Фетален алкохолен синдром- (ФАС)

Discussion in 'Бременост' started by <3 pleza4e <3, Aug 5, 2015.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2014
    Messages:
    16,637
    Likes Received:
    181,725
    машалааааааа :clap::clap::clap::clap::clap:
    еве на македонски

    Фетален алкохолен синдром
    Феталниот алкохолен синдром (ФАС) е состојба предизвикана од консумирање на алкохол за време на бременоста. Проблемите кои се предизвикани од овој синдром вклучуваат физички деформитети, ментална ретардација, потешкотии во учењето, проблеми со видот и потешкотии во однесувањето на детето. Овие состојби варираат од дете до дете, но дефектите кои се резултат на феталниот алкохолен синдром се неповратни.
    Не постои количина на алкохол која безбедно може да се консумира за време на бременост. Ако се пие алкохол за време на бременост, шансите за бебето да страда од оваа состојба се големи.

    Симптоми

    Феталниот алкохолен синдром не претставува единечен дефект, туку тој е збир на повеќе вродени аномалии кои настануваат поради пренаталната експозиција на алкохол. Тој спаѓа во група на честите предизвикувачи на ментална ретардација кај децата. Степенот на ментална ретардација варира, со тоа што кај некои деца е поизразена.

    Знаци на Фетален алкохолен синдром се:

    - специфична конфигурација на лицето ( мали очи, тенка горна усна, краток, нагоре свиткан нос, и губење на длабнатината која се наоѓа меѓу носот и горната усна )
    - деформитети на зглобовите, екстремитетите и прстите
    - забавен физички развој
    - проблеми со видот и слухот
    - мал обем на главата и микроцефалија
    - ослабена координација
    - ментална ретардација и задоцнет развој
    - нарушувања во учењето
    - абнормално однесување (брзо губење на внимание, хиперактивност, импулсивност, нервоза и вознемиреност)
    - срцеви мани

    Причини

    Кога бремената жена консумира алкохол, тој влегува во нејзиниот крвоток и преку плацентата навлегува во фетусот. Бидејки фетусот го метаболизира алкохолот многу побавно од возрасната единка, нивоата на алкохол во него се многу повисоки отколку во крвотокот на мајката. Алкохолот ја спречува нормалната дистрибуција на кислород и хранливи материи во ткивата и органите на бебето, вклучувајки го неговиот мозок, каде последиците се најсериозни.
    Мора да се напомене дека, во првиот триместар на бременоста (органогенезата), плодот е најосетлив, а бидејќи многу од жените кои забремениле, на почетокот не се свесни за нивната благосостојба, и тие продолжуваат да консумираат алкохол.

    Превенција

    Единствената превенција на оваа состојба е апстиненција од алкохолните пијалоци за време на целата бременост, особено во првите три месеци од бременоста.
     
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2014
    Messages:
    4,212
    Likes Received:
    13,670
    Gender:
    Female

    Мене само не ми е јасно тука пишува последица од консумирање алкохол е мала глава, а друга членка рече дека научно докажано е голема глава подуена како на боксер.

    Се научници испаднаа со нивни верзии на нештата :)
     
    Осе, BeautyGirl29 and stevemila like this.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,564
    Gender:
    Female
    Добро бе мајки толку ли не можете да се воздржите од алкохол во бременоста и додека доите??
    Па знаете ли кој не може да се воздржи од алкохол, тие што се алкохоличари, не се правете со сила алкохоличарки, можете да издржите и без капка алкохол. Доволна мотивација за да издржите е новиот живот кој го носите во вашата утроба, вашето дете, неговото здравје треба да ви е приоритет.
    Што сте запнале толку по алкохолот, пијте вода, чаеви во умерена количина, природни сокови кои дома ќе си ги направите, какао наместо кафе.
    Може не можам да ве сфатам што сте запнале толку по алкохолот, бидејќи во мои 19,5 години, скоро 20, не сум се напила ни капка алкохол, може ќе ме направите и глупава и заостаната, ама сум против консумирање алкохол, а особено во бременост и при доење.
     
    candy.cane, Martka, didisi and 8 others like this.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,985
    Јас како Немајка, воопшто не пијам, ич, никогаш. Кога умирам од желба за пиво пијам голтка-две од на дм пивото.

    Анксиозноста и алкохолот не се пријатели, затоа и престанав да пијам. Веќе сигурно 5-6 години.

    Не дека пиев секој ден, или многу. Ама сакав џин-тоник, сакав пивце (од флаша, ладничко...). Ама тоа е што е. Ако пијам - полошо ми е. Можам да пијам и да се осеќам како го*но после, макар пола литро пиво да е.

