. Мерките се однесуваат за две порции.
    Пријатно јадење :)
     
    На StrawberryHeart, g8lQQk, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски

    Тема: Летни освежителни десерти


    Автор: @bebaa
    [​IMG]
    Сутлијач,па џем од малини,па пак сутлијач,па сладолед од passion fruit и најзгоре лешник крем. :) Многу сакам да мешам вкусови и баш убаво ми излезе :inlove:
    ____________________

    Автор: @Mari*
    [​IMG]
    се меша нутела и млеко дури да се добие хомогена смеса
    Неколку бисквити се потопуваат во млеко и се ставаат како подлога
    Се сецка банана на подебели тркалца,се ставаат врз бисквитите и се преливаат со смесата од нутела
    Со ова оди една кугла сладолед од јагода и овошје
    Ииииии....многу е вкусно :$
    _____________________

    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]

    Колачов си го измислив јас.
    За пандишпанот се мешаат со миксер 6 белки со 6 лажици шеќер. Се додава 100г кокос, 6 лажици брашно и 1 пециво. Се тура во набрашнет плех и се пече на 200 с околу 20 мин. Проверете со чачкалица дали е испечен.
    Одозгора ставив хопла измиксана со 1 паковање крем сирење, екстракт од ванила и околу 6 лаж. шеќер во прав. Шлагот се става со шприц врз пандишпанот и се става во фрижидер. Кога ке се зацврсти декорирате како сакате.
    ___________________
    Автор: @Ava.84
    [​IMG]
    Гројзе,праска, кива,ананас, банана и шлаг пена.За декорацијата рибизла замрзната и една боровинка исто замрзната. Добар апетит:d:
     
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Пирошки
    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Рецепт :
    се мешаат пола кило брашно, еден сув квасец, прстофат сол и мало лажиче шеќер. 100 гр стопен путер/маргарин, 2 жолчки и 250 мл течност ( пола вода пола јогурт или млеко ) и ТАЈНАТА СОСТОЈКА ^_^ за да не се масни - едно капаче ракија:!:. Се мешаат и му се додава полека брашното и се меси, се остава да нарасне пола саат и се оформуваат кругови, ги мачкав со кечап, додадов рендани саламче и кашкавалче, оригано и затварав и краевите ги стиснував со вилушка за да направам рецки.Двете белки ги промучкав со вилушка, ги макнував во нив па ги валав во презла и пржев.
    Во тенџерето каде ги пржев, за да не примаат многу масло користев уште една финта од баба - ставив чечкалица.
    Па ги ставав на салфетка да упие вишак мрсно и убав доручек беа
    _______________________________________
    Автор: @eli25
    [​IMG]
    Овие се интегрални :)
    Се прават прво палачинки. 200-250 гр интегрално брашно, 100 бело, 200 мл млеко, кисела вода од око ставив спрема густина, 2 јајца , малку ванила и сол.
    Потоа се филуваат по желба( овие се со сирење) се валкаат во јајце, па презла и се пржат на јако сосем малк
    ______________________________________________________

    Автор: @Mari*
    [​IMG]
    Многу едноставни а превкусни палачинки
    Се прави смеса за палачинки само со брашно и вода
    Од како ќе се готови ги полниме по желба,јас ставив моцарела и сувомеснато
    Се поховаат,прво во јајце со лажичка сенф па во презла и се пржат во повеќе масло
    _______________________________________

    Автор: @IronLady

    [​IMG]

    Потребни состојки:
    - Бриош леб
    - милка ( ја користев една алпина, друга со јагода од големите)
    - крем ( користев Лино Лада со лешници)
    - презла
    - 2 јајца

    Подготовка:
    Се засекуваат корите на секоја кришка леб и се тргаат настрана.
    Средишниот дел што останува од секоја кришка леб се сука да добие рамна површина и потоа ставате дали ред милка или мачкате крем и виткате.
    Се валкаат во јајца, па во презла и се пржат.

