1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цвеќе

Дискусија во 'Дом' започната од Lastbreath, 11 јуни 2010.

  1. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    45.408
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот :)
    А треба да се пресади во поголема саксија или доволна е оваа?
    Живеам во стан и сите прозори ми се на југ... постојано има сонце.
    Ја купив од Икеа.
     
  2. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    13.032
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав, несака силна светлина и директна топлина.... Подалеку од прозорецот да е.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Може да ја пресадиш во малку поголема саксија, ама и не мора. Нема многу развиен коренов систем. Во природа растат на дрвја.
    Стави ја лево или десно од прозорецот. Да не ја пече директно сонце, а да им доволно светлина.
    Штом растат нови листови, супер е. Можеш да пробаш да и ставаш прихрана. Барај течно ѓубриво со повисока концентрација на фосфор.
     
    На saki13, Kasiopaja221 и forumce им се допаѓа ова.
  4. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Дали некој продава исусов трн во жолта или бела боја? Одамна барам, никако да најдам :)
     
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    173.653
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае да ми каже што цвеќе е ова на сликата? Или да предложи некое слично.
    Screenshot_20220227_190653_com.facebook.katana_edit_1436333252266247.jpg
     
  6. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Личи на Strelitzia nicolai позната и како рајска птица заради цветот. Расте прилично голема. :D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    173.653
    Пол:
    Женски
    Го изгуглав не ми е опција. :D
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Најслично на ова е Canna lily. Овие често ги има по дворови кај нас. Има подвидови што не растат многу големи и би можела да ги чуваш внатре. На ова растение му треба директно сонце 5-6 часа во денот.
    Еве сега читам дека има и џуџести банани што може да се чуваат внатре. Ама и на нив им се потребни околу 6 часа директно сонце...:?:
    Какво растение бараш точно? Некое бујно со среден раст? Какви услови имаш за чување? :D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    173.653
    Пол:
    Женски
    Немам баш баш услови. :|
    Имам еден ќош што сакам да го пополнам со големо цвеќе. Ама е карши прозор на неколку метри и нема директни сончеви зраци.
    Бев решена да земам маслиново дрвце, ама без директно сонце не верувам дека ќе ми успее. Неколку други што ги најдов онлајн исто си бараа многу светлина, а ја таа опција ја немам.. И немам веќе идеја..
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Хмм...Philodendron imperial, Philodendron Congo. Вториот мислам дека расте малку поголем и со поголеми листови. Инаку од двата има подвидови со зелени, црвени и црни листови.
    Друга опција е јука.
    Исто можеш некои ползачи. Тие може да ги чуваш како висечки или да им ставиш некаква потпора во саксијата и да се искачуваат. Ако ги чуваш со потпора, најверојатно ќе имаат поголеми листови.
    Такви се Pothos (golden, marble queen, neon, njoy, manjula, cebu blue, jade), Philodendron (Brasil, micans, heartleaf, lemon lime), Scindapsus (exotica, moonlight). Овие се прилично лесни за одгледување.
    Пиши што ќе направиш. :D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    173.653
    Пол:
    Женски
    @Aztec :tmi:
    Може тие се лесни, ама ја сум нова со билкиве и некако не се снаоѓам најдобро. :D
    Ги ѕирнав сите овие што ги напиша, последните најмногу око ми фатија. Сакам такви со некласични листови. И тоа со жутите исто е необично.

    Со истите стари муки сум. Шефлерата ми се изретчи, буквално се преполови ко грев е. Престанаа да и паѓаат листовите некое време, сега гледам пак одвреме навреме си капе по некој. :?: Калитеата највише мерак ми праеше и знаев дека нешто ќе се укака. Приметив пред некој ден дека некои ливчиња почнуваат да се сушат, па конечно и неа и монстерата ги пресадив. Вака ок стои, дење е отворена, а сега веќе затворена. Ама со потсушени неколку листови. :( Монстерата ми стоеше до тв и приметив дека почна да се врти кон прозорот, па ја стаив на прозор. Ја средив како што ме советуваше, ги пресеков скинатите листови, ја пресадив. Има и нови. Ама се врти по светлина и сите листови ми ги залепи на прозор, со тоа изгуби форма... :| Само сансевериите си седат исти.
    Како што можеш да приметиш многу сум посветена, ама едвај излагам на крај и со овие малку што ги имам. :D
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Ќе научиш со тек на време. Ќе видиш што и како им одговара на растенијата во твојот дом. И на луѓе со долгогодишно искуство им се случува да не им оди со одредени растенија и да им се сушат/скапуваат. :hai:
    Нема зошто да се обесхрабруваш. Ќе си купиш ново растение и готово. :D
    Монстерата можеш да ја вратиш до телевизорот ако и одговара местото. Само ќе ја вртиш саксијата еднаш неделно и ќе расте рамномерно. Јас саксијата на Pilea peperomioides редовно ја вртам за да не биде ќелава од една страна.
    Листовите на калтеата ги оросуваш?
    Штом ти оди со сансеверии ѕирни ги Moonshine и Silver queen. Двете се со сребрено-зелена боја. Првата има пократки и пошироки листови, а втората повисоки и потесни. Многу се убави. :inlove:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    173.653
    Пол:
    Женски
    Не можам ја така, знам дека е цвеќе ама и ден ќе ми се расипе и ќе го одболувам неколку дена ако ми рикне. :wasntme:
    Калитеата не ја оросувам не знаев или сум заборавила ако сум прочитала, ама одма сега ќе ја испрскам. Сансеверии имам 3, доста ми се. Не ни знам дали баш ме бива за нив, ништо посебно не им се дешава, не се мрднати исти стојат. Претходно имав 2 сансеверии кои беа повеќе стапчести, ама колку многу ми се размножуваа не можев да ги довардам, на секое ги врзував.
    Некое време веќе имам намерачено една калитеа white fusion :D И знам дека ќе ја земам само прашање на време е. :D
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Да де, на сите ни се потребни тие неколку дена да го прежалиме растението.:D
    Сансевериите ќе се размрдаат уште малку кога ќе се затопли. Па и не само тие. Сите растенија ќе пркнат.
    White fusion е преубава. :inlove:
    Си чувала fishbone кактус?
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    173.653
    Пол:
    Женски
    Го гуглав да видам за каков се работи, ама не сум чувала таков. Чував само класични кактуси. :)
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    7.624
    Пол:
    Женски
    Цвеќето орхидеја мора да се чува на прозор? Сакам да земам но немам како да ја ставам на прозорот, би ја чувала на трпезариската маса која е 2 метра одалечена од прозорецот. Светлина има, во тој дел температурата во соба ми е просек 25 степени. Промаја нема.
     
  17. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    да не биде директно на сонце е важно и да има влажност, јас ја чувам на прозорец во кујна каде што има пареа и веќе две години ми е супер. сега земав уште една и ја чувам на комода, блиску до прозорец со многу светлина, не ја фаќа директно сонцето, а често и' ги попрскувам ливчињата со капки вода. Моментално е расцветана па ќе видиме, убаво е да има проѕирна саксија корените да имаат светлина
     
    На bella12 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  18. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    7.624
    Пол:
    Женски
    Треба да се зарежува, нешто повеќе да ми кажеш како да ја одржувам? Или тоа е само вода и на светлина да биде
     
  19. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    јас до сега ова сум и' правела, не сум ја режала, а веќе и' е време и за пресадување
     
  20. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    7.624
    Пол:
    Женски
    IMG_20220304_131524.jpg
    Садот одоздола има дупчиња. Овие зелените треба да станат кафени за да им ставам вода или тие ќе се стално зелени?