    Приоритети, нели?

    Е, сега. Мене две голтки пиво нема да ми предизвикаат паничен напад. Ниту бебе ќе се роди со фас од две голтки пиво. И не се случило да се роди од две голтки пиво, еднаш неделно.

    Ако постои таков случај, би сакала да ми го предочите.

    Од друга страна, пушач сум. Кутија и кусур на ден. Ако сега во моментов дознаам дека сум бремена, со 100% сигурност знам дека нема да ги сведам цигарите на 0.

    Ќе ги намалам, најмногу што можам, ќе направам распоред ако треба кога ќе ја испушам цигарата.

    Не е финтава да се гордееме кој со какви пороци живее. Никој не е совршен родител, никој од вас.

    Алкохолизирање во бременост - не. Тоа се знае, и не се знае од денес, не се знае од вас. Алкохолот не го измислија вчера. За фас учев пред 10 години, од литература стара и по 15-20 години.

    Алкохоличарки и наркоманки не се подобни за родители, макар најздраво бебе на свет да родат.

    Не преувеличувајте. Нема потреба. Тие што се алкохолизираат од убавина ич уво не ги боли за ништо, најмалку пак за научни статии. Само ги понижувате жените кои голтнале некоја голтка алкохол :)

    Без се' се може. Само никое одење во крајност не е океј.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    Јас мислам нема оправдана причина воопшто да се дискутира за конзумирање алкохол во период кога се прават обиди да се забремени, во текот на бременоста и додека се дои. Истото важи и за пушење цигари. Па не се вода, воздух или храна за да не може да се истрпи без нив. Не е тоа зависност, туку самоконтрола. Ако постои да речеме и најмал ризик да му се случи нешто на бебето, а СВЕСНО да се прави истото со изговор, па малце за опуштање, за наздравување, за поздрав со пивото и сл. е многу себично. Јака работа, немало да се пие, животот веќе нема смисла, нема да бидеме фраерки, ќе не оговараат на журки.
    Исто и за цигарите, кога ќе видам трудница како пуши цигари ми иде од гзот да и ја изгасам. Па и уште доилка кога ќе рече конечно заспа бебето, сега пауза за мене со кафе и цигара :^) wtf, без кафе и цигара а и голтка пиво, јебеш живот, не вреди да се живее. |(
     
    Mishela, Martka, Annath and 3 others like this.
  6. didisi

    didisi Популарен член

    Joined:
    Sep 22, 2010
    Messages:
    1,969
    Likes Received:
    3,686
    Iskreno ne mozam da razberam kako mozat da pijat za vreme bremenost ... i sami si se tesat mala kolicina ne vlijae ... znaci se sto konzumirate konzumira i bebeto ... dali bi mu stavile vo sise da pie pivo na bebeto??? Isto e !!! Sum bila prisutna nekolku pati vo situacija kade bremena zena pie pivo rakija vino .... i ne mozam da sfatam... znaci rakija????!!!!
     
    mariz, Abeja and Martka like this.
  7. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Joined:
    Mar 25, 2014
    Messages:
    4,860
    Likes Received:
    22,262
    Gender:
    Female
    Има многу случаеви. Јас ни голтка не сум се напила не дека се пазев туку дека немав желба. Личен пример е сестрами со ручек ќе се напие по пола чаша било вино било ракија или пиво. Па пак раѓа здрави прави деца по 4+ кг .. Незнам ја не би пиела ама ете некој да.
     
    stevemila, Martka and didisi like this.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Joined:
    Oct 4, 2015
    Messages:
    5,992
    Likes Received:
    13,775
    Деверот на детето (2 години има сега) уште од 1 година му даваше пиво по малку да проба, као машко е да не гледа додека таткото пие. Па и еднаш мене ми рече, зарем јас не и давам на мојата малку :x Шта речи дека а не заплакати. И му реков како не му е жал.
     
    theowndemon, emkaemka, mariz and 2 others like this.
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Joined:
    Jul 1, 2013
    Messages:
    7,973
    Likes Received:
    112,462
    Gender:
    Female
    Јас не сум изненадена :|

    Ако не се лажам и под 2год беше детенцето кога видов дека му даваат пиво, со цефка некако ја полнеа на дното 1см отприлика и му даваа. Ми беа на гости па ми бараа цефка :^)
    Ист принцип настапи и кога кафето го принесовме :^)

    Сега е 5год си пие малку пиво во мала чашка или од нивната ќе пивне, па и шише ќе надигне, за кафето пената ја пие или со лажичка ја срка..
     
