Moonlight повели линк како изгледа на кожа.. Околу 200 ден е. http://goodmorninggorgeouss.blogspot.mk/2016/01/aura-highlighter-moonlight-220.html?m=1
https://ladys.ro/images/Iluminator Diamond Shine Dynamik_CA8179_b.jpg Не беше скап хајлајтеров, ама многу ми се допаѓа. Иако мислиш дека има две бои, всушност исти се и двете. Малку пакувањето е лошо, но не ми смета.
Хајлајтериве ми се љубов на прв поглед. Презадоволна сум. Си го земав првиот, преубав сјај дава и многу лесно се нанесува. Многу мала количина е потребна. А цената е и повеќе од одлична, кога имаат попусти е само 140 ден.
А баш дојдов на темава да прашам какви други хајлајтери имаат Голден Роуз освен оној што доаѓа во трио-палетата за контурирање (кој патем е одличен) и го читам мислењево над мене од @Zaljubena26. Може да кажеш уште само дали е траен и дали има таков ефект на „мокар“ финиш? Сакам да го земам за подарок, па со оглед на тоа што не ми е пробан, секое мислење плус би ми било добредојдено.
Како што веќе реков, од овој хајлајтер сум презадоволна и во моментов ми е омилен. Траен е, некако се прилепува за кожата, плус ако ставиш на крај фиксатор нема гајле. Има три нијанси мислам. Еве го ефектот, баш ваков е: А еве ги и достапните нијанси: Топло го препорачувам, според мене е одличен.
Го коростам хајлајтерот на мејкап револушн кој е во палетата со руменило и бронзер, али колку и да внимавам и блендам, како да стои на кожата неприродно. Купив и на Мода малце потемна нијанса, тој пак е како глитер и може да се види од месечината. Сакам некој што ќе му даде свежина на лицето, да биде glowy, бидејќи имам мрсно лице и користам мат пудри. Некој во стик или течен можеби? И да не биде над 200 ден. по можност.
Јас го користам овој лево. Околу 200/300ден. беше. Солиден е за цената. Е сега, хајлајтер, илуминатор нз што е разлика, ефектот е ист.
Да ги видиш течните на Алверде? Ги има во повеќе нијанси. Јас го имам вториот од лево на сликава, има баш убава нежно розова нијанса, фино се бленда и не изгледа неприродно. Врз него по потреба ставам и хајлајтер во прав за посилен ефект
Пробај го хајлајтерот што изгледа како сјај за усни на Голден Роуз, нешто metal се вика... Го купив денес и сум воодушевена. Ставив само коректор на подочниците, малку бронзер и хајлајтер на неколку клучни места и лицето толку здраво, сјајно и природно не ми изгледало никогаш. Цената му е 185 ден. Баш бил спомнат над твојот пост, има и слика како изгледа
Препорака на течен хајлајтер, да изгледа онака како "водено" dewy? Го барав овој новиот што го фалите на Golden rose Metals ама никаде не го најдов (не сум од Скопје не е сеуште стигнат во мојот град )
Ми треба совет за кој хајлајтер е убав за светла кожа, од Golden rose, Essence или Catrice? Од тие користам затоа кој што користи да ми каже. Исто и како се нанесува, со каква четка или со сунѓерче?
Јас го користам хајлајтерот од трио-палетата metals на Golden Rose. Не го нанесувам често класично над јаболчниците затоа што не сакам таков сјај, но редовно го користам под веѓите, над горната усна и на внатрешниот агол од окото. Многу убаво изгледа и на лице, ненападен е и доволно е светол за девојки со многу светол тен. Не се приметува дека имаш ставено хајлајтер - во смислол дека не двои од кожата. А пак сјае и дава убав, здрав изглед. Го користам и како сенка за очи, супер е.
Na Aura koristam jas predobar e nijansata e Golden spice vo dm 205 denari e so cetkicka se nanesuva zemi go toj predobar e.
Јас за прв пат сакам да си набавам highlighter но ова што го цитирав е веќе претерано. сепак би го послушала предлогот на @christinnn
@marchi-cool тој хајлајтер на првата слика е мислам од Металс колекцијата на Голден Роуз, така? Во живо не е таков, на сликата е нанесен во повеќе слоеви, затоа изгледа така too much. На лице и во живо изгледа многу природно. Јас само го пробав, ми остави фин впечаток и би го користела како сенка. Го поклонив на другарка неодамна оној розеникавиот, па навистина кога е нанесен во нормални количини изгледа фино. Ако планираш да го купиш, пробај го на рака. За таа цена, фин хајлајтер е.
и јас би го користела и како сенка. Која му беше цената? Штом не е too much .... Може да му се даде шанса.
Помалку од 200 денари. Мислам дека беше 180, така нешто. Јас го купив на попуст, па ме фати околу 140 денари.