    Освен со милка или крем, може било што внатре да им ставите. И солени може да бидат.
    ______________________________________________

    Автор: @Monella
    [​IMG]
    Потребни состојки:
    Обланди, намаз сир/зденка, урда (нешто по ваш избор што ќе ја омекне обландата) јас имам ставено урда.
    Премачканиот лист се остава 5-10 мин. премачкан за да омекне добро, вака нема да се крши при виткањето.
    Секој лист се сече уште еднаш по должина и се филуваат.
    Филот е по вкус, јас имам ставено шунка, кашкавал краставички, морков, мајонез и малку сенф.
    Ролатите од обланди се премотуваат во проѕирна фолија и се замрзнуваат.
    Се пржат кога не се целосно одмрзнати, односно се сечат полуодмрзнати на саканата должина.
    Се валат во јајце и презла и се пржат.
    __________________________________________________

    Aвтор: @tincemajmunce
    [​IMG]
    Тесто:
    500 гр брашно,200 мл млеко,50-70 мл масло,2 јајца,квасец и прстофат сол и шеќер.
    Фил:
    По желба.
    Моите се со салама,сирење,кечап и оригано.

    Во тенџере ставаме млекото да се замлачи па додаваме,квасецот и по малку шекер у брашно.
    Го оставаме да надојде.
    Откако ке стаса во брашното ставаме лажичка сол,2 јајца,и маслото и замесуваме со смесата до надојдениот квасец.Замесуваме не мн јако тесто и го оставаме да кисне.
    Кога ќе се удвои земаме малку од тестото правиме топче и го сучеме и ставаме од филот и затвораме,на краевите притискам со вилушка.
    Таман додека се направи последното првите ќе бидат веќе стасани.
    Почнуваме со пржење во поголема количина загреано масло.
    Наздравје.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Посни десерти
    @MissDior
    F5A4EF1C-B040-4731-946C-A45C118D4F8D.jpeg

    . 1 филџан урми(меки без семки)
    1 филџан бадеми
    1 лажиче цимет
    Сите состојки се ставаат во секцко и се соединуваат. Се прават топчиња со месење

    _______________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    20180826_125745.jpg
    . Нека не ве залажува името, освен што се добри за дигестијата, овие залачиња се вистински енергетски бомби и одлична посна посластица :)
    Јас ги јадам наутро а со некои измени на рецептот може да добиете здрав, посен, вегански енергетски десерт.
    Повелете

    100 гр суви сливи се накиснуваат во млака вода 30 мин заедно со
    1 лажиче ленено семе и
    1 лажица чиа семе
    Се цеди вишокот вода и се ставаат во блендер. Се додава
    100 гр бадеми
    100 гр лешници
    1 лажица мед
    1 лажица кокосово масло
    50 мл врело еспресо
    50 гр кокосово брашно
    1 лажиче цимет
    Се блендира убаво па од смесата со влажни раце се прават топчиња и се валкаат по желба во кокос/чиа/какао/овесни снегулки...

    * по овој рецепт се препорачуваат две на ден, најдобро наутро

    _______________________

    Автор: @tincemajmunce
    IMG_20180826_203028.jpg

    . Ванилици.

    1 маргарин се мати,па се додаваат 3 мали финџали масло,5лажици кисела вода и 6 лажици шеќер во прав па се додава брашно по потреба не повеќе од 750 гр.
    Се замесува меко тесто и се сучи кора и се ваѓаат калапи.
    Се пече се ваѓаат и уште топли се валаат во шеќер во прав.
    Мене пола ми се само со шеќер аа другата половина лепени по 2 со мармалад од кајсии.
     
    На GoodGirl45 и SV1911 им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Супа
    Автор: @orhideea
    [​IMG]
    4 моркови
    Околу 200 гр брокула
    1 поголем компир
    1 пакетче супа
    1 пилешка коцка за супа
    Зачини
    Се ставаат прво морковите, компирот и коцката да се варат, од како ќе омекнат се става пакетчето супа и брокулата. Се вари додека омекне брокулата.
    Јас ја јадев и со еден лимон истискан.
    ____________________

    Автор: @manako1
    [​IMG]
    Вомасло упржувам рендан морков,додавам вода да зоврие со вегета и црн пипер. Кога врие водата додавам фиде и откостен батак на ситни парчиња. Додавам магдонос.Кога е готова и изладена додавам јајце изматено со јогурт.
    ____________________
    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Во претис лонец се варат неколку бутчиња. Водата во која се вареле се прецедува, и' се додаваат сол, коцки за супа, сушен зеленчук комплет за супа, моркови и пред да зоврие се додаваат брокули ,месото од претходно сварените бутчиња и фиде.
    Се сервира и се додава цеден лимон по вкус.
    ________________
    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]
    Крем супа од тиквички.