    Black girl likes this.
  10. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Joined:
    Sep 24, 2016
    Messages:
    4,392
    Likes Received:
    32,765
    Gender:
    Female
    Мој познаник уште пред да наполни годинка детенцето му даваше да пие пиво, “јунак на татко” бил, го челичел уште сега.
    Не да лизне со прст, туку да пие! Плачеше по пивото дури, не се ни мрштете кога ќе му дадеа да голтне :(
    За да испадне интересен пред друштво го правеше ова.
    Мајката на детето пак цела бременост се отру со цигари, татково ништо не прокоментира, исто како и таа за пивото.

    За алкохол баш пишав во труднички пред малку, пред мојата свадба ја прашав докторката дали смеам нешто да се напијам оти знаев трема ќе ме фати тој ден, ми кажа докторката смееш, една до две чаши, било вино или жестоко.
    Бев 7ми месец за свадбата.
    Жестоко никогаш во живот не сум пиела, па вино се напив една мала чашка тој ден, и од тогаш уште 2 пати во овие 2 месеци вино со кисела вода по една чаша.
    Не го гледам ова како злоупотреба на алкохол, не сум злоупотребила пошто не сум испила во толкава количина, алкохоличарка не сум, и овие 2 чаши верувам дека не би ми наштетиле. Во период на доење нема шанса ни голтка да пивнам, ниту пак цигара ќе запалам.
     
    stevemila and TeddyGrey like this.
  11. bella.s

    bella.s Популарен член

    Joined:
    Aug 27, 2013
    Messages:
    2,164
    Likes Received:
    10,941
    Gender:
    Female
    Ниту пијам прекумерно ниту сум пушач, а сега сум на почетокот на бременоста и не да ми се јавува желба и за цигара и за алкохол тоа чудо некое..алкохол ај да кажам стрв ме фаќа ако видам маж ми да се напие нешто, ама па за цигара, не сме пушачи:sweat:..вакво нешто со првото не сум имала...инаку во врска со статиите и тие ствари, мислам дека нема правила..не значи дека ако пушеш и пиеш ќе немаш здраво дете или пак ако се храниш добро и бидеш без пороци дека гарант ништо нема да му биде на бебето..има икс случаеви за тоа, но сепак постои ризик, не викам не..
     
    Lavica2016 and stevemila like this.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Joined:
    Nov 23, 2017
    Messages:
    10,818
    Likes Received:
    97,392
    Gender:
    Female
    Не најдов ваква тема, а мислам дека треба да има.

    Нова статија од нат гео ме потсети да ја отворам темава, статијата е објавена вчера, и зборува за момче чија мајка конзумирала алкохол во бременоста.
    Момчето било родено сосема здраво според сите параметри, без знаци на проблеми во развој во моментот на раѓање, но покасно како расте се забележуваат неговите тешкотии да учи и да следи наредби.
    На 14 години момчето е талентиран фудбалски играч, но сеуште му е потребно редовно потсетување што се случува меѓу моментот кога ќе ја подаде топката на свој соиграч и моментот кога после подавањето тимот достигнува гол.
    Неговиот татко изјавува дека одкако ќе побара од синот да измие садови, обично му се потребни околу 5 минути за да го разбере барањето.
    Се смета дека врската која ги поврзува двете хемисфери на мозокот (corpus callosum), е недоразвиена кај лица што биле изложени на алкохол во текот на бременоста и овие лица се со генерално помал мозок потврдено неколку пати со различни студии, што го објаснува моментот на одложено процесирање на едноставни информации.
    Идејата на ова истражување е да се оди подлабоко кон разбирање на ефектите на алкохол кои не се видливи веднаш по раѓањето.
    Во минатото дури им било препорачувано на трудниците да пијат до една чаша вино или пиво дневно, зошто се сметало дека оваа количина не го предизвикува карактеристичниот изглед на фетус кој бил изложен на алкохол (помала глава, тенка горна уста, плитка или непостоечка влдлабнатина над горната усна, карактеристично краток нос, силно изразен застој во менталниот развој, срцеви и бубрежни проблеми), па се сметало дека мала количина не предизвикува никаква штета, иако треба да се потенцира дека зборот "мала" може субјективно да се толкува.
    Но денес се оди и на подлабоко истражување кон ефектите на помала количина на алкохол, дали овие луѓе се соочуваат со потешкотии кои се настанати поради изложеноста на алкохол, а се препишуваат на други фактори, дали се во поголем ризик да покажат деликвентно однесување и така натака.
    Денес можат да се докажат посуптилни анатомски разлики во мозокот на фетуси кои биле изложени на алкохол бидејќи денешните машини за магнетна резонанца даваат поголема јаснотија одколку машините кои се користеле кога препораките биле дека не е штетно, дури и корисно.
    Исто така треба да се потенцира дека не секогаш значи дека со бременоста ќе има некаков проблем, односно, бременоста во која се конзумира алкохол, може да помине во најдобар ред, а фетусот сепак да доживее оштетувања на мозокот.
    Случајот опишан погоре е на дете кое после многу внимателно испитување на однесувањето и симптомите е дијагностицирано од страна на Центар за спектрум на фетални алкохолни синдроми во Минесота.
    Заклучокот е дека безбедносна препорака е 0 чаши алкохол во бременост.

