Хроно исхрана, правила за рестрикција Иако навидум изгледа сложено, откако еднаш ќе научите како правилно да ги комбинирате намирниците, ќе видите дека е многу едноставно. 1. Не се мерат количините на оброците ама тоа не значи дека треба да се прејадете. Се јаде додека не почувствувате ситост и се јаде со правилно комбинирање на дозволените намирници. 2. Се јаде трипати на ден. Секој оброк треба да биде на 4-6 часа, а најдобро е на 5 и пол. Појадокот е до 10ч наутро, ручекот до 16ч, вечерата до 22 часот. (забелешка од Дузи: кога достигнувам кетоза, телото само ми бара јадење на 5 часа.) 3. Денот се започнува со топла/млака вода или чај со лимон. По 30 минути, следува појадок. (заб: и не, не ви е најпаметно да го прескокнете овој дел затоа што лимонот и водата воспоставуваат базна средина во организмот, напијте се барем билен чај.) 4. Кафе се пие двапати во денот, после појадок и после ручек. Кафето е без шеќер и без млеко, а можете да го засладите со стевија. (заб: барајте засладувачи со стевија со повеќе од 90% стевија внатре затоа што другите се' се освен стевија.) Кафето се пие 30 минути после појадок и 30 минути после ручек. Може да се конзумира понекогаш со 2-3 лажици домашно бадемово млеко, но не на почетокот - подоцна. 5. Пијте што е можно повеќе вода, но не половина час пред јадење и не половина час после јадење. (заб: ќе ви се пие повеќе вода на почетокот заради тоа што телото ќе ви влезе во кетоза.) 6. Кај сите намирници во хроното е важен гликемискиот индекс. Затоа за ручек е најпрепорачливо да се јаде црвено месо со зеленчук во боја, а за вечера бело месо и само бел и зелен зеленчук. 7. Дозволено е да пиете до четири чаши вино во неделата, меѓутоа само црвено. (заб. другите вина имаат повеќе шеќери.) 8. Млечни производи се јадат до четири пати неделно. (заб: јас практикувам наизменично да јадам: еден ден јајца, еден ден млечно, најлесно ми е така да одржувам баланс.) 9. Смеете да користите маслиново масло, путер, маст (сало) за готвење и салати. Не е дозволен маргарин или сончогледово масло. (заб: знам дека некои членки користат и масла од семки од грозје, тиква, авокадо но не сум сигурна кои точно беа дозволени така што нема да ги наведам.) 10. Оцетот не е дозволен, исто ни балзамикото. Салатите зачинувајте ги со лимон. (заб: оцетот и балзамикото имаат шеќери внатре.) 11. Користете хималајска сол и ни случајно вегета! 12. Не се комбинираат два различни протеина (пример, риба и белки), два вида месо, два млечни производа и јајца со млечно. 13. Почнете да читате декларации кога пазарите - ќе се изненадите што се' има шеќер внатре! 14. Рестрикцијата трае 28 дена или додека не се достигне посакуваната тежина. После 28 дена, се преминува или вон-рестрикција или се продолжува понатаму без никакви прекини. 15. Не почнувајте наеднаш со хроно и со физичка активност. (заб: ќе ви треба некоја недела за телото да се навикне на новата „состојба“.) 16. Конзерва риба смее само до 2 пати неделно и тоа да биде или во вода или во маслиново масло. 17. Во рестрикција, од овошје смее само лимон и авокадо. 18. Цвекло, морков, целер се јадат само свежи. (заб: Затоа што кога ќе се зготват, гликемискиот индекс им се зголемува и тоа многу, стануваат исто како да јадете блакца.) 19. Во рестрикција, не смеете да јадете грашок, компир, пченка, ориз, боранија, грав, и други скробни зеленчуци/јадења. Појадок Појадокот ви е најважниот дел од целата хроно исхрана и мора добро да се најадете. Во појадокот мора да имате јагленихидрати, масти и протеини - ако едно нешто ви фали, тоа не е хроно. МОРА да јадете доволно леб за организмот да има доволно енергија во текот на целиот ден. (заб: не, нема да ослабете побрзо ако го испуштите лебот, напротив.) Можете да си правите сами леб и тоа направен само од следниве брашна: 'рж, хељда, јачмен, овес и поретко спелта. Можете да ставите и семки во лебот: сончоглед, лен, чиа, сусам... а можете и да јадете просо, хељда, јачмен и сл. како качамак/варени но само до двапати неделно. (заб: од мое искуство, со домашен леб си посит и побрзо се слабее, меѓутоа