    Ставив 2 исецкани тиквички, праз, моркови, зелена пиперка, сол, црн бибер, сув босилек и магдонос.
    _________________
    Автор: @zhap4e
    [​IMG]
    Морковна тркалца и коцки, мих сушени зеленчуци, говедски и пилешки буљон, гриз, јајце.
    Кнедлите -,едно до две јајца,пар лажички гриз..со лажиче се оформува и става у зовриена зачинета вода.
    _________________
    Автор: @eli25
    [​IMG]

    Супа (чорба) со стек

    2 чешниња лук и два рендани моркова се запржуваат. Се додава 300 гр стек ситно сецкан, се запржува. Се налева 200 мл вода, се додава ловоров лист и 2 коцки за суп кога ќе зоврие. При крај топче и пол фиде и се прави запршка од 2,3 лажици брашно , да поврие 2,3 мин и магдонос на крај додадов.

    (Прилог-лук, оцет, магдонос, лути пиперчиња и топол багет :smirk:)
    ______________
    Автор: @Monella
    [​IMG]

    Крем супа од праз и компир.

    Потребно за 4 лица
    -600гр. праз
    -300гр. компир
    -60гр.маслиново масло
    Се варат колку да омекне компирот, се блендират.
    Се додава зачин по вкус, маслиново масло, рендан пармезан.
    ______________

    Автор: @vitamina
    [​IMG]
    Ништо посебно е рецептот стандартен е.
    Вода со коцка за супа зоврива се става фиде сецкан морков и грашок. По желба и некој зачин
    ________________
    Автор: @Cosmi
    [​IMG]
    Телешка супа.
    Се пржи кромид,се додава телешко месо ,морков и малку брашно,кога ке се пропржи ,се додава вода и се вари околу 50 минути ,накрајот фиде, магдонос и малку сушен пашканат.
    ______________
    Автор: @dunika
    [​IMG]
    Крем супа од наут

    1 поголем сладок компир/батат,1 мал жолт компир,100тина грама наут(претходно омекнат)половина главица црвен кромид и малку чили.
    Зеленчукот се продинстува 5-6 мин,па се додава 500мл зеленчуков бујон.Се вари 10тина мин,па се блендира.Јас додадов лажица павлака,повкусно ми е,рецептот е без неа,и е веган/посна;)
    ________________
    Автор: @Mari*
    [​IMG]
    Се варат морков,компир и кромид,кога се веќе сварени се додава брокула и се блендира
    Се додава пченка и грашок предходно сварени и се остава тенџерето на тивок оган дури се спрема смесата за кнедли 1 јајце,5 рамни лажици гриз,малку масло и прстофат сол
    Со мало лажиче се става во крем супата и се остава уште некои 5-10 минути дури се готови кнедлите
    __________
    Автор: @Arendelle
    [​IMG]
    Супа со печурки
    1 морков, 1 компир, млад кромид (може и праз) и печурки се запржуваат во малку масло. Потоа се додава зачини сол, сув зеленчук, бибер, магданос и се става вода , кога ќе зоврие водата додавам и една рака тестенини, овај пат во форма на букви а може и фиде. Се вари уште десетина минути и готово е.
    ______________
    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Мене ми е жешко за супа ама затоа гаспачо јадеме во лето.
    1 среден зрел патлиџан
    Мало пиперче
    Пола крадтавица
    1 лукче
    Четврт кромид
    Неколку шери патлиџани
    Се зачинува со сол бибер, маслиново, босилок
    Се заедно се блендира и се додава сусам се служи со лепче или галета
    Количините се за една порција
     
    На My name, bebaa и boomsleng им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Палента
    Автор: @♡BuBaLe♡
    'колачиња' од палента

    [​IMG]
    1 шоља палента
    3 шољи вода
    половина лажиче зачин К+
    лажица путер
    Варам класично со мешање додека зоврие и на крајот додавам лажица пармезан.
    Додека е жешко претурив во силиконски калапи за колачи и откако се изладија ги печев 15тина минути.
    ______________________________________________________

    Автор: @bebaa
    [​IMG]

    Палента на мој начин :) .
    Варам палента во вода со коцка супа.Потоа на намрсено тавче ја истурам и одозгора ставам кромид,сиренце и оригано,па кратко го потпекувам.
    __________________________________________________________________