    Мислам дека тука може да се додаде дека препораката за 0 чаши алкохол се однесува и на периодот на доење зошто алкохолот се лачи во мајчиното млеко.

    *Споена дупла тема.
     
    Last edited: Jul 16, 2022
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2020
    Messages:
    8,886
    Likes Received:
    18,770
    Gender:
    Female
    Апсолутно сум против алкохол во бременост и за време на доење. Нула. Не чаша, не голтка. Нема ни мирисање алкохол.

    Нелогично е да се оди на ехо на три недели, да се прават пренатални тестови, и секакви други проверки, апчиња никакви ни за јака болка, а да одлучиш алкохол да конзумираш.

    Нема сомнежи затоа што е докажано дека алкохолот оди кај бебето. Се што внесува мајката оди кај бебето. И додека дои. И онака средината ни е нечиста, додатно да труеш бебе со алкохол е неодговорно.

    Се придржував до 0 алкохол во бременост и доење.
    Иако доев речиси 3 години, со тоа што последната година доењето се сведуваше на цицање за заспивање, јас не испив алкохол ни една голтка. Се смета дека алкохол останува во организмот 6 часа. Под претпоставка дека една чаша за ручек/ или откако ке заспие син ми мојот организам ке ја испроцесира таа чаша вино или пиво додека дојде време за подој, јас сепак не одлучив да конзумирам алкохол.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,788
    Likes Received:
    141,991
    Исто, ни голтка во бременост ни две години потоа доење. А пред тоа пиев.
    Прво детето, па забавата.
    Некоја онде некаде пиела, па ништо не било на детето.
    Ама некоја онде некаде пиела па плодот мртов. Да не бидеме такви.
     
    Осе, mariz, MilaSs12 and 1 other person like this.
  15. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Joined:
    Jun 1, 2021
    Messages:
    1,467
    Likes Received:
    4,920
    Gender:
    Female
    Јас ептен балкански уште од 16 години пиев алкохол. Не се пијанчев, ама бев љубител на жестоко. И уште сакам, џин, виски, коњак, некогаш и рум. Друг алкохол никаков. Пиев и на излегување, и дома за опуштање, и на слави и на секакви пригоди и настани.

    Во бременоста не помислував на алкохол. Воопшто. Не пиев никако. За цигари душата ми гореше, ама за алкохол ептен не се замарав. На една свадба испушив 2 цигари и наздравив со чаша шампањ, дека имав битна улога на свадбата. Не испив повеќе од две голтки затоа што и не ми се допадна вкусот.

    Од друга страна другарка ми пиеше секоја вечер по 1 чаша црвено вино. Доктор и дозволил. За опуштање, а и за крвта било добро. Еве не знам дали е така ама јас не би пиела толку често, ете и кога не бев бремена па и сега како мајка не можам секоја вечер со алкохол да бидам.
     
  16. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Joined:
    May 29, 2019
    Messages:
    1,129
    Likes Received:
    3,273
    Gender:
    Female
    Не сум ни доктор ни научник искрено да знам од која количина може да се добие ФАС ама не верувам дека ако некоја пивнала голтка од стрв што се вели, ќе се случи нешто, најискрено...
    Не сум љубител на алкохол општо, во бременост па ич не би пиела, немам никаква желба, не сум ни стрвна за тоа, ама ете некој си пиел пиво, една голтка ако покраде од мажот и, да ја каменуваме ај... безвезе искрено
    ко што сум стрвна јас за благо, некој сака една голтка пиво и тоа е тоа
    не зборам да земе да пие секој ден или во големи количини боже мој, ама да наздрави за некој настан со две три голтки или од стрв голтка од петковден на митровден, океј што знам
    не знаев дека сум бремена, на свадба бев, дознав пред да ми доцни уште, знаете повеќето, на свадбата се напив чаша вино бело со кисела вода, повеќе на вода затоа што беше топло, ама си ја испив цела чаша искрено, не очекував дека од прв месец ќе останам бремена, ниту знаев во тој момент
    дали ми е криво, да
    назад немам за таа вечер, за цела чаша вино