во последно јас јадам само манастирски.) Внимавајте кога купувате брашно за леб и читајте декларации затоа што брашната мора да бидат интегрални и да не бидат мешани со пченично брашно! (заб: затоа што така нема да достигнете кетоза, се забавува слабеењето, а и ќе бидете подуени.) Ако правите леб, не смеете да користите квасец. Користете сода бикарбона, лимон или псилиум за да нарасне тестото и киснете што е можно подолго, пример, 4-6-8 часа. (заб: јас сум најзадоволна од псилиумот, немам никаква утка со псилиумот.) Може да правите најразлични кифлички, мафини, вафли, ѓевреци, палачинки, лепчиња, пици, пити и што друго сакате од дозволените брашна. (заб: ќе ви треба време да се навикнете на тестото и затоа, мој совет, на почеток е да правите помали количини за да не фрлате храна непотребно). Ако купувате леб, купувајте 'ржан манастирски или тонус. Тонусот задолжително се тостира затоа што внатре има квасец. Само за појадок се јадат млечни производи и тоа: кисело млеко, грчки јогурт, фета или младо сирење (моцарела или домашно). Понекогаш може да јадете и павлака, кајмак или урда ама на почеток да се избегнуваат. Јогурт не смее. (заб: Јогурт не смее затоа што, наводно, се користеле некои скробни згуснувачи во јогуртот, а другото зошто е затоа што бактериите во јогуртот и киселото млеко биле сосема различни. За ова со бактерииве не можам да гарантирам, ако знае некој повеќе нека сподели.) Само за појадок се јадат цели јајца во секој облик, а за ручек и вечера само белки. Доколку правите некое печиво со јајце внатре, не го јадете со млечни производи. Комбинацијата јајце + млечно е дозволена еднаш во две недели на почетокот. (заб: ова е затоа што железото од јајцето не може да се апсорбира од млечните продукти, а и затоа што се потешки за варење. Ако не се лажам, ова го прочитав во прирачникот на д-р. Гифин.) Сувомеснатите производи се дозволени меѓутоа само тие што се без адитиви, додадени шеќери и додадени соли. Можете да јадете сланина, пршута, домашни сувомесни производи и чварки. (заб: ни најмалку не сум фан на сувомеснатото и најчесто јадам пршута затоа што ми е „најчиста“. Знам дека луѓе слабеат и со прекршоци на овој дел меѓутоа сувомеснатите производи вооооопшто не се здрави и затоа ве молам, ве молам да јадете или само домашни или нешто за коешто сте сигурни дека нема многу адитиви внатре.) За појадок можете да јадете и хумус и печурки. (пример, ако правите пица, можете да ставите печурки.) Ручек и вечера За ручек се јаде помрсно месо или риба со обоен зеленчук. За вечера се јаде некое полесно месо или риба, белки и понекогаш печурки (затоа што тешко се варат) и само зелен и бел зеленчук. Дозволено е 3-4 пати месечно да ручате бадеми или лешници, непечени и несолени. Ако ги јадете без салата, јадете по 100 грама, ако ги јадете со салата, по 50 грама. Не смеете да јадете исто за ручек и за вечера. Пример, ако за ручек јадете свинско, ќе треба да вечерате белки. (заб: за да си ги олесните работите, гответе ручек за 2-3 дена и ручајте исто 2-3 дена по ред или замрзнувајте ручеци.) Мојот пост, како и сите други постови за хроно-исхрана се напишани од сопствено искуство и не треба да бидат замена за лекарски совет. Нешто што функционира кај еден, нема да функционира кај друг и обратно. Очекувајте првите две недели да ви биде... чудно. Можете да забележите ноќно потење, сменет мирис на урина, главоболки, промена на расположение, омалаксаност и слично, што е сосема нормална појава. Доколку имате некаква здравствена состојба, задолжително да се консултирате со лекар и да ги направите сите потребни испитувања пред почетокот на режимот. Одете редовно на контроли за време на целиот режим и следете внимателно како телото ви реагира на новиот начин на исхрана. Понатаму, доколку дојде до подобрување на општата здравствена состојба, можеби ќе треба да ви се прилагоди терапијата. Пинг до другите поискусни хронерки да се надоврзат ако имам испуштено нешто. @Bozica1980 @JuLleE @Ane-Goki1 Пинг до @CrazyOne , мала семинарска испадна постов, мислам дека ќе биде корисен.