    Автор: @dunika
    [​IMG]


    Класично сварена палента,па во огноотпорен сад прелиена со доматен сос,моцарела и сув босилек.
    Се пече 15тина мин,да се стопи убаво моцарелата.Многу е вкусно(fingers)
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Брз/едноставен десерт
    Автор: @kiki_riki
    [​IMG]
    Турте (обичај е да се прави за првото запче на бебето, ама јас редовно си го правам :D )

    3 јајца
    1.5 шолја шеќер
    1 шолја масло
    1 шолја јогурт
    1 пециво
    2 ванила
    1 сода
    1 кг брашно
    Кора од лимон

    Се мешат состојките и се меси тесто. Месеното тесто се става цело во тава или се засукува, се прават форми и формите во тава
    Се пече 10 минути на 180 степени
    ________________________________________________
    Автор: @shz
    [​IMG]
    Состојки

    250гр. шеќер
    250гр. брашно
    130гр. путер од кикирики
    180мл. млеко
    1/2 пециво
    1 јајце
    1 ванила

    Во сад за матење изматете ги со жица јајцето и шеќерот.
    Додајте го путерот од кикирики и ванилата и убаво измешајте.
    Додајте го млекото и на крај постепено со мешање додајте го брашното измешано со пецивото.
    Се пече на 180 степени, 20 минути.
    _________________________________________________
    Автор: @MamacitaBuena
    [​IMG]

    За мене брз и едноставен десерт е сутлијашот.Освен возрасните,и децата го обожаваат.
    Но јас не сум јас ако не направам некои мали измени во секој рецепт,да ставам мој печат.
    Во овој случај додадов слатка павлака со млекото.
    Рецепт
    1 чаша ориз се вари со 3 чаши вода.Кога ќе испари водата целосно се додаваат 1,5 чаша млеко и 1,5 чаша слатка павлака.
    Се вари додека не згусне па се додаваат 7 лажици шеќер.Се посипува со цимет,какао или рогач по вкус.
    Повкусно и поедноставно нема.
    ______________________________________
    Автор: @orhideea
    [​IMG]
    Сутлијаш.
    Брзо, лесно а вкусно.
    Две раце ориз се варат со вода, кога ќе набабри оризот ја турам водата и додавам млеко и постојано мешам. Ставив и еден ванилен шеќер и 3-4 големи лажици шеќер.
    Посипано со цимет
    ____________________________
    Автор: @Espadrila
    [​IMG]

    [​IMG][​IMG]
    ___________________________________

    Авто: @bebaa
    [​IMG]

    Две белки матени со десет лажици шекер како шлаг,потоа се додава пола пакетче рум шекер,едно лажиче пециво,двете жолчки,околу 100грама маргарин,и се мати се заедно.Се додава две лажици полни павлака,е три големи лажици какао,150гр брашно.Се мати се заедно и се става на намрсено навче да се пече на загреана релна на 180степени околу 20тина мин.Се сечат на коцки и се макаат во кафе па во кокос.Може и во млеко со рум па во кокос или ораси.
    Ова јас си го модифицирав рецептот за браунис дека немав чоколадо да ставам
    ______________________________________
    Автор: @vitamina
    [​IMG]
    250 гр путер
    7 лаж мед
    1 црно чоколадо(јас ставив едно ипол)
    100 гр сусам
    350 гр житарки

    Се тоа де става на оган да се стопи и ма крај се ставаат житарките па се формираат форми со цедалка за лимон.
    __________________________________

    Aвтор: @dunika
    [​IMG]
    Кокос коцки
    За пандишпанот се мешаат 6 јајца,100 мл млеко,300гр брашно,150 гр шеќер,6 лажици масло, и едно пециво.Се меша дур не се добие хомогена смеса,па се истура во тавче на хартија за печење.Иде во рагреана рерна,25-30 мин,на 180ц.

    Дур се лади веќе испечениот пандишпан,се подготвува глазурата од 200 мл млеко,100 гр чоколадо,100гр шеќер,50 путер/маргарин.Колачот се сече на коцки и се валкаат во глазурата,па во кокос:)

    Јас скратив шеќер,неќам многу благо,слободно може да зголемите доза по вкус;)
    __________________________________

    Aвтор: @eli25
    [​IMG]
    Американски палачинки
    200гр брашно(јас со интегрално правев)
    1лаж шеќер
    Прстофат сол
    2јајца
    1лаж пециво
    3 лаж путер растопен
    Пола лаж ванила
    200 мл млеко

    (Само сервирав, некој јаде солени,некој благи).
    ___________________________________
     
  14. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Солени јадења со млечни производи
    Автор: @Monella
    [​IMG]
    4јајца
    1шолја брашно
    1шолја јогурт
    1шолја зејтин
    200гр. кашкавал (може урда, сирење)
    1/2кг. спанаќ претходно малку обарен и зачинет со сол.
    1 пециво и сол по вкус.
    Убав е на изглед а и вкусен, кашкавалот се тегне :)

    _____________

    Автор: @dunika
    [​IMG]
    Еве од мене една салата од див ориз(сварен) домат,пиперка,авокадо и камемберт сирење:)

    _________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Фокача со моцарела и зеленчук
    Тесто
    Се раствара сув квасец 7 гр во 1 ипол шолја млака вода. Се додава 1 лажица маслиново масло, 1 лажиче сол, 1 лажиче мед. Се меша и се додаваат 3 и 3-4 шолји брашно ( јас користев пола- пола бело и интегрално)се замесуваи се покрива со крпа да стои мин 30 минути ( јас го оставив 2 часа)
    Се растегнува во намастена плитка правоаголна тава наросена со палента. Се премачкува со маслиново масло и се реди моцарелата (две пакувања) и сецканите тиквици, кромид, патлиџанчиња, пченка, се ставаат зачини и сол.
    Се пече 15 минути на 200 степени.
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Погача
    Автор: @orhideea
    [​IMG]
    Прелиена погача
    1 кг брашно
    1 коцка квасец
    2 јајца
    1 лажичка сол
    1 лажичка шеќер
    200 мл млака вода
    100- 150 гр путер
    И околу 200 мл топло млеко по потреба се додава уште млеко.
    За прелив
    2 јајца
    300 мл јогурт
    Сусам

    Замесувам тесто и го оставам да нарасни дупло. Го делам на два еднакви делови и сучам кора, ја преливам со растопен путер, ја сечам на ленти и ги виткам. Редам во тепсија и оставам уште 30 мин да нарасни. Матам јајцата со јогурт и ја преливам. Печам додека фати убава боја од горе потоа ја покривам со фолија бидејќи преливот брзо гори. Се допечува со фолијата од горе.
    ___________________________
    Автор: @Monella
    [​IMG]
    3 јајца
    150 мл. млеко
    250гр.јогурт
    5-6 лажички шеќер
    3 лажици зејтин
    1 лажичка сол
    1 лажичка оцет
    1 квасец
    Брашно колку да се замеси средно тесто.
    Се остава да нарасне тестото, потоа се формира погачата, каква идеја ќе ти дојде во моментот, таква.
    Јас најчесто сукам кора, внатре ставам суво грозје и ситно насецкани желе бомбони, мотам ролат и сечам кругчиња па ги ставам налегнати во тавчето.
    Одозгора премачкувам со жолчка, наросувам сусам.
    Оставам да нарасне уште некои 30мин. и печам на 180° додека порумени ( околу 30-40 мин.)
    _________________
    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Рецепт
    1 кило брашно
    1 квасец
    1/2 литар млеко
    250 мл масло
    лажица шеќер
    лажичка сол
    2 јајца ( од кои една белка оставаме за премачкување )
    за наросување по желба ( јас користев афион )

    Се замесува тестото, се остава да нарасне 40тина минути, се сечат ленти и се виткаат полмавчиња и се редат во тавче ( јас со помош на фолија направив форма срце ) и се оставаат пола саат да нараснат, се премачкуваат со белка и се наросува афион. Се печи 40тина мин. на 180 степени.
     
    На boomsleng, CrazyOne и јolene им се допаѓа ова.
  16. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Рецепти со месо
    Автор: @dunika
    [​IMG]

    Се запржува главица крмид,да застакли,па се става 600 гр свинска кртина на коцки да се испржи убаво со две-три црвени пиперки и морков.При крај изрендав два домати,плус неколку лажици доматен сос.Зачини по вкус,јас ставив босилек,оригано,малку чили,сол и бибер се подразбира,и налеав пола литар бујон(1коцка за супа).Додадов неколку компири исечени на коцки и оставив 15тина мин на да крчка.После тоа,иде во рерна на 200ц во земјен/огноотпорен сад,пола саат под фолија,и уште толку без,да зарумени.