@Doozy дополни кај кафето дека се пие 30 минути по доручек и ручек @Ginger^ бадемово може само домашно ти ако го направиш. Купечко колку што знам не смее. Дозволено е во терминот за кафе кога може да се пие, само не знам колку пати може да се конзумира и дали смее баш на почетокот.
@CrazyOne на рецепција Допиши две измени кај точка 4, дека кафето се пие 30 минути после појадок и 30 минути после ручек. Допиши и дека може да се конзумира понекогаш со 2-3 лажици домашно бадемово млеко, но не на почетокот - подоцна.
Вака коа ве читам ич не делува комплицирано, баш напротив. Ми се свија што појадокот е убав, богат. Ја на UN ќе скапам од јадење овошје сабајле и пак гладна. Плус авокадо се јаде,можам да живеам на авокадо, секако не јадам многу друго овошје. Само тука ми смета што нема тесто нит ориз ич за ручек. Ќе се оболам без ориз и без спанаќ јас. Ако и после un не видам барем 7-8 кила разлика ќе се стаам на хроно. Сега сфатив за рестрикција, а после тоа што?
Мене не ми се допаѓа ова со хроново нај нај,ми личи на нешто како Аткинсоновата диета на протеини и месишта за која не се спомнува многу дека има штетни ефекти на бубрезите, постојано филтрираат деградациони продукти од разградба на протеини. Плус главна храна на мозокот се јаглехидратите а овде само за доручек се внесуваат и совет нормално било првите 2 недели да си омалаксан, да ти се врти!? УН е убаво комбиниран режим кој ако се држи како е наведен дава резултати. И по прекинот на УН ако е правилно држена се сабее 3-4кг онака само од себе. А со хроново сите набрзина слабеат ама што уште побрзо се враќаат кога ќе се опуштиш и сакаш да имаш и внес на јаглехидрати кон се протеинското?
Во аткинс не јадеш ич ич леб. Тука колку толку за појадок имаш две лепчиња. Не ја држам не знам. Има 15 кила за топење, ако успеам да стопам -7 до 8 кила со ун за два месеци одам и трет месец. Чисто прашав што се јаде после 28миот ден коа не е рестрикција?
Затоа пишав нешто како Аткинс, зошто ручекот и вечерата се Аткинс. Според мене не е здраво до толку месишта дневно. Еве јас не јадам толку многу месо и што треба само на јајца или печурки или сирење и салати? Не ми делува ок до толку. Има брзи и огромни резултати ама после тоа истото што и ти го поставуваш? УН ја имам држено,задоволна и презадоволна зошто тоа не е диета ко ова туку режим на исхрана. Со УН паралелно вежбав 40минусти секој ден на орбитрек и не ме болело глава нит ми се вртело,освен понекоја вечер на почетокот што ме стегал желудник за плус храна на пример ако сум вечерала 19ч па некаде 23ч ми се пријадувало уште нешто па сум гладувала целно да не се оптеретувам навечер.