    ___________________

    Автор: @kiki_riki

    [​IMG]

    Се става карфиолот да обари. Исто така на страна се пропржува меленото месо со кромид. Откако ќе се обари карфиолот се става во тавче и се полни со меленото месо.
    Се става зачини по избор, кари, чили, оригано и сл. Остатокот од месото се става околу карфиолот. Се става во релна да се печи на 180 степени. Кога ќе е готово се вади карфиолот, се рендакашкавал и се врaќа во релна уште 5-10 минути да се стопи кашкавалот.

    ______________________

    Автор: @♡BuBaLe♡

    [​IMG]

    потребно:
    1 зелка сецкана на ситно и посолена
    500 гр. свинско на коцки ( маринирано во сенф, сол, вегета, босилек...
    2-3 моркови сецкани на кругови

    Во тенџере ставаме малку масло и редиме половина зелка, па месо, моркови и завршуваме со зелка. Налеваме вода но не повеќе од висина на мастрафот и ставаме на среден оган да се крчка околу 3 часа. При крајотдодаваме една коцка за супа.

    ___________________

    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    1 кг месо со сало низ него (помрсно)
    Од вечерта го маринирам со многу барбеќу сос, сенф и зачини и 200 мл бело вино, покриено со фолија во фрижидер да стои една ноќ.
    Другиот ден го печев на 180 степени 3 часа, го превртував на секои 40 мин и го премачкував со барбеќу сос. Ставив компири моркови и кромид и печев уште 40 мин со фолија потоа без фолија да порумени. Од прилика 4 сати се печеше и беше многу меко и сочно и мрсничко де
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Рецепти со суво грозје
    Автор: @koritsaki
    [​IMG]

    Милиброд со суво грозје

    - 70 гр. путер
    -100 мл млеко
    -160гр шеќер
    -3 јајца плус 1 за премачкување
    -1 мала лажичка махлеп
    - пола лажичка мастика во прав (зачин е , за подетално прашајте ме)
    - 100мл млака вода
    -40 гр свеж квасец
    - околу 1 кг брашно
    - за украс ливчиња од бадеми , ако немате може да ставите сусам
    - суво грозје

    Во едно тенџере се загрева млекото се додава путерот , шеќерот и зачините , млекото не треба да врие (температурата да биде од прилика 50 степени) и се меша се додека не се стопи путерот. Кога ќе се стопи путерот се додаваат јајцата. Во друг сад се става млаката вода , квасецот плус една лажица шеќер , стасува квасецот па се додава во смесата со путерот и јајцата. Се додава брашното , па сувото грозје и се замесува тесто . Тестото стасува 1 час , се премесува , пак го оставаме да стасува , и постапката се повторува уште трипати значи тестото се остава да стаса 3 часа вкупно.
    Потоа тестото се прави во вид на плетенка (по избор) и се става на плех за печење па се остава милибродот да стаса уште 1 час. Се премачкува со јајцето и се додава сусамот или ливчињата бадеми. Се пече на 170 степени околу 45 минути. Се поросува со прав шеќер или може и мармалад да си намачкате :lol:
    Јас се зезнав , мислев да не е многу сувото грозје во тестото , па ставив малку и потоа кога нарасна тестото при печењето сувото грозје се ``изгуби `` внатре и за жал не се познава многу дека има с.грозје

    _______________________

    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    4 јајца се матат со 1 чаша кафеав шеќер ( поради синко и тој си касна инаку треба 2 чаши) се додава 1 чаша млеко, пола чаша зејтин (треба една), 2 ипол чаши брашно, 1 пециво, 200 гр суво грозје, 1 лажичка цимет, 5 големи лажици мед (треба 2),
    2 сецкани јаболки и 100 гр ореви. Печев на хартија премачкана со масло
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Салати со марула


    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Салата со ракчиња
    Се сецка на тенко зелена салата, морков се ренда на ленти, се сецка тенко црвена и зелена пиперка, кромид. Се обарувааат 5 минути ракчиња замрзнати па на маслиново се пропржуваат 2-3 минути со лукче. Се меша се заедно и се зачинува со маслиново, сусам и лимон. Кога имам додавам и ситно сецкани маслинки и пченка.

    ---------------------------------------------------------------------------

    Автор: @Bubce38
    [​IMG]

    Салата со марула , корнишони свежи ,Шери домати , кашкавал на коцки и пршута свинска .
    Преливот е направен од мајонез ,сенф , малку мед , балзамико и маслинов

    -----------------------------------------------

    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]

    Марула, млад кромид, домат, авокадо и сирење, маслиново масло, малку јаболков оцет и сирење.
     
    На HardSex му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Тема: Печено

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Цел зеленчук се сецка зачинува и се пече 30-45 минути на 160 степени. Единствено брокулата (претходно обарена) се додава последните 5-10 минути. Јајцата ги печам во тефлонски калапи за мафини, 5-8 минути на крај . Во калапот ставам тенко лепче путер и јајцето како на око го потурам со една лажица млеко и сол и бибер.
    Сосот е павлака, сенф, кари и бибер

    ____________________________________________________________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]

    Сварени макароните се цедат. Во исто тенџере се запржува кромид и сецкани на крупно две-три мали пиперки. Кој не сака кромид и пиперка нека прескокне. :) Три-четири средни накај мали домати -исецкани на крупно- се додаваат и се пропржуваат скроз малку. Се зачинува со малку сол, црн бибер, оригано. Се ставаат исплакнатите макарони се меша колку да се соедини смесата и онда пола идат у земјена тава, се ренда сирење, врз неа другата пола и врз неа се ренда сирење. У рерна на најјакото се запекува и толку.
    ____________________________________________

    Автор: @Mishela
    [​IMG]
    Рецепт:
    • 1 филџан долгнавест ориз
    • 3-4 чешниња лук
    • 2 средни главици кромид
    • 2-3 лажици доматно пире
    • 1 лаж. црвен пипер
    • 2-3 лажици црвен грав
    • мелено месо (немам мерка, од око колку за десетина топчиња)
    • неколку парчиња кашкавал
    • зачини по избор (јас употребив сол бибер, свеж магдонос)
    На страна, на малку масло се пропржуваат лукот и кромидот ситно исецкани, додека не омекнaт. Потоа се додаваат доматно пире, црвен грав и лажица црвен пипер, се меша убаво сето тоа заедно.
    Се додава оризот, се соединува смесата и се префрла во тавче за печење. Се налеваат три филџани вода.
    Обликуваните meatballs се валкаат во презла и се редат одозгора во тавчето.

    Се пече на 250°C околу 40 минути (слаба ми е рерната, па температурата може да варира).

    *Десетина минути пред крај додадов кашкавал, магдонос, сол и црн пипер.
    _____________________________________________

    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]

    Сaрма со мелено месо и праз.

    Се пропржуваат 2 страка исецкан праз на малку масло. Се додава 500г мелено месо. Се пржи и се додава оризот. Се ставаат зачини (вегета, црвен и црн бибер, ким). Се формираат сарми со кисела зелка и се редат во тавче. Се покриваат со листови зелка и се додава расолницата од зелката и вода да се покрие цела сарма. Се вари на тивко 2 часа. Се вадат листовите зелка со кои ја покривме сармата и се става да се пече на 200с околу 20 мин. Се потура со околу 40мл врело масло со 2 лаж. црвен бибер и се враќа во рерна уште малце да се потпече
    __________________________________

    Автор: @LiliBoz

    [​IMG]
    тестото е 2 квасеца во топла вода со шеќер, брашно зејтин сол и 1 чаша павлака.
    питата е со праз. ролатот е со салама кашкавал.
    превкусно :)
    ________________________________________________

    Автор: @IronLady
    [​IMG]
    Потребни состојки:
    -1кг брашно
    -1 филџан зејтин
    -1 јајце
    -300гр. кисело млеко
    -150мл млака вода
    -1 квасец
    -1 лажица шеќер
    -1 лажица сол
    -1 маргарин

    Подготовка:
    Сите состојки се мешаат, освен маргаринот.
    Кога ќе се замеси се дели на 8 дела односно топчиња.
    Секое топче посебно се сука како кора. Се премачкуваат со топениот маргарин и се ставаат една врз друга.
    Само последната кора не се премачкува со маргарин.
    Потоа сето тоа се сука убаво,се прави голем круг.
    Тој круг се сече на 4 дела и потоа секок ден зависно по желба колкава големина сакате да бодат кифлите сечете на триаголници.
    Откако ќе се направи форма се ставаат во плех и се пставаат да отстокат 1-2 часа највеќе.
    Откако ќе стасаат се премачкуваат со јајце и сусам се става.
    Се печат на 200 C°.
    Откако ќе се испечат се попрскуваат малце со вода и се покриваат со мокра крпа за да бидат меки.