Баталете вакви режими, јас не знам како може некој да функционира на овој начин. За ручек мора тоа и тоа, толку и толку грама, па не смее оцет, не смее сол и не знам што таму. Не сакам никого да навредам, може ќе си речете дека мене ми е лесно зашто никогаш не сум ни имала потреба од диети, режими и рестрикција на храна, ама ова ми изгледа претерано. Не знам што кејф ќе видите од оброците и општо, од животот ако до толку се стегате и ограничувате. Освен тоа, ако знаете дека нешто ви е "забрането", баш тоа ќе сакате да го јадете и во еден момент ќе посегнете по него. Човечкото тело е попаметно отколку што мислиме и секогаш наоѓа начин за да си го надокнади тоа што му фали. Јас би рекла, нема потреба од никаков режим, само умерена консумација на секаков вид храна, што ви се јаде-тоа, само без прејадување, и малку физичка активност. И "нездравата" храна треба да се консумира, здрава е за духот И многу здраво не е здраво, на телото му е потребно од се` по нешто. И салати, и месо, ама и леб и чоколадо. Ова е само мое мислење, не сакам никој да се почувствува засегнат.
Прво една пофалба за @Doozy што се потрудила да изџвака се во еден пост Второ, мислам дека не сите успеале да го прочитат мислењето, па мислат дека Хроно изобилува само со протеини (главно од месо) кои се во толкава количина што ќе ги пореметат бубрезите и сл. Режимов има и веге верзија, којашто не е спомната тука и има можност за прилагодување на оброците со тоа што се додаваат и мешункасти зелечнуци 3 пати во неделата. Не ја знам таа верзија во детали, но поентата ми е дека хроно диетата не се заснова само на ждерење купишта месо како што повеќето си замислуваат, туку напротив, се внесуваат балансирани оброци, коишто придонесуваат метаболизмот да се искористува во најоптималните граници, а со тоа не само што се губат килограми, туку и доаѓаат и ред други придобивки, пред се здравствени. Веќе месец ипол сум на хроно и во ниеден момент не сум почувствувала ниту слабост ниту несвестици. Она што почувствував е дека повеќе не се дујам како жаба после секој оброк, зошто сум бутнала се одендаш, вклучувајќи и леб во секој оброк. Не грицкам постојано, макар тоа да е и најздравото нешто. Имам ред кога се јаде и што се јаде и баш фино се осеќам. Не викам дека не сум имала искушенија, но кога ќе ми текне дека дојдов до степен да треба да обновувам комплет гардероба, да се осеќам неудобно и тромаво во своја кожа, си ставам на кантар која страна ќе победи во моментот. Инаку во принцип сум гурман и се радувам на храна, па оттаму и моите 13 кила вишок. Не викам ни дека не сум направила до сега ниту еден прекршок. Како на пример салата со оцет неколку пати, зошто сум била на гости и не сум сакала да глумам принцеза. Или црвено месо за вечера затоа што тоа послужиле домаќините. Важно е да се следат принципите на исхраната, па повремени киксови во границите на нормалата не те фрлаат во којзнае каков дисбаланс. Пред да почнам и јас се чудев како ќе се најдам без леб, ама ете се бивало. Доручекот е буквално господски. Сабајле си направив тостови со претходно грилована сланина, моцарела, провансалска мешавина и доматно пире. Па додадов од страна и паста од авокадо со зачини, лимон и домати. Не да не ми е тешко, него едвај чекам доручекот да ми дојде. Вкусно може да биде и те како. При друштвени собирани можеш да се приклучиш и ти ко човек и да јадеш ребро рецимо, наместо да си на некој режим каде што дента треба да зобаш цел ден моркови. Не дека мора секој да го прифати режимов и да му се допаѓа, лично за мене не постои подобар начин да скинам 6 кила за 28 дена, а при тоа да јадам што сакам, да сум цел ден сита, само да треба да се придржувам до одредени прилагодувања. Чат-пат ме фаќа стрв и за чипс и за сладолед, ама можам да се стрпам, не е дека не сум пробала...