    _____________________________________________

    Автор: @tace73

    [​IMG]
    За 4 лица:
    - 800 гр мелено месо (најчесто мешано го земам)
    - 1 кромид
    - 1 морков
    - по желба може малку лук, пиперка...
    - 1 кг и 200/300 гр компири
    - 2 лажички сув зачин
    - 1 лажиче црвен пипер
    - малку доматно пире
    - бибер
    - ѓумбир
    Кромидот го сецкам ситно, малку го пропржувам/динстам. Го додавам ситно сецканиот морков и потоа веднаш месото. Малку го пропржувам, ги ставам зачините, налевам со малку вода и оставам малку да прокрчка. Во меѓувреме ја палам рерната на 250 и ги спремам компирите. Компирите ги сецкам и ги сецкам на крукчиња, пола одат долу, па месото и пола горе. Ја печам додека се испечат горните компири. Ние мусаката ја сакаме и јадеме вака, не прелевам ни со бешамел, ни со јајца. Наздравје!
     
  20. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Рецепти со зелка
    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]

    сецканизелка, морков, цвекло, зачинети со маслиново, малку сол и мнооогу лимон, + кисели краставички а да имав би додала и маслинчиња

    _________________

    Автор: @tincemajmunce
    [​IMG]

    Подварок.

    Пола кисела зелка ја дробам на ситно.Ја ставам во тенџере со малку масло пропржувам кратко и ја оставам да,се вари 2 сати.
    Ваѓам ја ставам во тепсија,попарувам со врело масло и потпекувам 15-20 мин.
    Наздравје.

    ___________________

    Автор: @Mayyya
    [​IMG]

    Сармата е со свежа зелка, мене така ми е многу повкусна. Зелката се става во посолена вода што врие да омекнат листовите. Се запржува една главица кромид и еден страк праз, се додава месото да се пропржи и на крај оризот. Се зачинува со сол, црн бибер и вегета. Се редат сармичките во тенџере (на дното се ставаат листови зелка, а врз сармите чинија :)), се полеваат со зовриена вода и се варат на тивко

    _________________

    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]

    Манџа со кисела зелка и леќа. Едно од омилените јадења. :inlove:

    Се запржува на малку маслиново масло 1 главица кромид и моркови , се додава исецканата кисела зелка и се пропржува. Се става пола филџан измиена леќа. Се додава вода, јас сакам потечна да биде па ставам скоро полно тенџере. Се ставаат зачини по желба (сол, црн и црвен пипер, сув босилек) и се вари

    _______________

    Автор : @referentka

    [​IMG]

    Посебен рецепт нема.
    Во мојатс има: марула, црвена зелка, ротквица, морков,брокула,краставица и малку авокадо.
    Зачинето со маслиново и лимон.

    ______________________

    Автор: @Monella
    [​IMG]

    Се сецка една глава кромид или праз, еден морков и месото исто на ситни коцки се сецка и се става на оган со еден филџан вида. Кога водата ќе испари се попржува месото и се става насецканата зелка (во мојот случај свежа) а може и кисела, се пржи малку и зелката, се зачинува по вкус и се додава вода да се вари. При крај се вади малку од водата и во неа се додава една лажица брашно и една црвен пипер и се враќа назад во тенџерето (за да не правам запршка) се остава да врие уште 10-15 мин. и манџата е готова

    ______________________

    Автор: @Vanj4e
    [​IMG]

    Се запрзува еден страк праз заедно со исецканата зелка па се додава ориз,домат од конзерва и се става топла вода да крчка,
    На крај иде свинското месо и се потпекува во релна

    _______________________

    Автор: @Leo_29
    [​IMG]

    Кинеска салата
    Се дозира по вкус. Свежа зелка, тенки кругови кромид, маслиново, оцет, сол. Одозгоре кикирики, јас ставив две раце, и на крај чипс од компир, дома пржен или може и купечки.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.