чак си сум претерала од пробоување : )))) Во иднина и сакам поголем дел од правилата да ги задржам затоа што гледам дека ми пријаат, со тоа што ќе си дозволувам и комбинации неприфатливи за хроно, ама ќе знам како да си го држам темпото. Во групана гледам жени од 200 кила што се стопиле за 1 година. Со балансирана исхрана без некој посебен режим, не верувам дека ни одблизу ќе стигнеле до тој резултат. Тоа може да му успее само на некој што малку му фали да стигне до тежината што ја сака, што не значи и тука дека нема искушенија да се појават. За здравствени придобивки не можам да зборувам, затоа што ниту сум имала проблем, ниту крв сум проверила пред да почнам за да споредам. Само гледам дека има луѓе што успеале да се откачат од некои состојби на организмот како дијабетис, замастени органи, ниско железо и сл. до степен да немаат веќе потреба од лекарства. А сето тоа е, затоа што не сме ни свесни што се внесуваме на дневна база, од места каде што не ни помислуваме дека го има.
За доилки има посебен режим? Вон рестрикции... Како оди тоа дали некој знае? Или линкче од некој сајт... Tnx
Здраво. Имам прашање во однос на вечерата. Дали наместо белки/ месо може да се конзумираат само печурки (со салата) ??? Мислам дека прочитав некаде дека е ок печурки наместо месо или белки, па ако има некој поупатен нека пише. Благодарам.
Зошто некој оправдувачи на овој режим ме дообјаснуваа дека не се оштетувале бубрезите имало и веге хроно кој бај д веј никој не го држи а она што го држи гарантирам дека има штетни ефекти. Еве да не пишувам јас. Споделено е ова.
Ова и јас го видов предмалку. Не сум ја држека диетава, ама мое мислење е дека не секоја диета е за секој организам. Мене може ќе ми одговара тебе не и обратно. Негативни работи имам читано и за УН диетата дека е најлоша диета па познавам блиски луѓе што ослабеа доста без некои негативни последици.
Вистинито. Јас лично немам лошо прочитано за УН,напротив дека го регулира метаболизмот и ако е правилно држена и му одговара на телото по тие 90дена природно слабее уште 4-5кг. Јас сум ја држела УН и ми одговара. Мана и заради што повеќето луѓе не се доследни на УН е што е досдно еден ден ист тип на храна да консумираш. Иако хроново е полајт Аткинсова диета и мене лично не би ми одговарало главните оброци на неделно ниво да ми се базираат на месо. Сепак секакви луѓе не има. Ама мака ми е кога се силат со сила да држат хроно а не се проверени на лекар. Реално хроното режим го испромовира ПЗУ Срце и финтата е доктор и нутриционист да те прегледаат/испитаат и во согласност со личните потреби да направат режим. Ако се подлежам на хроно режимот прво би се консултирала за се со стручно лице. Можеби кошта ама за здравје никогаш не сум прашала за цена.
Jas se obidov da ja sledam hrono dietata i ne uspeav. Malku mi bese prerigorozna vo smisol na mnogu otkazuvanja koj trebase da gi napravam. Se odluciv za nekoja hrono moja verzija i rezultati imase. Za 21 den gi oslabev tie 2 kg na koj im se nameraciv. Na taa taka narecena hrono moja verzija i gi zadrzav 60% od originalnite pravila, a ostanatite 40% bea nekoja moja verzija. Ne go jadev mojot omilen kroasan so margarin, no ne se odkazav od grav, grasok, boranija,... Blago ne jadam mnogu no ima denovi koga mi e potrebno i neophodno. Blakceto ne go iskluciv no i vezbanjeto. Zgora nazgora toa bese nekoja moja verzija na koja seuste se pridrzuvam.